Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 јуни. Денеска е Св. маченик Лукијан. Лукијан беше скоро целиот свој живот идолски жрец. Поверува во Христа дури во својата старост, случка што ја зачуди цела тогашна Никомидија. Како христијанин тој беше изведен на суд и фрлен в затвор, каде што се сретна со четири момчиња, исто така христијани Клавдиј, Ипатиј, Павле и Дионисиј. Сите тие пострадаа заедно во Византион. Свети Лукијан ...

Охрид, 19. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Висарион. Роден и воспитан во Египет. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети свети Герасим на Јордан и го чу свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јуни. Денеска е Преподобен Висарион Чудотворец. Висарион беше по потекло Египќанец. Подвижничкиот живот го започна во своите рани години. Не остануваше долго на едно место, туку до својата старот одеше од едно на друго пусто место. На себе имаше само едно парче облека и истото го носеше и лете и зиме. Живеејќи во таков постојан подвиг, се удостои за дар на чудотворство. Исцелуваше од ...

Охрид, 18. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски. Епископ Тирски, од времето на Диоклецијан, па сè до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и пострада за Православната Вера. На земјата живееше сто и седум години и откако Му угоди на Бога, во 361 година, се пресели во вечниот живот. Беше навистина многу учен маж. Напиша многубројни поучни дела на ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 јуни. Денеска е Св. свештеномаченик Доротеј. Доротеј 50 години беше епископ на црквата Христова во градот Тир. За време на владеењето на царот Диоклецијан, тој се повлече од Тир за да ги избегне прогоните, а во градот се врати кога се востоличи царот Константин Велики. Животот го заврши маченички по времето на Константин, кога владееше Јулијан Отстапникот, во 361 година, во градот ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 јуни (стар стил). Денеска е Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски. Неговиот татко, Дометиј, беше брат на римскиот цар Пров, но побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит, Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по упокоението на ...