Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Половина тон од наркотична супстанца Кат (Khat) позната и како „природен кокаин“, бил откриен и запленет на атинскиот аеродром Елефтериос Венизелос, а се проценува дека вредноста на дрогата е околу 1,5 милиона евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Кат се добива од растението Catha edulis што се одгледува во источна Африка и во јужниот дел на арапскиот полуостров. Дрогата на ...
Голем шумски пожар избувна ноќеска на хрватскиот остров Брач, а противпожарните сили и денеска се борат со огнената стихија, јави Хрватската радиотелевизија (ХРТ). Околу полноќ, пожарникарите добиле пријава за пожар во густа борова шума кај селото Ново Село. На терен се распоредени 43 пожарникари со 15 противпожарни возила, а утрово во гаснењето се вклучи и авион „Канадер“. Досега изгореле околу седум хектари борова шума и ниска вегетација. ...
Ризикот да се загине во сообраќајна несреќа во Бугарија е 2,5 пати поголем од просекот на Европската Унија, се вели во соопштение на Институтот за патна безбедност, пренесе Бугарското национално радио (БНР). Директорот на Институтот, Богдан Милчев, предупредува дека е неопходно итно насочување кон отстранување на пропустите во работата на институциите, бидејќи постои чувство за системска неодговорност. Поминаа речиси три месеци од ултиматумот ...
На 17.08.2025 во 10:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје. Во несреќата со ...
Две возрасни лица и три деца се повредени од кои едно дете на деветгодишна возраст се здобило со тешки телесни повреди при сообраќајка меѓу автобус и две возила на патот Кичево - Гостивар, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. - Вчера во 10 часот во ОВР - Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево - Гостивар, кај село Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски ...
На 17.08.2025 во 15.25 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода Џ.З.(46) од кичевското село Стрелци. При контрола во патниот сообраќај на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, при што констатирале дека таа го управува возилото со брзина од 107 километри на час на место каде со сообраќаен знак има ограничување на брзината од 50 ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 76,00, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 67,00 ден/лит. За ...
Запалена цигара оставена на душек, била причина за пожар во Кавадарци, за ваков несекојдневен пожар во кој за среќа, нема повредени, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Синоќа во 19:23 часот во ОВР - Кавадарци, било пријавено дека настанал пожар во домот на Е.А., на возраст од 26 години од Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица - Кавадарци, а повредени лица нема. Увид на ...
Во текот на вчерашниот ден (17.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 861 издадени платни налози повеќе од половината од платните налози, односно 596 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење. За разлика од тоа, според статистичкиот преглед од полициските активности, ...
Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија и преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика. Причината, како што посочуваат од ИНРМ, е продолжената пракса на издавање таканаречени „паушални фактури за струја“, иако од 29 мај 2025 година законот наложува фактурите да се засноваат исклучиво на реално измерена ...
Македонија испишува нова, позитивна и убава историја како за државата, така и за македонските земјоделци. Се вреднува и се исплаќа трудот и маката на земјоделците и со македонски производи се полнат државните резерви. За прв пат во историјата, државните стоковни резерви се полнат со пченица купена од земјоделците производители. Наместо од трговци, кои препродаваа српска пченица, на што ставаа дебели маржи, сега парите и профитот ќе одат ...
Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упатуваме искрени честитки до припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, до сите сегашни и поранешни воени лица, како и до нивните семејства, по повод 18 август – Денот на Армијата. Армијата претставува столб на сигурноста, одбраната и стабилноста на нашата држава. Со својата посветеност, дисциплина и професионалност, армиските припадници се грижат за безбедноста на нашите ...
Осум пожари на отворен простор се регистрирани до 12 часот денеска ширум државава. Од нив, три се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активните се на територија на општините Македонски Брод, Студеничани и Липково. Мешана шума гори во „Јасен“. Мешана шума и ниска вегетација се опожарени на територија на селата Драчевица и Цветово. Борова шума ...
Премиерот Христијан Мицкоски, по повод Денот на Армијата - 18 Август, порача дека нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина. - Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на државата. Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение на илинденската и асномската идеја, идејата за независна и слободна Македонија. ...
Кина очекува сите страни поврзани со украинската криза да учествуваат во мировни преговори со цел постигнување траен договор, прифатлив за сите засегнати страни, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг. – Се надеваме дека сите страни и актери ќе се вклучат во мировни преговори навреме и што е можно поскоро ќе постигнат праведен, траен, обврзувачки и прифатлив договор, рече Мао на прес-конференција. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш“, отфрлајќи ја идејата Украина да се приклучи на НАТО и да го врати Кримскиот полуостров анектиран од Русија како нереална. На својата платформа Truth Social, Трамп рече дека Зеленски „може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака, или може да продолжи да се бори“. „Се сеќавате ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон изјави дека се надева дека „заедничката сила“ на Украина со своите американски и европски колеги ќе ја принуди Русија да склучи мир. „Благодарен сум на американскиот претседател за поканата. Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна“, рече Зеленски на Телеграм по пристигнувањето во Вашингтон доцна синоќа. „И се надевам дека нашата заедничка сила со ...
Кина првпат инсталираше и употреби обемен и професионален модел на вештачка интелигенција на Кинеската вселенска станица, каде што ВИ треба да помага во подготовката за активностите на астронаутите и обезбеди информирана и специјализирана поддршка за нивната работа во Земјината Орбита. ВИ-системот, познат како „Вуконг вештачка интелигенција“, е лансиран во орбитата со товарното вселенско летало „Тијанџоу-9“. Развиен врз основа на домашни модели ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека е спречен обид на украинските специјални служби да предизвикаат експлозија на автомобил-бомба на Кримскиот мост. „Возило со импровизирана експлозивна направа со голема моќност пристигна во Русија од Украина преку транзит низ неколку земји. Ја преминало руско-грузиската граница на меѓународниот контролен пункт Верхни Ларс во Република Северна Осетија-Аланија и требаше да продолжи ...
Македонската одбојкарска репрезентација вчера во Скопје ја совлада Грузија и избори учество на Европското првенство 2026. Македонците по четврти пат во низа ќе играат на континенталното првенство. „Црвено-жолтите“ успеаја да дојдат до посакуваната убедлива победа над Грузијците со 3:0, по сетови 25:13, 25:16 и 25:17. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски го освоија второто место во Ф-групата и како една од петте најдобро второпласирани ...
ФИФА размислува за промена на форматот на Светското клупско првенство, објавува „Гардијан“. Според британскиот медиум, Светската фудбалска асоцијација планира да го одржува турнирот на секои две години од 2029 година и да го прошири бројот на учесници од 32 на 48 екипи. Предвидено е повеќе од два клуба од една земја да можат да учествуваат на Светското клупско првенство. Исто така, за да не се преоптовари меѓународниот календар, планирано е да ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовната тепачка што се случи на улицата „Славеј Планина” на 16 август годинава. Еден од осумеемина се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, еден за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време, над 15 литри на метар квадратен, и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен ...
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје затворен е за секаков вид на возила, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33. роденден на македонската Армија. Повеќе од три децении исполнети со посветеност, пожртвуваност, знаење, храброст и одлучност во служба на Татковината ќе бидат одбележани со пригодна програма и присуство на високи државни и воени претставници. Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателката Гордана ...
ДИК донесе одлука независните кандидати кои сакаат да станат дел од изборниот процес, како предлог на група граѓани, со најмалку 2 потписи стануваат дел од процесот. Доколку собираат потписи пред нотар потребна е заверка, а ако потписи од собираат во подрачните едини не треба заверување. Рокот за собирање почнува од утре и трае 15 дена. Ваквиот предлог дојде од членот на ДИК, Даштевски според кого , ова е пропишано во чл.63 од ИЗ кој се уште е ...
Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош во јужниот дел на Газа, објави Медицинскиот комплекс Насер, јавува Ал Џезира. Од основањето на станиците за помош на Фондацијата за хуманитарна помош во Газа (GHF) кон крајот на мај, најмалку 1.924 лица се убиени, а повеќе од 14.288 се повредени, покажуваат податоците на палестинското Министерство за здравство во Газа. Палестинското министерство ...
Бројот на децата со оштетен вид рапидно расте. Причина е седењето пред таблет и мобилен телефон. Офтамолозите предупредуваат дека родителите мора да го ограничат времето на користење на електронски уреди и почесто излегување во природа. - Со таквото изложување на повеќе саати во текот на денот со работа на блиско, односно на телефони, се зголемува ризикот од миопија, односно појава на минус диоптрија. Не само што може да има диоптрија, тука се ...
Пазарите преплавени со лажен мед.Купувачите се во голема заблуда бидејќи на секој ќош се измамени , наместо мед дивите препродавачи продаваат скап шеќер. Од Здружението на пчелари од Охрид бараат позасилени контроли и поголеми казни. 90 посто медот на пазарите е фалсификат кој штетно влијае по здравјето на дијабетичарите. Во трката за брз пофит и намалените пчелни приноси во последните години поради климатските промени, се почесто на понуда е ...