Албанскиот премиер Еди Рама од Скопје порача дека не носи вест за смртта на иницијативата Отворен Балкан, но таа треба да се тргне малку настрана, со цел нов фокус на Берлинскиот процес. За македонскиот премиер Димитар Ковачевски „Отворен Балкан“ е жив и не е во спротивност со Берлинскиот процес. Прашањето дали е жива иницијативата Отворен Балкан не е прашање на живот или смрт, но тоа е само една од 72 иницијативи која сега треба да се остави ...

Државата ќе се задолжува кај граѓаните, а за возврат тие ќе добијат поголема камата отколку што би добиле ако штедат во банките. На тој начин добива и државата, оти ако се задолжува со други обрзници ќе плаќа повисока камата. Опозицијата се сомнева дека може на ваков начин да се перат пари. Ако имате 10 илјади денари вишок и сакате да ги заштедите можете да и ги дадете на државата на чување. Министерството за финансии промовира граѓанска ...

Европските аеродроми се во средината на уште едно бурно лето, бидејќи глобалниот број на патници се опоравува на нивото од пред пандемијата. Авиокомпаниите соопштија дека се подготвени да избегнат повторување на минатогодишниот хаос на патувањата, откако штрајковите и недостигот на персонал ги принудија да откажат илјадници летови и да избегнат долги редици на главните аеродроми. Но, штрајковите на контролата на летање, кои доведоа до тоа ...

Уставниот суд донесе времена мерка со која го стопира упатството за издавање на лични документи со графата за етничка припадност. Веднаш по оваа одлука Министерот за правда најави дека ќе донесе ново упатство, без да ја смени содржината, со кое правно ќе ја негира одлуката на Уставниот суд. Управата за матични книги нема да издава извод на родени во кој ќе биде впишана графата националност се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука дали е ...

Политичките партии ги добија парите од државниот буџет. Најмногу земаа три најголеми партии кои освоија и најмногу гласови на последните избори, ВМРО ДПМНЕ – 1. 491. 000 евра, СДСМ - 1. 323.000 евра и ДУИ – 677.800 евра. Законот со кој им следува 0,10% од годишниот буџет нема да се менува. На 19 мај дата базата на Министерството за финансии, open.finance.gov.mk која ги прикажува трансферите од државниот буџет стана потешка за уште неколку ...

Американскиот Стејт департмент бара од Владата на Косово да ги исполни барањата на САД и меѓународните партнери за деескалација на ситуацијата на северот, се вели во соопштението на оваа институција за Радио Слободна Европа (РСЕ) на 4 јули. Тие барања, се додава, го вклучуваат и предлогот од Европската унија (ЕУ) за решавање на кризата во три точки. Додека секојдневно пристигнуваат повици за „итна деескалација“ на ситуацијата на северот на ...

Скоро 20 проценти од жените во преднаталниот период имаат ризик по менталното здравје, вели психијатарот Стојан Бајрактаров. Но заради влијанието од средината и притисокот жените речиси и не бараат помош. Пред неколку дена родилка се обиде да се самоубие по породувањето, што отвори широка дебата зошто постродилната депресија е се уште табу тема. „Мајка си, издржи!“, „Кога ќе го земеш во раце бебето ќе заборавиш на сите маки“, „Доста се лигавиш, ...

Туристичката сезона кога автопатот „Пријателство“ е најфрекфентен не го спречи Јавното претпријатие за државни патишта да рехабилитира две делници. Објаснувањето е дека сега е најпогодно време за градење. Во меѓувреме наплатата од патарини е највисока во летните месеци, а ЈП не се откажува од неа. Максимум петнаесетина минути подолго ќе патувате од Петровец до Демир Капија, каде се наоѓаат двете точки на автопатот „Пријателство“ на кои во ...

Додека НАТО се подготвува за својот годишен самит во Вилнус, целиот фокус е насочен кон придвижување на Украина во воениот сојуз. Грузија, се чини, е во втор план. Западните аналитичари стравуваат дека иако Грузијците можеби сè уште се заинтересирани за членство во НАТО, 15 години во чекалната доведоа до „замор на НАТО“ кој веројатно нема да се намали по претстојниот самит во Вилнус. Од 2008 година, кога НАТО им вети на Грузија и на Украина дека ...

Повикот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за истрага на сите функционери на партијата, за антикорупционерите е фрлање прав во очи на јавноста. Поранешниот обвинител Наков смета дека е огромно влијанието на ДУИ во правосудството и не очекува некаква акција на институциите за започнат таков еден процес. Земјоделско земјиште во Албанија вредно 30.000 долари, куќа во Зајас која чини 100.000 долари, автомобил Фолксфаген од 7000 евра и 12.332 евра на ...

Се зголемува процентот на испитаници во Северна Македонија кои ја осудуваат руската агресија на Украина, покажува истражувањето на Фондацијата Конрад Аденауер. За разлика од лани сега испитаниците имаат појасни ставови за војната во Украина, се наведува во истражувањето. Бројот на граѓани во Северна Македонија кои сметаат дека руската воена агресија врз Украина е неоправдана е во пораст, но во исто време е зголемен е бројот на оние кои ја ...

Се стравува дека 28 млади од пакистанското село Бандли биле на преполниот рибарски брод што потона во близина на грчкиот брег на 10 јуни. И додека властите собираат примероци од ДНК како дел од напорите да се идентификуваат загинатите, жителите на Бендли се плашат од најлошото сценарио. Овејс Тарик го живееше сонот за кој сонуваат многу млади мажи во неговото сиромашно и проблематично родно место на североистокот на Пакистан кога се качи во ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД)останува на одлуката да поднесе барање за прекршочна одговорност на епископот Јаков Стобиски, доколку во рок од 30 дена, тој не се извини за јавниот настап во кој вознемирил одредена група луѓе. Комисијата во никој случај не може да забрани јавен настап, но во овој случај, слободата на изразување е злоупотребена за да се наштети на одредена група, вели во неделното интервју за РСЕ , ...

Околу 45 000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери биле ангажирани во задушувањето на протестите ширум Франција. Најдраматично синоќа било во Марсеј, Париз, Лион, Стразбур и Тулуз. Запалени се згради, возила, ограбени продавници. Досега се уапсени над 1.100 лица. Во поголемите француски градови и синоќа, четврта ноќ по ред, имаше насилни протести, откако полицијата во вторникот застрела 17-годишно момче во предградие на Париз. ...

Во истрагата на обвинителството „Феникс“ опфатени се 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои еден италијански државјанин и три италијански компании. Сите се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење на пари за изработка на најголемите споменици од „Скопје 2014“. Воинот на коњ, спомениците на Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Методија Андонов - Ченто, Цар Самоил, Гемиџиите, Цар Јустинијан, прво заседание на АСНОМ и ...

Во девет држави од ЕУ прашањето за промена на ознака за пол во лична карта се регулира по принципот на самоопределување, а во другите земји потребни се медицински документи. И во Северна Македонија се предлага промената да е со самоопределување. Но законот е повлечен од Собрание. Во меѓувреме трансродовите лица зависат од добрата волја на службениците. Во изминатите шест години, 14 трансродови луѓе во земјава, успеале во лична карта да си го ...

Њузлетер 30.06.2023 - Родова еднаквост во општество со нееднаквост на сите полиња, правосудна, политичко-економска, образовна... МПЦ против законите за родова еднаквост Отворање на Пандорината кутија од која секојдневно ќе излегуваат разно-разни родови. Вака го опишува својот страв Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), ако се донесат предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Црквата бара да се ...

Дводневниот самит на лидерите на Европската унија, на кој доминираат разговори за војната во Украина и зајакнување на одбраната, продолжи во текот на ноќта на 29-30 јуни со изјава во која се повторуваат заложбите „да се обезбеди одржлива воена поддршка на Украина онолку долго колку што е потребно“. Водачите на 27-те членки на унијата, исто така, рекоа дека „се подготвени да придонесат, заедно со партнерите, во идните безбедносни обврски кон ...

Македонската православна црква, со поддршка на Исламската заедница, католичката црква во земјава и други верски заедници организираше собир против законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Црквата ги смета законите за сериозна закана за општеството и за семејството. Собрани сме да кажеме „ДА“ на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили - децата од ...

Управата за извршување на санкциите тврди дека безбедноста во затворот „Идризово“ е во сите крила иста, без разлика дали престојуваат повратници од ИСИЛ или други осуденици. Дали ќе продолжи кризната состојба во Идризово, ќе се знае следната недела, овој пат Собранието ќе носи одлука за неа. Безбедноста на 6 - то крило е иста како и во останатите во Казнено поправниот дом „Идризово“, тврдат од Управата за извршување санкции. И покрај тоа што ...

Епископот Јаков ги повикаа верниците да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации на протестот што го орхамнизира Македонската православна црква против законите за родова еднаквост и матична евиденција. Исламската верска заедница со поддршка, но не и физичко присуство. Исламската верска заедница го поддржува протестот што го организира Македонската православна црква - Охридска Архиепископија против предлог - законите за родова еднаквост ...

Група американски сенатори побараа од претседателот на САД, Џо Бајден, „да изврши дипломатски притисок“ за да се стави крај на кризата на северот на Косово. Тоа е последен во серијата предлози за смирување на тензиите што беа подигнати на крајот на мај, откако албанските градоначалници влегоа во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, каде живее мнозинско српско население, што доведе до протести и судири со војниците на КФОР. ...

Од 1 јули престанува мерката за замрзнати маржи на основните прехранбени производи - лебот, шеќерот, јајцата и млечните производи. Со овој потег, државата ги препушта производителите и трговците сами да ги утврдуваат според пазарни услови. Сите резервирани околу проценките за раст или пад на цените. Доколку викендов се упатите да пазарувате во маркет, рафтовите на кои се наоѓаат лебот, оризот, зејтин, макароните, млекото и млечните производи, ...

Критиките на дипломатските преставници во земјава за (не)функционирањето на правната држава стануваат се пожестоки. Австрискиот амбасадор јавно побара смена на судии и обвинители поврзани со одолговлекување на судски случај. Поранешниот врховен судија Дане Илиев вели дека состојбата е алармантна и потребни се итни мерки. Најновиот повик на австрискиот амбасадор во земјава, Георг Вуцас, кој побара да се сменат судии, обвинители и да одговараат ...

Едната имала поддршка за да учи, а другата препреки со кои се борела за да стигне до високо образование. Младите Ромки, Сонита и Ферзије, имаат различни патишта и живеат на различни дестинации, едната дома, а другата во странство, но делат ист сон - да има што повеќе образовани Роми. Битолчанката Сонита пораснала вo скромно, ромско традиционално семејство. Образованието, вели, не било тема на разговор дома. A таа на училиштето му се радувала ...

Претседателката на Бугарскиот совет за медиуми, назначена од прорускиот претседател на државата, ги нарече злосторствата на руските сили во Украина антируска пропаганда, предизвикувајќи жестоки реакции во бугарската и меѓународната јавност. Критичарите го обвинуваат највисокото регулаторно тело за медиуми во Бугарија дека „потпаднало“ под хибридната војна на Кремљ, откако Соња Момчилова, претседателка на Советот за електронски медиуми ги спореди ...

Бројот на загинати во рускиот напад врз градот Краматорск, во источна Украина, се искачи на осум, соопшти на 28 јуни Украинската Државна служба за вонредни состојби, додавајќи дека 56 лица се повредени. Два руски проектили го погодија Краматорск вечерта на 27 јуни, од кои едниот погоди преполн пица ресторан во центарот на градот, а вториот погоди село во предградието на градот во источниот украински регион Доњецк. Три деца се меѓу загинатите во ...

Епископот Јаков Стобиски тврди дека законот за матична евиденција е во собраниска процедура, а законот за родова еднаквост е на чекор до тоа. Тоа не е точно, категорична е министерката за труд и социјала Тренчевска. Предлог законот за матична евиденција владата го повлече лани во март, а за Законот за родова рамноправност трае јавна дебата и е далеку од собраниска процедура. Отворање на Пандорината кутија од која секојдневно ќе излегуваат ...

„Цивилна заштита“ и „Бригада Север“, според косовските власти, стојат зад немирите на северот на Косово и може да бидат прогласени за терористички организации. Оваа можност ја најави министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, еден ден откако соопшти дека во автомобил со белградски таблички, на околу 100 метри од општина Звечан, бил пронајден арсенал оружје, панцири, чанти и маски. Меѓу муницијата се пронајдени и ознаки „Бригада ...

Водачот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој го започна, па го запре бунтот против руската армија, би можел да побара простор за регрутирање надвор од Русија или Белорусија, а Западен Балкан е една од опциите, вели Ана Матвеева, од Институтот РУСИ и истражувач на Кралскиот колеџ во Лондон. Таа во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) ги разјаснува околностите кои доведоа до бунт. РСЕ: Можете ли да предвидите какво влијание и ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
76%
1020
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
86%
1021
weather icon

Загреб

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
55%
1022
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1021
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.59
89%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
89%
1022
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
84%
1017
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1019
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.68
90%
1019
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1021
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
88%
1017
Currency

61.59

Currency

52.5598

Currency

70.5996

Currency

34.5877

Currency

37.7728

Currency

65.9265

Currency

7.38451

Currency

0.63287

Currency

0.35384

Currency

0.52608

Currency

1.26435

Currency

0.59268