Лидерите на ЕУ во Тирана денеска се на состанок со своите колеги од шесторката од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Состанокот е значаен поради една причина: ова е првпат самит ЕУ-Западен Балкан да се одржува надвор од ЕУ. Европски дипломати велат дека има две неофицијални цели за самитот: одржување обединет фронт и избегнување какви било последици. Сигурно имаше лоши преседани на тој ...

За нешто повеќе од еден месец, Македонија потроши над 30 милиони евра за увоз на струја. Државните термоелектрани во изминативе денови работат со помалку од половина од капацитетот. Со пуштањето во употреба на термоцентралите Осломеј и Неготино, производството треба да се зголеми. Во изминатите десет дена термоелектраните просечно работат со 40 отсто од капацитетот. РЕК Битола работи со 2 од трите блока, а ТЕЦ Осломеј се ремонтираше. Не работеше ...

Во борбата против корупцијата Владата им стои на располагање на сите надлежни институции доколку побараат унапредување на некој закон или стручен мониторинг од надворешни експерти, уверува премиерот Димитар Ковачевски, по низата критики дека државата има сериозен проблем со корупцијата. Поранешниот член на Антикорупциската комисија Драган Малиновски е убеден дека ниту една мерка против корупцијата нема да биде успешна, доколку нема политичка ...

Кинеското влијание во Македонија се засилува последниве години, главно преку „меката моќ“ на Кина, но тоа се случува без значителни кинески вложувања и инвестиции. Расте и позитивната перцепција кај македонските граѓани за земјата. Преку културата, политиката и медиумите Кина се обидува да се претстави како алтернатива на западниот систем. Кина ја засилува својата мека моќ во светот, а меѓу земјите каде има растечко влијание е и Македонија, ...

Многу Украинци кои бегаат од војната побараа засолниште во Бугарија, каде што им беше понудено бесплатно сместување, често во туристички хотели. Но, критичарите велат дека поддршката на владата за бегалците била хаотична и несуштинска. Дамјана Велева и Видка Атанасова Поголемиот дел од нејзиниот живот, Свитлана Дениченко работеше како медицинска сестра на одделот за анестезиологија. Секој ден го подготвувала анестетикот, а потоа ги следела ...

Постојано се говори дека имаме политички влијанија или притисоци врз судството, но за мене многу поопасни се внатрешните влијанија или неединството во судскиот систем. Немаме црвената линија на саморегулација, на заштита на независноста на судството, вели судијата Лазар Нанев во интервју за РСЕ. Господине Нанев, разговорот го водиме во најголемата судница во скопскиот затвор Идризово, којашто беше свечено отворена, речиси три години од нејзината ...

Руската агресијата врз Украина на виделина извади и некои инфраструктурни слабости во земјите членки, па се планира подобрување на патната и железничка инфраструктура. Прашање е дали земјава ќе може да искористи дел од тие пари. Македонскиот придонес во НАТО главно е политички и дипломатски. Македонија е мала и сиромашна земја со скромни воени капацитети и, како најнова членка на западната воена алијанса, учествува и во воени мисии, согласно ...

Нема да има нови даноци и поголеми давачки. Нема да има прогресивен данок, хонорарците сами ќе одлучат дали ќе плаќаат давачки, за оданочување на екстра профитот допрва ќе се одлучува во соработка со бизнис заедницата. Нема да се оданочуваат парите во банка. Каде е даночната реформа? Кога последен пат сте јаделе месо од ајкула, кит или делфин? Ако не се пробале досега, отсега ќе биде и поскапо оти Владата најави дека ќе се плаќа повисок данок на ...

Роднините на загинатите во автобуската несреќата во селото Ласкарци во која загинаа 16 луѓе, се револтирани од правниот систем. Додека една година чекаат на супервештачењето за несреќа од пред четири години, обвинетатата компанија „Дурмо турс“ и натаму превезува патници од Скопје до Гостивар. По четири години од сообраќајната несреќа во селото Ласкарци во која загинаа 16 луѓе и 37 беа повредени, Силвана, ќерка на една од загинатите во несреќата, ...

Продолжува голготата со недостиг на лекови за болните со рак. Институциите проблемот ќе го решаваат со онколошки конзилиум и нови протоколи „адаптирани на буџетот“. Дополнителен проблем се и термини за контролните снимања кои се задолжителни за онколошките пациенти. Се продлабочува проблемот со недостиг на лекови за пациентите со рак. Ако до пред еден месец главно се споменуваше недостигот на лекот херцептин, сега пациентите сведочат дека на ...

Њузлетер 02.12.2022 Правосудството во „жива кал“ Претседателката на судскиот совет Павлина Црвенковска - поднесе оставка, меѓу другото, и поради притисоци од судско-бизнис релации. Премиерот и Министерот за правда ја повикаа да пријави во институциите. Додека судскиот совет во понеделник ќе бира кој ќе ја замени Црвенковска, Советот на јавни обвинители не може да обезбеди кворум за гласање на Виш јавен обвинител. Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми ги ...

Откако градот ги раскина договорите со двата приватни превозници, сите линии сега ги вози ЈСП. Автобусите се нередовни и преполни, а турканиците се големи. Приватниците бараат исплата на долгот кон нив, од Градот пак најавуваат нови индивидиуални договори со приватните автобуси. Последните препирки за скопскиот автобуски превоз, кои кулминираа со одземање на дозволите на двата приватни превозници, донесоа многу гужви и нервози кај скопјани. За ...

Како што тргнале работите, ќе треба да му се извинуваме на Мијалков што нè прислушувал, коментираат граѓаните на социјалните мрежи, откако Апелациониот суд Скопје пред неколку дена ја укина првостепената пресуда од 8 години затвор во случајот Трезор за набавката на опремата за прислушување. Скопска апелација ја укина првостепената осумгодишна затворска казна за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков во ...

Лебот ќе поевтини само тоа нема да биде денеска, туку во текот на месецот. Во повеќето продавници цената на зејтинот е веќе намалена. Цените на месото пак се условени од укинување на давачките на увезените суровини, а во некои маркети има минимално намалување на цената на млекото. Од Пазарниот инспекторат најавуваат засилени контроли на терен и казни за трговците кои нема да ја почитуваат одлуката на Владата за намалување на цените И покрај ...

Унгарската десничарска влада ги злоупотребила личните податоци за време на кампањата за изборите годинава, поткопувајќи ја приватноста и нарушувајќи го политичко поле за игра во корист на владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, се вели во извештајот на Хјуман рајтс воч. Премиерот Виктор Орбан и неговата партија го освоија четвртиот последователен мандат на власт во април со убедлива победа. Откако дојде на власт во 2010 година, ...

Додека македонски судии и обвинители во Брисел ќе реферираат за усогласеноста на македонските со европските закони, правосудниот систем го тресат афери. Една од последните е за стотици студенти кои положиле правосуден испит пред да завршат студии на правен факултет. Колку вкупно правници, кои треба да се грижат за спроведување на законите- незаконски исполниле услов за да станат адвокати, обвинители, државни правобранители или судии со „амин“ на ...

Граѓаните кои се поврзани на топлата Скопје-Север користат алтернативни начини на греење, бидејќи парно немаат. Од топланата очекуваат денеска да потпишат договор со АД ЕСМ со што ќе се реши проблемот со набавката на гас. Од АД ЕСМ велат дека е набавен гас за декември. Петти ден по ред радијаторите во домовите на жителите на населбите Чаир, Топанско Поле, Скопје Север и Бутел се ладни, бидејќи топланата „Скопје Север“ не им обезбедува топлинска ...

За две третини од регистрираниот имот во Скопје не се плаќа данок на имот, зошто Градот нема пристап до податоците на Катастарот, вели градоначалничката Данела Арсовска. Од Агенцијата за катастар велат дека податоците не можат да ги обезбедат бесплатно како што бараат општините. Ниту една Влада до сега не нашла решение праведно за сите граѓани да плаќаат данок на својот имот. Шеесет проценти од граѓаните во Град Скопје не плаќаат данок на имот, ...

Кинескиот лидер Си Џинпинг се соочува со еден од неговите најголеми предизвици додека десетици илјади луѓе излегоа на улиците да протестираат против строгите контроли на владата и задушувањето на слободата на говорот. Рид Стендиш Со ретки и зачудувачки сцени, демонстрациите започнаа на 25 ноември и оттогаш се проширија на најмалку 16 места низ Кина, вклучувајќи го главниот град Пекинг и неговиот финансиски центар Шангај. Изливот на несогласување ...

Германскиот претседател, Штајнмаер порача дека Македонија е пред важна одлука дали со уставните измени ќе продолжи кон членство во ЕУ. Ако преговорите се ЕУ не се базирани на историја тогаш ќе завршат во рекордно време, смета Пендаровски. Двајцата претседатели се воздржаа од прогноза дали Северна Македонија ќе влезе во ЕУ до 2030. Усвојување на уставните измени и реафирмација на поддршката на Германија за патот на Северна Македонија кон ЕУ е ...

Родители ширум светот обвинуваат дека нивните деца го загубиле животот поради следење на предизвик на Тик-Ток. Во Македонија не е пријавен таков случај. Но има примери во кои младите влегуваат во ризични ситуации за да направат уникатно видео или фотографија за социјалните мрежи. Популарноста на Тик-ток се повеќе расте. Таа е единствена платформа во моментов на која речиси се е дозволено. „Мислам дека на децава до 18 години треба да им се ...

На социјалните мрежи се појави наводна фотографија од соблекувалната на српските фудбалери пред мечот со Бразил на Светското првенство во фудбал на 26 ноември, на која се гледа пораката „Не се предаваме“ над картата на Србија, на која е вклучено и Косово. Људмила Цветковиќ, Маја Живановиќ „Знамето на кое Косово е дел од Србија во соблекувалната на српската репрезентација на Светското првенство во фудбал не е случаен настан или претерување, тоа ...

Премиерот Ковачевски излезе од сенката на Заев и со Францускиот предлог се персонализираше во лидер, оценуваат ПР стратезите. Последниот месец премиерот и СДСМ ја интензивираа кампањата, а тоа „мириса“ на избори, иако декларативно се против тоа. Но популизмот добро вирее во Македонија, па ниту една власт не сака да се откаже од сеприсутноста која носи поени. Премиерот Димитар Ковачевски и партијата на власт последниот месец „се спуштија“ до ...

Обвинителството по службена должност ќе ги гони насилниците кои ја загрозуваат безбедноста на новинарите и медиумските работници, доколку Собранието ги усвои новите измени на Кривичниот законикт. Истовремено, оние кои ќе нападнат новинар ќе се соочат со високи казни затвор. Напади со оружје и експлицитни смртни закани трпеле новинарите во Македонија само во оваа година. Создадена е атмосфера во која лесно кон нив се упатуваат погрдни зборови ...

Откако во новиот предлог буџет беа скратени многу пари за студентите, пратениците сега преку амандмани ќе го подобруваат студентскиот стандард. Во меѓувреме, премиерот си снима видео со студентите и порачува дека „никој нема да биде оставен сам“. Студентите наместо ова, бараат конкретни решенија. „Студентите никој не може да ги тргне од мене. Никој нема да биде оставен сам“. Ова е пораката од вчерашното видео на премиерот Димитар Ковачевски во ...

Утринава приватните превозници автобусите ги паркираа на раскрсницата кај трговскиот центар Мавровка во знак на протест. Сообраќајот во Скопје е речиси целосно блокиран. Приватните автобуски превозници бараат од премиерот да и се одземат ингеренциите на градоначалничката Арсовска. Продолжува хаосот со јавниот автобуски превоз во Скопје. Приватните превозници утринава ги паркираа автобусите на раскрсницата кај трговскиот центар Мавровка во знак ...

Во споредба со вкупната сума што се дава за да се откупат телевизиските права за светското првенство, за техничките потреби, мислам дека најмал трошок е еден или двајца коментатори да отидат на светското првенство. Гледачот го забележува тоа, вели долгогодишнито спортски новинар Златко Калински во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Господине Калински, на кого типувате дека ќе го освои Мундијалот? Бразил важи за најголем фаворит и во ...

Властите во Украина прават напори да ја вратат струјата и во останатите 6 од 12 милиони потрошувачи кои останаа без неа по рустите напади. Зеленски го критикуваше киевскиот градоначалник за пропусти во главниот град. Украинските власти се обидуваат да го обноват снабдувањето со струја и вода по неодамнешните руски воени напади кои нанесоа огромни штети на инфраструктурата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на милиони луѓе им ...

Бугарскиот културен центар во Скопје, по 20 години функционирање, доби нови простории во центарот на градот. Мирната атмосфера внатре, не одговараше на многуте полицајци пред објектот. Овој настан доаѓа во период на зголемени тензии по оштетувањето на бугарскиот клуб во Охрид. Под силно полициско обезбедување денеска беше отворен новиот објект на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје. Полицијата ги блокираше приодите кон кусата ...

Државниот архив кој се грижи за најважните документи од минатото на земјата постојано се соочува со поплави, а штетите се видливи. Водата сега пробила и до една од канцелариите во Уставниот суд, кој се наоѓа во истиот објект на подолните катови. Институциите алармирале до Владата, но безуспешно. Освен слики, ѕидовите на Државниот архив сега ги „краси“ и мувла. Плафонот е одронет, а некаде има и дупки. Неодамнешните дождови ги поплавија ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
70%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
79%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
69%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52