Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица. Тој нагласи дека во Србија имаат најдобри болнички услови во Европа. „Невозможно е да се најдат подобри услуги во Европа. Никаде во Европа нема интензивна нега со подобри услови од ...
Воените и цивилните здравствени установи во Република Србија во моментов лекуваат 30 пациенти тешко повредени во пожарот во Кочани, и нивната здравстевена состојба е тешка и сериозна, јави дописникот на МИА од Белград. Анестезиологот потполковник доцент д-р Горан Рондовиќ од Клиниката за анестезија и интензивно лекување на ВМА изјави дека во воено-здравствениот систем за лекување на ВМА и Воената болница во Ниш има 12 пациенти чија состојба е ...
Министерството за здравство информира дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. На Клиника за пластична хирургија во моментот се хоспитализирани – 10 пациенти, На Клиника за токсикологија – 10, На Торакална – 4, на трауматологија – 2, на Детска хирургија – 4, на КАРИЛ – 13, На Клиника за пулмологија – 2, Во ГОБ 8 септември -17, Во Хируршка ...
И вчера и денеска посетив пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и ги запазив сите протоколи кои ми беа побарани од страна на медицинскиот персонал и докторите. Не го правам тоа заради П.Р., туку за да излезам пред медиумите и да зборувам отворено за се она со што се соочуваме во овие моменти, порача премиерот Христијан Мицкоски. -И во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да ...
Тој изјави дека повредените биле превезувани со три возила на брза помош и транспортен авион на Војската на Србија и дека сите се млади, родени меѓу 1998 и 2007 година. „Сите пациенти се на одделението за интензивна нега и нивната состојба е тешка и сериозна. Ги преземаме сите мерки за интензивна нега и ги искористивме сите ресурси што ни стојат на располагање за да им помогнеме“, рече заменик началникот на ВМА. Лековиќ посочува дека покрај ...