
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Ќе отидам во Белата куќа тогаш кога ќе имаме пакет со решенија за трговските прашања со кој ќе се согласиме со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска претседателката на Европската комисија. – За мене е важно ако одам во Белата куќа, да имам пакет и сакам да имам решение за кое двајцата можеме да се согласиме, тоа е она на што работиме во моментов во рамки на разговорите со САД, рече Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција ...
Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото. Обвинетиот Васил Јованов, кој е редовен студент и беше спроведен од затворски притвор, пред Судот рече дека го разбира делото за кое е обвинет и ...
Полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР во рамки на вчерашните активности во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава издале 777 платни налози. Како што соопшти МВР, статистичките показатели од аспект на законските одредби врз основа на кои се детектирани сторените прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на ...
Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија за МИА од Клиничка болница-Штип. Во болницата е донесен без знаци на живот, со неколку прострелни рани. Лекарите пробувале да го реанимираат, но обидите биле несупешни. Лицето кое синоќа пукало во починатиот Е.О е во бегство. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Штип соопштија дека јавен обвинител од ...
Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. - Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка, се вели во соопштението од обвинителството. МИА претходно ...
Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип. На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал. По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, ...
Среќен 9 Мај - Денот на Европа!, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фесбук профил. - Денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. Нека ни биде потсетник дека преку дијалог, солидарност и почит кон различноста можеме да градиме подобра иднина за сите. За Македонија, Денот на Европа не е само симболика, тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи ...
Обновениот спорстки стадион „ССК“ во населбата Драчево во општина Кисела Вода синоќа е пуштен во употреба. Општинската прес-служба соопшти дека по децениска запуштеност и негрижа, стадионот кој некогаш важеше за едно од главните спортски обележја на Кисела Вода, доби целосно нов лик во согласност со современите спортски стандарди. Станува збор за целосна реконструкција што опфаќа девет нови соблекувални, современа теретана, туш кабини, ...
На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(50) од Велес. Тој, управувајќи патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки без возачка дозвола, на улица „Димитар Влахов“ во Велес удрил во патничко возило „опел“, управувано од Р.И.(44) од Велес, по што продолжил со движење и на улица „Петре Прличко“ удрил во рампа на автобуската станица, но повторно не застанал ...
Штитејќи ја природата се штитиме себеси, а генералка викенд треба да прерасне во генералка од 365 дена, порача денеска од Скопскиот аквадукт претседателката Гордана Силјановска Давкова на почетокот на тридневната национална акција за чистење отпад „Генералка викенд“. Забележувајќи дека треба да ја заштитиме природата на надлежните им предочи дека просторот кај Скопскиот Аквадуктот, кој е стар повеќе од 2.000 години треба да биде парк. Таа се ...
Образовниот систем преку теми и содржини во наставните програми ги образува младите да бидат еколошки едуцирани, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска при учеството во акцијата Генералка викенд во Скопје кај Скопскиот аквадукт. Во акцијата денеска се вклучија, претседателката Гордана Силјановска Давкова, општините и Зеднициата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС, амбасадори, волонтери на Црвен Крст и компанијата Пивара ...
Во организација на Сојузот на борци од Тетово и Армијата денеска пред споменикот на револуцијата беше одбележан 9-ти мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Пред споменикот беше оддадена почит на загинатите во Народноослободителната и антифашистичка војна и другите македонски херои со едноминутно молчење и положување букети цвеќиња. Дел од одбележувањето беше читање на пригоден реферат изработен од професорот по историја Љубиша ...
Мерки на претпазливост му се изречени на маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата пред двете малолетни деца. Основното јавно обвинителство од Скопје денеска соопшти дека е поведена постапка против него за кривично дело „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да и се заканува, по што зел ...
Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга, кривично ќе одговараат правното лице, односно продажниот објект, управителот и вработениот што му овозможиле да купи алкохолни пијалоци, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против правно лице од Струга, управителот Т.Б.(44) и вработената В.Н.(54), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Точење алкохолни пијалаци на ...
Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија, денеска даде поддршка за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, во второ читање. За Предлог законот беше поднесен еден амандман, од пратеничката Моника Зајкова од ЛДП, којшто не беше прифатен од мнозинството во Комисијата. Со амандманот пратеничката бара амбасадорот кој се именува од составот на дипломатско-конзуларните службеници да има ...
Од година во година, се помал е одзивот кај младите да се обучуваат за спасители на отворени води во Охрид. Загрижувачко е и тоа што се послаб е интересот кај стопанствениците на плажите за ангажирање на спасители на капалиштата и покрај бројните интревенции на крајот од речиси секоја туристичка сезона. Од Црвениот крст алармираат и на бројни лажни дојави за пожари на плажите од страна на несовесни граѓани. Обуките за спасители кои се изведуваат ...
Да сфатиме дека генералка викенд треба да прерасне во Генералка 365 дена. Почна најмасовната акција за собирање на отпадот. Прва локација - скопскиот Аквадукт. Волонтери, функционери, претставници од невладиниот сектор и градоначалици денеска ги засукаа ракавите и почнаа да го собираат ѓубрето околу скопскиот аквадукт. Значајно културно наследство, оставено на забот на времето, опколено со мали депонии. Образовниот систем ги насочува младите да ...
Со неколку куршуми му пресуди сред штипското кафуле – 25 годишен турски државјанин е убиен синоќа од страна на 21 годишник, исто така од Турција. На видеото од безбедносните камери во кафулето може да се види убиството-налик акционен филм, напаѓачот влегува во кафуето и со пиштол испукува неколку куршуми во сега веќе починатото лице и излегува од кафулето. Гостите во паника почнуваат да бегаат, а неколку доаѓаат да пружат и прва помош на 25 ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина е „подготвена“ за преговори со Москва со цел да се најде решение за конфликтот. „Но, за тоа да се случи, Русија треба да покаже дека сериозно сака да ја заврши војната, почнувајќи со целосен безусловно примирје“, напиша Зеленски на социјалните мрежи по телефонскиот разговор со Трамп. Висок функционер во кабинетот на ...
Новоизбраниот папа Лав XIV денеска ќе ја одржи својата прва голема миса како понтиф на Католичката црква во Сикстинската капела, соопшти Ватикан. Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, им изјави на новинарите дека папата ќе се појави и на балконот на базиликата Свети Петар за пладневната молитва в недела. Кардиналот од Чикаго, Роберт Френсис Превост, вчера по четири круга гласање беше избран за нов папа на Католичката црква по само 24 часа ...
Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова ера на просперитет, мир, демократија, солидарност и соработка на Стариот континент. На 9 мај се чествуваат две годишнини – завршувањето на Втората светска војна во Европа во 1945 година и промовирањето на планот на тогашниот француски ...
Поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера изјави дека презема дел од одговорноста за реизборот на Доналд Трамп во Белата куќа. – Да, преземам, бидејќи, гледајте, јас бев на чело и тој победи. Значи, знаете, јас преземам одговорност, рече во интервју за американската телевизија Еј-Би-Си. Бајден ги отфрли тврдењата за намалување на неговата когнитивна функција за време на неговата последна година на функција. – Тие грешат. Нема ништо ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека влез на Украина во Европската унија би претставувало „економско самоубиство“ за Европа, нагласувајќи дека Унгарија не го поддржува тој процес, ниту забрзана процедура за нејзино членство. Орбан ги критикуваше европските лидери, особено Европската народна партија, поради нивната одлука дека ЕУ мора да „ја продолжи војната, да ги одржува санкциите и целосно да ја елиминира руската енергија, без оглед на ...
Фудбалерите на Челзи и Бетис ќе играат во финалето во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции. Откако минатата недела триумфираше на гостувањето во Шведска над Ѓургарден со 4-1, лондонски Челзи рутински го завери пласманот во финалето со минимална победа на вечерашниот реванш на домашен терен од 1-0. Единствениот гол го постигна Девсбери – Хол во 38 минута. Противник на Челзи во дуелот за трофејот во ...
Англиските прволигаши Манчестер Јунјатед и Тотенхем ќе играат во финалето во Лига Европа на 21 мај во Билбао. Ова е епилогот од вечерашните реванш полуфинални натпревари во кои Манчестер јунајтед го елиминираше Атлетик Билбао со вкупен резултат 7-1, додека Тотенхем го исфрли норвешки Бодо/Глимт со вкупен резултат 5-1. Манчестер Јунјатед ја задржа предноста од првиот дуел во Билбао од 3-0, совладувајќи го вечерва Атлетик со 4-1 пред своите ...
Градските власти на мексиканската престолнина Мексико Сити објавија дека отворањето на реновираниот митски стадион „Ацтека“ ќе се одржи во март следната година. Стадионот ќе биде преименуван во „Естадио Сиудад де Мексико“,. На „Ацтека“ стадионот, кој беше домаќин на мундијалските финалиња во 1970 и 1986 година, ќе биде одигран првиот натпревар од Светското првенство во 2026 година на 11 јуни следната година. Домаќини на СП, покрај Мексико, ќе ...
Заканите на социјалните мрежи секојдневие, но Македонија се уште без закон за сајбер безбедност. Единствена во регионот. Статистката на Министертвото за внатрешни работи покажува дека на нивна адреса во 2024 година, 41 лице се охрабрило да пријави дека добива закани на некоја интернет платформа. А оваа година, заклучно со месец април, помош од институциите за вакви закани побарале 11 граѓани. Првиот човек на министерството за дигитална ...
Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на Неговата Светост, Папата Лав XIV, прв понтиф со потекло од САД, претставува историски настан за Римокатоличката црква и за сите верници ширум светот. Овој избор е симбол на ново време на отвореност, духовна одважност и универзална припадност, но и продолжение на традицијата на мир, солидарност и ...
Бел чад се појави над Систинската капела, сигнализирајќи му на светот дека таинствениот конклав го избрал наследникот на папата Франциск. Откако беа пребројани гласовите и стана јасно дека новиот папа е избран, гласачките ливчиња беа изгорени и беше додадена посебна хемикалија за да се создаде бел чад, додека ѕвоната на црквата „Свети Петар“ беа занишани за да се известат воодушевените верници. Милиони лица сега го чекаат објавувањето на новиот ...
Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав XIV, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и пред десетици илјади собрани верници го одржа својот прв говор по изборот. „Мир со сите вас“, беа првите зборови на 69-годишниот папа, роден во Чикаго, кој зборуваше на италијански јазик. „Браќа и сестри, ова е првиот поздрав на воскреснатиот Христос. Сакам да упатам поздрав на мирот што стигнува до вашите семејства, до сите ...