Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Во последните две недели е постигнат поголем напредок кон завршување на војната во Украина отколку во последните три и пол години, изјави претседателот на Финска, Александер Стуб, на средбата во Белата куќа со претседателите на САД и Украина, со европски лидери и со генералниот секретар на НАТО. – Фактот што денеска седиме заедно околу оваа маса има силна симболика и покажува дека сме еден тим – ‘Европа’ и ‘Соединетите Американски Држави’ – кои ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека гаранциите за безбедност на неговата земја веројатно ќе бидат изготвени во рок од десет дена. – Подготвени сме за билатерална средба со Путин, а потоа и за трилатерална со Трамп, рече Зеленски, по синоќешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и со европските лидери. Тој истакна дека прашањето за евентуални територијални отстапки, какви што бара Русија, ќе биде „тема која ќе ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека секое идно мировно решение со Русија мора да вклучува силна украинска армија која ќе може да одврати и спречи нови напади. – Денеска имав можност да нагласам дека гаранциите за безбедност мора да значат силна украинска армија, без ограничувања по однос на бројност, капацитети и вооружување, која ќе биде способна да се спротивстави на секоја агресија, рече Макрон пред новинарите по средбата во ...
Амбасадорот на Европската Унија во Белград, Андреас фон Бекерат, повика на темелна истрага за секое сомневање за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата врз демонстрантите во Србија, по вчерашната средба со претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ. Средбата се одржа во време на обновени антивладини протести во Белград и други градови во Србија, кои се интензивираа од почетокот на август. Протестите ескалираа по вербални и ...
На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22) од Кочани. На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се спроведува првото пријавувње за упис во прва година додипломски студии за академската 2025/2026 година. Според Конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети во негов состав слободни се вкупно 9719 места. Од нив, 4683 за редовни студенти во државната квота, 4081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни студенти. Како и во минатите години, најмногу слободни места има ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени Целзиусови. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин, СР Германија, и од Музејот на град Скопје, денеска ќе го посетат археолошкиот локалитет Скупи. Во рамките на посетата ќе биде потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт – меѓународнa истражувачка институција под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи на Германија. На настанот, како што ...
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје се уште останува затворен за секаков вид на возила, соопшти АМСМ Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес-конференција ќе го презентира новиот еДМС – Национален електронски систем за управување со документи. Презентацијата ќе се одржи во просториите на Министерството за дигитална трансформација. При минатонеделната посета на Делчево, каде изврши увид во реконструкцијата на новиот Центар за услуги во Делчево, министерот Андоновски потенцира дека интересот за користење на ...
Обвинението за пожарот во кочанската дискотека се уште не е оценет.. Од кривичниот суд објаснуваат дека се работи за обемен предмет со 34 обвинети и три фирми, и според досегашната пракса, потребни се околу три месеци за оценка на такво обвинение.. Толку време му требало на судот да ги оцени и обвиненијата за случаите „Адитив“, „Синџир“ и „27 април“.. „Судот апсолутно го разбира интересот на јавноста за оваа постапка, но, законодавецот предвидел ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо ја суспендираше официјалната воена помош за Украина, ги критикуваше санкциите на ЕУ против Русија, го отфрли членството на Киев во НАТО и се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, објави веб-страницата „Политико“ со седиште во Брисел. Во исто време, приватните компании за оружје во Словачка заработуваат богатство продавајќи оружје на Украина, објави веб-страницата. Во 2024 година, извозот на оружје од ...
Милорад Додик, на кого законски му беше одземен мандатот како претседател на Република Српска (РС), рече дека нема да ја почитува таа одлука и дека ќе остане претседател на тој ентитет на БиХ. „Нема да ја почитувам. Ќе ја почитувам волјата на српскиот народ. Вие бевте арогантни, а очекувате од мене да бидам покорен. Нема да бидам. Јас сум претседател на Република Српска, а вие пишувајте што сакате. Јас сум избран од народот, нема да бидам ...
Припадници на Секторот за борба против организиран криминал на грчката полиција, на меѓународниот аеродром во Атина уапсиле маж од Бразил, според грчките медиуми, кој се обидел да пренесе 100 пакувања со кокаин, што претходно ги проголтал, а вкупната тежина е околу еден килограм, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации секое од пакувањата било со тежина од околу 11 грама, а станува збор за кокаин што бил 90 отсто чист. Мажот ...
Седница на Советот за национална безбедност на Србија ќе се одржи утре и со неа ќе претседава претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Седницата на Советот за национална безбедност доаѓа по неколкудневните протести низ цела Србија, за време на кои имаше судири меѓу демонстрантите, полицијата и поддржувачите на Српската напредна странка, а за време на кои во неколку наврати беа демолирани просториите на таа партија, како и некои локални ...
Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие. Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните ...
Македонската спортска јавност е завиена во црно по веста за смртта на 21-годишниот фудбалер Виктор Боневски. Тој за жал ја загуби најтешката животна битка со малигна неоплазма на абдоменот. Боневски, кому претходно му беше извршен оперативен зафат, долго време се бореше со тешката болест. За неговото лекување беа организирани бројни хуманитарни акции и донации. Тажната вест ја соопшти неговиот брат Даниел преку социјалните мрежи, а подоцна ја ...
Над 50 работници останаа на улица, без исплатени плати, откако странски сопственици на локална штипска конфекција преку ноќ исчезнеле додека вработените биле на летен одмор. Денеска наместо да започнат со работа, наидоа на заклучена врата од конфекцијата, со штуро соопштение сами да се пријават во Агенцијата за вработување. Сопствениците и раководните лица не им одговараат на телефонските повици. - Газдите ни се Хрват и Германец, а ние немаме ...
Државните факултети утре ќе ги отворат за вратите за 9.719 бруцоши кои ќе дојдат да ги подадат своите документи за да се запишат. Изминатите години фаворит за македонските матуранти беше ФИНКИ, а изненадувачки би било доколку нешто се промени годинава. Младите сè повеќе ја избираат технологијата. ФИНКИ во последните четири години има најмногу студенти, а ФЕИТ бележи раст од 53%. Кај големите општествени факултети бројот опаѓа, со исклучок на ...
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ. Најмногу слободни места има на ФИНКИ, 1.020. На второто место е ПМФ со 910 слободни места, па потоа Филозофски 800. Процесот за уписи не е целосно дигитализиран ниту оваа академска година, па затоа платото на Факултети утре повторно ќе биде „украсен“ со долги редици на бруцоши. Тие освен електронски, документите треба и хартиено да ги достават на Студентски прашања. МОН веќе ја смени легислативата, со што ...
Можноста со најмалку два потписа да се стане независен кандидат со право на учеството на локалните избори, може да доведе до хаос со изборните листи, смета експертската јавност по одлуката на ДИК. Иако дел сметаат дека потребен е некаков праг за да бидат појасни правилата на учество, потписите на најмалку двајца избирачи, ќе ги доведат во заблуда гласачите, а листите може да бидат многу долги. И покрај ваквата одлука на ДИК, граѓанската ...
Опозициските албански партии немаат основ да бараат ВРЕДИ да излезе од владејачката коалиција поради дискриминирање на албанците, бидејќи според вицепремиерот Меџити, кога тие биле на власт животот на албанците бил уште потежок. Откако ДУИ тврдеше дека членови на ВРЕДИ масовно излегуваат од коалицијата, Меџити денеска им возврати дека на ДУИ коалиционите партнери секојдневно ги напуштаат. Последно ДПА ја напушти коалицијата со Ахмети, а денеска ...
Граѓанската иницијатива Сапорт Кочани обезбеди 176 парчиња специјализирана компресивна облека наменети за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Вредноста на оваа набавка, како што соопоштија од Граѓанската иницијатива, изнесува изнесува 2.193.047 денари, средствата кои се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 ...
На патот Валандово - Дојран, кај село Фурка, општина Нов Дојран, настанал пожар во патничко возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки во движење, управувано од Г.З., 56-годишно лице од Република Србија. Ова било пријавено синоќа во 22:44 часот во Секторот за внатрешни работи - Струмица. Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, од екипа на Територијалните противпожарни единици - Гевгелија и Дојран, пожарот бил ...
Од евидентирани вкупно 19 пожари на отворен простор низ државава, до 18 часот денеска активни се три, а 16 се веќе изгаснати. Од Центарот за управување со кризи информираат дека активни пожари има во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума во подрачјето на „Јасен“, во Општина Липково поточно во село Слупчане и во Парк шумата Водно, општина Центар, каде гори сува трева. Пожарите кои се изгаснати се евидентирани во повеќе општини, меѓу кои ...
Македонските аеродроми добија 16 нови дестинации во изминатата година, а наскоро се очекува објава на уште повеќе авиолинии, најави потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. -Најавувам дека во следниот период ќе се објават нови авиодестинации од македонските аеродроми. Сè уште ги преговараме, но многу брзо ќе ги објавиме, рече Николоски во гостување на Канал 5 телевизија, додавајќи дека за само една година е ...
Втора жртва од големата сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Ресен – Битола на еден километар после Макази во правец кон Битола. Се работи за момче на возраст од 20 години од Охрид. Од СВР Битола за „Апла“ потврдуваат дека има две жртви. Според нив прво починал 52-годишен битолчанец кој живеел во Германија, додека пак во битолската болница поради тежината на повредите починало и момчето од другата кола родено во 2005 година. ...
Да се преиспита издавањето паушални сметки за струја, бара Здружението на инженери. Поднесоа иницијатива до Уставниот суд, за како што велат – незаконското издавање сметки за електрична енергија , без да се отчита броилото. На ваков начин сметаат дека граѓаните се оштетни, бидејќи плаќаат по слободна проценка , а не по фактичка потрошувачка. - Исклучоци кои го оправдуваат издавањето на фактури врз основа на претпоставена вредност се дозволени ...
Трамп попладево е домаќин на Зеленски, клучните европски лидери и шефовите на ЕК и НАТО. Ке ги запознае со условите за можен мировен договор што го дискутирал со Путин на петочна средба во Алјаска. Во пресрет на разговорите, Трамп го повика Зеленски да постигне договор за три и полполгодишниот конфликт со Русија, притоа нагалсувајки дека Украина нема да влезе во НАТО и нема да го врати Крим, како отстапка за постигнување мир. - „Претседателот ...
По три ноќи насилство и судири меѓу демонстрантите и полицијата, антивладините протести во Србија синоќа продолжија со силно полициско присуство, но без поголеми инциденти. Во Белград проетстите се оддржаа пред полициските станици како одговор на полициската бруталност и прекумерната употреба на сила. И Во Ниш, граѓаните и студентите се собраа пред полициската станица, барајќи ослободување на петмина приведени студенти, кои подоцна беа пуштени ...