Речиси една деценија откако мистериозната пандемија го збриша поголемиот дел од женската популација, еден тато и неговата ќерка патуваат низ Британска Колумбија. Девојчето е една од ретките женки од човечкиот вид останатаи на Земјата. Таткото ќе мора да ја заштити од машките бандити кои се во потрага по припаднички на женскиот пол, со тоа што ќе ја маскира во негов син. На пред да умре мајката на девојчето, тој ѝ ветил дека ќе ѝ раскаже на ...

Гај Ричи, режисерот познат по лудите заплети, уште полудите ликови и надреални ситуации, повторно се најде на снимањето со една од најпопуларните акциони ѕвезди на денешницата – Џејсон Стејтам. Приказната го следи мистериозниот Х (Статам), чувар со злобен изглед кој работи за компанија за транспорт на пари во Лос Анџелес и е одговорен за транспорт на милиони долари низ градот. При грабежот на возилото за кое биле задолжени, неговите колеги се ...

Од кога се сеќаваат, семејството Соле секое лето го поминува берејќи праски во нивниот овоштарник во Алкарас, мало село во Каталонија. Но, овогодинешниот род можеби ќе им биде последен, бидејќи се соочуваат со иселување. Новите планови за земјиштето, кои вклучуваат сечење на праските и поставување соларни панели, предизвикуваат раздор во ова големо, тесно поврзано семејство. За прв пат се соочуваат со неизвесна иднина и ризикуваат да загубат ...

ЗАВРШНАТА ГОДИНА е уникатен приказ за надворешниот политички тим на претседателот Барак Обама во текот на нивната последна година на функција. Со пристапот во Белата куќа и Стејт департментот, овој документарен филм нуди поглед во внатрешната работа на администрацијата на Обама додека се подготвуваат да ја напуштат власта по осум години. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или ...

Сунe е во паника! Само што дознава дека неговиот дедо решава да се ожени – и тоа на истиот ден кога треба да замине со училиштето на важна екскурзија! А Сунe има уште една задача: да биде девер на венчавката. Раздвоен меѓу семејните обврски и сопствените желби, Сунe се впушта во хаотична авантура полна со љубов, недоразбирања и неочекувани пресврти. Топла и смешна приказна за семејството, растењето и вистинските приоритети во животот. © 2020 ...

Кога нов ученик по име Сунe доаѓа во одделението на Сунe Андерсон, животот на “оригиналниот” Сунe се превртува наопаку. Новиот Сунe изгледа совршено – е кул, паметен и веднаш му се допаѓа на сите, па дури и на Софи, симпатијата на “нашиот” Сунe. Исплашен дека ќе ја загуби Софи и местото во својот свет, Сунe започнува вистинска битка за својата иднина – и за својот идентитет. Забавна и трогателна шведска семејна комедија за љубомората, ...

Мануел е регионален политичар кој од ништо доаѓа во добри позиции за можна промоција на национално ниво. Заедно со неговите колеги, години и години е вмешан во експлоатација на европски фондови и поткрадување државни средства за приватна корист, луксузен начин на живот, јахти, недвижности и подземни финансиски шеми во Андора Сè се распаѓа кога е протечен аудио/видео запис во кој е лично вклучен. Партиските лидери од Мадрид решаваат да го ...

Опасни терористи на фудбалски натпревар ја киднапираат внуката на поранешен војник кој е обучен со специјални борбени вештини (Дејв Баутиста) и бараат од него да убие човек со закана дека ќе го детонираат експолозивот што претходно го поставиле и целиот стадион заедно со 35000 посеттели ќе го дигнат во воздух. Рокот е 90 минути, а времето брзо проаѓа. Улоги: Пирс Броснан, Дејв Баутиста, Реј Стивенсон © 2020 Телевизија Телма. Сите права се ...

Младиот учител во модерен Бутан, Угиен, ги избегнува своите обврски додека планира да замине во Австралија за да стане пејач. Како опомена, неговите претпоставени го испраќаат во најоддалеченото училиште на светот, глацијалното хималајско село наречено Лунана, за да ја заврши својата служба. Тој се наоѓа себеси протеран од неговите западни удобности по напорното 8-дневно патување само за да стигне таму. Таму нема струја, учебници, дури ни табла. ...

Во руралните североисточни држави, опасниот криминалец по име Еган Рејес зеде група очајни луѓе како заложници во една маалска продавница. Меѓу нив е Кајл Сноуден од Службата за заштита на деца и поранешен маринец кој има задача да се грижи за момчето имигрант, Мани, кое исто така се нашло во ризична ситуација. Во овие напнати околности се испреплетуваат судбините на многу луѓе. Очувот на Кајл кој е сопственик на продавницата – Сем Нелсон, ...

На еден холански остров како од бајка, песок налик на злато и бескрајно сино крајбрежје, Тес и Сем се запознаваат и поминуваат возбудливо и неверојатно лето. Сем, доаѓа со своите родители и братот кој за време одморот ќе ја скрши ногата. Без друштво за време на одморот, плашејќи се да не остане сам како најмлад член откако ќе го надживее своето семејство тој го започнува својот тренинг на осаменост. Неговиот план ќе го поремети непредвидливата ...