Во исчекување на конечниот договор за крај на војната, американската војска соопшти дека соборила неколку ирански дронови кои целеле на коемрцијални бродови во ормутскиот теснец. Централната команда соопшти дека ги неутрализирале сите и дека сообраќајот во теснецот се одвива без проблеми. Шефот на иранската дипломатија Арагачи, вчера доцна вечерта ја потврди информацијата која претходно ја соопшти американскиот Претседател Трамп, дека ...

Американскиот Претседател Доналд Трамп тврди дека Иран се согласил да се откаже о нуклеарното оружје. Во објава на социјалните мрежи, Трамп вели дека официјален Техеран никогаш нема да има вакво оржује. „Договорот е предвидено да биде потпишан утре, а веднаш по неговото потпишување, Ормускиот теснец ќе биде ОТВОРЕН ЗА СИТЕ. Нашиот однос со Иран е многу поинаков и подобар од оној што го имаа претходните администрации.“ – напиша Трамп во ...

Поголемиот дел од територијата на Украина беше под предупредувања за воздушен напад во раните утрински часови утрово, а украинските беспилотни летала беа одбиени над Русија додека двете земји продолжуваа да разменуваат напади. Во Киев, четири лица беа убиени, а манастирот Печерска Лавра, обележје на украинската духовна и културна историја, се запали за време на нападите. Комплексот е основан во 1051 година. Петмина припадници на службите за ...

Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави дека меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е „мошне општ документ“ и оти деталите за конечниот договор ќе бидат усогласени во текот на натамошните преговори. Значи, постојат некои дипломатски протоколи, Шон. Постојат некои низи според кои Пакистанците се вклучени во ова. Катарците се вклучени во ова. И она што претседателот го кажа е дека договорот ќе биде објавен во петок (19 јуни). Тој ...

Војните во Украина и на Блискиот Исток во фокусот на Г7 Самитот во францускиот ресорт Евијан-ле-Бен, на брегот на Женевското Езеро. Европските дипломати имаат една цел - да извршат силен притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп за да ја ревидира својата стратегија за Киев бидејќи сметаат дека досегашните предлози на САД биле премногу во корист на Москва. На самитот присутен е и украинскиот претседател Володимир Зеленскиј, кој беше ...