Николас Мадуро беше на власт во Венецуела од 2013, а минатата година го освои третиот претседателски мандат на изборите чии резултати беа оспорени од опозицијата и од повеќето држави. Некогашниот возач на автобус кој стана еден од најголемите непријатели на САД веројатно го доживеа својот политички крај ноќеска по молневитата акција на американската војска, во која, како што тврди Доналд Трамп, беше заробен и изнесен од земјата. Во ерата на ...

После Божиќ ќе почне површински да се чисти депонијата Вардариште. Ова им го ветил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ на состанокот на 30 декември. Им било речено дека депонијата ќе ја чистат екипи на ЈП „Улици и патишта“ и механизација од Општина Гази Баба, а ќе бидат ангажирани и приватни фирми. „Не беше посочен конкретен рок кога ќе се исчисти депонијата бидејќи ...

Ќе се прават нови проекти за зградите на Факултетот за физичка култура и на ФИНКИ во Скопје, чија изградба запре пред шест години. Работна група предводена од професорот на Градежен факултет Горан Марковски изминативе шест месеци вршеше испитувања на состојбата во која се наоѓаат зградите. „Работната група која ја координира професорот Марковски иницираше ревизија на постојните проекти за изградба зашто во меѓувреме се наметнати нови ...

Доналд Трамп наредил напади на мети во Венецула, вклучувајќи воени објекти, изјавија американски функционери за „Си-Би-Ес њуз“, што следува откако утрово се слушнале експлозии и прелети на авиони во главниот град Каракас. Очевидци изјавија дека се погодени воениот аеродром „Ла Карлота“ во центарот на градот и главната воена база во Фуерте Тиуна, а неколку населби се без струја. Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, прогласи национална ...

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) до 20 декември 2025 година реализирал вкупно 1.700 инспекциски надзори за амбиентален воздух, при што се покренати четири кривични и над 30 прекршочни постапки, соопшти денеска директорката на Инспекторатот, Ивана Гиновска. Од вкупниот број контроли, 839 биле редовни, 532 вонредни и 329 контролни надзори. Инспекторите утврдиле 398 неправилности и за сите нив се издадени соодветни решенија во ...

Најмалку седум експлозии и ниски прелети на авиони се слушнале утрово во Каракас, објави новинската агенција АП. Очевидци изјавија за агенцијата „Ројтерс“ дека слушнале авиони и гласни звуци и дека виделе најмалку еден столб чад, а јужната област од градот, каде што се наоѓа воена база, останала без струја. Засега нема коментар од владата на Венецуела. Доналд Трамп вети дека американската војска ќе почне копнени операции во Венецуела откако ...

Општина Кичево најавува системско и институционално решавање на долгогодишниот проблем со уличните кучиња. Со планирани мерки насочени кон хумано згрижување, контрола на популацијата и зголемување на безбедноста на граѓаните, локалната самоуправа најавува трајно и одржливо решение на овој сериозен комунален и јавно-здравствен предизвик. Програмата за бездомните животни предвидува 5.000.000 денари од општинскиот буџет за изградба на ...

Родителите во Штип од први јануари плаќаат повисок месечен надоместок за престој на децата во градинките. Со одлука на Советот на Општина Штип, цената е зголемена од досегашните 1.490 на 2.000 денари, што претставува пораст од 34 проценти. Во двете штипски градинки, „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, кои располагаат со по пет објекти, моментално се згрижени околу 1.500 деца, а капацитетите се целосно пополнети. Директорот на градинката ...

Реката Отиња во Штип ноќеска целосно замрзна во должина од неколку километри, како последица на екстремно ниските температури во изминатите неколку денови. Мразот го зафати коритото од самиот извор и местото каде што се гради новата брана, па сè до вливот во реката Брегалница. Замрзнатата површина низ централното градско подрачје стана нова атракција, особено за младите штипјани. Речното корито, кое беше уредено пред една деценија во должина ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше првиот човек на военото разузнавање, Кирило Буданов, за нов шеф на својот кабинет. Оваа одлука се случува нешто повеќе од еден месец по оставката на претходниот шеф, Андриј Јермак, чие заминување беше испровоцирано од голем корупциски скандал. „Во овој момент, на Украина ѝ е потребен поголем фокус на безбедносните прашања, развојот на одбранбените сили, како и на дипломатскиот пат на ...

Швајцарските истражни органи брзаат да ги идентификуваат жртвите од катастрофалниот пожар што го зафати преполниот бар во алпскиот ски-центар Кран-Монтана. Во несреќата загинаа околу 40 лица, а 115 беа повредени додека прославувале Нова година во барот „Ле Констелајшн“. Претседателот Ги Пармелин соопшти дека државата ќе одржи петдневна национална жалост, опишувајќи го пожарот како еден од најтрауматичните настани во историјата на Швајцарија и ...

Почина повреденото двегодишно дете кое беше тешко повредено од метален предмет во главата, за време на новогодишната ноќ. Тоа е дадено на обдукција, по што патолозите ќе ѝ кажат на истрагата од што е тој метален предмет залутан во главата на малото дете, за време на огнометот, неофицијално во Шуто Оризари. Од направениот скен претходно, не можело да се види дали металното парче е од испукан куршум. Детето почина на Клиниката за детска ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остро предупредување до иранските власти да не применуваат смртоносна сила врз мирните демонстранти, нагласувајќи дека Вашингтон е подготвен да интервенира. „Подготвени сме. Ако Иран пука и насилно убива мирни демонстранти, што е нивен обичај, Соединетите Американски Држави ќе им дојдат напомош“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушл“. На оваа порака реагираше Али Лариџани, висок советник ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен турски државјанин со престојувалиште во Тетово, кој се сомничи за убиство и убиство во обид по инцидентот што се случи за време на новогодишната ноќ во Старата скопска чаршија. Убиството се случило по вербална расправија во локален кафе-бар помеѓу осомничениот и двајца негови сонародници на возраст од 22 и 23 години, по што конфликтот ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 26-годишниот И.Е. од Скопје, откако во заедничка акција со полицијата беа пронајдени 10 килограми кокаин со висока чистота во неговиот автомобил. Како што соопштија од обвинителството, дрогата била откриена во текот на вчерашниот ден во скопското село Горно Количани. При претрес на возило „БМВ X5“ со скопски регистарски ознаки, во специјално изработен импровизиран бункер во ...

За незаконски тендер со РЕК Битола, газдата на „Марковски компани“ Борче Марковски доби обвинение, а сумата од 1.700.000 евра што ја заработил од тендерот, му е најдена во Србија и во Македонија и веќе конфискувана од Обвинителството. Замрзнати му се и товарните возила, кои најверојатно ќе бидат и тие предложени за конфискација, а на Марковски му е продолжена мерката притвор. По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство ...

Европската Унија од 1 јануари официјално ги отвори своите граници во дигиталниот простор за Молдавија и Украина, овозможувајќи им на граѓаните на овие две земји да ги користат мобилните услуги без дополнителни трошоци за роаминг. Еврокомесарката Марта Кос преку социјалната мрежа Икс кажа дека овој чекор е дел од градењето заеднички дом во рамките на Унијата, додавајќи дека ваквите придобивки дополнително ги зближуваат Европјаните уште пред ...

Најмалку пет лица загинаа во Иран за време на петтиот ден од масовните протести предизвикани од економскиот колапс и високите трошоци за живот. Судирите меѓу граѓаните и безбедносните сили се интензивираа во повеќе градови низ земјата, а според извештаите на новинската агенција „Фарс“ и организацијата „Хенгав“, жртви има во градовите Лордеган, Азна и Кухдашт. Протестите, кои започнаа како револт поради остриот пад на вредноста на иранската ...

Министерството за здравство (МЗ) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се во постојана координација со здравствените власти во Швајцарија за обезбедување помош по трагичниот пожар во ски-центарот Кран-Монтана, соопштија од Министерството за здравство. Комуникацијата се одвива преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC), со цел да се утврдат потребите за медицинско згрижување на настраданите. Од Министерството ...

Најмалку 40 лица загинаа, а околу 115 се повредени во пожарот што избувна за време на новогодишна забава во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана. Трагедијата се случи во барот „Ле Констелејшн“, популарен меѓу туристите, каде во моментот на несреќата имало повеќе од стотина гости. Швајцарската полиција соопшти дека жртвите не можат веднаш да бидат идентификувани поради тешките изгореници, а според првичните информации од министерството, ...

Наместо вообичаената донација на техника и телевизори, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на врховен командант на АРМ, при посетата на велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ на припадниците на АРМ и на Командата за обука и доктрина им подари стотина книги белетристика. Традиционално, со децении наназад, претседателите на државата во својство на врховен командант на Армијата, на првиот ден од Новата година посетуваат ...

Швајцарската полиција соопшти дека „неколку десетици“ луѓе се загинати по катастрофалниот пожар што ноќеска изби во бар во познатиот ски-центар Кран-Монтана. Според првичните официјални информации, во трагедијата се повредени повеќе од 100 лица. Пожарот започнал околу 01:30 часот по полноќ во популарниот бар „Ле Констелејшн“ во моменти кога таму се одржувала новогодишна прослава со голем број посетители. Иако полицијата првично соопшти дека ...

Хируршките клиники во Скопје известија за тешка новогодишна ноќ со значително зголемен број повредени во споредба со претходните години, а лекарите посочуваат дека голем дел од случаите се поврзани со алкохолизирана состојба. Најтешкиот инцидент е приемот на двегодишно дете на одделот за интензивна нега со прострелна рана на главата од огнено оружје, чиј идентитет и околностите на повредувањето сè уште не се официјално потврдени. Детето се ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во новогодишно обраќање до нацијата, изјави дека договорот за мир со Русија е „90 отсто подготвен“. Зеленски вели дека преостанатите десет проценти се клучни бидејќи тие ќе ја одредат „судбината на мирот, на Украина и на Европа“ по речиси четири години од почетокот на целосната руска инвазија. „Сакаме крај на војната, не крај на Украина. Сакаме мир, но не по секоја цена“, кажа Зеленски во своето ...

Во сурови климатски услови, искачувајќи се по полноќ во новогодишната ноќ, педесетина планинари од Македонија, Црна Гора и Германија стигнаа на врвот Антена на Пелистер, на 2.601 метар надморска височина. Таму заеднички го дочекаа првото изгрејсонце во 2026 година. „Поради ниските температури од -28°C и ветерот од околу 50 километри на час, искачувањето се одвиваше во многу отежнати услови. И покрај тоа што станува збор за искусни планинари, ...

Две лица за време на новогодишната ноќ завршиле во прилепската болница, едното поради повреда на раката од огнено оружје, а другото поради вдишување чад од пожар што избувнал во неговиот дом. Од СВР Битола соопштија дека три часа по полноќ, во болницата „Борка Талески“ во Прилеп бил донесен Н.Н. (52) од Скопје со повреда на раката од огнено оружје. Настанот се случил во Македонски Брод, а со возило на Итната медицинска помош повреденото лице ...

Неколку лица загинаа и многу се повредени по експлозија и пожар во бар во луксузниот ски центар Кран Монтана, во југозападна Швајцарија, соопшти денеска швајцарската полиција. Повикувајќи се на полицијата, „Скај њуз“ објави дека во инцидентот загинале најмалку 10 лица, а некои локални медиуми наведуваат дека бројот може да биде и поголем. Портпарол на полицијата одби да го потврди точниот број на жртви, но изјави дека голем број луѓе се ...

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) процени дека Украина не ја гаѓала резиденцијата што ја користи рускиот претседател Владимир Путин при неодамнешниот напад со дронови во северниот дел на Русија, велат американски официјални претставници. Со ова се побиваат тврдењата кои Путин му ги пренел на американскиот претседател Доналд Трамп за време на телефонскиот разговор во понеделникот. Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, во средата го ...

Од 2008 до 2024 година, употребата на алкохол во текот на животот кај адолесцентите покажува флуктуирачки тренд, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), насловен „Европски проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги во Македонија“ објавено на 22 декември. Истражувањето ЕСПАД 2024 нуди суштински и навремен преглед на однесувањата, ставовите и ризичните средини на учениците на возраст од 15 до 16 години во ...

Руското министерство за одбрана се огласи два дена откако Украина беше обвинета дека се обидела да ја нападне резиденцијата на Владимир Путин во северна Русија со дронови. Тоа објави видеоснимка од уништен дрон и кажа дека повеќе од половина од дроновите биле соборени стотици километри пред имотот на Путин. Информацијата за наводниот напад прв ја прошири рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во понеделникот кажа дека ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
47%
1011
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
56%
1014
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
43%
1013
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
53%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.08
81%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
50%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
47%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
29%
1011
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
9.26
72%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
3.09
37%
1015
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
92%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Родиум

358480.82

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Калај

43.91

Злато

144593.23