Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) врши редовни контроли на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи и информира дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции. Во однос на неодамнешните тврдења за наводни непотребни медицински интервенции, изнесени во јавноста, ФЗО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на транспарентноста, почитувањето на ...
Гори поранешен објект на Макотекст фирмата на улица Никола Парапунов покрај Кеј на Вардар кај мостот Обединети Нации. Се работи за стар објект кој повеќето од објектот нема функционалност, но во еден дел има отворено сервис за возила, барака, која има бои и лакови и други хемикалии. Еден воздухоплов на ДЗС враќајки се полн со вода од извршување на задачата за подршка во гаснење на пожарот во Маврово-Ростуше го забележал густиот дим од пожарот ...
За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во населбата Драчево, најави денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, откако заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид на активностите на терен. Во објектот со три занимални, со вкупна површина од 300 метри квадратни ќе бидат згрижени 75 дечиња. - Во општина Кисела Вода листите на чекање се сведени на нула и сме една од ретките општини што се ...
Денеска (21.08.2025) околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки ...
Нуклеарниот „штит“ на Русија треба да се зајакне во наредните години, земајќи ги предвид колосалните закани за нејзиното постоење, изјави генералниот директор на државната корпорација Росатом, Алексеј Лихачев. - Во моментов, во сегашната геополитичка ситуација, постојат колосални закани за постоењето на нашата земја. Затоа, нуклеарниот штит, кој е и меч, е гаранција за нашиот суверенитет… Денеска разбираме дека нуклеарниот штит мора само да се ...
Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат „лавовскиот дел“ од товарот за безбедносните гаранции на Украина. - Не мислам дека ние треба да го носиме тој товар. Мислам дека треба да бидеме од помош во однос на запирањето на војната и убиствата. Но, треба да очекуваме, а претседателот сигурно тоа го очекува, Европа да одигра водечка улога, рече Венс во програмата „The Ingraham Angle“ на Фокс њуз. ...
Сојузен апелациски суд и дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја укине привремената заштита од депортација и да ги поништи работните дозволи на повеќе од 60.000 имигранти од Централна Америка и Непал. Одлуката на Апелацискиот суд за Деветтиот округ ѝ дозволува на владата да го поништи статусот на привремена заштита за имигрантите од Никарагва, Хондурас и Непал, додека пред судот се води постапка против оваа политика. ...
Бројот на неухранети деца во Појасот Газа од март годинава е зголемен за три пати, покажуваат податоците на ОН објавени вчера. Филип Лазарини, шеф на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци-УНРВА (UNRWA), вчера на X внапиша дека „само во градот Газа, речиси една третина од децата се неухранети“. „Ова не е природна катастрофа. Ова е глад предизвикан од човекот што може да се спречи“, рече Лазарини. Бројките на УНРВА се ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги поздрави командантите и војниците распоредени за да помогнат во руските напори за враќање на делови од западниот Курски регион, што беа заземени од украинските војници, објави денеска државната агенција КЦНА,, пренесена од ДПА. Државната агенција соопшти дека Ким вчера се сретнал со командантите на единицата за прекуокеански операции на севернокорејската армија, веднаш по нивното враќање дома. Ким, ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш синоќа го повика Израел да ги запре плановите за оспоруваниот проект за населување на окупираниот Западен Брег, велејќи дека со тоа се крши меѓународното право и е спротивен на резолуциите на ОН, јави ДПА. - Напредокот на овој проект е егзистенцијална закана за решението со две држави. Тоа би го одвоило северниот и јужниот Западен Брег и би имало сериозни последици за територијалната континуитет на ...
Украина ќе одржи интензивни состаноци за да разбере какви безбедносни гаранции се подготвени да обезбедат нејзините сојузници откако доби сигнали дека САД ќе поддржат дискусии насочени кон прекин на војната меѓу Русија и Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Деталите се разработуваат меѓу советниците за национална безбедност и воените претставници, а Зеленски верува дека ќе има повеќе информации во рок од 10 дена. Потоа ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР – Сектор за борба против тероризам, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава по брза постапка против С.А.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394 - б од Кривичниот законик. По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.08.2025 во 02.41 часот ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени ...
Во текот на изминатото деноноќие, на територија на државава, имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Прилеп и на Маврово и Ростуше. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“, гори букова шума. На територија на село Церово горат нискостеблеста дабова шума ...
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП “Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП “Богородица” ...
Конференција насловена „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“ ќе се одржи денеска во М6 Едукативниот центар во Скопје, на која домашни и странски експерти ќе говорат за концепти, активности и предлози за надминување на предизвиците со кои се соочува лозарството, особено во услови на климатски промени. Како што информираат од Здружението на производители и извозници на вино и други пијалоци произведени од грозје „Вина од ...
Велика Британија е подготвена да испрати војници во Украина за да го бранат воздушниот простор и морските пристаништа, но не и на бојното поле против Русија, ќе изјави началникот на британската армија Тони Радакин на состаноците во Пентагон, објавува Гардијан. Радакин, началникот на Генералштабот, денеска учествува во разговорите во Вашингтон за финализирање на обврските што 30 земји се подготвени да ги преземат за безбедноста на Украина по ...
Од понеделник ќе се менуваат регистарските таблици на над 6 илјади службени возила. Функционерите од Владата, министерствата и останатите државни институции ќе се возат во автомобили со црвени таблици испишани со жолти бројки и букви. Процесот комплетно треба да биде завршен за еден месец отсега. Целта е, меѓудругото, да се спречи развозување на партиски настани и митинзи во пресрет на кампањата за претстојните локални избори. „Таблиците се ...
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е здравствена установа со висока репутација во земјата и регионот, изградена во текот на изминатите 25 години. Болницата е дел од втората најголема групација на болници во светот и препознатлива по врвниот медицински тим од 260 доктори, кој на секој пациент му пристапува со професионалност, стручност и целосна посветеност. Благодарение на овој пристап, во нашата болница секоја година се регистрираат над ...
Само 1916 службени возила пријавиле функционери и институции до ДКСК, пред локалните избори до предвидениот рок, 18 август. Според статистиката институциите расолагаат со 6.500 возила, а за да не бидат злоупотребени во предизборна кампања од страна на функционери, Владата апелираше сите кои не ги пријавиле, тоа да го сторат што е можно побрзо. За граѓаните да може полесно да ги препознаваат службените возила на институциите и функционерите ...
ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што самите го направиле во минатото. Вака реагираат од Владата откако вчера во ДИК не беше донесено упатството согласно одлуката на Владата од септемри лани со која беше намален бројот на советници во 14 општини според резултатите од пописот од 2021 –ва. - Владата носи одлука врз основа на веќе постоечки попис од 2021 година, направен во време кога во влада беа СДСМ ...
Успешно завршени три арбитражни постапки во корист на државата. Портпаролката на Владата уверува дека овие постапки на државата ѝ заштедиле 565 милиони евра. -Арбитражна постапка позната како Казандол против Македонија со вредност од околу 115 милиони евра. Арбитражна постапка позната како САСА против Македонија, со вредност од 445 милиони евра. Арбитражна постапка ГАМА против Македонија, со вредност од над 5 милиони евра. Овој исход е потврда ...
Oтишол да фрли ѓубре, се вратил дома со казна. Скопјанец се соочува со казна од 40 евра, откако оставил вреќа со смет до преполн контејнер, бидејќи немало место во него. Иако логично решение во тој момент, инспекторите сметале дека сторил прекршок и веднаш му напишале казна.Претходно, си седеле во автомобил и чекале некој граѓанин да направи ваков прекршок. Дека контејнерите биле преполни, сведочат и фотографиите кои ни ги испрати скопјанецот ...
Поранешниот директор на истражниот затвор во Шутка, Филип Андов, седна на обвинителна клупа во кривичниот суд.. Тој е обвинет за злоупотреба на на службената функција, бидејќи, според Обвинителството, подолг период им дозволувал на петмина осуденици да ја напуштаат установата. Со службено возило на затворот тие биле носени до своите домови и други локации, иако такви погодности, како што наведува обвинителството, не им следувале согласно ...
На територијата на државата до 18:00 часот има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари, еден е под контрола и изгаснати се осум пожари, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни се пожарот во Јасен, во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума, во село Церево, во Општина Маврово и Ростуше, каде гори нискостеблеста дабова шума и сеча, како и на Неготинска петља кон атарот на село Чегране, во Општина ...
- Во реонот на Јасен, во текот на вчерашниот и денешниот ден припадници на Командата за операции од воздух и копно учествуваат во гасење на шумскиот пожар, при што се исфлени 102 тони вода. Како што објави Армијата на Фејсбук страницата, во рамки на воздушната интервенција со хеликоптер Ми-8МТ беа реализирани вкупно 46 водени исфрлања (ведра), со што беа испуштени околу 102 тони вода. -Во гаснењето на овој пожар се вклучени и припадници на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело - Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството. Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во ...
Во сабота во 17:00 часот во третото коло од првата македонска фудбалска лига Силекс ја пречекува екипата на Македонија Ѓорче Петров. По тој повод навивачката група на Силекс, Кратери повикува на мобилизација. "КРАТЕРИТЕ СЕ МОБИЛИЗИРААТ!!!!! • ВЕРНИ КРАТЕРИ - СИТЕ ЗАЕДНО! ВО САБОТА, 23-ТИ АВГУСТ, КРАТОВО МОРА ДА ГРМИ! НАШИОТ СИЛЕКС ИЗЛЕГУВА НА ТЕРЕН И НИ ТРЕБА СИЛАТА НА CEKOJ ЕДЕН КРАТЕР! ОДИМЕ НА ТИТУЛА! ДА БИДЕМЕ 1 ЧАС ПРЕД ПОЧЕТОКОТ, УШТЕ ОД ...
Поранешниот светски рекет број 2 Каспер Руд оцени дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња, додавајќи оти српскиот тенисер би ги надминал легендата на НФЛ лигата Том Брејди и НБА кошаркарот Леброн Џејмс во повеќето физички тестови. Ѓоковиќ е апсолутен рекордер со освоени 24 грен слем титули, а, исто така, помина рекордни 428 недели на првото место на АТП ранг-листата. „Новак е најголемиот спортист во сите спортови во ...
Во Украина денеска ќе се вратат повеќе од 10 деца киднапирани од Русија, а официјално досега се вратени 1509 деца во нивната татковина, објави Катерина Рашевска, доктор по меѓународно право и експерт на Регионалниот центар за човекови права. -Денеска, ќе се врати уште една поголема група деца; засега не можам да го дадам точниот број, но знам дека има повеќе од десет, па оваа статистика од 1.509 ќе се зголеми. Ова е благодарение на ...