Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
На 21. 08.2025 во 18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во с.Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата ...
На 21.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, додека со телесни повреди нејзината 12-годишна ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац денеска предупреди дека градот Газа може да биде уништен ако палестинската група Хамас не ги прифати условите на Израел, кои се подготвуваат за голема офанзива во областа. Еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе ѝ дозволи на армијата да го заземе градот Газа, Кац предупреди дека најголемиот град во енклавата може „да се претвори во Рафа или Бејт Ханун“, кои беа уништени ...
Израелската воена агенција за координација на владините активности на териториите (ЦОГАТ) соопшти дека „категорично го отфрла“ извештајот одобрен од ОН, кој за прв пат потврдува дека има масовен глад во дел од Појасот Газа, објави ДПА. Во извештајот, објавен денеска, се наведува дека според Интегрираната класификација на фази на безбедност на храната (ИПЦ), постојат „суштински докази“ дека масовен глад се случува во Појасот Газа, ...
Напад со беспилотно летало врз конвој на Обединетите нации ги запали и уништи сите 16 камиони што носеа храна во северен Дарфур во Судан, погоден од глад, соопштија вечерва Обединетите нации. Според портпаролот на ОН, сите возачи на конвојот на WFP и помошниот персонал се безбедни. Не е познато кој е напаѓачот, објавија ОН. Ова е втор ваков напад во последните три месеци, извршен со намера да се спречи конвој на ОН да достави храна во Северен ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги проверува податоците на повеќе од 55 милиони лица кои имаат важечки визи во САД, за да утврди дали постојат одредени прекршувања што би можеле да доведат до нивна депортација. Американските медиуми наведуваат дека овој чекор значи заострување на мерките против странците на кои им е дозволено да останат во САД. Стејт департментот соопшти дека сите иматели на американски визи, ...
Украина мора да премине од дефанзива против руските напади во офанзива за да „izврши притисок врз Русија“, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во четврток. -Оваа војна мора да заврши и ние мора да извршиме притисок врз Русија, рече тој во своето вечерно видео обраќање. „Рускиот претседател Владимир Путин „не разбира ништо друго освен сила и притисок“, додаде тој. Коментарите на Зеленски доаѓаат откако американскиот ...
Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди преминот Дрејк, водено подрачје помеѓу јужниот врв на Јужна Америка и Антарктикот, а Чиле издаде предупредување за цунами за Чилеанската антарктичка територија. Хидрографската и океанографската служба на Чилеанската морнарица издаде предупредување за цунами за Чилеанската антарктичка територија откако земјотресот со јачина од 8,0 степени го погоди 258 км северозападно ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе биде нестабилно, краткотрајно во форма на невреме со засилен до силен југозападен ветер. ...
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат корисниците на неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД од 07:00 до 14:00 часот без стр8ија ќе бидат корисниците од дел од ул.Боца Иванова во близина на Јафа во општина Бутел. Од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе ...
Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. Активните пожари се на територија на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес, Сопиште. Во „Јасен“ гори мешана шума. На територија на село Беловодица, место викано „Ливада“ и село Лењиште, гори букова ...
Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен оператор. Предвиденото јавно наддавање ќе се изврши доколку за исто одобрение за користење радиофреквенции се квалификуваат најмалку двајца понудувачи. Доколку се заокружи постапката со која што покрај „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“ во државава ќе добиеме нов мрежен оператор, според оценката на ...
На 21.08.2025 Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено и казниво по член 193-а став 3 од Кривичниот законик. По добиена информација од полицијата во Германија за спроведена истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на ...
Премиерот не ја исклучува можноста новите правила на ДИК за независни кандидатури да предизвика хаос на локалните избори. Ако се случи масовна појава, ливчето може да биде долго и до 8 метри а тоа да ги обесхрабри граѓаните да гласаат. Премиерот предупреди дека Владата ќе мора да интервенира ако изборниот процес пропадне. За имињата на останатите кандидати и носители на советнички листи ВМРО ДПМНЕ се уште е во фаза на анализа и ќе ги објави ...
Во еден од најимпресивните планински региони во Албанија, регионот Никај-Мертур во северниот албански град Тропоја, поставена е статуа на Исус Христос. Тоа е прва ваква статуа во Албанија. Споменикот наликува на познатата статуа „Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро. – Статуата е направена од Сокол Ндуе Прогни, жител на областа, и наликува на оригиналната во Рио, каде што Христос се појавува со раширени раце. На церемонијата на инаугурација ...
Долги избирачки ливчиња кои ќе ги одвратат гласачите на локалните избори. Колку е ова реално сценарио? Експертите велат дека тоа нема да биде случај во поголемиот дел од општините во државата. Неуспешни избори за градоначалник се можни, но само во помалите општини кои најмногу се погодени од иселувањето. Аналитичарот Сефер Селими смета дека изјава на премиерот е само притисок врз независните кандидати. -Сценариото е многу малку изводливо, речиси ...
Отако интерпелациите за членови на судскиот совет и Јавниот обвинител не дале резултати, владата со решителна акција ќе го прочистува судско-обвинителскиот систем.. Премиерот Христијан Мицскоски смета дека сите кои ја урнисале довербата, не само што треба да бидат сменети, туку и да понесат одговорност.. Свесен е дека во извештаите на меѓународните организации, акцијата ќе биде толкувана како притисок, но вели дека е време правосудниот систем да ...
Жените жртви на семејно насилство и натаму не добиваат соодветна заштита од институциите, покажа новиот извештај на Државна ревизија. Иако земјава одамна ја ратификуваше Истанбулската конвенција и донесе пет годишен акциски план со 50-ина активности, ниту половина не биле реализирани. „Мерките и активностите кои беа предвидени во националниот акциски план за имплементација на Истабулската конвенција, сите бараат алоцирање на финансиски средства. ...
Странски доктори ќе ја сочинуваат стручната комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Сашко Кедев дека во приватни болници сечеле граден кош и опрерирале без потреба. Министерот за здравство ги бара овие експерти во кардиохирургијата и кардиологијата од европски држави кои ќе проверуваат медицинска документација во приватните но и во државните установи кои прават вакви интервенции. -Дајте време на таа експертска комисија, затоа и инсистирав ...
Две бараки на поранешен Макотекст целосно изгореа во големиот пожар кој изби околу пладе, во населбата Карпош 4. Се работи за стар објект во кој во еден дел има отворено сервис за возила и барака во која според ЦУК имало бои и лакови и други хемикалии. Густиот чад за неколку минути се прошири и кон околната станбена зграда, но со интервенција на пожарникарите беше запрено ширење на пожарот. Нема повредени жители, но еден пожарникар поради ...
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје,постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ. Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на ...
СВР Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“, по член 353 ст.1 од КЗ на РСМ, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. поранешни генерални директори на АД Пошти на Северна Македонија во државна сопственост Скопје. Според сознанијата од превземените опсежни истражни дејствија пријавените во текот на 2023 година пропуштиле должен надзор над работењето на своите ...
До 18:00 часот на територија на цела држава има регистрирано 20 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, еден е под контрола, а 12 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), се уште е активен пожарот во повеќенаменско подрачје „Јасен“ и во општина Студеничани, кај село Горно Количани и село Драчевица – планински врв Китка. Активни пожари има во струшкото село Подгорци, кај прилепското село Беловодица – ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва ќе се обрати и ќе го отвори 64. издание на Струшките вечери на поезијата, коешто се одржува под нејзино покровителство. Манифестацијата, како што соопшти Кабинетот на Претседателот, ќе започне во 20 часот и 30 минути во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. -Во рамките на свеченото отворање на фестивалот ќе бидат одржани „Поетските меридијани“, коишто ќе започнат со претставување ...
Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ пред неколку часа почна да се влошува поради силниот ветер кој почна да дува во попладневните часови. Постепено неговата брзина се зголемуваше, предизвика голема непријатност, пожарот се движеше со исклучително голема брзина, горејќи ги боровите стебла, создавајќи висока температира и густ црн чад, кој удираше на гребенот, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. ...
Зголемен род од 25% и повисока откупна цена на грозјето најавува министерот за земјоделие. Очекува берба од над 100 милиони килограми грозје, а цената за килограм смедеревка е утврдена на 18,9 денари, додека на Вранецот 21,3. Иако овие цени се нешто над половина денар повисоки од ланските, Трипуновски вели дека влезните трошоци за производство оваа години им биле пониски на лозарите, па заработката ќе им биде повисока - Знаете дека зелена нафта ...
Палестински цивили бегаат од делови од градот Газа откако Израел ги почна првите чекори од планираната копнена офанзива за заземање на главниот град на Појасот Газа.. Војската воспостави контрола врз предградијата Зејтун и Џабалија. - Ќе го продлабочиме нападот врз Хамас во градот Газа, упориште на владиниот и воениот терор.Ќе ги интензивираме нападите врз терористичката инфраструктура над и под земјата и ќе ја прекинеме зависноста на ...
Турција денеска официјално го укина бродскиот сообраќај со Израел. Денеска стапува во сила забраната за влез во турските пристаништа за сите бродови кои пловат под знамето на Израел, како и на бродовите кои се во сопственост на израелски државјани. Во исто време, турските власти им забрануваат на сите бродови што пловат под турско знаме да патуваат и да не транспортираат стоки во Израел. Исто така сопствениците на бродови треба да потпишат ...
Група од четири, веројатно малолетни лица, доцна синоќа со камења нападнале автобус со српски туристи на автопат на излез од Солун, а полесно се повредени три лица, меѓу кои вториот возач и две патнички, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, автобусот се враќал од Халкидики кон Србија, а инцидентот се случил на стариот излез за автопатот Солун-Верија. Фрлените камења биле големи и скршиле прозорци, а од стаклото вториот ...
Вечерва „градот под Исарот“ ќе пулсира во ритамот на музиката на Тоше Проески. Штип по втор пат со концерт во Дом на млади ќе му оддаде почит на човекот што остави неизбришлива трага зад себе. Концертот е од хуманитарен карактер, а преку ден се организира и крводарителна акција под мотото „биди хуман како Тоше“. - Сите знаеме колку хуман беше тој и каква мисија имаше, па сето тоа на еден мал начин да го продолжиме. Поканети се сите крводарители, ...