Фудбалерите на Башкими се во потрага по нова победа, по двата последователни порази што ги претрпеа од Вардар и АП Брера во Првата македонска лига. После минималниот триумф над Пелистер во 17. коло (1:0), кумановската екипа сега цели кон три нови бода во својата главна мисија – опстанок во елитата на домашниот фудбал. Мухарем Мислими верува дека Башкими ја поседува потребната сила за да го совлада предизвикот што го носат младите фудбалери ...

Навивачите на фудбалскиот клуб Реал Мадрид побараа оставка од претседателот на клубот Флорентино Перез по поразот од Хетафе во 26. коло од шпанската лига, пренесува „Марка“. Навивачите на трибините на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ извикуваа „Флорентино – оставка!“ по последниот свиреж. Перез го предводи клубот од 2000 година, иако се повлече во 2006 година по серија разочарувачки резултати, враќајќи се на функцијата во 2009 година. Под ...

Според различни веб-страници за следење на летови, во раните утрински часови на 2 март, приватен авион од Ријад слета во Мадрид во 1.32 часот наутро, пренесува „Марка“. На социјалните медиуми и платформите за следење на летови, овој пат се поврзува со португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, иако нема официјална потврда дека се наоѓа во авионот. Од особен интерес беше информацијата дека ова не бил редовен комерцијален лет, туку луксузен ...

Македонската А женска фудбалска репрезентација загуби од Азербејџан на натпреварот од првото коло во квалификациите од Лига Ц за пласман на Светско првенство. Во Баку, нашата селекција е поразена со 2:0. Александра Марковска и Симона Мејер во првото полувреме имаа свои обиди за погодок, но нивните удари беа блокирани. Јафарзаде во 28 минута го постигна водечкиот погодок за домашната репрезентација, а со својот втор погодок во 78 минута, ја ...

Возачот на Формула 1, Шарл Леклер, се ожени со својата долгогодишна партнерка Александра Сен Мле на интимна церемонија во Монако, одржана во најголема дискреција. Граѓанската венчавка се случила во градската општина, во присуство на најблиското семејство и пријатели. Веста за свадбата остана тајна сè додека Леклер не објави фотографии и видеа на социјалните мрежи, два дена по церемонијата. Дополнителна потврда стигна и кога Александра го ...

Македонската музичка сцена добива уште еден настан што веќе се најавува како еден од најзначајните во 2026 година. На 17 октомври, во арената „Борис Трајковски“, Калиопи ќе одржи голем солистички концерт. По целосно распродадениот настап во 2024 година во „Борис Трајковски“ и четирите последователни распродадени концерти во 2025 година во „Македонска филхармонија“, интересот за нејзините настапи повторно бележи сериозен подем. Континуитетот ...

Американскиот рапер Шон Комбс – Диди ќе биде ослободен од затвор еден и пол месец порано, додека во меѓувреме се обидува и да ја оспори својата четиригодишна казна. Неговиот датум на ослободување е поместен од 4 јуни 2028 година на 25 април 2028 година, според Федералното биро за затвори. Промената доаѓа откако Комбс влезе во програма за рехабилитација од злоупотреба на супстанции во ноември, што може да овозможи намалување на неговата ...

Внукот на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, Џек Шлосберг, повторно остро реагираше на серијата „Љубовна приказна: Џон Ф. Кенеди Помладиот и Керолин Бисет“, чиј креатор е Рајан Марфи. Серијата ја следи љубовната приказна на Џон Ф. Кенеди Помладиот и Керолин Бисет – Кенеди, кои трагично загинаа во авионска несреќа во 1999 година. Џек Шлосберг е син на сестрата на Џон Кенеди Помладиот, Керолајн Кенеди, и Едвин Шлосберг. Во ...

Скелет на трицератопс, кој со децении се наоѓал во музеј во американската држава Вајоминг, сега ќе биде понуден на аукција, што е редок случај фосил од диносаурус од музеј да биде на продажба, во време кога пазарот е во рекордна побарувачка за овие праисториски џинови, пишуваат странските медиуми. Фосилот наречен „Треј“ ќе биде понуден од 17 до 31 март на онлајн аукцијата на платформата „Јоопитер“, која ја основа уметникот и продуцент Фарел ...

За жал, некои убави и многу популарни видови цвеќиња се најлошите виновници за предизвикување поленска треска. Иако пролетта официјално не е пристигната, пролетните растенија и цвеќиња во многу региони процветаа порано од претходните години. Иако е невозможно целосно да се избегне поленот како што се приближуваат топлите сезони, постојат одредени растенија и цвеќиња што можете да ги искорените од вашата градина, а што ќе ви помогне да ја ...

Во случај на Трета светска војна, постојат неколку земји и острови кои би можеле да обезбедат најголема заштита за населението од последиците на глобален конфликт, вклучувајќи нуклеарни или политички закани. Според „Унилад“ (Unilad), следниве места се сметаат за најбезбедни: Антарктик – огромна ледена површина, далеку од населени области, но екстремно студено. Исланд – никогаш не учествувал во современи војни, со природни услови кои го ...

Благодарение на вештите раце и инвентивноста на Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот snestorovskaa, секогаш имаме можност да пробаме нешто интересно и несекојдневно. Стефанија денеска ни носи рецепт за еден супер вкусен десерт – протеинска торта. Состојки: – 2 зрели банани – (помалку од 1 шолја) 240 милилитри јогурт** – 2 јајца – 1 пакетче прашок за печиво – 1/2 лажичка ванила (по желба) – 1 + 1/2 шолја (170 грама) овесно ...

Ѕвездата на хорор филмот „Злите мртви“ (The Evil Dead), Брус Кемпбел, соопшти дека му е дијагностициран рак кој е „лечлив, но не и излечлив“, поради што привремено ќе се повлече од јавните ангажмани додека прима терапија, пренесе „Гардијан“. Шеесет и седумгодишниот актер ја сподели веста преку социјалните мрежи, признавајќи дека дијагнозата била шок и за него. Поради третманот ќе мора да откаже неколку планирани појавувања и фестивали. „Не ...

Фреската „Страшниот суд“ на Микеланџело во Сикстинската капела е во процес на реставрација првпат по неколку децении, откако долгорочното изложување на милиони посетители предизвика оштетување, соопштија властите на Ватикан. Стручњаците наведуваат дека човечката пот и здив, односно млечната киселина во комбинација со калциумот од ѕидовите, предизвикале формирање бел слој на површината на фреската, што довело до промена на тоналитетот и ...

Американскиот пејач Џастин Тимберлејк поднесе тужба со цел да ја спречи објавата на снимката од полициска камера поврзана со неговото апсење поради возење под дејство на алкохол во јуни 2024 година, пишува „Пипл“. Тој беше уапсен на 18 јуни 2024 година во Саг Харбор, во сојузната држава Њујорк, откако првично беше обвинет за возење под дејство на алкохол, како и за два сообраќајни прекршоци – поминување на знак стоп и движење надвор од ...

Возач, кој ако се суди по табличките, е од Скопје, вечерва успеа не сакајќи да направи нешто што сигурно не би успеал доколку сакал – тој со автомобилот „Шкода“ вешто се искачи на зеленилото меѓу двете страни на булеварот „Св. Климент Охридски“ и остана цврсто на местото, точно спроти Соборниот храм. Според тоа како завршила колата, помошта таа да запре, која ја пружил столбот за улично светло, се чини, била добредојдена. Засега не е јасно ...

Комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), во втората селекција одбра 11 романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда. На годинашниот ...

Врз основа на анкети со повеќе од 700.000 патници, Мадрид, Рим, Копенхаген и Виена се издвојуваат по квалитетот на услугата, додека најлесен и наједноставен премин низ процедурите овозможиле аеродромите во Измир, Барселона и Милано. Меѓународните патувања речиси неизбежно подразбираат многу време поминато во чекање – пред излезите за качување или во другите аеродромски простории. Тоа искуство често е клучно за остатокот од патувањето, па ...

Во Европската Унија, жените држат 35,2 проценти од сите менаџерски позиции во 2024 година, објави денес Евростат. Статистичката канцеларија на ЕУ вели дека ова е зголемување во споредба со 31,8 проценти во 2014 година. Жените се повеќе застапени меѓу младите менаџери, сочинувајќи 39 проценти во возрасната група од 15 до 39 години, а овој удел се намалува со возраста. Меѓу менаџерите на возраст од 40 до 64 години, 34,4 проценти биле жени, а ...

Синдикалната минимална кошничка за февруари за четиричлено семејство изнесува 67.382 денари, а новата минимална плата што веќе важи за овој месец е утврдена на 26.046 денари. Ако двајца сопружници се нашле во категоријата вработени со минимална плата и ако имаат две деца, износот нема да им биде доволен да функционираат нормално. Ќе им недостигаат 15.290 денари. Но, од Владата велат дека синдикалната кошница не е направена како што треба, во ...

Цените на гасот во Европа скокнаа за повеќе од 20 проценти, достигнувајќи го највисокото ниво за повеќе од една година под влијание на американско-израелскиот напад врз Иран и прекините во транзитот на енергија низ Ормутскиот теснец. На референтната холандска дигитална берза TTF, еден мегават час гас за испорака во април изнесуваше 39,84 евра наутро и беше за 24,6 проценти поскап отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата ...

Возачите на камиони од Босна и Херцеговина најавија нова блокада на граничните премини за товар за 12 март, а српските возачи чекаат исход од разговорите на следниот состанок со претставници на Европската комисија. Македонските транспортери престојот во ЕУ ќе го решаваат со вадење визи од одредени земји членки на ЕУ кои ќе им овозможат да не се бројат деновите додека се во тие држави. Билјана Муратовска, генерална секретарка на „Макам транс“ ...

Хрватските работодавачи веќе почнаа да бараат сезонски работници. Побарувачката е голема, се нудат атрактивни понуди и се очекуваат голем број работници од Босна и Херцеговина, но и од цел регион, кои, според хрватското Министерство за внатрешни работи, минатата година биле најбројни странски работници во таа земја. Работодавачите им ветуваат на работниците во туризмот, кој традиционално е сектор со најголем обем на сезонски вработувања, ...

Во извештајот на саудиската новинска агенција „Ал Арабија“ се вели дека агенти на израелските специјални сили, вклучувајќи ги и разузнавачките агенти на Мосад, дејствувале на иранска територија преку ноќ. Извештајот не дава детали за наводната операција, но додава нова, исклучително опасна димензија на тековната операција „Рикачки лав“. U.S. forces have destroyed Islamic Revolutionary Guard Corps command and control facilities, Iranian air ...

Најмалку седум болници и станици за прва помош во Иран, вклучувајќи ја и болницата „Ганди“ во Техеран, беа погодени од американски и израелски напади во неделата навечер, предизвикувајќи голема материјална штета и жртви. Ексклузивното видео снимено во понеделник од новинар на „Чајна медиа груп“ (CGTN) од местото на настанот, покажува дека зградата на болницата „Ганди“ е сериозно оштетена, при што голем дел од надворешните ѕидови се урнати, ...

Озлогласениот мексикански наркобос Немесио Осегера Сервантес, познат како Ел Менчо, водач на картелот „Нова генерација Халиско“ (CJNG), вчера е погребан на церемонија во која беа вклучени камиони полни со цвеќе и десетици маскирани војници во оклопни возила кои ја придружуваа погребната поворка и ја надгледуваа со рацете на чкрапалото, пренесува АФП. Ел Менчо беше убиен на 22 февруари во операција на мексиканските специјални сили, а неговата ...

Воениот аналитичар Маринко Огорец смета дека одговорот на Иран на нападите меѓу САД и Израел бил очекуван, но дека ширењето на конфликтот во соседните земји претставува нова и опасна фаза од војната. Според него, ситуацијата води кон голема војна во која би можела да биде вклучена и Европа, пишува ХРТ. Иран е за ескалација Најсовршените воени планови запираат во моментот кога ќе се испука првиот истрел, потсети хрватскиот аналитичар Маринко ...

Црвенилото на вратот на американскиот претседател Доналд Трамп за време на церемонијата за доделување на медал за заслуги, повторно предизвика шпекулации за неговото здравје, пренесува Си-ен-ен. Фотографиите од настанот се проширија на социјалните мрежи, а јавноста забележа видлива промена на десната страна од неговиот врат. Во официјално соопштение, неговиот личен лекар објасни дека станува збор за реакција на крема која Трамп ја користи ...

Видео кое кружи на интернет прикажува патнички авион како полетува од аеродромот во Бејрут додека експлозии и густ црн чад се издигаат низ градот, по израелските воздушни напади што го погодија либанскиот главен град утрово. Снимката го прикажува авионот на „Мидл Ист ерлајнс“ како полетува како и обично. Како што се оддалечува од аеродромот и добива на висина, кадарот се шири, откривајќи огромни облаци чад што се издигаат од густо населените ...

Кинеските работници на скеле во зграда во изградба во Тел Авив беа во шок додека гледаа како блиската зграда е погодена од иранска ракета. Видеото што кружи на социјалните мрежи покажува густ црн чад како се издига од зградата. 🚨 BREAKING: Chinese construction workers seen high atop steel girders at a major building site in #TelAviv.#Israel continues to rely heavily on foreign labor as construction projects push forward despite workforce ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
55%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.91
87%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
4.63
78%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.34
53%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Злато

144593.23

Цинк

0.00

Бакар

10.65

Родиум

358480.82

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Сребро

2179.44

Паладиум

44753.84

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04