Јапонската компанија „Хонда“ денес соопшти дека нејзината американска подружница повлекла 880.514 возила во САД поради можен дефект на компонентите на задната суспензија, објави американската Национална администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA). Повлекувањето вклучува одредени модели на „хонда пилот“ (Honda Pilot), „хонда риџлајн“ (Honda Ridgeline), „хонда пасош“ (Honda Passport) и „акура MDX“ (Acura MDX), објави ...

Во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа загинаа уште тројца Палестинци, со што бројот на жртвите од октомври 2023 година порасна на 72.991, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, пренесе Ал Џазира. „Пет луѓе се повредени од израелскиот оган“, соопштија од министерството. Жртвите се регистрирани во време кога израелската aрмија ги продолжи своите секојдневни напади и покрај договорот за прекин на огнот кој е на ...

Силен и крупен град попладнево целосно го обели автопатот Скопје-Тетово кај селото Групчин. Силното невреме попладнево донесе пороен дожд, грмежи и силен ветер. Од УХМР соопштија дека најизразена нестабилност има токму во овој регион, додека умерени врнежи проследени со грмежи се регистрирани и во Крива Паланка и во околината. ВИДЕО | Серија земјотреси во Грција, свлечишта затрупаа патишта Силен и крупен град попладнево целосно го обели ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска се сретна со осумте практиканти кои ја поминале селекцијата и започнале практична работа во локалната самоуправа. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ќе имаат можност да стекнат искуство во доменот на својата идна професија, да видат како функционира локалната администрација и како се носат одлуки што ...

Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на ...

По речиси четири години надвор од теренот, легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс, заедно со нејзината партнерка во двојки, Канаѓанката Викторија Мбоко, во вторникот се пласираа во четвртфиналето на турнирот во Квинс, Лондон, по победата во првото коло над американско-новозеландската двојка Никол Мелихар-Мартинез и Ерин Рутлиф по два сета, 7:6, 6:2. Првиот меч на Вилијамс на ВТА турнир од 3 септември 2022 година траеше еден час и ...

Захара, посвоената ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, поднесе официјално барање за промена на презимето. Таа сака во иднина и законски да се презива Захара Марли Џоли. 21-годишната Захара го поднела барањето до Врховниот суд во Калифорнија, а документите покажуваат дека сака да го продолжи животот без презимето на татко ѝ во официјалните документи, пишува „Пејџ Сикс“. Се наведува дека барањето е поднесено 28 април 2026 година, само неколку ...

Силното невреме што го погоди јужниот дел на Холандија заврши трагично. Во градот Бокстел загина возач, откако дрво се урнало врз неговиот автомобил, а во покраината Северен Брабант леден град предизвика голема материјална штета, особено во камповите, пренесе ОБ. Het gaat lekker los hier… Regen, onweer… Verfrissend… Maar onweer werkelijk vangen is best moeilijk. pic.twitter.com/IzbawpEifn — Enjoy_cats 🌻🍀 (@Enjoy_cats72) June 10, 2026 ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на денешниот брифинг со новинарите зборуваше на повеќе актуелни теми поврзани со македонскиот фудбал, а меѓу нив беа и новите прволигаши Шкендија Арачиново и Скопје. Омерагиќ порача дека двата клуба ќе мора да ги исполнат сите услови предвидени со правилниците за лиценцирање доколку сакаат следната сезона да настапуваат во Првата македонска фудбалска лига. „До Скопје и ...

Непроспани ноќи поради техно забави и турбо-фолк музика која ечи од околните угостителски објекти. Алкохолизирани групи кои дивеат навечер и ја кршат урбаната опрема по паркчињата. И на сето ова – неактивни институции кои не постапуваат иако имаат обврска да го заштитат јавниот ред. Ова се причините поради кои жителите на Капиштец ќе се соберат на мирен протест, со цел, како што информираат од граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“ ...

Откако деца пронашле сомнителни парчиња салама на игралиште во населбата Расадник во Кисела Вода, нивните родители го пријавиле случајот во ЈП „Лајка“, по што месниот производ бил даден на испитување во Институтот за судска медицина каде се утврдило присуство на високо потентен отров познат како ланате, информираат од претпријатието. Како што велат од „Лајка“, станува збор за инсектицид кој е одамна забранет за употреба и увоз во Македонија ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија и укажа на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес. Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оцени дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското ...

ФФМ денеска го објави распоредот на натпреварите во ПМФЛ за сезоната 2026/2027. Според календарот новата сезона почнува 25 јули, а првиот дел од натпреварувањето завршува со 18. коло на 13 декември по што следува редовната зимска пауза, а големо дерби ќе гледаме веќе во второто коло кога се сретнуваат Вардар и Шкендија. Бранителот на трофејот ќе има тежок предизвик и во третото коло бидејќи го чека дуел со уште еден конкурент за врвот, ...

Со меѓусебни обвинувања СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој повеќе го опустошил, украл и се корумпирал во ресорот земјоделството, пратениците расправаа за интерпелацијата за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеничката група на социјалдемократите. Главниот дуел го водеа поранешниот министер за земјоделство, а сега пратеник Љупчо Николовски, и министерот Трипуновски. Пратениците, пак, мавтаа со документи за „наместени“ ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) објави јавен повик до поранешни припадници на полицијата, Армијата и противпожарните единици да се вклучат во претстојната сезона на гаснење пожари на отворен простор и шумски пожари. За ангажман од три месеци, заинтересираните ќе добиваат по 44.000 денари месечно нето, односно вкупно 132.000 денари или околу 2.150 евра, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Како што нагласи Ангелов, ДЗС има ...

Кошаркарите на Сан Антонио спарс ги победија Њујорк никс со 115:111 на гостински терен и го намалија резултатот во серијата на 2:1 во финалето на НБА лигата. Спарс им го нанесоа првиот пораз на Никс по 46 дена и потенцијално ја спасија сезоната пред публиката во Медисон Сквер Гарден, меѓу која беше и претседателот на САД, Доналд Трамп. Никс ја прекинаа својата серија од 13 победи, втора најдолга во историјата на НБА плејофот, и пропуштија ...

Фудабалската федерација на Македонија денеска соопшти повеќе одлуки на Дисциплинската комисија за казни на поединци, но парична казна му е изречена и на Вардар. Од Вардар вчера информираа дека клубот е казнет со 250.000 евра од УЕФА, меѓутоа „црвено-црните“ ќе мора да платат и уште 17.000 евра на Фудбалската федерација на Македонија. Казната која ја добија е за користење пиротехника во натпреварот против Шкендија од 33. коло во ПМФЛ. ...

Дигиталните свидетелства од оваа година се воведуваат за учениците од прво до трето одделение, а в година ќе бидат воведени и за учениците од четврто до шесто одделение, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. „Како Министерство обезбедивме електронски печати и електронски потписи, а оваа година, за да не се случи во некое училиште, можеби во рурална средина или во училиште со послаба техничка опременост, учениците да ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски соопшти дека за 40 отсто се намалува цената на два важни теста за рано откривање на рак на грлото на матката. Едниот е Ликвид ПАП-тест, чија цена е намалена од 2.200 денари на 1.250 денари, истовремено е намалувањето на партиципацијата за корисничките од 250 на 150 македонски денари. Вториот тест чија цена се намалува е ХПВ генотипизацијата, чија цена се намалува од 5.500 ...

Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат и тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија. Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните, народите на двете држави, кога се создава ваков тип на недоверба, истакна денеска во Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ...

Светското фудбалско првенство започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Ви ги претставуваме сите 48 учесници кои се распоредени во 12 групи. Група И-Франција, Сенегал,Ирак, Норвешка Мундијал 2026 | Група А: Четири различни континенти и стилови на игра на едно место ФРАНЦИЈА Најдобри пласмани: Шампиони (1998 и 2018) Учества: 16 Рангирање на ФИФА: 1 Откако стигнаа до финалето ...

Мајкл Џексон некогаш како милениче поседувал шимпанзо по име Баблс, кое било едно од многуте животни што живееле на неговиот ранч Неверленд. Пејачот, кој почина во 2009 година, го добил шимпанзото во текот на осумдесеттите години од минатиот век од истражувачки центар во американската сојузна држава Тексас. Подоцна почнал да го носи со себе и на турнеи, пишува „Ледбајбл“. Џексон го добил Баблс во 1983 година и живеел со него во семејниот дом ...

Вознемирувачка сцена се случувала вчера среде улица во Тетово. Мајка го тепала своето тригодишно дете, а кога се собрале луѓе и почнале да ѝ реагираат таа го оставила детето и заминала со количка во која имала друго дете, соопштија од тетовската полиција. „На 09.06.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека околу 14:15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, жена го тепала своето дете, на возраст од околу три-четири години. Според ...

Министерството за финансии изврши трансфер од 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, како што информираат од МФ, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума што е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. -Ова претставува 92 отсто ...

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, зборуваше за повеќе актуелни прашања поврзани со клупскиот и репрезентативниот фудбал, инфраструктурните проекти и зачувувањето на интегритетот на натпреварувањата. Осврнувајќи се на прашање за стадионот во Тетово и поддршката на федерацијата околу изградбата на новиот стадион, Омерагиќ потсети дека ФФМ обезбедила значителна финансиска поддршка за подобрување на ...

Британскиот премиер Кир Стармер ги осуди насилствата во Белфаст, откако демонстранти излегоа на улиците по напад со нож што се случи претходно неделава, објави „Итв“. Стармер денес изјави пред пратениците дека немирите се целосно неоправдани и порача дека сите се обединети во повикот за смирување на ситуацијата и воспоставување ред. Тој ги пофали полицијата и граѓаните кои, како што рече, реагирале храбро за време на нападот. Стармер додаде ...

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа брифинг со претставниците на медиумите на кој присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, селекторот на репрезентацијата, Гоце Седлоски, техничкиот директор на националните младински селекции, Ѓорѓи Христов и комесарот за делегирање судии, Јосип Бартон. „Не бев изненаден од ситуацијата што ја затекнав, бидејќи добро знаев што нѐ очекува. Откако дојдовме, презедовме неколку конкретни ...

Папата Лав XIV, кој силно се залага за правата на затворениците, денес за првпат посети шпански затвор и ги повика затворениците да се искупат за своите злосторства и да водат подобар живот, објави „Ел Мундо“. Зборувајќи пред затворениците во затвор во близина на Барселона, папата рече дека историјата на една личност „не ја одредува иднината, туку нуди можност да ги промениме нашите одлуки и избори“. ВИДЕО | Повеќе од еден милион луѓе го ...

Американската администрација ја брани одлуката да им забрани влез во земјата на повеќе странски учесници поврзани со Светското првенство во фудбал 2026 година, нагласувајќи дека мерките се неопходни за гарантирање на безбедноста за време на најголемиот спортски настан во светот. Во центарот на вниманието се најде сомалискиот фудбалски судија Омар Абдулкадир Артан, кој требаше да стане првиот судија од Сомалија што ќе биде дел од едно Светско ...

Поранешната актерка од „Coronation Street“, Трејси Шо (52), даде срцепарателно признание откако беше итно однесена во болница. Поранешната ѕвезда на сапуници призна дека „нема повеќе сила“ додека се бори да се справи со несаканите ефекти од хемотерапијата откако во април ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Десет дена по завршувањето на циклусот хемотерапија, Трејси на Инстаграм отворено зборуваше за својата моментална состојба, признавајќи ...

Туна салата

37 минути - Курир
weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.72
28%
1018
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
43%
1017
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
2.44
49%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 25ᴼ
2.49
34%
1019
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
1.65
36%
1018
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
0.45
63%
1018
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
6.26
40%
1014
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
2.19
24%
1016
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.75
26%
1017
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.68
44%
1018
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
1.79
35%
1018
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
4.75
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Родиум

249168.29

Злато

131072.82

Сребро

1902.84

Рутениум

49029.89

Паладиум

38195.09

Цинк

0.00

Алуминиум

3.20

Калај

50.56

Кобалт

56.29

Иридиум

233896.68

Бакар

12.33

Платина

51923.46