Професорката Тамара Јованов реагира дека надлежните во Штип не информираат дали појавата на стомачен вирус кај голем број граѓани е поврзана со водата за пиење. Таа прашува зошто Општината не објави официјални резултати за исправноста на водата и зошто граѓаните добиваат спротивставени неофицијални информации. Јованов предупредува дека станува збор за прашање од директно значење за здравјето на граѓаните, особено затоа што Штип е ...

Професорката на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Тамара Јованов, јавно побара од надлежните институции да излезат со официјални информации за квалитетот на водата за пиење во градот, откако, како што наведува, се зголемил бројот на граѓани, особено деца, со стомачни тегоби. Јованов тврди дека во Штип има голем број случаи на стомачен вирус, но дека досега нема јасна информација од Општината дали состојбата е на кој било начин поврзана со ...