Жители на повеќе делови на Скопје алармирараат дека воздухот во главниот град е полн со чад и се чувствува мирис на изгорена пластика. Зачаден воздух е регистриран во Аеродром, Ново Лисиче, Центар, Карпош, под Кале, Драчево. Граѓаните велат дека покрај мирисот, од опасниот воздух чувствуваат гребење во грло и печење на очите. Според првичните информации станува збор за чад од пожарот во Дрисла кој гори втор ден и поради промена на правецот на ...
Скопјани и вечерва се соочуваат со загадување и густ чад кој се шири низ градот. Од различни делови на главниот град пристигнуваат поплаки од граѓаните дека воздухот е неподнослив. Жителите на Ново Лисиче велат дека „целото маало мириса на пластика и чад“, а слична состојба има и во Драчево, Аеродром, Кисела Вода и Центар, каде граѓаните сведочат дека речиси и не може да се излегува надвор. Се поставува прашањето дали проблемот е поврзан со ...