Нa 07.10.2025 во 17:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.М.(30) од Струмица. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу 300 грама марихуана, едно засадено стебло канабис, повеќе различни пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното ...

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025 Панчо Минов. Тој беше роден на 21 август 1958 година во Кавадарци. Од Општинската изборна комисија Кавадарци за МИА информираат дека утрово добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија. -Утрово добивме потврдена информација. Починал Панчо Минов. Сега ние ќе известиме до Државна изборна комисија, ...

Македонецот Мартин Сипковски (21) кој загина од експлозија што се случи на 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград имал кај себе околу 1,5 килограми експлозив „Пентрит“, што го разнесе изнајмениот стан, објавија белградски медиуми. Неговиот идентитет беше утврден за време на обдукцијата и размената на податоци меѓу српската и македонската полиција по анаиза на ДНК. Според белградските медиуми, неофицијално станува збор ...

Од денеска пријавување, од наредната недела вакцинација против сезонски грип. На vakcinacija.mk , можат да се пријават сите кои се во ризичните групи за кои заштитата од сезонскиот вирус е бесплатна. Годинава, Министерството за здравство набави најголема количина на вакцини, 80.000, кои се наменети за постарите од 65 години, лица со хронични заболувања, трудници, деца до 5 годишна возраст и здравствени работници. Освен преку апликацијата, ...

Две лица, управители на дом за стари лица во скопски Капиштец, се приведени под сомнение за нехуман третман на штитениците. Во заедничка акција на полицијата и обвинителството извршиле претрес на четири локации од кои се обезбедени докази. -Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица. Денеска се ...

Ранет носителот на советничката листа на ДУИ во Липково. Маскирано лица пукало во д-р Зекирија Шаини додека тој се возел во автомобил. Од видеото на безбедносните камери се гледа како едно лице со качулка на глава и пиштол го чека автомобилот и пука директно во него. Д-р Шаини е надвор од животна опасност велат од ургентниот центар во Скопје каде бил транспортиран од кумановската болница. Според полицијата, во него пукале две лица кои се движеле ...

Основното јавно обвинителство Кочани поведе истрага против 37-годишен маж од Виница поради кривично дело тешка телесна повреда, откако физички нападнал друго лице, нанесувајќи му повреди опасни по живот. -Осомничениот на 2 октомври, на паркинг простор пред ресторан во Виница, со умисла тешко телесно повредил едно лице и му го довел во опасност животот. Откако започнал вербална расправија со оштетениот во ресторанот, осомничениот пред објектот ...

Двајца обвинители од Основното јавното обвинителство Куманово вршат увид на местото на оружениот инцидент во центарот на Куманово, во кој е повредено едно лице. Според ЈОРСМ, првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но обвинителството ги проверува сите околности. -Во однос на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни ...

Поради уличен дефект утре прекинато водоснабдување ќе имаат повеќе улици во општините Центар и Аеродром. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето во општина Центар ќе биде прекинато од 8:30 часот сѐ до завршување со санација на дефектот. Без вода ќе бидат улиците „Питу Гули“, дел од „Загребска“, „Ганчо Хаџипанзов, „Капиштец“, „Димитар Пандилов“, „Караорман“, висока зона „Козле“ и крак еден, три, пет и седум од улицата ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува -0.2 отсто, соопшти Државниот завод за статситика. Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, Разновидни ...

Без струја утре ќе останат дел од жителите на скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН. -На ден 08.10.2025 (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од ул.с. Долно Лисиче (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт; во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица „Божидар ...

На 71 годишна возраст по кратка борба со тешка болест денес почина Халид Бешлиќ. Кон крајот на август, Халид Бешлиќ бил хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што бил под постојан надзор на лекарите. Бешлиќ остави зад себе богато музичко наследство и бројни безвременски хитови, со кои стана една од најпрепознатливите легенди на народната музика во регионот. Меѓу неговите најголеми хитови се: „Миљачка“, „Ја без ...

Светска банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија. Годинава БДП ќе порасне за 3,1 отсто, а следните 2-3 %. Растот ќе го предводат јавните инвестиции и зголемениот извоз, а како ризици се детектирани надворешните фактори, управувањето со јавните инвестиции, забавувањето на активноста на клучните трговски партнери, но и постојаната емиграција. Поголем раст од нас ќе имаат Албанија, Косово и Црна Гора, додека Србија и Босна се ...

Во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик, втор ден од разговорите помеѓу Израел и Хамас за планот на Трамп за запирање на војната во Појасот Газа. Во разговорите учестуваат и претставнци на Катар, Египет и на САД. -Мислам дека наскоро ќе го имаме договор. Навистина мислам дека ќе имаме договор. Имаме навистина добри шанси да постигнеме договор и тоа ќе биде траен договор, изјави Доналд Трамп, претседател на САД. На денешен ден, пред две години ...

Едно лице е рането попладнево откако врз него било пукано од возило во движење на улицата зад зградата на општина Куманово. Локалниот медиум Кумановски муабети објави дека се работи за кандидат за советник во Општина Липково. МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково и оти е пренесен во кумановската болница. – Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 ...

Модернизирање на 30 улици и подобрување на сообраќајната безбедност, ветува кандидатот за градоначалник на СДСМ, Горан Герасимовски, кој по вторпат ја бара довербата на центарци. Меѓу улиците кои ќе добијат нов лик е и Ленинова. Нов кружен тек, мега парк и реконструкција на улици најави кандидатот за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатот за прв човек на Гази Баба од редовите на СДСМ, Влатко Митовски пак ветува три ...

Ако пред повеќе од 300 години во октомври, Пиколомини го срамни со земја Скопје, овој октомври оној што ќе стане градоначалник на главниот град ветува дека како феникс ќе го издигне од пепелта. Градот убав пак ќе никне- со мега паркови, нула фатални сообраќајни несреќи, функционален јавен превоз, железничка линија, конгресен центар. Ветувањата на кандидатите за градоначалници се дека Скопје ќе стане светска метропола. Нов кружен тек во Бутел и ...

Мали се шансите државите членки на ЕУ да се откажат од ветото и да воведат квалификувано мнозинство како начин на донесување на одлуки во Унијата, но тоа секако ќе го зголеми притисокот врз државите што често знаат да блокираат поради билатерални прашања. Ова е шансата што треба Македонија да ја гледа во новата инцијатива на Словенија, Австрија, Германија и Италија до претседателот на Европскиот совет Кошта за примена на начинот на ...

Расипани скенери, детектори за метал, оружје од втората светска војна. Независниот синдикат на судската полиција смета дека со средствата кои ги поседуваат, делумно, нарушена е безбедноста на судовите. Откриваат дека многу често има обиди за внесување ладно и огнено оружје во судовите. „Можам да кажам дека имаме судови низ Македонија каде што секојдневна е оваа појава. Честа е појавата, се пронаоѓа и огнено и ладно оружје“, изјави Владимир ...

Плаќањето за македонските граѓани и компании кон Европската Унија станува поевтино. Од денеска Македонија е членка на СЕПА – единствената област за плаќање во евра. Одобрени се апликациите на девет домашни банки, до крајот на годината се очекува уште три да се приклучат на СЕПА. Првите трансакции се направени уште денеска. -За извршување на трансакции од 500 евра за граѓаните преку дигиталните канали, електронско и мобилно банкарство се нудат по ...

Трошоците за живот во септември повисоки за 4% споредено со истиот месец лани, пресмета статистика. Ова е намалување од август кога годишната инфлација беше 4,4%. Изминатата година поскапело речиси се, а најмногу алкохолните пијалоци и тутунот. И покрај тоа што на годишно ниво цените се уште растат, во однос на август, септемвриската инфлација бележи намалување за 0,2%. Според статистичарите, поевтинување има кај транспортот од над 3%, а кај ...

Министерството за дигитална трансформација најави дека од јануари следната година целосно ќе се автоматизира пријавувањето на новороденче, информира министерот за дигитална трансформација, соопшти неговиот Кабинет. - Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни ...

Вкупно 1.158 парчиња часовници со потпис на заштитени трговски марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничниот премин Богородица. Случајот е откриен од мобилен царински тим, кој поради сомневање изврши детален преглед, при што се пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60.852 денари. Поради основано сомневање за ...

Во периодот јануари-септември годинава, дебарските пожарникари имале 92 интервенции, што е речиси идентична бројка споредено со истиот период минатата година. - Од вкупниот број 69 се пожари на отворен простор, 14 на објекти, 8 се технички интервенции и една на сообраќајно средство. За разлика од минатото лето кога имавме пожари на отворен простор од големи размери, и со голема материјална штета, годинава такви случаи немавме. Еден од пожарите ...

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, ...

Државниот инспекторат за земјоделство и АХВ вршат вонредни контроли кај извозникот, откупувачите и производителите по известувањето дека во црвена пиперка од Македонија продадена во Хрватска е најден инсектицидот метомил од 0,049 mg/kg. Пратката од околу 156 тони била извезена на 09.09.2025, и по гранична контрола била пуштена во Хрватска. Примерокот за анализа е земен на 23.09.2025 година од малопродажната мрежа, а известувањето дека е ...

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денес е објавено ново партнерство – со компанијата Нестле. Официјално, @maggi.macedonia е нов спонзор на македонската ракометна репрезентација. Договорот за соработка е со важност две години. – Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со овој бренд, кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со ...

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, го критикуваше настапот на напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, против Челзи (1:2) во 7. коло од Премиер лигата. - Со доаѓањето на играчи како Александар Исак, Уго Екитике и Флоријан Вирц, и парите што клубот ги потроши, што мисли Салах сега? Најдобрите играчи имаат его. Кога сè оди добро, постигнувате голови и победувате на натпревари, тимот ќе го прифати тоа. Но, во последната недела ја ...

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, нема да игра за репрезентацијата на Уругвај во октомвриските средби, објави „ESPN“. Отсуството на 27-годишникот од репрезентацијата на Уругвај не е поради повреда или несогласување. Тоа е заедничка одлука помеѓу играчот и селекторот Марсело Биелса. Уругвајската репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Доминиканската Република на 10 октомври и против Узбекистан на 13 ...

Граѓаните и компаниите од денеска ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Со приклучувањето кон СЕПА им се овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од уште 40 земји. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески вели дека земјава практично станува дел од Единствената област за ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
84%
1024
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
69%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.3
84%
1026
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 2ᴼ
2.06
88%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
84%
1024
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1023
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
2.06
86%
1027
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1025
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
100%
1025
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.58202

Сребро

2105.58

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Калај

43.15

Паладиум

53788.20

Кобалт

58.42

Цинк

3.04

Алуминиум

2.92

Бакар

10.93

Платина

62683.26

Родиум

258813.51

Злато

139298.91