„Гледаме дека сите овие злосторства имаат системска природа. Тоа е дел од културата на тоа како Русија води војна“. Ова во интервју за РСЕ го вели Олександра Матвијчук, шеф на организацијата која ја доби Нобеловата награда за мир оваа година. Матвијчук оценува дека извршувањето воени злосторства стана интегрален дел од тоа како Москва води војна и дека Киев не треба да чека да ги изведе наводните руски сторители пред лицето на правдата. „Со ...

Њузлетер 25.11.2022 Медицинска опрема украдена во Македонија фатена на Косово Македонските здравствени установи имаат хроничен недостиг од опрема и апарати, а оние што се новонабавени, најчесто се од донации. Но, некои почнале и да исчезнуваат. Косовската полиција спречила украдена медицинска опрема од Македонија да заврши во косовската поликлиника „Авицена КС“ во сопственост на македонскиот бизнисмен Дритон Шуки. Како украдена медицинска опрема ...

За последниот напад на клубот во Охрид со огнено оружје е известена и ЕУ. Еврокомесарот Вархеји очекува истрага, но и да се најдат сторителите. За македонското МНР станува збор за вандалски чин, за бугарското, тоа е сериозно кривично дело. Три напади врз бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ за само месец и половина откако е отворен. За последниот напад, со огнено оружје, врз клубот во Охрид бугарските дипломати ги известиле и челниците на ...

Нема решение за проблемот со учебници по англиски јазик. Цели одделенија учат без учебници, родителите кршат закон, а наставниците импровизираат. Три години не се одобруваат учебници по англиски според новите програми, а министерските смени само го продлабочија проблемот. Многу основци и годинава останаа без учебниците по англиски јазик. Оние кои добија, се жалат дека се испокинати. Ама за „бељата“ да биде поголема, и нивното користење не е ...

Србите на југот на Косово се револтирани откако Белград во минатата недела вети финансиска поддршка за Србите кои ги напуштија своите работни места во спорот со регистарските таблички на северот на Косово. Сандра Цвековиќ и Бујар Трстена Скоро секој ден веќе девет месеци, очајни жители на Вербоц, или Врбовац стојат пред канцеларијата на српската самоуправа во југоисточното Косово барајќи работа за нив или за нивните возрасни деца. Нивниот ...

Д-р Орхан Зекири, педијатар со 35 годишно работно искуство и началник на детското одделение во охридската болница, кое се соочува со недостиг од лекари во интервју за Радио Слободна Европа вели дека комплетниот здравствен систем треба да се менува од корен. Одделот за лекување деца во охридската болница веќе со месеци врши само прегледи, не и хоспитализација бидејќи се соочува со недостиг од лекари. Во моментов има само двајца педијатри од кои ...

Во Буџетот за 2023 нема пари за усогласување на платите со порастот на минималната плата. Се крати од парите за студентски и ученички стандард. Најмалку пари за наука во последната деценија. Помалку пари ќе има и за животна средина и за општините, реагираат синдикатите, студентите и опозицијата. Нема да има пари за повисоки плати на вработените во јавниот сектор следната година, ќе има „трошки“ за наука и десеткуван буџет за студентски стандард, ...

Косовската полиција спречила украдена медицинска опрема од Македонија да заврши во косовската поликлиника „Авицена КС“ во сопственост на македонскиот бизнисмен Дритон Шуки. Косовските медиуми јавија дека станува збор за опрема вредна 45 илјади евра, а бизнисменот истата наводно ја купил за 10 илјади евра. Како украдена медицинска опрема од болниците во Македонија завршила во рацете на бизнисменот Дритон Шуки одговор треба да даде истрагата на ...

Непријателот повторно одлучи да се обиде со терор и убиство да го постигне она што не можеше да го постигне девет месеци и нема да може да го постигне, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски откако бебе загина во руски ракетен напад врз породилиште во регионот Запорожје. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека Русија е „терористичка држава“, која користи „терор и убиства“, откако во ракетен напад врз породилиште ...

Нивото на толеранција во земјава е многу ниско, покажува истражувањето на невладината МЦМС. Според социолозите главни виновници за оваа појава се слабостите на воспитно-образовниот систем, предрасудите во семејствата, но и пораките кои ги праќаат политичарите во јавноста Над 50 проценти од македонските граѓани не сакаат да имаат сосед кој е припадник на ромската етничка заедница, а исто толку не сакаат да живеат во близина на имигранти, на лица ...

Неуспешен беше и последниот обид на Брисел да постигне договор меѓу Србија и Косово. Се чини дека Вашингтон, кој досега не сакаше да го окупира првиот ред во регионот во кој ЕУ треба да доминира, мора да се засили, пишува Рикард Јозвијак По последниот неуспешен обид на Брисел да постигне договор меѓу Србија и Косово, сега е време да се постави прашање дали Европската унија навистина може да постигне „нормализација“ меѓу двете страни – и дали ...

Политичките кавги меѓу градоначалничката Данела Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го „заглавија“ буџетот. Последиците ги трпат скопјани поради раскопани улици со отежнат сообраќај и нередовен јавен превоз. Жена која од бизнисот доаѓа со релативно успешна аура во јавноста, која како успешен менаџер ќе ги решава проблемите и која ќе го гледа Градот Скопје како свој дом. Со овие зборови ја опишуваше лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ...

Студентите на УКИМ можат да ѝ се обратат на правобранителката Викторија Постоловска, доколку сметааат дека е прекршено некое нивно студентско право. Иако е тазе на функција, таа веќе разгледува докази по пријавен случај за мобинг од професори врз студент Студент од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, кај новоизбраната студентска правобранителка на УКИМ, Викторија Постоловска, пријавил дека е жртва на мобинг од професори и дека доживува ...

Законите за војна важат подеднакво за сите страни, вели американската амбасадорка за глобално кривично право Бет Ван Шаак која рече дека внимателно ги следат случувањата во Украина, вклучително и руските наводи дека украински војници пукале врз руски војници кои се предале. Таа наведе дека ,сепак, гледаат голема разлика во реакциите на Русија и Украина на наводите за воени злосторства. Американската амбасадорка за глобално кривично право Бет Ван ...

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека нивните инспектори за храна постојано контролираат какви производи консумираат македонските граѓани. Оттаму додаваат дека зависно од тежината на неправилностите кои се забележани, следуваат казни за правното и одговорното лице. Секој производ кој стигнува на рафтовите во нашите продавници треба да поседува декларација дека е безбеден за консумација. Независно од тоа дали производот е увезен или ...

Никој не е изнедаден од „збунетоста“ на американската амбасадорка Агелер од изборот на новиот шеф на ОЈО за организиран криминал. За судиите, ова е поттик за повеќе работа. За експертите- доказ за потреба од странско тело место пари за правосудството. За властите пак - дека има потреба од реформи. Изборот на новиот шеф на ОЈО за организиран кримитал Ислам Абази, кој потекнува од селото на лидерот на ДУИ Али Ахмети и има доста познатства со ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека од нејасни причини не е постигнат договор за кризата со регистарските таблички на Косово. Тој по денешните долги разговори го напушти седиштето на ЕУ во Брисел, а косовскиот премиер Курти ги продолжи консултациите со европската страна. Не постигнавме никаков договор од причини што не ми се јасни, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за новинарите по итниот состанок во рамките на дијалогот ...

Владините институции ангажирале најмалку 20тина сниматели и фотографи со цел, како што велат, транспарентност во работата. Но, на речиси сите видеа и фотографии, кои се објавени, се прикажува само функционерот и неговите средби, наместо целта на известувањето – каква работа е завршена. Во фотогалериите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, главната улога ја има првиот вицепремиер Артан Груби. Па може да го видите како ...

Со влезот во владата, Алијанса за Албанците може да изгуби дел од опозициските настроените гласачи, но од друга страна ќе добие контрола врз дел од јавниот сектор, можност за тендери, вработување на свои приврзаници и подобро позиционирање во пресрет на наредните парламентарни избори во 2024 година Алијанса за Албанците ќе се консолидира, владата на СДСМ и ДУИ ќе се стабилизира, ВМРО-ДПМНЕ ќе се изолира, а Беса нема многу да профитира. Ова, ...

Итни средби се одржуваат утрово во Брисел во рамки на дијалогот Косово-Србија. Средбите се на барање на Европската унија (ЕУ) поради кризата предизвикана од регистарските таблички на Косово. Борел одвоено првин се сретна со Курти, па со Вучиќ, по што ќе има заедничка средба. Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, на 21 ноември нешто по 8 часот најпрвин се сретна со премиерот на Косово, Албин Курти. Потоа нешто по 9 часот почна средбата и ...

Во Предлог-буџетот за 2023 во ставката за студентски стандард има намалување од 15 проценти, а за реновирање на студентски домови има намалување на 34 проценти. Тоа говори дека има голема опасност договореното меѓу студентите и власта да остане празно ветување, вели професор Маја Стевановиќ. Владата најави намалување на трошоците за реновирање на студентските домови, а управите на студентските домови најавија мерки за штедење. Загрозено ли е ...

Смртоносната ракетна експлозија во Полска предизвикува страв од ескалација, ама и го насочува фокусот на бариерите за поширока војна. Пресудите во судскиот процес MH17 се потсетник дека војната на Русија против Украина започна одамна. Стив Гутерман Смртоносната ракетна експлозија во Полска предизвикува страв од ескалација - но, исто така, го насочува центарот на вниманието кон бариерите за поширока војна. Пресудите за вина во судскиот процес ...

В недела на 20 ноември почнува фудбалското Светско првенство во Катар 2022 година - мега спортски настан за коj и натаму постои дилема дали на крајот ќе се памети како еден од најдобрите мундијали според квалитетот на фудбалот што ќе се игра или, пак, по контроверзите кои му претходеа? За прв пат еден голем светски настан се одржува на Блискиот Исток, во мала земја која доби мега спортски настан, Светското првенство во фудбал 2022 година. Катар ...

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски не чувствува одговорност за случајот Онишченко, но вели нема намера да бега од државата. По денешното сослушување во Собранието, тој посочи дека знае кој го ставил потписот, но се утврдува дали е пропуст, намера или лукративен интерес Лоцирано е едно лице во Агенцијата за национална безбедност , кое без да се консултира со меѓународните партнери во НАТО, дало согласност дека за ...

Во предлог буџетот за 2023 година предвидено е да се крати на реновирање на студентските домови и студентскиот стандард. Студентите не добија повисока сума за студентски оброк и покрај протестите. Владата низ работна група допрва ќе расправа за решавање на студентските проблеми. Со жолт картон како опомена, а леб и зденка како илустрација за појадокот кој го добиваат, студентите уште еднаш и порачаа на Владата дека им се потребни повеќе пари за ...

Авионите без пилоти или дроновите станаа веројатно најзначајниот технолошки развој на современиот конфликт. Ова се некои од беспилотните летала за кои се знае дека се користат над боиштата во Украина. Автор: Амос Чепл Аеророзвидка Р18 Октокоптерот Р18 од Украина е специјално дизајниран за „ипуштање“ бомби. Од ова беспилотно летало е извадено сè, освен основните компоненти, за да се максимизира неговата носивост од околу 5 килограми. Дури и ...

Што треба да знаете? 18.11.2022 Ковачевски во „филмот“ на Груевски Премиерот Димитар Ковачевски посети осум фабрики или погони на семејни бизниси, беше во странство и се сретна со лидери од регионот и челници на ЕУ, свика лидерска средба, па се сретна со новата амбасадорка на САД. Одржа заедничка владина седница со Албанија, црташе со деца во градинка, се сретна со студенти, јадеше чипс, сирење и кашкавал, а се почести и со сендвич со мортадела ...

Потребни се половина час возење за 20-тина километри од Скопје до границата со Косово, исто толку за 65 километри по новиот автопат од границата до Приштина. Првата, полесна делница од автопатот кон границата со Косово се гради скоро три години. Комплицираната допрва ќе се гради. Од автопатот од Скопје кон Косово завршено е само промотивното видео како би изгледал. Веќе трета година се гради првата, полесна, делница од 2 километри, која според ...

Полицијата се уште истражува кој стои зад лажните дојави за бомби во средните училишта. Колку државата ја чинат антитерористичките проверки во училиштата е класифициран податок, велат од МВР. Во меѓувреме лажните закани продолжуваат. Вчера беа евакуирани ученици во седум скопски средни училишта. Полицајци од одделот за борба против тероризам и екстремизам се меѓу првите на терен кои излегуват откако во електронското сандаче ќе пристигне дојава ...

Во недела, на 20 ноември, во Катар започнува најгледаниот и најпрофитабилен спортски турнир на планетата. За еден месец, Светското првенство во фудбал во 2022 година ќе го привлече вниманието на публиката и ќе доминира на ТВ екраните и секојдневните дискусии ширум светот. На Светското првенство ќе се одиграат вкупно 64 натпревари од кои 48 во групната фаза. И додека сите ќе бидат важни, поединечните натпревари ќе додадат одреден зачин на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
70%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
79%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
69%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52