„Кили беше неповторлив и единствен, човек кој целиот свој живот го посвети на уметноста“, рече актерката Арна Шијак на денешната комеморација за актерот Кирил Поп Христов-Кили во Македонскиот народен театар (МНТ). Кили почина на 11 март на 58 години во Еквадор. Колегите и пријателите на комеморацијата со многу љубов, емоции и сеќавања зборуваа за пријателствата со него. Човек полн љубов. Е, таков човек не може да не остави една голема ...

Сите го знаевме и го сакавме Кили. И сѐ уште го сакаме. Тој е неповторлив и единствен. Оној кој целиот свој живот го посвети на уметноста, живееше и твореше со театарот, филмот, телевизијата, музиката. Човек со огромна експлозија на енергија, која ни ја пренесуваше нам, колегите, и тука, на сцената, кон публиката, кажа денеска Атна Шијак на комеморацијата во Македонскиот народен театар во чест на актерот Кирил Поп Христов, кој почина на 11 ...

– Кога ќе се спомене името Кирил Поп Христов, во мислите не се појавува само лик или улога или реплика. Се појавува енергија. Се појавува еден немирен, некогаш и покорен дух, кој никогаш не прифаќаше да биде само дел од ансамбл, туку секогаш беше појава… Кили никогаш не беше актер кој може да се стави во рамка. Тој беше актер кој ги поместува рамките…“ Со овие зборови, на вчерашната комеморација во чест на Кирил Поп Христов, од него се ...