Ураганот Мелиса и поплавите што ги предизвика може да ги иселат крокодилите од нивните природни живеалишта, предупредија здравствените власти на Јамајка, објави „Би-би-си“. Препорачано „Порастот на нивото на водата во реките, каналите и мочуриштата може да предизвика крокодилите да се појават во населени подрачја“, соопшти Југоисточната регионална здравствена управа. Предупредувањето се однесува на жителите во повеќе области, вклучувајќи ги ...
Ураганот Мелиса одзеде најмалку 19 животи на карипскиот остров Јамајка, објави синоќа министерката за информации Дана Морис Диксон, пренесе ДПА. Со уште 30 пријавени смртни случаи во Хаити и еден во Доминиканската Република, вкупниот број на жртви низ Карибите се искачи на најмалку 50 и се очекува да се зголеми понатаму. Иако ураганот се врати над отворените води, прерано е да се даде целосна слика за последиците. Мелиса повторно се засили до ...
Ураганот Мелиса се движи кон Бермудските Острови, откако предизвика катастрофални штети и повеќе од 30 жртви во Хаити, Јамајка и Куба, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Во моментов, окото на ураганот се наоѓа на околу 980 километри југозападно од Бермудите и 475 километри североисточно од Централните Бахами, со постојани ветрови од 165 км/ч и движење кон североисток со брзина од 33 км/ч. Метеоролозите предупредуваат дека ќе ...
Откако рекордниот ураган Мелиса ја погоди Јамајка и продолжува да се движи кон Карипските острови, властите предупредуваат на нова закана – крокодили поради широко распространетите поплави. Југоисточниот регионален здравствен орган на Јамајка (SEHRA), кој ги опфаќа Кингстон, Сент Ендрју и неколку други градови, издаде предупредување за закана од влекачи до погодените жители, објавува FOX Weather. Поради зголемувањето на нивото на водата во ...
Цели градови под вода на Јамајка, по една од најсилните бури во историјата – ураганот Мелиса (фото+видео) Ураганот Мелиса ја погоди Јамајка со пороен дожд и ветар со брзина од над 290 километри на час, пред да продолжи да се движи кон Куба, но со намалена јачина. Ураганот се очекува да продолжи кон Бахамите и Бермудските Острови. Јамајка се наоѓа во кризна состојба откако ураганот Мелиса направи вистински пустош. Нарекуван „бура на векот“, ...
Ураганот Мелиса помина над Јамајка, но обемот на штетата сè уште не е познат – само зората ќе покаже што е уништено, јави Ројтерс. Препорачано Премиерот Ендру Холнес вчера го прогласи островот за зона на катастрофа и предупреди на „разорни последици“. „Досега имаме извештаи за оштетени болници и обемни штети на станбени и комерцијални згради“, рече Холнес синоќа. Мелиса ослабе на категорија 3 додека се приближува кон Куба Националниот центар за ...

