
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Во Црна Гора за време на вчерашниот протест на опозицијата избувнаа судири, како одраз на длабоката политичка криза меѓу прозападните и просрпските и проруските партии во оваа членка на НАТО. Протестот се одржа додека пратениците во зградата на парламентот гласаа за одземање на одлучувачката улога на прозападниот претседател на земјата во назначувањето премиер. Законот беше поттикнат од просрпското и проруското мнозинство во парламентот, што ја ...
Во овој момент нема потреба од свикување на седница на Советот за безбедност, велат за РСЕ од кабинетот на претседателот Пендаровски. Министерството за одбрана цени дека ситуацијата на Косово нема влијание врз безбедноста во земјава. Собранискиот спикер, Џафери ги повика двете страни да делуваат рационално. Кај македонските власти има загриженост за ситуацијата во северно Косово, но, проценките се дека засега нема потреба по прашањето да ...
Само за месец и половина Македонија потроши над 40 милиони евра за увоз на струја. Македонските термоцентрали работат само со половина од капацитетот , па државата мора да увезува. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски обвинува „за многу криминал и корупција“ при набавките на струја. Само во изминатите месец и половина, ЕСМ увезе струја за над 40 милиони евра, покажуваат официјалните податоци. Струјата е купена од пет фирми, кои имаат ...
Прекумерната употреба на антибиотици предизвикува отпорност на голем дел од нив, предупредува стручната фела. На нерационално користење на антибиотици се подложени и животните чии продукти на крај, пак ги консумираат граѓаните. Но и покрај тоа, пациентите инсистираат да добијат антибиотик, а во аптеките се забележува зголемена потрошувачка. Полни амбуланти, полупразни училници. Овие денови сѐ поголем број деца се на удар на вирусни или ...
Додека владите во Европа се под огромен притисок да го намалат растот на цените на енергенсите оваа зима, а Русија ги намалува испораките на гас, многу Европејци решението го видоа во набавката на огревно дрво. Сепак, по предупредувањата дека согорувањето дрва поттикнува неодржливо уништување на шумите и емисии на штетни гасови, употребата на огревно дрво би можела да биде ограничена во земјите од Европската унија, пишуваат светските медиуми. ...
ЕУ и САД со жестока осуда на нападите врз ЕУЛЕКС со шок бомба во северот на Косово каде што српското население кое е мнозинство постави барикади. Советот за безбедност на Косово заседаваше, додека српските власти испраќаат апели за смирување на страстите. Неколку испукани куршуми кон косовската полиција и фрлена шок бомба кон патрола на ЕУЛЕКС го покрена алармот во Косово, по што Советот за национална безбедност се состана. Курти на прес ...
На топланите Скопје-исток и Скопје – запад, во дозволата им пишува дека може да употребат мазут за 10 дена ако имаат хаварија и немаат пристап до гас. Додека ние имаме пристап до гас, ќе продолжиме да употребуваме гас вели за РСЕ, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање. Господине Нуредини, повторно малку пари се издвоени за животна средина во Буџетот за следната година. Дали ова за вас е поразителен податок како ...
Во едно часовно обраќање до јавноста српскиот претседател Александар Вучиќ најави нова правна борба за поставување на војска во северниот дел на Косово со барање за дозвола од КФОР. Во меѓувреме, растат тензиите во северот на Косово со блокади и инциденти. Косовската претседателка најави одложување на вонредните избори во четирите општини. Србија ќе испрати барање до командантот на КФОР да дозволи распоредување на српската војска и полиција на ...
Низ улиците на Косовска Митровица се забележливи бројни возила на ЕУЛЕКС откако ситуацијата на северот на Косово се влоши по завчерашната операција на специјалните единици на косовската полиција. За доцна вечерва е најавено обраќање до јавноста на српскиот претседател Александар Вучиќ. Услов за деескалација на ситуацијата во Косово е формирање на Заедница на српски општини, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој во телефонскиот ...
Документите на сите кандидати на Академијата за судии и обвинители од нејзиното основање до сега ќе бидат цел на истрагата на Антикорупциска комисија. Се истражува кој судија и обвинител стигнал до функција „делач на правда“ со прекршување на законот - предвреме полагање правосуден испит. Антикорупциската комисија ќе спроведе еден вид на ветинг, односно проверка, и тоа со продолжување на истрагата за тоа кои судии и јавни обвинители станале ...
Продолжува влошувањето на состојбата на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица под притисок на урбанизацијата и дивоградбите, додека македонските власти продолжуваат да ги игнорираат обврзувачките меѓународни правни инструменти за заштита на природата. Ќе запре ли привремено урбанизацијата и легализацијата на дивоградбите во Охрид и во Националниот парк Галичица, од македонските Власти засега нема конкретен одговор. Прашањето повторно се ...
Дојави за бомби во Скопје за прв пат се проширија на јавни и приватни објекти како Транспортниот центар, трговските центри Ист Гејт и Бисер, зградата Флет Ајрон. Граѓаните се револтирани, а експертите предупредуваат за можна ескалација, ако институциите продолжат да ја потценуваат заканата. Дојави за бомби денеска претпладне ги евакуираа Железничката и автобуската станица во Скопје, трговските центи Ист Гејт во Гази Баба и Бисер во Аеродром, ...
Припадник на косовската полиција бил полесно повреден во вооружен напад на северот на Косово, соопшти полицијата на Косово, додавајќи дека нападот се случил доцна синоќа во селото Србовац во општина Звечан. Белград најави враќање на околу 1.000 безбедносни сили на северот на Косово. Дежурните полициски единици биле нападнати од „вооружени лица од возило Ауди, сива боја и регистерска табличка КМ“, издадена од властите на Србија, соопшти ...
Њузлетер 09.12.2022 Државен имот, ничиј имот Државен имот во вредност од речиси 150 милиони евра, нема имотен лист. Ова го покажуваат ревизорските извештаи. Меѓу објектите кои се без имотен лист е и зградата во која е Министерството за транспорт, кое, пак, е изготвувач на законот за легализација имот. Но, без имотен лист се и претседателските вили на Водно, Парламентот, и многу други. Околу 10 проценти од вкупната територија на државата, до 2018 ...
Спортската сала наменета за студентите на УКИМ, чија изградба ја чинеше државата 2,5 милиони евра е претворена во руина и целосно демолирана. Од Агенцијата за млади и спорт велат се прават проценки на штетите и следната година очекуваат да биде пуштена во употреба. Со години спортската сала на УКИМ во кампусот на правниот, економскиот и филолошкиот факултет стои демолирана и руинирана. Изградена уште во 2017 година со сите потребни реквизити и ...
Тим од Вашингтон „ќе лови“ корумпирани функционери во Македонија. Граѓаните со поделени ставови – едни се радуваат, други не веруваат дека ќе има вистинска борба против корупцијата, а трети велат дека штом друг ни ги решава проблемите, не сме ни држава. Од радост и воодушевување, сеир и очекување апсанџиско реално шоу до умереност во очекувањата и скепса за намерите се движат реакциите на јавноста по најавата на новата американска амбасадорка ...
Руски командант избодел до смрт постара Украинка за време на хаотичното повлекување од Изум во септември, вели војник од неговата единица. Доказите за наводното воено злосторство првпат се појавија од телефонско пресретнување на украинското разузнавање... Автори: Валерија Јехошина и Кира Толстјакова Истрага на Радио Слободна Европа откри докази за наводно руско воено злосторство. Тоа е само еден пример меѓу илјадниците откако Русија ја започна ...
Поранешни и актуелни функционери, иако обвинети или осудени се уште се на слобода, бидејќи процесите против нив траат долго. Меѓународната заедница повикува на позасилена борба против корупцијата. Владата ветува мерки. Но практиката засега не ги следи ветувањата и очекувањата на граѓаните. По шест години откако тогашното Специјално јавно обвинителство - СЈО ја отвори истрагата за случајот наречен „Трезор“ за набавката на опрема за прислушување, ...
Владата ќе ја чека истрагата за издавањето на македонско државјанство на Онишченко, па потоа ќе бара одговорност. Комисијата за надворешна политика за именувањето на шефот на АНБ, Димовски за амбасадор во Франција ќе заседава откако Комисијата за надзор на АНБ ќе даде свое видување за случајот. Владата ја поништи одлуката за доделување на македонско државјанство на Украинецот Олександр Онишченко, чие име е на црната листа на САД, но одговорните ...
Самохрани мајки реагираат на јавното објавување на списоците на корисници на финансиска помош на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика. Од МТПС велат дека не го повредиле правото на заштита на личните податоци, но според експертите, јавното објавување е етички дискутабилно. Самохрани родители кои се корисници на финансиска помош од државата бараат нивните имиња да бидат „заштитени“ на списоците кои Министерството за труд ...
Помалку од еден месец откако беше отворен во Русија, воено-технолошкиот центар на паравоената група Вагнер беше домаќин на Дамјан Кнежевиќ, лидерот на српската ултрадесничарската организација „Народна патрола“ во Санкт Петербург. Душан Комарчевиќ Вагнер групата која учествува во агресијата против Украина, на 4 ноември отвори центар за воена технологија во вториот по големина град во Русија. Групите за човекови права и украинската влада ги ...
Директори на некои државни претпријатија, па макар и загубари, имаат дури и двојно повисока плата од премиерот или претседателот на државата. Ако фирмата има успех, ќе си поделат и бонуси, ако оди во загуба, владата ќе им го покрие долгот. Претседателот на државата, пратениците во Собранието и министрите во Владата имаат месечна плата од околу 1500 евра. Тоа е трипати повеќе од просечната плата во земјата која изнесува околу 500 евра. Работник, ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц на денешниот Самит ЕУ – Западен Балкан во Тирана рече дека забележал ново, попозитивно расположение меѓу членките на Европската унија за можноста земјите од Западен Балкан да се приклучат на блокот во споредба со пред неколку години, пред руската инвазија врз Украина. Претходно, и шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека процесот на проширување на Европската унија повторно доби замав. ...
Приватните превозници втор ден по ред блокираат во Скопје . Градоначалничката не одговара на барањата за средба. Тие бараат разбирање од граѓаните и не покажуваат намера да ги тргнат автобусите. Граѓаните живeaт во сообраќаен хаос, тешко се стигнува и на училиште, на работа, па и до болница. Возила на брза помош заглавуваат во сообраќајниот метеж. Ученици доцнат на училиште, пациенти доцнат на термини на кои чекаат со месеци, вработени не можат ...
Втор ден Скопје е блокирано од приватните автобуски превозници, но никој не го решава проблемот. Граѓаните трпат додека сите си ја префрлаат одговорноста. Професорката Најчевска вели дека правото на протест не смее да се ограничи, а локалната и централната власт имаат алатки да дојдат до решение. Никој од властите не презема одговорност за проблемот, ниту пак нуди решение со кое ќе им се скратат маките на скопјани, иако веќе втор ден Скопје е ...
Требаше да се сретнат во минатата недела - технички експерти, инженери и претставници од договорот меѓу Русија и Соединетите Држави - за да најдат начин да продолжат со инспекциите на нуклеарното оружје. Москва се повлече што е лош знак и за идните преговори. Мајк Екел Во минатата недела, за прв пат по руската инвазија врз Украина пред повеќе од девет месеци требаше да се сретнат: технички експерти, инженери и дипломати од Русија и САД во обид ...
Дел од читателите на првата книга на средношколецот Леонардо Змајшек, „Зошто ме тргаш од ѕвездите?“, признале дека пролеале солзи читајќи ја. Младиот автор вели дека чувствува голема поддршката од читателите, но до книжарниците се стигнува потешко, ако си ново име. Средношколецот Леонардо Змајшек има осумнаесет години и една објавена книга. За неговата книга „Зошто ме тргаш од ѕвездите?“, објавена неодамна, вели дека постојано добива честитики и ...
Лидерите на ЕУ во Тирана денеска се на состанок со своите колеги од шесторката од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Состанокот е значаен поради една причина: ова е првпат самит ЕУ-Западен Балкан да се одржува надвор од ЕУ. Европски дипломати велат дека има две неофицијални цели за самитот: одржување обединет фронт и избегнување какви било последици. Сигурно имаше лоши преседани на тој ...
За нешто повеќе од еден месец, Македонија потроши над 30 милиони евра за увоз на струја. Државните термоелектрани во изминативе денови работат со помалку од половина од капацитетот. Со пуштањето во употреба на термоцентралите Осломеј и Неготино, производството треба да се зголеми. Во изминатите десет дена термоелектраните просечно работат со 40 отсто од капацитетот. РЕК Битола работи со 2 од трите блока, а ТЕЦ Осломеј се ремонтираше. Не работеше ...
Во борбата против корупцијата Владата им стои на располагање на сите надлежни институции доколку побараат унапредување на некој закон или стручен мониторинг од надворешни експерти, уверува премиерот Димитар Ковачевски, по низата критики дека државата има сериозен проблем со корупцијата. Поранешниот член на Антикорупциската комисија Драган Малиновски е убеден дека ниту една мерка против корупцијата нема да биде успешна, доколку нема политичка ...