Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, се огласи откако доби правосилна казна затвор од една година. Тој вели дека пресудата ја смета за политички мотивирана и дека е осуден не затоа што сторил кривично дело или ја злоупотребил службената положба, туку поради, како што рече, политички причини. „Осуден сум политички. Не затоа што сум направил кривично дело или сум ја злоупотребил својата положба и ...
Дата-центрите што вицепремиерот Александар Николоски ги најави како можност за значајна странска инвестиција, се сѐ уште далеку од конкретни работи на терен иако тој најави и законски измени за нивно побрзо градење. Сепак, според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, тој веќе разговарал со десетина светски компании кои покажуваат интерес за инвестирање во големи дата центри, а со две од нив се влезени во понапредна фаза ...
Такси возила без таксисти, управувани од вештачка интелигенција, наскоро ќе станат дел од сообраќајот во Лондон, што претставува прв ваков чекор за британската престолнина. За првпат автономни возила ќе бидат достапни за јавноста во еден од најпрометните градови во светот. Услугата ќе биде достапна преку апликацијата „Убер“, благодарение на партнерството со британската технолошка компанија „Вејв“, пренесува „Си-ен-ен“. Почеток на глобално ...
Бугарија повеќе нема да испраќа оружје во Украина, објави денеска министерот за одбрана на земјата, Димитар Стојанов, пренесуваат бугарските медиуми. Овој потег го зацврстува противењето на новата бугарска влада на поддршката на Европската Унија за Украина, откако прорускиот премиер Румен Радев победи со убедлива победа на парламентарните избори во април. Бугарија испрати 13 пакети воена помош во Киев од почетокот на целосната руска инвазија ...
Правилата на ФИФА предвидуваат дека осум проценти од билетите за секој натпревар треба да бидат доделени на фудбалските асоцијации на земјите учеснички, кои тие можат да ги продаваат или дистрибуираат до своите навивачи на Светското првенство. Доделувањето на билети за навивачи на Иран за групната фаза на Мундијалот е отповикано само неколку дена пред почетокот на турнирот, соопшти фудбалската федерација на азиската земја, а пренесува ...
Поп-ѕвездата Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо за првпат заедно се појавија на црвен тепих, со што уште еднаш потврдија дека нивната врска е сериозна. Двојката присуствуваше на премиерата на концертниот филм „Кети Пери: турнејата Лајфтајмс – во живо од Париз“ (Katy Perry: The Lifetimes Tour – Live from Paris) во рамките на фестивалот „Трајбека“ во Њујорк. За оваа пригода, 41-годишната пејачка избра бел фустан со детали во ...
Граѓаните во Хрватска отсега можат да користат виртуелен асистент со вештачка интелигенција на централниот државен портал gov.hr за полесно да пронајдат информации за јавните услуги и полесна комуникација со државната администрација, соопшти хрватското Министерство за правда, администрација и дигитална трансформација. Виртуелниот асистент, базиран на вештачка интелигенција, им овозможува на корисниците да поставуваат прашања на хрватски ...
Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена граѓанска и правна постапка против ФИФА и сегашниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација, Џани Инфантино поради обвинувања за корупција од 2015 година, кои, според него, го попречиле неговиот обид да го води управното тело, пренесува „Би-би-си спорт“. Кривичната тужба, поднесена до француските судови, ги обвинува Инфантино и двајца поранешни функционери на ФИФА – правниот ...
Единаесетмесечната питбулка Ела и нејзините 12 кученца пристигнале во засолништето „Пети Бејкер Хјумејн Сосајети“ од пренатрупан прифатен центар во југозападна Флорида, а вработените веднаш се посветиле на пронаоѓање нови домови за нив, пишува „Додо“. Кученцата биле стари околу четири недели кога пристигнале во засолништето и таму ги поминале сите фази од растењето – од првите чекори до разиграните денови исполнети со гушкање и игра. „Тие ...
Автор во фокус на јубилејното издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е драмскиот автор Дејан Дуковски и со него се поврзани повеќе програмски целини. Разговор посветен во негова чест како автор во фокус на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржа на 7 јуни во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. – Уште како студент учествував на фестивалот со „Балканот не е мртов“, љубовна приказна меѓу ...
Морски бранови со висина до 11 метри и силен ветер го погодија јужниот брег на Велингтон во Нов Зеланд, што предизвика евакуација на населението, прекин во сообраќајот и краткотрајно прогласување вонредна состојба, а стихијата попушти во текот на денот, јавија локалните медиуми, пренесе Анадолу. Властите издадоа наредба за задолжителна евакуација на крајбрежните населби во Овхиро Беј, Исланд Беј, Хотон Беј, Брекер Беј и Моа Поинт откако ...
Во битолската населба „Кланица“ вчера било пронајдено тело во водите на реката Драгор, кое го забележале граѓани во близина на познат локален мост, информира СВР Битола. Полициски екипи веднаш излегле на местото, по што е покрената постапка за идентификација, во која било утврдено дека се работи за битолчанец кој претходно бил пријавен како исчезнат. „Од Секторот за односи со јавност посочија дека по извршено препознавање констатирано е дека ...
Општина Аеродром и оваа година за секое прваче запишано во основно училиште на територијата на општината ќе обезбеди еднократна парична помош во износ од 3.500 денари. Родителите на првачињата за оваа помош ќе можат да аплицираат од следниот понеделник, 15 јуни, па се до 30 септември. Од Аеродром објаснуваат дека за остварување на правото на парична помош, треба да се достават во општинската архива неколку документои – потврда за запишан ...
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан повторно се најде на удар на критики откако беше снимена како зема крпа за која наводно била оставена за Андреа Кими Антонели по Големата награда на Монако. Кардашијан претходно викендот се соочи со негативни реакции поради непријатна средбата со Мартин Брандл. Изминатиот викенд, 45-годишната ѕвезда допатува во Монако со сестра си Клое за да го поддржи своето момче Луис Хамилтон на една од најпрестижните трки ...
Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека делумно ја отфрлило кривичната пријава против поранешниот началник на Полициската управа на Градот Белград, Веселин Милиќ, односно дека тој нема да се гони за помагање во убиството на мафијашот Александар Нешковиќ-Баја, јавија српските медиуми. Но, Обвинителството соопшти дека во врска со делот од кривичната пријава што го товари Милиќ за Непријавување на кривично дело и сторител, продолжува ...
Жител на Струга доцна синоќа пријавил во полиција дека неговата сопруга, која била на работа, ги оставила нивните малолетни деца да спијат во автомобил на земјен паркинг, соопшти МВР. Децата биле пронајдени како спијат во автомобилот, по што му се предадени на таткото, а мајката ќе одговара, додаваат од полицијата. „Ноќеска во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат ...
Во време кога квалитетните локации стануваат сè поретки, а купувачите и инвеститорите бараат сигурност, транспарентност и реална вредност, ELENA LUKA HOME го претставува своето сопствено портфолио преку ELENA LUKA HOME Берза на недвижности. Линк до имотите: ELENA LUKA HOME Берза на недвижности: имоти директно од сопственик Станува збор за поинаков пристап во презентирањето на недвижности. Не како класична посредничка понуда, туку како ...
Пациентки на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) се жалат на неподнослива жештина откако климатизерите со денови не работат, додека, пак, од болницата велат дека се исклучени поради изградба на нова операциона сала. Од клиниката за „Слободен печат“ велат дека не станува збор за дефект, туку дека климатизерите привремено се исклучуваат додека се извршуваат градежните работи за да се воспостават канали за дотур на ...
Ристо Вртев од култната рок-група „Архангел“ денеска во Скопје одржа прес-конференција на која го најави својот претстоен концерт насловен „Срцевина“, кој ќе се одржи на 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Покрај најавата за концертот, премиерно беше претставен и новиот видеоспот за новата песна „Дни оловни“. Овој концерт, како што истакнаа членовите на тимот, претставува многу повеќе од обичен музички настап, тоа е повик за зачувување на ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против 80-годишен жител на Гевгелиско, поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. „На 31.05.2026 во валандовско село, пријавениот Р.Ј.(80) извршил полови дејствија врз 14-годишник од Валандовско“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен. Случајот е документиран и доставен до надлежното обвинителство за ...
Курасао, како и Узбекистан, Јордан и Зеленортските Острови, ќе влезат во историјата на Светските првенства откако ќе дебитираат за неколку дена на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Карипската држава Курасао, позната по песочните плажи и коралните гребени е таа што веќе ги привлече насловите со еден од најбараните мундијалски дресови во историјата. ВИДЕО | Мундијалски вести: Факти за СП 2026 Гостинскиот дрес на Курасао стана вистински ...
Лионел Меси (38) дефинитивно ќе биде на теренот на пријателскиот натпревар на Аргентина против Исланд во ноќта меѓу вторник и среда во 03.00 часот по македонско време, последниот тест за „гаучосите“ пред Светското првенство. Ова го потврди Лионел Скалони, селекторот на актуелните светски шампиони: – Меси ќе игра, но не знам колку минути. Ќе разговарам со него на тренинг, па ќе процениме заедно. Дефинитивно нема да ризикуваме, иако Меси сега ...
На Светското универзитетско првенство што се одржува во Бразилија, Бразил, македонската универзитетска карате репрезентација го освои првиот медал. Во категоријата +84 кг., Стефан Стојановиќ успеа да се закити со бронзениот медал. На стартот во елиминациската рунда – група 4, Стојановиќ со 5:0 го совлада Фин Малиска од Германија, а подоцна со 6:5 славеше и против Фуркан Кадир Генч од Турција. Во четвртфиналната борба, нашиот натпреварувач со ...
Протестите што траат повеќе од една недела во Албанија предизвикале загриженост во туристичкиот сектор поради откажаните резервации и падот на побарувачката, објави „Топ чанел“. Според претставници на индустријата, дел од странските туристи ги откажале своите резервации или станале повнимателни при изборот на Албанија како летна дестинација. Туристичките оператори велат дека несигурноста создадена од последните случувања влијаела и врз ...
Со доаѓањето на потоплите денови, сè почесто се користат климатизерите во автомобилите. Сепак, многу возачи несвесно прават грешки кои можеби нема веднаш да предизвикаат дефект, но значително ја намалуваат ефикасноста на ладењето и дополнително го оптоваруваат системот, пишува „Н1“. Редовно менувајте го филтерот Голем број системи за климатизација страдаат поради недоволно одржување. Кај одредени модели автомобили, филтерот на климатизерот ...
Кога посетителите стојат пред бисерот на Барселона – „Саграда Фамилија“, нивните очи инстинктивно ги следат надреалните извртени линии на скулптуралните кули на базиликата сè додека не стигнат до врвот на секој шпиц. А, нивните погледи сега се протегаат повисоко од кога било – повеќе од 144 години по почетокот на изградбата, највисоката црква во светот ја достигна својата конечна висина од околу 172 метри со поставувањето на последниот голем ...
Една недела откако заврши во притвор по пријава на финансиската полиција, поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев излегува со гаранција од 55 илјади евра, соопшти Кривичниот суд. -Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба со понудена гаранција на осомничениот С.Б., изјавена против решение на судија на претходна постапка од 04.06.2026 година со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му ...
Подобра заштита на жените на работно место и поедноставување на процедурите за пријавување мобинг и дискриминација е заклучок на конференцијата „Жените, трудот и социјалната правда“, организирана од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Учесниците истакнаа дека иако законската рамка забранува вознемирување и дискриминација, во пракса постапките за докажување на вакви случаи се сложени и недоволно достапни за жртвите. Поради тоа, беше ...
Поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски е правосилно осуден на казна затвор од една година за изградба на општинската зграда. Апелациониот суд делумно ја потврди пресудата против Јакимовски, односно второстепениот суд ја потврдил затворската казна од една година за бесправно градење, додека пак за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, предметот се враќа на повторно судење. Со оглед ...
Позитивниот скок на рејтингот на Вреди може да биде меѓу клучните параметри за премиерот Христијан Мицкоски да пресече дали ќе оди на голема владина реконструкција или само на „козметички“ измени на владиниот кабинет. Од обемот на реконструкцијата, како што веќе објави „Слободен печат“, ќе зависи и дали Мицкоски во пролетта 2027 година ќе оди на предвремени парламентарни избори или ќе го доврши четиригодишниот мандат. Ако Мицкоски пресече да ...