По изборите, следната година, две работи се клучни за државата - одржување на стабилни меѓуетнички односи и продолжување на европската интеграција, порача шефот на државата Стево Пендаровски во обраќањето пред Собранието. За опозицијата говорот бил празен, а власта застана зад претседателот. Ставови за „евергрин теми“, како евроинтеграциите, уставните измени, војната во Украина, иселувањето на младите, судството и корупцијата и за нешто „ново“ - ...
„Во демократијата не постои политичар за кого нема и добри и лоши критики. И јас во мојот мандат сум бил и поддржуван и критикуван за одредени одлуки кои сум ги носел. Некогаш за моите јавно искажани ставови сум бил критикуван и од дел од оние кои ме поддржаа при изборот, на пример, за аферата ‘Рекет’, при ставањето вето на Законот за илегални градби или при покачувањето на функционерските плати. Но, секогаш во прв план ми биле интересите на ...