Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, денеска изјави дека Европската Унија наскоро би можела да почне да воведува санкции против Израел, бидејќи промената на владата во Унгарија би можела да го отстрани долгогодишното вето на таа земја. Баро во изјава за „Франс инфо“ рече дека веќе една година се залага за санкции против поединци или субјекти одговорни за насилство врз Палестинците, вклучително и на Западниот Брег. „Мислам ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, му постави ултиматум на премиерот Христијан Мицкоски – Владата да ги повлече измените на Законот за Влада со кои се укинува техничката влада, во спротивно СДСМ ќе ја напушти работната група за Изборниот законик. – На овој начин којшто е целосно автократски манир на владеење, оваа влада не треба и не може да се укине. Таа е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори. Кога власта има целосна ...
Претставник на Доналд Трамп побарал од ФИФА Иран да биде заменет со Италија на претстојното Светско првенство, тврди „Фајненшл тајмс“. Според весникот, станува збор за предлог кој има и политичка позадина, односно обид за подобрување на односите меѓу Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони, кои наводно се заладиле по неговите критики поврзани со конфликтот со Иран. „Потврдувам дека му предложив на Трамп и на претседателот на ФИФА, Џани ...
Поранешна вработена во компанијата „Бист индустрис“ поднесе тужба против продукциската куќа на познатиот јутјубер Мистер Бист, тврдејќи дека добила отказ кратко по враќањето од породилно отсуство. Во тужбата, поднесена пред федерален суд во Северна Каролина, Лорејн Мавроматис наведува и сериозни обвинувања за повеќегодишно сексуално вознемирување и родова дискриминација. Таа поднела пријава и до американската Комисија за еднакви можности при ...
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот од Битола ја прифати оставката и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа. До крајот на оваа натпреварувачка сезона екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов. Потсетување, во полуфиналето од ...
Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје. ...
Новинарка вчера беше убиена во израелски воздушен напад врз куќа во Јужен Либан, каде што се засолнила додека известувала за конфликтот меѓу Израел и Хезболах. Нејзиното тело било извлечено од урнатините дури неколку часа подоцна, објави „Асошиејтед прес“. Дневниот весник „Ал Акбар“ објави дека нивната новинарка, Амал Халил, загинала во јужното село Ал Тири. Халил го покривала конфликтот во Либан меѓу Израел и либанската милитантна група ...
Турскиот парламент доцна во средата усвои закон кој вклучува ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години, објави „Вашингтон пост“. Законодавството е дел од глобалниот тренд за заштита на младите од опасни онлајн активности. Неговото усвојување доаѓа една недела по вооружениот напад во кој 14-годишно момче уби девет ученици и еден наставник во средно училиште во Кахраманмараш, во јужна Турција. ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: ...
Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...
Компанијата „Гугл“ се согласи на спогодба во вредност од 135 милиони долари, поврзана со тврдењата дека уредите со оперативен систем Андроид користеле мобилни податоци на корисниците без нивна јасна согласност, отворајќи можност милиони жители на Соединетите Американски Држави да добијат обесштетување. Милиони луѓе би можеле да ги исполнуваат условите за оваа спогодба, но конечниот износ што ќе го добијат ќе зависи од тоа колкумина ќе се ...
Научниците на Универзитетот во Кабардино-Балкарија развија робот што игра шах за да им помогнат на студентите подобро да ги разберат принципите на програмирање. – Создаден е уникатен систем способен самостојно да игра шах. Тој претставува роботска рака што комбинира хардвер и софтвер, а во која се вградени елементи на роботика, машински компоненти, контролни алгоритми и вештачка интелигенција – објави универзитетот. Како што е наведено, ...
Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (23 април 2026) без електрична енергија ќе останат делови од Скопје. Во општина Карпош, прекин на струја ќе има во периодот од 04:30 до 15:30 часот кај корисниците „Стил Железо“, „Електроводомонт“, „Европа 92“, како и кај дел од потрошувачите на улиците 1506 и 1550 во Момин Поток и улицата „Дани Калош“. Дополнително, во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат ...
Поранешниот вицепремиер и министер Артан Груби останува во куќен притвор со 24-часовно полициско обезбедување, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството за продолжување на мерката. Со тоа, Груби и натаму ќе остане во домашен притвор под постојан надзор. Груби се врати во Македонија на 23 февруари, по повеќе од 14 месеци бегство. Наместо да биде спроведен во истражниот затвор „Шутка“, му беше одреден куќен притвор поради ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе Општа препорака со која, на работодавачите од јавниот и од приватниот сектор им препорачува да обезбедат доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство и да се воздржат од практики кои доведуваат до нивен нееднаков или понеповолен третман при бременост, раѓање и мајчинство во остварувањето на правата од работен однос. Оваа препорака ...
Ова покрај технички се и политички прашања. Во вакви прашања мене целата секогаш ми била да ја завршиме работата- рече заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски прашан за барањето на Туристичко-угостителската комора на Македонија до Грција летово да ги изземе од фотографирање нашите граѓани. – Јас нема да го правам она што го прават колегите од соседните држави, а тоа е политика или маркетинг зошто на тој ...
Фудбалерите на Барселона вчера во рамките на 33. коло од Ла Лига ја совладаа Селта со минимални 1-0 и ја задржаа предноста од девет бодови во однос на најблискиот конкурент, Реал Мадрид. Сепак, триумфот остана во сенка на повредата на Ламин Јамал, како и на поништениот гол на каталонскиот состав поради крајно сомнителна офсајд ситуација. Во 55. минута, Феран Торес ја затресе мрежата и ја зголеми предноста на Барселона, но само неколку ...
Американскиот пејач Дејвид Берк, познат како D4vd, неодамна осомничен за убиство на тинејџерка, е префрлен во Машкиот централен затвор во округот Лос Анџелес. Музичарот, беше уапсен во четвртокот поради поврзаност со смртта на 14-годишната Селесте Ривас Хернандез. Оваа недела тој е преместен и издвоен од општата популација во затворот поради високиот статус на неговото кривично дело, пренесува „TMZ“. Телото на 14-годишното девојче беше ...
Со фокус на дигиталните и ВИ вештини, денес започна Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади – бесплатна едукативна платформа насочена кон унапредување на знаењата и вештините на младите, со цел нивна поголема конкурентност на пазарот на труд и активно учество во заедницата. Стартот на Академијата беше одбележан со панел-дискусија на Економскиот факултет во Скопје, на која учествуваа: министерот за дигитална трансформација, Стефан ...
Бројот на милијардери во светот би можел да достигне речиси 4.000 до 2031 година, покажуваат податоците, бидејќи ултрабогатите го зголемуваат своето богатство со сè побрзо темпо, пишува „Гардијан“. Во моментов има 3.110 милијардери глобално, според анализа на агенцијата за недвижнини „Најт Френк“. Се очекува оваа бројка да порасне за 25 отсто во следните пет години и да достигне 3.915. Класата на мултимилионери исто така брзо се шири – ...
Финалето на „РобоМак Џуниор 2026“ (RoboMac Junior 2026) се одржа вчера во просториите Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил Методиј“ во Скопје, кој заедно со Македонската секција на ИЕЕЕ во изминативе денови собра 54 ученици од четврта година од 30 средни училишта од Македонија. Учениците се натпреваруваа во автономна мобилна роботика и паметна електроника за автономни возила. Освен што ...
Јапонскиот премиер Санае Такаичи и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман денес во телефонски разговор се согласија да соработуваат за транспорт на сурова нафта до Јапонија преку Црвеното Море, што е рута што го заобиколува Ормускиот Теснец, изјави извор од јапонската влада – пренесе Еуроњуз. Такаичи и Бин Салман, исто така, ја потврдија својата посветеност на координирање на напорите за брзо деескалирање на тензиите меѓу САД, ...
Откако пред своите навивачи славеа сигурна победа над Чаир 2030 со резултат 94:83, кошаркарите на Работнички направија уште еден чекор кон обезбедување на место во првите три екипите од Плеј-аут сегментот на „МТЕЛ“ Супер лигата. За Работнички најефикасен со 28 поени беше најдобриот стрелец во лигата, Виктор Ефремовски, кој додаде и шест скока и пет асистенции). Во екипата на Чаир 2030, Тачи постигна 22 поени, имаше и осум асистенции и четири ...
Невролог предупреди дека земањето преголеми количини на еден вообичаен витамин може да доведе до оштетување на нервите и состојба позната како периферна невропатија. Лекарот истакнува дека прекумерните дози можат да станат „токсични“ и да ги оштетат сензорните неврони, пишува британски „Мирор“. На нашето тело за оптимално функционирање му е потребна низа витамини и минерали.. Иако повеќето потреби ги задоволуваме со здрава и урамнотежена ...
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се сретне со претседателот Володимир Зеленски, изјави вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „Киев индепендент“. Истиот ден, Зеленски повика на обновување на тристраните мировни разговори меѓу Украина, Русија и САД. Преговорите за ставање крај на војната во Украина се во застој бидејќи САД го пренасочуваат фокусот кон војна со Иран. Иако Русија јасно стави до знаење дека ...
Пратеничката група на СДСМ поднесе Закон за измени на Законот за Влада по скратена постапка, забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата и тоа веднаш, се вели во соопштението од СДСМ. -Со ова, СДСМ поставува јасен принцип: исти правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок и тоа веднаш. Измените коишто ВМРО-ОКГ ги најави на Законот за пратеници, со кои ...
Цената на златото денес бележи благо опаѓање на светските берзи, додека инвеститорите внимателно ги следат движењата на инфлацијата, каматните стапки и геополитичките случувања. Според пазарните податоци, златото се тргува околу 4.027 евра за унца, што претставува дневен пад од околу 0,5–1%. Осцилациите во текот на денот укажуваат на зголемена несигурност и внимателност кај инвеститорите. Главен фактор за денешниот пад е очекувањето дека ...
Цените на нафтата на пазарите во Азија денес скокнаа за четири проценти откако Иран објави дека нема повторно да го отвори Ормускиот Теснец поради американската поморска блокада на иранските пристаништа, и покрај продолжувањето на прекинот на огнот. Непосредно по полноќ, референтната цена на американската нафта „West Texas Intermediate“ се зголеми за 4,06 проценти, на 96,73 долари за барел, објавува Гардијан. Ацо Ристов ја презеде функцијата ...
Утрово е уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. Сејдини е осомничен за проневера на сума од над 700.000 евра пари од УЕФА кои биле доделени за трибина во Охрид. „Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје го лишија од слобода М.С. поради сомнение за сторени кривични дела – проневера и ...
Новата документарна серија на Нетфликс открива детали од животот на Халк Хоган, кој почина во јули минатата година, а меѓу другото сподели дека по разводот од Линда Хоган, секојдневно земал опасни количини фентанил за ублажување на болката, пишува „Ролинг стоун“. Поранешната ѕвезда на борење отворено зборуваше за степенот на неговата зависност од фентанил во „Халк Хоган: Вистински Американец“, што е неговото последно интервју пред неговата ...
Репрогласувањето на Националниот парк „Маврово“ никако да мрдне од мртва точка. Откако Студијата за ревалоризација беше дополнета и усвоена во декември 2023 година, после десетина години од нејзината првична верзија, процесот е заглавен пред почетокот на изработка на предлог-законот, пренесува агенцијата Мета.мк. Од Министерството за животна средина велат дека новото раководство на паркот бара ревизија на Студијата бидејќи има забелешки на ...