Повеќе од 400 туристи и локални жители се евакуирани по морски пат од делови на Халкидики, откако голем шумски пожар ги зафати подрачјата околу Сивири и Фурка. Според објавените информации, досега 347 лица биле безбедно транспортирани до марината Сани, додека уште околу 92 лица се качиле на патничкиот брод „Speedrunner Jet“. Во операцијата се вклучени пловила на крајбрежната стража, противпожарната служба, приватни бродови и други патнички ...
Драматична е состојбата на првиот крак на Халкидики, каде голем пожар што избувна во реонот на Сивири брзо се прошири под влијание на силниот ветер, стигна до населени подрачја и принуди жители и туристи да ги напуштаат Сивири и Фурка. Дел од луѓето се извлекуваат и по море, додека грчките власти постојано ги засилуваат противпожарните сили. Огнот се движи низ борова шума и ниска вегетација, а силниот ветер значително го отежнува гаснењето. ...
Во тек е спасувачка операција за евакуација на луѓето од плажите во Сивири и Фурка поради активниот пожар на првиот крак на Халкидики. Досега, преку море се евакуирани вкупно 481 лице, туристи и локални жители, меѓу кои има повозрасни лица и деца. Според информациите од грчката крајбрежна стража, 285 лица се пренесени до марината Сани, додека 196 патници се превезени до пристаништето во Солун со брз брод. Во акцијата учествуваат пловила на ...

