Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
На 11.03.2026 околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во меѓувреме член нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила. Увид ...
Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (12 март 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1 Во ова издание на емисијата донесуваме: – на хартија – дом за стари лица (на парцела купена од државата за 81 денар за квадрат), но на терен – канцеларии на фирма за онлајн игри на среќа; и тоа не е се кога се во прашање инвеститорот од Битола и владеењето на правото; – од 13 патно-железнички премини што ги посетивме, ...
По повод Светската недела на глауком (8–14 март 2026 година), која годинава се одбележува под мотото „Uniting for a Glaucoma-Free World“ – „Заедно за свет без глауком“, Клиниката за очни болести, заедно со повеќе здравствени установи низ земјата, организира активности за подигање на јавната свест и за рано откривање на оваа болест. Глаукомот, често нарекуван „тивок крадец на видот“, претставува една од водечките причини за неповратно губење ...
Градоначалникот на Гостивар Валбон Лимани, денес заедно со својот тим го промовираше целосното реконструирање на улицата „212″ во населбата Малеарди. „Денес излеговме да ја видиме реконструкцијата на улицата ‘212’ во должина од 400 метри. Направена е целосна реконструкција, а во некои сегменти, каде што имало можност, извршено е и проширување на улицата со цел поголема безбедност за граѓаните. Верувам дека овој проект значително ќе му ...
Синдикалната организација на Центрите за социјална работа во Македонија преку објава на Фејсбук, открива дека кога Стојанче Јовановски, на 19 јануари 2026 година ја турнал сега покојната сопруга Ивана на Клиниката за дигестивна хирургија, воопшто не биле испочитувани законските процедури за постапување при ваков настан од висок ризик. Имено, според објавата на Синдикатот, социјалните работници од интервентниот тим воопшто не биле ниту ...
Обвинувањата од ВМРО веќе на сите им се смешни, тие обвинувања од ВМРО се викаат лажна вест, fake news, измислена афера и црна кампања, посочи претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус, во однос на извештајотна ЦИА и обвинувањата од ВМРО поврзани со името на државата. „Тоа воопшто не е обвинување, затоа што обвинување може да дојде од некоја релевантна страна, а не од таблоидна ...
Вчера околу 12:20 часот, во станбена зграда на улицата Кланица во Битола избувна пожар во оџак, при што дел од становите беа оштетени. Среќна околност е што нема повредени лица. Брзата интервенција на екипите од Територијална противпожарна единица Битола спречи пожарот да се прошири низ зградата, и истиот беше целосно изгаснат. Увидна екипа од СВР Битола ја изврши увидната постапка за да се утврдат причините за пожарот. Вчера околу 12:20 ...
По извршениот увид на реализацијата на проектот за замена на азбестните цевки во Струга, нагласи дека од првиот ден на настанување на проблемот Министерството е во постојана комуникација со Општина Струга и се работи на изнаоѓање трајно решение. „Од првиот ден сме во комуникација со општинските власти, во врска со проблемот со водата за пиње. Инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина беа на терен и констатираа дека изворот, во ...
Инвестициите во инфраструктурата клучни за енергетска стабилност и безбедност за време на криза. Вицепремиерот Николоски го потенцираше напорот за изградба на најважните патни и железнички коридори во земјава. Тој во Вашингтон учествуваше на глобален форум посветен на предизвиците во транспортот. Тој ја истакна важноста на геостратешката позиција на Македонија на Балканот и во Европа како точка кадешто се вкрстуваат двата пан-европски ...
Вчера во 12:41 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиja од слобода А.П.(40) од с.Лавци, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.П., при што е констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна приајва. Вчера во 12:41 часот ...
СДСМ денеска отвори нов фронт против премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека и темата за европската интеграција ја претвора во политичка манипулација, исто како што, според партијата, претходно го правел и со прашањето за уставното име. Портпаролката Богданка Кузеска оцени дека Мицкоски со години гради политика врз ветувања што подоцна не ги исполнува, па затоа и неговите сегашни пораки за ЕУ, според опозицијата, немаат политичка ...
Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, вo случајот „Пулс“ изјави дека таа институција не е надлежна за контроли на угостителски објекти, туку има сосема друга функција. – Согласно законот, треба да се сфати дека Дирекцијата за заштита и спасување не е инспекциски орган кој прави контроли на кафулиња, кафани и ресторани. Таа е институција која опфаќа ...
Починато лице е пронајдено во кумановското село Биљановце, информираат од Секторот за внатрешни работи. Според официјалното соопштение, на 11.03.2026 година во 16:02 часот, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека 85-годишниот В.М. е пронајден мртов. На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Куманово, а по насока на Јавен обвинител телото било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција. Случајот е во тек и ...
Странските инвестиции остануваат значаен двигател на македонската економија. Позитивните ефекти се повеќекратни – директно вбризгување капитал и трансфер на нови технологии, како и креирање на нови работни места со висока додадена вредност. Експертите коментираат дека државата мора да продолжи со политиката на поддршка на меѓунардоните компании. „ Со тоа што ќе се отворат нови работни места, ќе се зголеми обемот на работа на компаниите, а ...
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата ,,Милениумски крст ” привремено нема да биде во функција поради изведување на технички активности. „Веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време“, стои во соопштѕението од Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје. Јавното сообраќајно ...
Претседателот на Собрание на Република Македонија, Африм Гаши, изјави дека само вистината и правдата можат да донесат барем малку спокој за семејствата на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според него, трагедијата што го потресе општеството мора целосно да се расветли, а институциите имаат обврска да обезбедат правична постапка и одговорност за сите инволвирани. Гаши нагласи дека државата треба да покаже зрелост и ...
Охрид, 12. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со објавениот Јавен повик за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби за учебната 2025/2026, Општина Охрид ја објавува ранг листата на добитници на стипендии, наменети за овие категории. ...
Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во развој и модернизација на коридорите во Македонија. Работиме на изградба и модернизација на автопатски делници, инвестираме во изградба на брза пруга на Коридор 10 и железничко поврзување на Исток, а со подршка на Светска банка работиме на модернизација на граничните премини со Албанија и Бугарија, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на ...
На денешното продолжение од судскиот процес за трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани, каде пред една година загинаа 63 лица, сведокот Дарко Стојков, инспектор во подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Виница, ги опиша сериозните пропусти во безбедносните стандарди на објектот. Стојков, кој бил дел од екипата за увид во објектот заедно со тројца други инспектори, посочи дека во моментот на проверката во „Пулс“ имало ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска го прими генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), Асаф Хаџиев. На средбата, претседателот Гаши рече дека неговата посета претставува значајна можност за продлабочување на соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и организацијата. Притоа, беше посочено дека членството на ...
На претходните администрации на САД им требаа 20 години и трилиони долари за во Авганистан да ги заменат талибанците со талибанците. Сега, за помалку од две недели и по неспоредливо пониска цена, сегашната администрација го замени Хаменеи со Хаменеи. Заклучок: ова е најефикасната администрација на САД во историјата. Домашната политика никогаш не била имуна на воена операција како обид за дефокус од интерните проблеми на политичките елити. По ...
Денес општина Бутел ја посети Н. Е. Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, придружувана од заменик-амбасадорот Дејвид Маерс. На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката на локално ниво, со посебен акцент на економскиот развој и привлекувањето на инвестиции. Градоначалникот ги претстави приоритетите на локалната самоуправа, како и капиталните проекти кои се во тек и се долго ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ ги открива бизнис-шемите на Мицкоски и нивната поврзаност. Веќе објавивме дека сопругата на неговиот партнер во хидроцентралите, Мицкоски ја назначи за директорка на Развојната банка, иако е сопственичка на компанија од енергетскиот сектор. Денеска објавуваме нов сегмент од бизнис-мрежата на Мицкоски – релациите и групациите во енергетиката и бизнисот со струја, истакна на прес-конференција Јон Фрчкоски – член на ...
Добивај вести на Viber Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека Државната комисија а спречување на корупција вршела проверки на сосотојбата на неговата банкарска сметка, како и на таа на неговата сопруга. Според приложениот документ од страна на пратеникот, Антикорупциска барала и информации од банката за подигнување на кредити и исплатата на ратите во последните пет години од страна на Апасиев. „Од толку владини тендераши и вмровски ...
Два танкери, во американска и грчка сопственост, најверојатно биле погодени од ирански поморски дронови. Според извештаите, овие танкери превезувале ирачка нафта и биле погодени во ирачките територијални води. NEW: An oil tanker was targeted in territorial waters near Iraq. pic.twitter.com/QE39k4xXnf— Clash Report (@clashreport) March 11, 2026 Засега нема официјална потврда за оваа информација. حريق كبير في ناقلة نفط قرب ميناء أم قصر جنوبي ...
Тригодишно дете од Штип синоќа итно било хоспитализирано на Педијатриското одделение во штипската Клиничка болница, откако испитувањата покажале присуство на „бензодијазепам“ (седативи) во неговиот организам. Според информациите од СВР-Штип, мајката (24) го донела детето во болницата претпладнето, по што лекарите веднаш реагирале поради симптоми на труење. Детето е задржано на опсервација под лекарски надзор. Полицијата и Центарот за ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја искористи комеморативната седница за годишнината од трагедијата во Кочани за да испрати остар апел до правосудните органи. Пред претседателката Силјаноска-Давкова и премиерот Мицкоски, Гаши подвлече дека правдата е единствениот лек за заедницата и дека институциите мора да ги адресираат грешките без никаква амнестија. Обвинителството и судовите мора да работат транспарентно и професионално за да ...
70 проценти од лекарите преживеале насилство, но никој од нив не го пријавил. Во најголем дел доминира вербалното, коешто освен во ординации и здравствена установа, се префрла и на социјалните мрежи. Од Лекарската комора апелираат, насилствата и вознемирувањата да се пријават. Со какви ставови е Министерството за здравство и надлежните? Наташа Јанчиќ-Менковски ги има одговорите. 70 проценти од лекарите преживеале насилство, но никој од нив ...
На 15 март, Штип ќе му оддаде почит на прерано починатиот млад спортист Дамјан Танески, кој животот го загуби во големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која се случи минатата година на 16 март. Штип не го заборава младиот спортист и во негова чест ќе се организира меморијални фудбалски натпревари „Играме во чест на Даме“. Овие фудбалски натпревари во чест на Дамјан ќе се одиграат на игралиштето кај медицината, в недела со почеток ...
Фудбалерките на Кочани претрпеа висок пораз на домашен терен од екипата на Тиверија Брера, откако во рамки на 17. коло на Првата женска фудбалска лига загубија со резултат од 0:6. Повеќе од јасно беше дека струмичкиот тим кој беше голем фаворит лесно ќе ја оправда фаворитската улога и дома ќе се врати со три бодови на своето конто. Пет погодоци беа постигнати во Македонска Каменица, откако екипата на Каменица Саса со убедливи 5:0 го ...