Новите царински стапки на американскиот претседател Доналд Трамп од 25% за увозот од Мексико и Канада стапија на сила. Исто така стапија на сила и царинските стапки од 20% на увозот на кинески стоки. Трамп рече дека трите земји не направиле доволно за да го запрат протокот на смртоносниот опиоид фентанил во САД. Царинските стапки ќе ја чинат тровската размена на САД со овие три најголеми трговски партнери речиси 2,2 трилиони долари. Канада и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која привремено ќе се ослободат канадските стоки опфатени со Континенталниот договор за слободна трговија од неговиот тарифен план. Стоката увезена во САД според Договорот САД-Мексико-Канада ќе биде ослободена од тарифите на Трамп од 25% за еден месец, според наредбата што тој штотуку ја потпиша во Овалната соба. Истите ослободувања ќе важат и за стоките од Мексико. Сепак, Трамп ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Мексико нема да мора да плаќа царина за стоки опфатени со трговскиот договор меѓу двете земји и Канада до 2 април. Трамп не потврди дали суспензијата се однесува и на Канада, но Канаѓаните очекуваат изземање „од иста природа“, изјави за Би-Би-Си извор од канадската влада. Трамп веќе најави дека привремено ќе ги поштеди автопроизводителите од увозни даноци од 25 проценти само еден ден откако ќе ...

Соединетите Американски Држави воведоа нови царини од 25 отсто на увозот од Канада и од Мексико, а двојно ги зголемија и царините за кинеска стока, што предизвика нов бран трговски тензии со трите најголеми американски трговски партнери. Новите царини може да влијаат врз трговија вредна 2,2 трилиони долари. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката е одговор на „недоволните напори“ на Канада, Мексико и Кина да го спречат ...

Европската Унија изрази длабоко жалење поради одлуката на САД да воведат царини за увоз од Мексико и Канада велејќи дека тоа „ризикува да ја наруши светската трговија и да ја загрози економската стабилност на двете страни на Атлантикот“. „ЕУ цврсто се противи на протекционистичките мерки, кои ја поткопуваат отворената и фер трговија. Ги повикуваме САД да го преиспитаат својот пристап и да работат кон кооперативно, засновано на правила решение, ...