
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



ЕУ брзаше да воведе санкции врз Русија во првите денови од војната. Но, последниот деветти пакет откри повеќе разлики. Некои земји на ЕУ стравуваат од „колатерална штета“ за нивните економии. Русија вели дека нејзината економија е отпорна на западните санкции. Единството на Европската унија околу санкциите кон Русија почна да попушта, бидејќи нервозата за влијанието врз економијата на Европа ја ослабува решеноста да се казни Москва за војната во ...
Од 1 декември 2021 година се забрани употребата на пластични кеси за еднократна употреба во Македонија, но дел од активистите сметаат дека не се постигна намалување на отпадот од пластика како што се планираше. Пропустот, велат, е кај министерството за животна средина кое треба да најде решение. Производителите се жалат, еколозите не се задоволни во целост од примената, а пластичните кеси се уште се користат во маркетите и на пазарите. Една ...
Премиерот Димитар Ковачевски се откажа од бизнисот со фотоволтаици, но сега во него ќе се проба неговата сопруга. Бизнисите кај претходниот премиер Зоран Заев, пак се во машки раце. Колку бизнисменки беа сопругите на другите премиери? Не може да им се забрани на блиски на функционери да имаат бизниси, но треба да има механизам за следење, велат антикорупционери. Илјада евра удел во фирма за производство на струја од фотоволтаици има Елена ...
Најголем рејтинг меѓу граѓаните, според анкетата на ИРИ, нема ниту еден актуелен лидер на политичките партии во земјава, туку на врвот на листата е поранешниот премиер Груевски. Едно од објаснувањата е дека тоа се должи на безнадежноста и очајот на граѓаните од состојбата во државата. Веќе четири години не е во земјава и исто толку време не е во политиката, но поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има највисок рејтинг меѓу ...
Недостиг од лекови, храна и пари во банкоматите, вака Дејан Недељковиќ, публицист од Звечане, за Радио Слободна Европа ја опишува актуелната состојба на северот на Косово. Локалните Срби од 10 декември ги блокираат патиштата на север поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ. Главните сообраќајни патишта на север, кои локалното население ги користи за снабдување и движење, се блокирани со тешка механизација, а поради влошување на ...
Новиот извештај на Коалицијата за правично судење ги покажува истите проблеми кои се провлекуваат речиси две децении во работата на судовите, Судскиот совет и Советот за јавни оввинители. Систематизацијата и организираноста во овие инстанци останува проблематична, а збунува и тоа што казните за сериозни кривични дела се слични со казните во другите кривични постапки. Од една страна зголемена ажурност во делот на предметите што ги работи ...
Според најновата анкета на ИРИ, најмалку доверба граѓаните освен во политичките партии и во парламентот имаат и во судството и јавното обвинителство. За двојно во рок од една година е зголемена и бројката на граѓаните кои сметаат дека државата оди во погрешна насока. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ би добила најмногу гласови доколку сега би се одржале парламентарни избори, покажува најновата анкета на ИРИ, спроведена врз репрезентативен примерок од ...
За помалку од еден месец Апелација укина две пресуди во кои првоосуден е поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и неговите најблиски соработници. Најголемите предмети за аферата прислушување како и за купувањето и уништувањето на опремата за прислушување се враќаат пак во Кривичен суд каде што беа заглавени неколку години. Апелација три години во фиока го чува и предметот Транспортер со кој поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески ...
Нападите на Русија врз цивилната инфраструктура на Украина, вклучително и енергетските капацитети, според Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации и Амнести интернешенел, претставуваат можни воени злосторства. Скоро 10 месеци од нејзината инвазија на Украина, Русија користи ракети и беспилотни летала произведени од Иран за да ја загрози енергетската инфраструктура на Украина на национално ниво, како дел од очигледната ...
Се верува дека стотици етнички Грузијци се борат во Украина заедно со силите на Киев, особено со Грузиската легија. Но, некои податоци покажуваат дека Грузијците умираат во поголем број за разлика од странските борци во Украина од која било друга националност. Пишуваат: Коба Ликликадзе, Нино Тархнишвили, Тони Весоловски. Грузиецот Вадим Чхетиани лежи во болнички кревет во Украина, закрепнувајќи од сериозна повреда што ја претрпел во земјата во ...
Доколку по скрининг процесот македонскиот Устав не е ревидиран, тоа значи дека процесот на европска интеграција моментално ќе биде запрен, се додека таа состојба не се промени, порачува францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер во неделното интервју на радио Слободна Европа. Амбасадоре, по низата афери во правосудниот систем и слабите резултати во борбата против корупцијата, гледате ли вие политичка волја за справување со корупцијата и ...
Властите во Полска ја укинаа забраната граѓаните да ги загреваат домовите со јаглен поради војната во Украина. Со тоа се зголеми аерозагадувањето, но и ризкот врз здравјето. Во Македонија, нема прецизни податоци за употреба на јаглен во домаќинствата. Загадувањето од јагленот повеќе доаѓа од енергетскиот сектор. Семејството Ткачук во 2018 година се пресели од полскиот град Краков во селото Олпини во потрага по почист воздух. Четири години ...
Повеќе објекти беа евакуирани по дојава за наводно поставена бомба, меѓу кои и скопскиот аеродром. Шефот на дипломатијата, Османи информираше дека НАТО е известен за проблемот со лажните дојави, а премиерот Ковачевски повтори дека се работи за хибридна војна која го опфаќа целиот регион. Одложени летови, конференции, вознемирени купувачи и спортисти, ученици повторно испратени дома е епилогот од денешните дојави за наводно поставени бомби. Иако ...
Погрешна историска периодизација, лажни факти, нејасни фрази и недостаток на историски наратив се главните пропусти во учебникот по историја за петто одделени од новата програма кој неодамна го добија само дел од учениците. Историчарите бараат негово итно повлекување, авторите се оградуваат, а родителите загрижени. Среден век поместен за десет века наназад, природната опсерваторија Кокино прикажана како градба, градот Стоби постоел и во метално ...
Најавите за ветинг и изјавите на политичарите за негова поддршка во борбата против корупцијата не се доволни за негово успешно спороведување, оценува стручната јавност. И меѓународната заедница се сомнева во капацитетите на државата, но и во искреноста на политичката волја за таква реформа. Една од реформите која може да донесе видливи резултати во борбата против корупцијата и криминалот е ветингот, но за да се спроведе, потребни се човечки ...
Србија официјално побара нејзините безбедносни сили да се вратат на Косово, и покрај предупредувањата од Западот дека таквиот потег веројатно нема да биде прифатен и само ги зголемува тензиите на Балканот. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за државната телевизија РТС дека владата побарала од командантот на мировните сили предводени од НАТО стационирани на Косово од 1999 година, кога Алијансата ги истисна српските трупи од Косово, да ...
Њузлетер 16.12.2022 Лажни бомби, вистински стрес Со денови јавноста во Македонија е вознемирена од дојавите за бомби во училишта, институции, трговски центри, станбени згради. Премиерот Ковачевски изјави дека е невозможно да се открие од каде доаѓаат заканите и оти станува збор за хибридна војна. Аналитичари оценуваат дека целта е дестабилизација. Учениците, влези, излези од часовите, а Министерството за образование смета дека испуштената ...
Украсувањето во Скопје речиси секоја година зависи и од политиката. Изминативе две години пандемијата ги засени новогодишните празници, сега и енергетската криза. Уште е неизвесно дали Скопје воопшто ќе биде украсено, а скопските општини не планираат пари за тоа. Елките околу споменикот на писателот Горан Стефановски во Дебар маало, на кои има светилки и лампиони со цитати од неговите безвременски драми и есеи во чест на 70-годишнината од ...
Младите во Македонија зборуваат за проблемите во нивното маало, но не и за тоа како може тие да се решат. За ова сведочат средношколците, а и истражувањата потврдуваат дека ретко кој верува дека може да направи нешто. Здружението „Младите можат“ се обидува да направи промена во оваа слика. Додека си муабетат со другарите собрани во маало, младите често зборуваат за проблемите поврзани со она што не чини во нивната населба, ама никој од нив не ...
Рокот за користење поевтина струја од декември по цена од 95 евра по мегават час наместо по 400, го пропуштија третина од училиштата во земјава. За министерот Бектеши причина е „неспособноста на тие што раководат со тие институции“. Оние што не аплицираа, се жалат на комплицирани постапки. Тетовското основно училиште „Братство Миѓени“ е меѓу 165-те училишта во земјава кои не аплицираа за мерката за користење поевтина струја до крајот на април, ...
Високи функционери еден по еден изразуваат подготвеност за борба против корупцијата, откако американски тим ја скенираше состојбата во земјава. Дел од функционерите бараат да се направи систем за борба против корупцијата. Кој треба да го направи тој систем, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи. Тимот за „лов“ на корумпирани функционери од Вашингтон дојде и си замина, а домашните функционери почнаа меѓусебно да се покажуваат со прст кој е ...
Откако на Косово повеќе од две децении му се ветува европска перспектива, Приштина одлучи да поднесе барање за полноправно членство во Европската унија. Kосовскиот премиер Албин Курти ја претстави апликацијата во Прага, главниот град на Чешка, која моментално претседава со ЕУ. Ѓеракина Тухина Ова ќе претставува предизвик за европските политичари, бидејќи одговорот на оваа постапка нема да биде едноставен. Причината за тоа е што Косово како ...
Во изминативе 18 месеци земјите од Западен Балкан работат на спроведување на мерки од регионалниот патоказ за борба против корупцијата и следење на нелегалните финансиски трансакции. Претставникот од Агенцијата на ОН за борба против криминалот и дрога Константин Паликарски во разговор за РСЕ како најпроблематични ги детектира јавните набавки, конфликтот на интереси и конфискацијата на имот. Во изминативе 18 месеци земјите од Западен Балкан ...
Речиси две недели до крајот на полугодието, а учениците треба да ги одработат пропуштените часови поради дојавите за бомби кои веќе со недели ги празнат училниците. Онлајн, дополнителни часови, продолжување на учебната година, како ќе се надоместуваат изгубените часови? Утринава повторно во 15 скопски училишта пристигнала електронска пошта дека е поставена бомба. По извршените проверки, полицијата соопшти дека и овој пат станува збор за лажни ...
Ситуацијата на северот на Косово, за разлика од порано, може да ескалира поради дополнителни провокации, како од Белград, така и поради руското влијание, изјави во интервју за РСЕ Ивана Страднер, научен соработник во Фондацијата за одбрана на демократијата во Вашингтон. Беким Бислими. Страднер вели дека НАТО треба да користи реторика за да им даде до знаење на Србија и Русија дека тоа „не е играчка“. Според неа, Русија со своите потези сака да ...
Храната на светските берзи во ноември била за 17 отсто пониска отколку во март, покажуваат податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН. Најголемо намалување има кај зеленчукот, а поевтинети се и житариците, месото и млечните производи. Во Македонија цените растат. Половина плата за храна и сметки Во Народната банка на Македонија велат дека има низа фактори поради кои Македонија е поизложена на глобалните шокови. 1. Ние сме една од ...
САД категорично се противат на можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово. Ова го изјави Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД, во интервју за РСЕ на вториот ден од неговата посета на Косово. Со него разговараше Амра Зејнели. Запрашан да ја коментира изјавата на Александар Вучиќ, претседателот на Србија, кој најави дека на 15 декември Белград ќе побара од КФОР да ги врати силите на Косово, Ескобар ...
Во изминатите дваесет години имало 54 фемициди во Македонија, покажуваат анализите на граѓанските здруженија. Институциите не го сфаќаат овој проблем сериозно, покажува истражувањето „Невидливи убиства“. Во август годинава, беше убиена 46-годишна жена од Неготино. Настанот се случил во станот каде престојувала жртвата со нејзината 22 годишна ќерка, откако се разделиле со сторителот, со кого живеела во вонбрачна заедница. Две години претходно, во ...
Паушални сметки, нередовно читање и замена на водомерите се само дел од поплаките кои често може да се слушнат на шалтерите на „Водовод“. Од претпријатието тврдат дека службите реагираат, експертите велат резултатите од работењето се резултат на децениското вработување по партиски клуч. Паушални сметки, нередовно читање и замена на водомерите, ова се само дел од поплаките кои често може да се слушнат на наплатните шалтери на „Водовод“. ...
Ова е хибридна војна, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прашањето за лажните дојави за бомби кои изминативе три месеци ги вознемируваат граѓаните. Безбедносните аналитичари велат дека поголемата слика е дестабилизација на Балканот кој сака евроинтеграција и зад нив стои моќен центар. Македонските власи се децидни, лажните дојави за бомби се хибридна војна. Министерството за внатрешни работи интензивно соработува со НАТО и ...