Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека, според јавните проценки, на Украина ѝ се потребни 400 милијарди американски долари за да ја продолжи војната со Русија во следните четири години и дека се очекува Европската Унија да ја плати сметката, но истакна дека „не е работа на Унгарија да ја финансира Украина“, иако неговата земја е членка на ЕУ. Орбан рече дека, освен ЕУ, нема никој друг кој е подготвен да ја плати сметката, пренесе ...
Украина не ја брани Унгарија од никого, му порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на својот украинскиот колега, откако беше обвинет дека „ја поддржува Русија“ со блокирањето на пристапните преговори на Украина со Европската Унија. Орбан вели дека Украина не ја брани Унгарија и дека Будимпешта не му должи ништо на Киев. – Украина не ја брани Унгарија од никого. Ние тоа не сме го барале, ниту ќе го бараме. Безбедноста на Унгарија ја обезбедуваат ...

