Идејата за двотретинско гласање при изборот на државен јавен обвинител одамна се провлекува и таа е доста квалитетна сугестија, меѓутоа ниту една власт која го носи законско решение не посегнува по таква интервенција, изјави адвокатот Драган Малиновски во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма. „Тоа е добро од една едноставна причина. Прво, за да биде избран ќе треба да биде прифатлив за поширокиот дел од политичкиот спектар. И второ што ...

Состојбата со енергенсите будно се следи и доколку има потреба Владата ќе интервенира. Сега, во моментот, не сметам дека состојбата е надвор од контрола. Да не ги драматизираме работите и да не додаваме повеќе од тоа што е. Имаме доволно резерви на енергенси, а со маркетите е договорено ако забележат зголемување на влезните цени на производите да го информираат Пазарниот инспекторат, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска – ...

Убеден сум дека по квалитетот, овие двајца кандидати, Савевски и Раичевиќ, толку отскокнуваа на некој начин од другите, препознаени се и во самата организација, и во судската и во обвинителската, и мислам дека ќе беше лош чекор ако беше направен поинаков избор, истакна професорот Гордан Калајџев во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ. С.Д. Убеден сум дека по квалитетот, овие двајца кандидати, Савевски и Раичевиќ, толку отскокнуваа на ...

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија одржа седница на Централниот одбор во проширен состав, на која присуствуваа претседателот на Градската организација, членовите на Пратеничката група, како и претседателите и секретарите на општинските организации. На седницата беше усвоен Акцискиот план за оперативно делување на Движење ЗНАМ за Наша Македонија за 2026 година, стратешки документ кој го означува следниот чекор во политичкото и организациското ...

Поголемиот стаж што го има во судница како судија за мене е предност, изјави адвокатот Драган Малиновски во „Вин-Вин“ на ТВ Телма за изборот на Ненад Савевски за кандидат за државен јавен обвинител. „Ќе беше прекрасно да некој стаж да имал и како адвокат, па да ги има сите аспекти пред себе кога настапува од позицијата на државен јавен обвинител. Биографијата е сосема коректна, гледам каде бил се активен, надвор од она што бил како судија“, ...

Во наредните 45 дена во Струмица треба да се монтираат нови шест станици кои ќе го мерат квалитетот на амбиенталниот воздух. Вака стои во Договорот меѓу Општина Струмица и скопската фирма „Смарт Флоу“ која ја доби јавната набавка за поставување на Локална мрежа за мерење на загаденоста на воздухот на територијата на Општина Струмица. Вредноста на Договорот изнесува 999 401 денар односно околу 16 илјади евра. На распишаната Јавна набавка се ...

На деветтата седница на Советот на Град Скопје, покрај другото, од заштедените средства наменивме дел за замена на системите за греење во средните училишта, соопшти советникот Даме Димитровски од Град Скопје. „Со реализација на овој проект, Скопје ќе води со пример како град чии објекти ќе имаат нула емисија на цврсти честички. Секој мора да го даде својот придонес за почист воздух, од град што се гуши, до град што дише! Вложуваме средства и ...

Клучно прашање во борба со криминалот и корупцијата ќе биде добар избор на независен и обвинител со интегритет, рече професорот Гордан Калајџиев во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на ТВ Телма. „Мислам дека кандидатот што е сега избран, по мое искрено мислење, е малку неочекувано. Интересно беше како во сите овие муабети, првпат од како е војдено ВМРО-ДПМНЕ на власт, и претходните не беа ништо различни, лесно новинарите и другите го ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во име на Владата организираше ифтарска вечера, која ја оцени како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност. Како што напиша на својот профил на Facebook, вечерта поминала во топла атмосфера, исполнета со разговори, градење пријателства и потврдување на вредностите на почитта и соживотот во општеството. „Во духот на овие вредности, вечерта ја поминавме во топла атмосфера, ...

„Кој е следен“ повика на собир во Кочани на 16 март 2026 година, една година по пожарот што, како што се наведува во соопштението, оставил 63 жртви и длабока празнина кај семејствата, пријателите и целата заедница. Иницијативата порачува дека 16.03.2026 одиме во Кочани не само за помен и сеќавање, туку и за јавно барање одговорност, правда и вистина за трагедијата што, според нив, и по една година останува без институционален одговор. Во ...

Кампањата на Платежната агенција – „Прашај ја агенцијата“ денеска продолжува во Општина Карбинци, информира ТВ Стар. Земјоделските производители на средбата ќе имааат можност директно да се информираат за новите мерки и начинот на исплата на субвенциите. Директорката на Агенцијата, Даниела Иротова посочи дека е многу важно земјоделците да имаат сознанија за мерките кои се носат од страна на МЗШВ, а кои имаат за цел усогласување со Заедничката ...

СДСМ секојдневно на прес конференции ја прозива Србија и претседателот Вучиќ Говорат за некаков српски свет, инсталации на СНС… Поддржувачите на СДСМ, оние вистинските не можат да разбрерат зошто нивната партија бара непријатели онаму каде што ги нема ако добро се знае дека токму Србија е соседот кој вистински ни помогна кога ни беше најтешко. Сите се сеќаваат за време на короната кога од ЕУ не пристигна ниту една вакцина па илјадници ...

Бројот на работниците во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 3.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %, извести ДЗС. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, се намалил во групите Енергија ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со г-ѓа Никол Варнс, вршителка на должност во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, при што се разговараше за актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и унапредувањето на реформите што ја приближуваат Северна Македонија до евро-атлантските стандарди. За време на средбата беше нагласена важноста на соработката и континуираната поддршка што ...

Пратеникот Петар Марков на својата ФБ страна објави дека се донесени законски измени со кои неам нема да се одземаат тракторите и приклучната земјоделс. Измените се во Законот за возила на барање на земјоделците со оглед дека сеуште не е регулиран статусот на тракторите односно на кое име се водат за да имат документ за сопственост па да се регистрираат. „Имајќи во предвид дека постојат тековни предмети за постапките за утврдување на ...

Доколку сте даночен обврзник за данок на добивка и во Даночниот биланс за оданочување на добивката за 2025 година (образецот „ДБ”) на АОП 40 – даночна основа, сте искажале даночна загуба, имате право да поднесете барање за пренесување на даночната загуба (образец „ДД-01”).* Даночна загуба претставува негативна разлика помеѓу износот на остварена загуба искажан во Билансот на успех за 2025 година (искажан на АОП 01 од ДБ, со негативен ...

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека во март 2026 година се бележи значително зголемување на бројот на поднесени даночни пријави, барања и пресметки. Овој пораст е очекуван за овој период од годината, кога даночните обврзници ги исполнуваат своите законски обврски поврзани со поднесување на даночни биланси и исправки на ДДВ пријави за 2025 година. Податоците покажуваат дека системот функционира и обработува зголемен обем на ...

Медиумите во Италија тврдат дека Јувентус е исто така меѓу клубовите заинтересирани за потенцијалниот слободен трансфер на 37-годишниот напаѓач Роберт Левандовски откако неговиот договор со Барселона истекува на крајот од тековната сезона. Левандовски помина нешто помалку од четири години во Барселона, откако се приклучи на гигантите од Ла Лига за 50 милиони евра од Баерн Минхен. Во тој период, тој потпиша четиригодишен договор, кој ...

На ден 13.03.2026 година (Петок) во периодот од 9 – 12 часот ќе се врши Испитување на мостот со Пробно Товарење на Објектот: Мост на река Вардар (кај с. Здуње) на државен пат А2 Гостивар – Кичево. Поради таа активност, сообраќајот ќе се одвива согласно воспоставениот Времен Режим на Сообраќај и времени кратки прекини на сообраќајот, известуваат од АМСМ. На ден 13.03.2026 година (Петок) во периодот од 9 – 12 часот ќе се врши Испитување на ...

Во текот на денешниот ден 5-ти март 2026 четврток во Македонија ќе имаме краткотрајна промена на времето проследена со зголемување на облачноста која на повеќе места кај нас ќе донесе послаби врнежи од дожд а на повисоките планини (над 1500/1600 метри надморска височина) ќе провејува снег. Особено во Повардарието повремено ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец. Сето ова е поради краткотраен продор на малку поладен воздух од ...

Дали функционерските плати ќе се намалат или замрзнат е прашањето кое се наметна во јавноста откако во Собранието во скратена постапка помина пакетот закони со кои се намали коефициентот со кој се пресметува платата на функционерите. Станува збор за измени на законите за плати на пратениците, плати на избрани и именувани лица, судии и обвинители и членови на Совет на обвинители и Совет на судии. Овие измени доаѓаат на само неколку дена пред ...

Во време кога сè почесто се зборува за потребата од повеќе зелени површини во градовите, во скопската општина Бутел започнаа активности кои го привлекоа вниманието на жителите. Она што се случува во паркот пред општинската зграда денеска не помина незабележано, а многумина веднаш забележаа дека просторот почнува да добива поуреден и посвеж изглед. Во текот на денот, екипи на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ беа ангажирани на терен, ...

Денеска граѓаните слушнаа ново сведочење, дека Нацев од Агенцијата за обезбедување во Пулс, инаку блиска до ВМРО, се јавувал и како редар иако немал лиценца. Ова е уште еден момент кој покажува како незаконски работела агенцијата поврзаната со ВМРО. Сега Мицкоски ќе смее ли да излезе и да признае дека се поврзани?, прашуваат од СДСМ. Истрагата за трагедијата во Кочани, која одзеде 63 млади животи, покажа и низа пропусти и потфрлања на МВР по ...

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – над 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат. Д-р Калина Гривчева Старделова – Претседателка на Лекарска Комора „Додека зборев на телефон, ме удри ми излета се распарчи службениот телефон. Па јас одам на ...

Едукативни предавања за превенција од насилство и булинг, беа реализирани денеска за млади во Кавадарци, информираа од Министерството за внатрешни работи. – Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во ООУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци реализираа едукативни предавања на темите „Насилство во училиштата“, „Сајбер булинг“, „Внимателност при користење на социјални мрежи“ и „Тик ток предизвици“. Учениците беа запознаени со ...

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска заедно со општински тим изврши увид во текот на реализацијата на повеќе капитални инфраструктурни проекти на неколку локации во градот. Станува збор за реконструкција и уредување на улици кои, како што посочуваат од Општината, се од големо значење за секојдневното функционирање на граѓаните и долго време чекале на нивна реализација. Градоначалникот Гоцевски истакна дека подобрувањето на ...

По еден час се чека автобус на линијата број 5 велат патници кои попладнево чекаа на станиците во скопската населба Влае, како и во Ѓорче Петров и Хром во насока кон центар. „Дојдов на станица во 16.15 часот, автобусот ми побегна пред нос. Сега е 17.15 часот, автобус уште нема. На оваа делница минува само автобус со број 5, друг нема, па чекаме со саати. Порано петка имало на 10 минути, сега не се знае кога ќе дојде”, вели револтирана жителка ...

Собранието во рамки на денешната 92. седница ја утврди потребата од измени на неколку клучни закони кои ќе се носат по скратена постапка. Пратениците дадоа „зелено светло“ за понатамошна процедура на законските измени поврзани со: Безбедноста во сообраќајот и возилата; Јавните набавки во одбраната и безбедноста; Шумите и прометот со воени стоки. Сепак, собраниското мнозинство не даде поддршка за предлозите на пратениците од крилото на Зијадин ...

Напредок во реализацијата на Реформската агенда во рамки на Планот за раст на Европската унија за Западен Балкан, како и координацијата со Европската комисија во исполнувањето на предвидените реформски чекори се темите за кои денеска разговарале првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали ираководителот на единицата во Генералниот директорат за проширување и Источно соседство (DG ENEST) на Европската ...

Тимот а на ПРВ.мк дојде до ексклузивни фотографии од вознемирувачки сцени кои денеска ги преплавија мобилните екрани на илјадници граѓани во Германија. Додека погледите на многумина беа вперени во небото, очекувајќи одговор за сирените кои одекнуваа низ градовите, паметните уреди испраќаа серија „критични предупредувања“. Мистериозни известувања ги „смрзнаа“ граѓаните Нашите извори од терен јавуваат за вистински хаос во комуникациските мрежи ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1005
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
50%
1001
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
5.14
81%
1000
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
6.17
56%
1007
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.97
74%
1004
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
92%
1000
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
0.89
66%
1006
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1006
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
76%
1006
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
62%
1004
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
58%
999
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
80%
1007
Currency

61.645

Currency

53.2676

Currency

71.195

Currency

37.0426

Currency

38.6385

Currency

67.2741

Currency

7.72812

Currency

0.65817

Currency

0.33472

Currency

0.52538

Currency

1.20088

Currency

0.56714

Кобалт

964.52

Паладиум

46489.98

Цинк

3.04

Алуминиум

3.24

Рутениум

56199.51

Злато

166450.52

Родиум

347228.06

Бакар

11.12

Платина

63562.03

Сребро

2840.84

Калај

43.91

Иридиум

256711.96