Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини. На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот ...

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, најави дека почнала акција за подигање на непрописно паркирани возила кај Пазарот во Ченто. -Општина Гази Баба во координација со МВР и Градски паркинг спроведе акција за подигање на возила кои беа непрописно паркирани на јавни површини, тротоари и коловози во околината на Пазарот Ченто. Со ваквото несовесно паркирање се попречува движењето на возилата, јавниот превоз и пешаците, а ...

Вчера се одржа свечената церемонија во рамки на изборот на најдобрите е-трговци во Македонија “E-commerce Awards 2025”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија. “E-commerce Awards” претставува значајна иницијатива за е-трговијата, која преку транспарентен и структуриран процес ги препознава насјуспешните за изминатата година, ги наградува за напорите и посветеноста и придонесува кон јакнење на довербата кај онлајн купувачите. Ваквите ...

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли за поголема безбедност во сообраќајот. Според последните податоци, во изминатите десет дена сообраќајната полиција изрекла санкции за дури 238 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила. Покрај пешаците, на удар на законот се најдоа и возачите на моторни возила. Дури 754 учесници во сообраќајот добија санкции поради неносење сигурносен појас, додека 43 мотоциклисти се ...

Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, во периодот од 16 до 22 март 2026 година, четиринаесетта година по ред ќе ја одбележат Глобалната недела на ...

Данскиот готвач и „мајстор“ на потфатот, Рене Реџепи, кој е по потекло од тетовско Џепчиште, го објави своето заминување од новиот поп-ап ресторан на славниот ресторан „НОМА“ во Лос Анџелес со серија вечери по цена од 1.500 долари по лице, што треба да започне на 11 март, откако повторно се појавија поплаки за неговиот став кон вработените, кои се движат од тепања и понижувачко однесување до закани за депортација. Во видео објавено на ...

Скопје не изгледа почисто од претходно, со нови и чисти контејнери, кои се наместени за граѓаните да мора да ги користат за одлагање комуналне отпад, а многу граѓани во Скопје, се жалат дека од „Комунална хигиена“ сѐ уште не ги празант доволно често. Сликите од искршени и распаднати контејнери, кои сами претставуваат ѓубре, а не пак да собираат ново е секојдневна слика, на речиси секоја улица или булевар. многумина посочуваа дека на толку ...

Општината Штип на денешната седница одобри десет милиони денари (160.000 евра), со кои ќе се плати дел од долгот на ЈП „Исар“, чиј основач е за долг кон фирма од која претпријатието набавувало струја. Скратени се пари од програмата за уредување на патишта. Сепак, и покрај субвенцијата, овие пари нема да бидат доволни ни да се плати половина од долгот, бидејќи со судска пресуда, ЈП „Исар“ треба да плати над половина милион евра или нешто над ...

Европскиот парламент испрати јасна политичка порака дека цената на застојот во проширувањето може да биде повисока од цената за прием на нови членки. Во извештајот усвоен на 11 март со 385 гласа „за“, 147 „против“ и 98 „воздржани“, пратениците оценија дека проширувањето е стратешки одговор на новата геополитичка реалност и витална инвестиција во безбедноста и стабилноста на Унијата. Во истиот документ се наведува дека непроширувањето носи ...

Лекарската комора на РСМ, заедно со европските докторски асоцијации и Министерството за здравство, денеска го одбележува 12 Март, Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, кој претставува аларм за „тивката пандемија” што го нагризува здравството и општеството. Претседателот на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, истакнува дека кога еден лекар е нападнат вербално, физички или преку ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска се обрати на конференцијата со социјалните партнери и граѓанските организации од Македонија, организирана од Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК) и неговиот Комитет за следење на Западен Балкан, што се одржа во Европската куќа во Скопје. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека европската интеграција не е само владин процес, туку ...

Од ДУИ соопштија дека ставот според кој смс-пораките во рамки на системот „Safe city“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот. Со оваа постапка претседателот на Уставниот суд ги надминува своите надлежности и брутално интервенира во правниот поредок и во меѓуетничките односи во државата, се наведува во реакцијата на ...

Советникот од СДСМ Горан Симоноски побара денешната седница на Советот на Град Скопје да се дополни со точка – разно, на која советниците би побарале градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да им се извини поради неговата изјава во медиумите дека на отчетот за 100-те дена мандат, кој тој го даде во Македонска филхармонија, биле поканети сите советници. Тоа според советникот е лага. Контекстот во кој му беше поставено прашањето тој го разбра, но во ...

Денеска во Собранието на Македонија се одржува комеморативна седница по повод годишнината од трагедијата во Кочани, каде во пожар загинаа 63 млади луѓе. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обрати пред присутните со зборови полни на тежина и тага: „Некои ноќи завршуваат рутински, некои оставаат спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат. Постојат утра што будат надеж и раѓаат нова сила, но има и мрачни утра што ја гасат надежта ...

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) изразува поддршка за барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата, но укажува дека за вистинско подобрување на стандардот, ад-хок решенијата мора да бидат заменети со целосен, праведен и одржлив систем. „Веруваме дека борбата за работничките права треба да се темели на издржани решенија кои ќе значат достоинство за секој работник. Затоа, ДОМ се залага за: – Правилна распределба на ...

Заеднички простор во кој младите валандовци ќе се среќаваат за соработка и размена на идеи, како и за обуки и предавања, се отвори во објектот на кино салата во Валандово, од страна на здружението на граѓани „Исчекор – Општество за сите“. Овој центар за млади кој ќе го користи просторот на првиот кат на кино салата ќе работи под називот, „Младински претприемачки хаб“, а според невладината организација од Валандово е наменет за млади ...

СДС Врховистичка продолжува со своите малициозни соопштенија, мизерни памфлети во кои по секоај цена ги оценува македонските власти и по навика Фрчковистички му се упикува на меѓународниот фактор. Проблемот е што напливот на безрбетништво кај нив најчесто подразбира и отсуство на логицирање, па вадењето од контекст и давањето сопствен наратив на туѓите изјави само дополнително ја резили дилетантската пи-ар група на хејтерчиња кои со сите сили ...

Иран ги засили нападите врз делови од Дубаи и врз бродски цели, кревајќи ја цената на нафтата над 100 долари за барел и зголемувајќи ги стравувањата за должината на војната на Блискиот Исток и за затворањето на Ормускиот теснец. Жителите на Дубаи добија најмалку два аларми за ракети во средата вечерта, а беспилотно летало падна врз зграда во Крик Харбур, нов комплекс со станбени кули. Властите соопштија дека пожарот брзо бил ставен под ...

ССМ е координирано и управувано од СДС. Целата логистика за таканаречените протести на ССМ е обезбедена од СДС, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. – До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат кои се лицата одговорни за организирање на логистиката за протестите. Ова е тој документ. Одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев. Ова е Бранко Георгиев, поранешен ...

Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...

Охрид, 12. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – И покрај најавите дека затворениот пливачки базен во Охрид ќе биде готов оваа година, на терен, за жал, нема градежни работи и скоро никакво поместување на работите. Кон крајот на јануари годинава, за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, министерот за спорт Борко Ристовски изјави дека во проектот за изградба на покриен базен во Охрид има голем проблем со машинството. – Со изведувачот го ...

Кочани се подготвува за меморијалните активности посветени на 63-те млади животи загубени во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред една година. Од 14 до 16 март, градот и околните општини ќе оддадат почит низ духовни, спортски и симболични настани, потсетувајќи на важноста од безбедност и институционална одговорност. Три дена за 63 ангели 14 март: Духовна почит со богослужби и опело во храмот „Св. Великомаченик Георгиј“ и посета на вечните ...

Репрезентативците на Македонија во бокс, тренираат во кумановската спортска сала, соопштија денеска од општина Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски ја посети спортската сала во Куманово каде се спроедуваат подготовки на репрезентативците на Македонија во спортската дисциплина бокс, за претстојниот Montenegro cup. Купот ќе се одржи во Будва, Црна Гора од 15 до 20 март 2026 година, а големото финале е на 21 март. -Репрезентативците кои ...

Трговскиот синџир „Елида“ вчера (11 март) отвори два нови маркети во Штип, со што почна реализацијата на најавеното проширување во источниот регион на земјата. Новите објекти се во населбата Леваци (бр. 36) и во населбата Пребег (бр. 37). Маркетите ќе работат според стандардниот концепт на „Елида“: 6-7 вработени, 2 наплатни каси, продажна површина од околу 200 квадратни метри, асортиман од околу 5.000 артикли, пиљара и пекарница со свежо ...

Скопје/Охрид, 12. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – По претходно потпишување на Анексот бр. 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид од страна на заменик претседател на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски, и од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, потпис на Анексот 8 ставија и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во Македонија Чен ...

Од почетокот на март Општина Прилеп почна да ја спроведува непопуларната мерка за присилна наплата на неплатениот данок на имот и комунална такса. Причина за ваквата постапка е тоа што значителен број даночни обврзници, и покрај досегашните повици за подмирување на даночните обврски, сѐ уште не ги подмириле своите обврски за 2025 година, пишува Локал актив Пелагонија, онлајн медиум на локалните заедници. „Во тековната година Општина Прилеп ...

Трошоците за непроширување би ги надминале трошоците за нови членки кои се приклучуваат кон ЕУ, ризикувајќи создавање геополитички сиви зони ранливи на антагонистичко странско влијание. Во извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ, усвоен вчера, членовите на Европскиот парламент наведуваат дека проширувањето на ЕУ е стратешки одговор на еволутивната геополитичка реалност и витална инвестиција во безбедноста и стабилноста на ЕУ. ...

Демократската унија за интеграција оценува дека последните изјави на претседателот на Уставниот суд не се изолиран инцидент, туку директна последица на политичката клима што е создадена во државата, се вели во соопштението од ДУИ. -Кога во Владата имате слабо, заробено и потчинето претставување како ВЛЕН, тогаш антиалбанските сили се чувствуваат охрабрени и зајакнати. Денес сме сведоци на изјави и постапки кои порано никој не се осмелуваше ...

Партијата е децидна дека системот за видеонадзор мора да ги известува и санкционира граѓаните и на албански јазик. Според нив, ова не е политичка волја, туку уставна обврска и почитување на едно темелно право Коалицијата ВЛЕН, која е дел од владиното мнозинство, упати критики до актуелниот состав на Уставниот суд, споредувајќи го со „југословенска политичка елита“. Реакцијата на ВЛЕН доаѓа откако претседателот на Уставен суд, Дарко ...

Охрид, 12. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај Билјанини извори и каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1004
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
54%
1000
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
82%
1000
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
7.2
55%
1007
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
75%
1004
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
94%
1000
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
0.89
68%
1007
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1006
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1005
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
2.24
66%
1004
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
63%
998
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1007
Currency

61.645

Currency

53.2676

Currency

71.195

Currency

37.0426

Currency

38.6385

Currency

67.2741

Currency

7.72812

Currency

0.65817

Currency

0.33472

Currency

0.52538

Currency

1.20088

Currency

0.56714

Бакар

11.12

Платина

63562.03

Иридиум

256711.96

Калај

43.91

Паладиум

46489.98

Цинк

3.04

Алуминиум

3.24

Сребро

2840.84

Кобалт

964.52

Рутениум

56199.51

Злато

166450.52

Родиум

347228.06