
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје пред еден месец ја затворило истрагата против судијата Ељведин Ферати кого Државниот просветен инспекторат го фати како си поправал оценки на Тетовскиот универзитет со прешкртување. Се појавиле документи од Тетовскиот универзитет според кои уште во 2014 година младиот Ферати преположил 4 испити и така го покачил просекот, за да се запише на Академијата за судии, тврди Обвинителството. Не е јасно како ...
Реципрочните царини на Доналд Трамп за 60-ина држави денеска стапија на сила, продлабочувајќи ја светската трговска војна, иако тој кажа дека е спремен да преговара со некои земји. Најтешко погодена е Кина, за која Трамп воведе царини од дури 104%. Американските царини предизвикаа потрес во светскиот трговски поредок што постоеше со децении, го зголемија стравот од рецесија и ги вознемирија берзите, каде што беа избришани илјадници милијарди ...
Судот во Брисел го одби барањето на белгискиот принц Лоран да добива социјално осигурување, покрај тоа што има шестцифрен кралски додаток. Принцот Лоран, кој е помлад брат на кралот Филип, лани добил 388.000 евра од државните фондови, но сметаше дека поради работата, тој и неговото семејство имаат право на социјално осигурување. Тој тврдеше дека е делумно самовработен поради своите кралски задолженија и се повикал на тоа дека води добротворна ...
Најмалку 27 луѓе загинаа откако се урна покривот на дискотека во Санто Доминго, главниот град на Доминиканска Република. Повредени се повеќе од 130 лица и спасувачите и натаму се обидуваат да извлечат луѓе од урнатините. Не е познато како дошло до несреќата, која се случила после полноќ за време на концерт на популарниот пејач Руби Перес. Во спасувањето и расчистувањето учествуваат повеќе од 400 луѓе. „Се надеваме дека многумина од затрупаните и ...
Со налепници слични на сообраќајните знаци на кои пишува „Стоп за депопонија“, претставници на битолчани кои протестираат против изградба на регионална депонија во Оп[тина Новаци денес влегоа на седница на општинскиот Совет. Тие ги држеа знаците подигнати во рацете додека траеше дискусијата на советниците за работата на јавните претпријатија. Додека нивната делегација беше внатре, другите демонстранти протестираа пред општинската зграда. „Во ...
Фирмата „Ла тераца“ за месечна кирија од 3.500 евра го доби под концесија комплексот Македонско село во Горно Нерези. Толку плаќаше и претходниот закупец хотел „Квинс“ и „Тинекс“ на ексградоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, кои во јануари 2016 го добија под концесија од 20 години, но во октомври 2018 престанаа со работа бидејќи, како што соопштија, работеле со загуба и во договорот дека имало таква опција за раскинување. ...
Володимир Зеленски објави дека украинските сили заробиле двајца кинески војници кои се бореле за Русија во источна Украина. Тој кажа дека украинската војска се борела против шестмина кинески војници во Доњецк, од кои двајца биле заробени. „Наредив да се побара објаснување од Пекинг. Имаме информации дека многу повеќе кинески државјани се борат во редовите на окупаторските единици. Сега имаме и факти за тоа“, изјави Зеленски, кој објави кратко ...
Европската Унија ќе мора да купи американски енергенси во вредност од 350 милијарди долари за да добие одложување на новите царини, кажа Доналд Трамп, отфрлувајќи ја понудата за заемни царини од 0% за автомобили и индустриски стоки. Ова доаѓа откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен кажа дека ЕУ ќе му понуди на Вашингтон укинување на царините за увоз на автомобили и индустриски стоки, ако САД го направат истото. ...
Основното јавно обвинителство Куманово поведе истрага против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители, убиле соселанец, удирајќи го со мотика во главата за пари. Кај убиениот комшија нашле 100 евра. Осомничени се за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. „Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта ...
На денешната седница на Советот во Битола не помина предлогот на советникот од Левица Горан Велевски на дневен ред да се постави точка за поништување на одлуката за меѓуопштинска соработка меѓу 18 Oпштини за формирање јавно претпријатие за регионално управување со отпадот, донесена на 50 седница од 28 февруари 2025. „За“ ваквиот предлог гласаа само пет советници од Левица и Поинаку, ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата беа „против“, а СДСМ и коалиционите ...
Наносите од дрва на мостот на Вардар кај Башино Село со машина се земаат од водата, се складирaат на мостот и потоа повторно се пуштаат во реката низводно преку другиот раб на мостот, се гледа на видеоснимка за расчистување на дрвјата кои се закачени на столбовите од мостот, објавена на социјалните мрежи. „Зошто дрјвата повторно се враќаа во реката, кога низводно од тој мост само во Велес има уште три, каде може труповите да се закачат? Тоа ќе ...
Со читање на писмените докази од одбраната, денеска продолжи повторениот судски процес за обвинетите доктори Флорин Бесими и Артан Етеми, и Клиничката болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, а во врска со пожарот кој на 8 септември 2021 изби во модуларната ковид-болница во Тетово при што загинаа 14 пациенти и нивни роднини. Откако одбраната ги прочита писмените докази кои тие ...
Судијата Ељведин Ферати од Основниот суд во Тетово, кој денеска на повтореното судење му досуди казна од само 2 години затвор на Менсур Пајазити што на пешачки премин ја смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска, си ги поправал оценките со пречкртување на Тетовскиот Универзитет. На седницата од 27 декември 2023, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) кажа дека Државниот инспекторат при надзорот во Тетовскиот универзитет ...
Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите – граѓаните, медиумите, невладиниот сектор, бизнисот – да пријавуваат корупција и да не молчат, зборувајќи денеска на конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата. Станува збор за ново тело, со цел да воспостави координација помеѓу сите клучни институции: Државната комисија за спречување на корупција, Министерството за внатрешни работи, Јавното ...
Француската балерина со македонско потекло Роксан Стојанов, која во декември беше прогласена за Ѕвезда на Париската Опера е добитничка на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во танцовата уметност за 2025, соопшти Танц фест Скопје. Наградата на 29-годишната Стојанов ќе ѝбиде врачена на 29 април, на свеченото отворање на годинашното 21. издание на Танц фест Скопје. „Благодарение на извонредниот талент и уметничката визија, Роксан Стојанов се ...
Две средни училишта во Скопје утрово добиле пораки на електронските пошти дека е поставена експлозивна направа. „На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, велат од МВР. На 7 февруари повеќе од 240 основни и ...
До крајот на мај, 41 ромско семејство од социјално загрозени категории ќе се вселат во новите типски куќи, кои се во завршна фаза на изграба, во штипската ромска населба. „Свој нов дом ќе имаат и ромските семејства кои сега живеат во стари и дотраени објекти во населбата 8 Ноември. Тие ја попречуваат изградбата на новиот главен булевар кој ќе ги поврзува населбите Баби и Сењак 4 со централното градско подрачје“, рече градоначалникот на Штип, ...
Володимир Зеленски за првпат јавно потврди дека украинските сили се борат во рускиот пограничен регион Белгород. „Продолжуваме да спроведуваме активни операции во погранични области на непријателската територија. Војната мора да се врати таму од каде што дојде“, рече Зеленски. Пред Белгород, украинската војска упадна во Курск минатиот август, каде што денес држи само мала територија, по големата руска противофанзива во изминатите месеци. ...
На Филолошкиот факултет во Скопје беше промовиран Вториот том од романот „Пронајденото време“ кој е последен дел од романот „Во потрага по загубеното време“ на францускиот писател Марсел Пруст, а го преведе професорот д-р Ѓорѓи Марјановиќ кој почина во 2022. Промоцијата се одржа точно три години отако почина Марјановиќ, и сите средства од продажбата на книгата ќе бидат наменети за поддршка на образованието на деца без родители. „Со објавување и ...
Кина вети дека нема да потклекне пред никакви уцени од САД, додека светската трговска војна предизвикана од новите царини на Доналд Трамп не покажува знаци на попуштање. Трамп вчера се закани дека ќе ги зголеми царините за увозот од Кина за дополнителни 50%, односно за повеќе од 100%, како одговор на најавените кинески реципрочни царини од 34%. „Американската закана за засилување на царините за Кина е грешка на сите грешки и уште еднаш ја ...
Американската филмска легенда Роберт де Ниро ќе добие почесна Златна палма за животно дело на свеченото отворање на Канскиот филмски фестивал, на 78. издание од 13 до 24 мај. Пред 14 години, Де Ниро, кој е актер, режисер и продуцент, беше претседател на жирито во Кан. Последен пат беше во Кан во 2023, за премиерата на филмот на режисерот Мартин Скорсезе, „Убијците на цветната месечина“. „Многу сум приврзан за Канскиот фестивал. Особено сега, ...
Царините за увозот од Македонија кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп според премиерот Христијан Мицкоски се резултат на некаква грешка или погрешни информации. Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања како царините од САД ќе се одразат на економијата рече дека Владата работи со нашите партнери САД и очекува многу скоро да се коригира оваа одлука. Од 9 април на сила стапуваат новите царини за увозот од 180 земји, ...
Доналд Трамп се закани со дополнително зголемување на царините за Кина, што би можело да доведе до заострување на трговската војна која веќе избриша илјадници милијарди долари од светските пазари. Трамп кажа дека в среда ќе воведе дополнителни царини од 50% за увозот во Кина ако таа не ги повлече царините од 34% воведени за САД минатата недела. Оваа кинеска мерка беше одговор на реципрочната царина од 34% најавена од Трамп. „Сите разговори со ...
Клем Берк, долгогодишниот тапанар на бендот „Блонди“ кој одигра клучна улога во њу вејв движењето, почина на 70 години. Бендот објави дека Берк починал по приватна борба со рак. „Берк не беше само тапанар, тој беше срцето на групата. Неговите талент и страст за музика беа неспоредливи“, соопшти групата. Берк му се придружи на бендот предводен од Дебора Хари набргу по неговото формирање во 1975 и свиреше на сите 11 студиски албуми. Откако групата ...
„Сонцето, колку е блиску сонцето Made in MNT“ е насловена претставата со која Македонскиот народен театар (МНТ) ќе одбележи 80 години од основањето. Претставата премиерно ќе се изведе на 13 ноември, откако првичниот датум, 3 април, кога е роденденот на МНТ, беше откажан поради пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март во кој загинаа 60 луѓе, а беа повредени над 200. Од МНТ велат дека претставата ја подготвува режисерот Дејан Пројковски, ...
Две години затвор пресуди судот во Тетово за Менсур Пајазити, кој во 2022 на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Тој првин беше осуден на три години затвор, а по неговата жалба казната му беше намалена на две години затвор. Апелација ја поништи оваа одлука и случајот го врати на повторено судење. По неколку одложувања, денеска почна рочиштето на кое судијата Елведин Ферати веднаш ја изрече казната две години затвор за ...
Сведочењето на Александар Ѓорчевски, татко на убиеното 14-годишна Вања Ѓорчевска, продолжи со прашања од неговиот адвокат, за денот на грабнувањето на неговото дете. Обвинет е дека тој му дал податок на Љупчо Палевски кога Вања излегува за на училиште, за да ја грабнат Велибор Манев и Боре Видевски, додека надвор ги чека возачот Влатко Кешишев кој гледа како овие ја ставаат во вреќа, во гепек. „На 27 ноември 2023 година ми се јави Зорица и со ...
Двајца белгиски државјани се осомничени за шверцување златен накит вреден пола милион евра при влез во Македонија на скопскиот аеродром, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка, а осомничени се дека како соизвршители сториле кривично дело – Криумчарење согласно член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „Осомничените, маж и жена од Антверпен, на 6 април ...
Во Литванија почина 29-годишниот Александар Гавриловски, кој беше еден од повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во Кочани, кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Тој е 61-та жртва во пожарот, од кои 6 деца, а од 193 повредени 25 се деца. Гавриловски имал 35 отсто изгореници од втор и трет степен. Вкупниот број на осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако државниот јавен ...
„Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции“ е насловена изложбата која ќе се отвори на 8 април (20 часот) во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје. Изложбата ја организираат МСУ и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Музејот за современа уметност во Лион и градот Лион. „Низ значајни дела од колекцијата на МСУ, од автори како Карлос Круз-Диез, Хисао Домото, Ана-Ева Бергман, Пјотр Ковалски, Зоран Мушиќ, ...