Прскањето против комарци е клучен метод во намалувањето на нивната популација и намалување на ризикот од сериозни болесни. Во Скопје, од почетокот на годината согласно соопштенијата на Град Скопје испратени до медиумите, до денеска, извшени се вкупно три дезинсекции. Извршени се и авионски, и терестични дезинсекции за возрасни комарци. Се прскало во мај, јуни и јули. Но и покрај овие дејствија на надлежните, честопати граѓаните се жалат на убоди ...

Независни за Карпош на локални ќе настапат без да собираат потписи и да формираат партија. Ваква одлука донесоа активистите од оваа група по вчерашните случувања во парламентот. Според нив обидите да се донесат измени на законот биле избрзани и остануваат на ставот дека на граѓаните не смее да им се ускрати правото на независни листи. Габриела Илиевска од иницијативата Поинаку оцени дека во парламентот и вчера се случил нов циркус со нечесни ...

По неуспешниот обид да се донесат измени на ИЗ во Собрание и најавите на ДИК за ново упатство партиите со свои толкувања за изборниот процес. Владејачката партија обвинува дека поради однесувањето на пратениците на ДУИ и стравот од пораз не поминаа измените кои ја утврдеа рамката за кандидатура на независните кандидати. Во однос на правните нерегуларности поднесовме предлог измени на Изборниот законик, за намалување на прагот на 0,95%, кој потоа ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди одбивањето на Русија да спроведе прекин на огнот, оценувајќи дека таквата одлука „ја комплицира ситуацијата“ во остварувањето на мировниот план што го побара американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со рускиот претседател Владимир Путин. „Гледаме дека Русија одбива бројни повици за прекин на огнот и сè уште не утврдила кога ќе престане со убивањето. Тоа ја комплицира ситуацијата“, ...

Најмалку 29 лица се повредени, меѓу кои две се во критична состојба, откако земјотрес со јачина од шест степени изутринава го погоди островот Сулавеси во централна Индонезија, соопштија официјалните власти. Според портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари, 13 повредени се пренесени во болници во областите Посо и Токорондо, откако врз нив паднал градежен материјал од оштетен верски објект. Земјотресот оштетил ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати суптилна критика за начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп го организираше самитот во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека со тоа Москва добила непотребно високо ниво на протоколарен престиж. Во интервју за германската јавна телевизија АРД, дадено синоќа, Мерц рече дека самитот бил одржан со „голем протокол“ и додаде: „Руските медиуми ликуваат. Малку помалку ќе ...

Европски лидери, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ќе се придружат утре на украинскиот претседател Володимир Зеленски на неговата клучна средба во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА. На разговорите во Вашингтон ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и финскиот претседател Александар Стуб. Исто така, присуство најави и ...

Трамп ќе го поддржи планот на Путин за крај на војната, според кој Донбас би бил предаден на Русија, објави „Њујорк Тајмс“. Според планот, Русија ќе се откаже од помали делови кои ги окупирала, а Киев ќе отстапи големи делови од истокот што Москва не успеа да ги освои. Руската понуда е Украина целосно ќе се повлече од Доњецк и Луганск, а за возврат, Русија би се согласила да ги замрзне фронтовските линии во јужните региони Херсон и Запорожје. ...

Ескалираат протестите во Србија. Демонстрантите синоќа го демолираа и запалија штабот на Српската напредна странка во Ваљево. Маскирани граѓани најпрво фрлаа камења, а потоа со пиротехника го запалија објектот. Пожарот беше ризичен затоа што штабот се наоѓа на приземје од станбена зграда, но набргу беше изгаснат. Насобраните граѓани беа лути, тврдејќи дека полицајци претепале 25 годишно момче од Ваљево во четвртокот. Српското МВР постојано ги ...

Додека Володимир Зеленски и Урсула фон дер Лајен ја одржуваа заедничката прес-конференција во Брисел пред утрешната средба со него во Вашингтон, американскиот претседател, Доналд Трамп објави краток коментар на неговата социјална мрежа „Truth Social“ за преговорите што во петокот ги имаше со рускиот претседател со Владимир Путин. „ГОЛЕМ НАПРЕДОК ЗА РУСИЈА. СЛЕДЕТЕ! Претседател ДЈТ“, напиша Трамп. Минути претходно, американскиот претседател ги ...

Во Полициската управа во Ваљево се приведени 29 лица, задржани се 15, а против 13 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави. За време на вчерашните непријавени собири во Србија, повредени се шест полициски службеници, приведени се 56 лица, задржани се 16 осомничени за насилничко однесување на спортски настан или јавен собир, а против 35 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи. Во ...

Пожарот во Пипери, во близина на црногорскиот главен град Подгорица, е во критична фаза, а сите расположливи противпожарни екипи се на терен. Најзагрозени се населбата Копиље и подрачјето Стијене Пиперске, при што постои опасност северниот ветер да ја прошири огнената стихија. Пожари беснеат и во Бијело Поље, Даниловград и Никшиќ, што дополнително ги оптоварува пожарникарите. Во гаснењето се вклучени хеликоптери од Чешка, БиХ и Србија. Покрај ...

Вкупно 27 пожари на отворен простор се регистрирани до 08:00 часот утрово. Од нив активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 24. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, Општина Македонски Брод, каде е зафатена мешана шума, како и во селата Лојане и Табановце, Општина Куманово и Липково, каде гори ниска вегетација и мешана шума. Под контрола е пожарот помеѓу ...

По повод 18 Август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Како што информира Армијата, претходно, во 18.00 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со еден плотун. Почесната артилериска стрелба ќе ја изведе единица на артилерискиот баталјон на Армијата -Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што информира Јавното обвинителство, на 15 август, во домот на улицата „Борис Бојаџиски”, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница. ...

Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје се уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатена мешана шума. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во гаснењето на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на ...

На граничниот премин „Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, на „Богородица“ околу половина час, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Како што информира АМСМ, поради летните одмори зголемена е фреквенцијата на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патиштата надвор од градските ...

Вкупно 10 пожари на отворен простор се регистрирани до 12:00 часот. Од нив активни се шест, еден е под контрола, а изгаснати се три. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се ожарите во „Јасен“ каде гори мешана шума, во Општина Долнени помеѓу селата Лажани и Кошино каде е зафатена ниска вегетација, во Општина Лозово, село Бекирлија каде гори смрека, во Општина Куманово, серло Романовце каде е зафатена ниска вегетација ...

Реакцијата на Русија на Самитот на Доналд Трамп со Владимир Путин во Алјаска беше ништо помалку од ликување, при што Москва го прославува фактот дека рускиот лидер се сретна со својот американски колега без да направи отстапки и сега не се соочува со санкции и покрај отфрлањето на барањата на Трамп за прекин на огнот. „Средбата докажа дека преговорите се можни без предуслови“, напиша поранешниот претседател Дмитриј Медведев на Телеграм. Тој ...

Илјадници Израелци синоќа излегоа на улиците во Тел Авив, барајќи прекин на војната во Газа и договор за ослободување на заложниците што ги држи палестинската исламистичка група „Хамас“, пренесува ДПА. Според репортер на германската новинска агенција, неколку илјади луѓе се одзвале на повикот на Форумот на семејствата на заложниците. Демонстрации се одржаа и во Хаифа, Ерусалим и Бер Шева. „Ќе ја блокираме земјата“, изјави пред толпата Ејнав ...

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека и синоќа дошло до „драстично нарушување на јавниот ред и мир“, придружено со „брутални напади врз полицијата“, демолирање и палење на објекти на институции и политички партии. Тој посочи дека е повреден еден припадник на Жандармеријата, а уапсени се 18 лица. Според него, најмногу инциденти имало во Ваљево, Белград и Нови Сад, но јавниот ред е воспоставен во сите три града. Во ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Светот беше на праг на историска победа – искоренување на детската парализа (полио). Но, според опсежна истрага на „Асошиетед прес“, серија пропусти, фалсификувани податоци и несакани ефекти од оралната вакцина овозможија враќање на болеста за која се веруваше дека ќе биде засекогаш поразена. Како што пишува агенцијата, интерни документи и сведоштва на здравствени работници покажуваат дека за време на масовните кампањи за вакцинација во земји ...

Пропадна обидот на Собранието по скратена постапка да се донесат измени на изборниот законик, со кој се утврдуваше минимален праг за учество на независни кандидати за градоначалници и советници. 67 пратеници гласаа за и 18 против , но тоа не беше доволно за изментите да поминат, бидејќи не беше обезбедено бадинтерово мнозинство. Со измените кои ги поднесе владејачкото мнозинство, предвидено беше минималниот праг за собирање потписи да биде 0.95 ...

На точно 5 месеци од најголемата трагедија во која животот го загубија 62 млади лица, а над 200-беа тешко повредени, во Кочани се одржа 18-тиот по ред „Марш на ангелите“. Маршот и овој пат започна во 18.05, што е симбиоличен приказ на доцната реакција на институциите на системот. Родителите на загинатите се огорчени од повикот на Синдикатот на МВР до полициските службеници за кои се изречени мерки за претпазливост и мирување на работниот однос, ...

Групата „Европска народна партија – Европски демократи“ во Европскиот парламент ја повика Европската комисија да реагира на тековните настани во Србија. – Во Србија мирни демонстранти, вклучително и студенти и малолетници, се тепани, апсени и заплашувани. Нашиот генерален секретар Сандро Гози ја повика ЕК да реагира. Европската Унија не смее да си ги затвора очите – потребна е цврста позиција, со конкретни последици за пристапниот процес на ...

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе расправа за еден од најгорливите еколошки и здравствени проблеми депонијата во Струга . Адвокатите од Струга заедно со Здружението на млади правници ја поднесоа апликацијата во мај, откако домашните судови се прогласија за ненадлежни. Ќатоски вели дека остануваат целосно посветени на правната борба за Заштита на животната средина,и здравјето и правата на жителите. Депонијата како што велат загадува ...

Ако сте студент на прв циклус на студии, без разлика дали сте на приватен или државен факултет и се уште немате 29 години, Ви следуваат 15.300 денари за да си купите таблет, лаптоп или десктоп компјутер. Парите се уште не може да ги добиете, бидејќи Владата допрва ќе одлучува кога ќе почне пријавувањето за нив. Дали пред или после избори, од Министерството за дигитална трансформација велат дека прво ќе се консултираат со ДКСК и други изборни ...

Во високото образование мора да се направи јасна поделба на истражувачки и наставни универзитети смета научната фела која со години реагира по објавувањето на најпознатата Шангајска листа. Гувернерот и академски професор Трајко Славески смета дека денес многу студенти се запишуваат на факултет без реални предиспозиции а редовни професори во поодминати години предаваат по три и повеќе предмети на додипломските студии. Како едно од решенијата е ...

Тешка ноќ за службите. Со гранки и лопати на високите ридски предели, Ангелов со уште 10-тина лица цела вечер го гаснеа пожарот кај Јажинце. Кракот избувна после полноќ, а гасачите спречија вистинска катастрофа. Теренот на овој крак е висок, но и непристапен и за Пинц-гауери. „До два, три часот сабајле успеавме да изгаснеме една линија од еден километар, сепак утрово повторно се пробуди кракот којшто гледа накај Шар Планина. Така што ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

15ᴼ / 11ᴼ
3.09
73%
1013
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
1.34
78%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 6ᴼ
1.03
54%
1019
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.78
88%
1017
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
88%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.45
88%
1019
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
94%
1018
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
3.13
90%
1016
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
84%
1011
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 12ᴼ
1.54
100%
1019
Currency

61.6038

Currency

53.109

Currency

69.9353

Currency

34.7637

Currency

37.8005

Currency

66.4259

Currency

7.46382

Currency

0.6608

Currency

0.34499

Currency

0.52573

Currency

1.26453

Currency

0.59844