Велосипедистите бараа велосипедско поврзување меѓу Охрид и Струга но и патеки кон населбата Свети Стефан и Пештани. На денешната јубилејната Ипа велосипедска тура од Охрид до Радожда тие испратија порака за посериозно вложување во изградба на функционална и безбедна велосипедска инфраструктура во регионот. Велосипедистите се најзагрозена категорија во сообраќајот. Особено стариот пат Охрид-Струга е небезбеден каде за жал изминатите години ...

Двата пожари едно по друго, што зафатија делови од периферијата на градот Штип, повторно ја отвори дебатата за одговорноста на лицата кои намерно предизвикуваат огнени стихии. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите доброволци е спасен животот на 69 годишен сопственик на викендичка, кој за малку ќе настрадаше во подметнат пожар. При обид да го изгасне огнот се здобил со изгореници на левата рака и подколениците и вдишал токсичен ...

Нов духовен симбол се издигна над село Таринци во општината Карбинци. Крстот кој е висок 20 метри денеска беше осветен пред бројните верници, а чинот на осветување го изврши митрополитот брегалнички, Иларион. Крстот е донација од семејствата Јовчевски, Димитрови и Колеви, кои со овој гест, како што велат, сакале да остават траен белег и духовна вредност за идните генерации. И додека со изградбата на крстот се остава траен белег за идните ...

Шест години откако државата изгради два километри кои не водат никаде, Министерството за транспорт го избра изведувачот на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце, долга 10,5 километри. Изградбата ќе почне летово, а ќе треба да биде готова за три и пол години отсега. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски по средба со претставниците од Европската банка за обнова и развој кажа дека изведувач ќе биде конзорциум предводен ...

Договорени 10тина нови одредби во Изборниот законик, но главните прашања остануваат отворени. Финишира работата на меѓупартиската група која треба да ги обликува новите изборни правила, а како што информираше Министерството за правда на вчершаниот состанок присуствувале и претставници на Државната изборна комисија, антикорупциска и Агенцијата за медиуми кои дале и свои предлози. Меѓу усогласените прашања се главно препораките на ОБСЕ и ОДИХР, ...

Проширувањето на Европската Унија треба да се темели на копенхашките критеритуми а на историски и билатерални прашања, вели Претседателката во последното интервју за МИА. Според неа, уставните измени не треба да бидат услов за почеток на преговорите, туку државата треба да добие простор да се европеизира, да ги спроведува реформите и да стане компатибилна со европските стандарди, потсетувајќи дека токму во таа насока, официјално Скопје веќе ...

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ е подготвен да стави крај на кариерата по завршување на Светското првенство во 2026 година, објави денеска добро информираниот новинар Николо Шира. Според истиот извор, 40-годишниот Модриќ веќе постигнал договор со неговиот поранешен клуб Реал Мадрид да заземе позиција во клубот по завршувањето на кариерата. Модриќ изминатата сезона настапуваше за Милан, а договорот со калчолигашот му ...

Европската Унија в понеделник ќе почне формални преговори за членство со Украина и Молдавија, откако беше укината блокадата од страна на Унгарија. Кипар, кој во моментов претседава со Советот на Европската Унија, соопшти дека земјите-членки постигнале договор за заеднички став во врска со првата фаза од преговорите, со што се комплетирани сите неопходни подготовки. Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку социјалните мрежи им се ...

Иран во изминатите недели значително ги засили мерките за заштита на своите резерви на високо збогатен ураниум, вклучувајќи рушење на тунели и поставување мини на пристапните точки, поради загриженост од американски операции, изјавија повеќе извори запознаени со разузнавачките проценки на САД. Според тие информации, иранските резерви од околу половина тон високо збогатен ураниум сега се значително потешко достапни отколку порано, откако, ...

Куба објави планови за реформа на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Кина и Виетнам, при што претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека планираното отворање ќе овозможи поголемо учество на приватниот сектор на местото на силно државно контролираната планска економија. Реформата сè уште треба да биде одобрена од Политбирото на Комунистичката партија и од Националното собрание на Куба, пренесе ДПА. – ...

Војската на САД синоќа соопшти соборила неколку ирански дронови чија цел биле бродови што минувале низ Ормуската Теснина. „Иран лансираше повеќе дронови за еднократен напад во обид да погоди комерцијални бродови кои транзитираат низ Ормуската Теснина“, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) во објава на социјалните мрежи. „Американските сили ги соборија сите во изминатите неколку часа, додека протокот на сообраќај низ теснецот ...

Договорот со САД за прекин на конфликтот во Иран е блиску и вклучува повторно отворање на Ормускиот теснец, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Тој изјави за иранската државна телевизија дека договорот вклучува и укинување на блокадата на САД кон Иран, но дека разговорите за нуклеарната програма на Иран ќе започнат подоцна. „Би-би-си“ објави дека американските претставници потврдиле некои од деталите од договорот. ...

Земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во сабота, 13 јуни, во 11:22 часот во Егејското Море, во близина на Измир. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал источно од овој турски град. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7,5 километри под површината на земјата. Земјотрес со интензитет од 3,7 степени ...

Израелската армија денеска нареди евакуација на жителите од 20 градови и села во јужен Либан, јави ДПА. Армијата објави дека од синоќа имало неколку напади со беспилотни летала од страна на либанската милиција Хезболах врз северен Израел. Портпаролот на армијата, Авичај Адрае, објави на Икс на арапски јазик дека жителите треба веднаш да ги напуштат своите домови за сопствена безбедност и да се преселат северно од реката Захрани. Секој што ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер ...

Општина Чаир соопшти дека ќе бидат поставени 100 нови контејнери на местата каде што потребата за собирање отпад е најголема, што според општината претставува инвестиција во подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, нагласи дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од приоритетите на општината. „Постојано инвестираме во создавање подобри услови за граѓаните. ...

Соединетите Американски Држави не можеа да посакаат подобар почеток на Светското првенство, откако рано изутринава пред своите гледачи во Лос Анџелес го совладаа Парагвај со 4-1 во натпревар од групата Д. Домаќините имаа одличен почеток, поведувајќи во седмата минута преку автогол на Дамијан Бобадиља. По половина час игра, веќе беше 2-0, а стрелец беше Балогун. Истиот играч го постигна и третиот гол во самиот финиш од првото полувреме, и со ...

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе го пропушти првиот натпревар на Бразил од групната фаза на Светското првенство поради повреда на листот, изјави денеска селекторот Карло Анчелоти. „Тој работи напорно за да се рехабилитира што е можно поскоро. Се надеваме дека ќе може да се врати на целосен тренинг следната недела“, рече Анчелоти. Бразил стартува на Мундијалот вечерва на полноќ против Мароко во единствениот натпревар од групната фаза во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во напад на САД е убиен лидерот на транснационалната криминална група „Трен де Арагва“. „По моја наредба, Јужната команда на САД изврши брз и смртоносен кинетички напад за успешно елиминирање на Нињо Гереро, озлогласениот лидер на ’Трен де Арагва‘, една од најкрволочните терористички организации на планетата Земја“, соопшти Трамп во објава на својата платформа Truth Social, која содржеше и ...

Коцкањето претставува сериозен здравствен ризик, а најефективната терапија за зависноста е превенцијата, порача министерот за здравство Азир Алиу во видео-обраќање, давајќи поддршка за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој веќе помина во прво читање во Собранието. Алиу истакна дека коцкањето не смее да се третира како забава кога преминува во зависност што има последици врз поединецот и семејството. - Не може да зборуваме за ...

Предвремени избори се можни, но сѐ уште е рано да се прогнозира дали политичките партии ќе одлучат да не го чекаат редовниот термин во 2028. Април или мај би бил најраниот термин за предвремени избори, со оглед на тоа што на следните избори ќе мора да се испочитува т.н. Пржинска Влада која има 100 дневен мандат. Универзитетскиот професор Владимир Божиновски вели дека е нормално владејачка гарнитура да размислува за предвремени избори во ...

Успешните средби што денеска ги имав со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Средбите се одржаа во рамики на на македонско-турскиот бизнис-форум што денеска се одржува во ...

Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми, истакна претсдателката Силјановска Давкова во интервју. -Значи, пријателство и добрососедство, не непријателство и вето. И суштината на пријателството и на добрососедството е во преамбулата на Договорот. И таа вели дека нашиот сосед ке н помага на патот со сопствените искуства, исто така ке ни го отвори патот кон Европската Унија и ...

Во Босна и Херцеговина (БиХ) владее вистинска еуфорија пред првиот натпревар на земјата на Светското првенство против домаќинот Канада оваа вечер во Торонто, а на навивачите и медиумите кои очекуваат победа им се придружи и американскиот генерал Џејмс К. Фаулер, кој од минатиот месец е командат на НАТО штабот во Сараево. -Мислев дека САД ги имаат најдобрите навивачи во светот сè додека не пристигнав тука во Босна и Херцеговина и не ја видов ...

Американскиот претседател Трамп прогласи крај на војната со Иран, Техеран официјално не потврдил, но иранските медиуми објавуваат наскоро потпишување на договорот. Постигнат е значителен напредок и можен параф Трамп најавува за викендов. Би се потпишал во некоја европска земја, најверојатво во Швајцарија, но тој нема да присуствува, туку потпретседателот Венс. Трамп тврди дека главната цел – Иран да не дојде до нуклеарно оружје – е ...

Меморандумот меѓу САД и Иран за прекин на војната во Заливот може да биде потпишан уште во недела, изјави западен извор за Ројтерс, а Женева се споменува како најверојатно место за потпишување. Изворот наведе дека текстот на меморандумот сè уште се финализира и дека Иран се држи до својата позиција дека договорот мора да ги прекине и борбите во Либан, каде што Израел се бори против Хезболах, поддржан од Иран. Целта е текстот да се финализира ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е целосно согласен со американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје. „Додека сум премиер на Израел, Иран нема да има нуклеарно оружје“, изјави Нетанјаху, соопшти неговиот кабинет. Тој наведе дека повеќе од три децении води меѓународна борба против иранската нуклеарна програма. „Без оваа борба, Иран одамна ќе имаше нуклеарни бомби за да го ...

Претставата „Страв и надеж“ на МНТ од Скопје, работена според според Франц Ксавер Крец, е победник на годинешното јубилејно 60-то издание на театраскиот фестивал Војдан Чернодрински. Одлуката ја донесе трочлената жири комисија составена од Снежана Коневски Руси, како претседател и членовите Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ. „Имавте во текот на Фестивалот различни изведби, јас веќе како традиционалист или конзервативец можам да кажам дека со нбекои ...

Со француска поддршка ќе се зајакнуваат капацитетите на македонските музеи, а по примерот на франсуцките искуства ќе се прави конзервација и реставрација на македонското културно наследство. Ќе се дигатилизира и архивскиот материјал, а како дел од меморандумот ќе се конзервира целокупниот аудио и видео материјал на архивските служби на Македонската радио-телевизија. Станува збор за поголем проект во кој се вклучени радија и телевизии од ...

Педесетина административци, хигиеничари и болничари 6 месеци се без продолжени договори и без плата на Клиниката за детски болести. Денеска по втор пат протстираа и тоа пред министерството за здравство откако претходниот пат беа пред финансии. Бараат итно решавање на нивниот статус бидејќи од јануари до мај оделе на работа без никаков официјален документ. -Никакви договори. Не е прв пат ова да се случува, и порано имало каснење но на крајот ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Бакар

12.58