
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



1 „Инстант резултати нема“, вели премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од Вашингтон каде што беше за време на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД. Не сум сигурен дали сѐ ќе беше поинаку ако СДСМ не се фатеа само за прашањето дали премиерот навистина имал покана за инаугурацијата и дали се сликал со битни луѓе или со ојле-дојле по хотелски сали и коктели, или пак, ако уште пред да тргне за Вашингтон, од тимот на Мицкоски не ...
Романски артефакти, меѓу кои и златен шлем стар 2.500 години, беа украдени од музејот Дренц во Холандија рано вчера, соопшти музејот. Гето-дакиските артефакти му припаѓаа на Националниот историски музеј во Букурешт и беа позајмени заедно со дела од други романски музеи како дел од турнејата на изложбата. Со вкупно 673 експонати, изложбата требаше да биде затворена денеска. „Ова е црн ден за музејот Дренц во Асен и Националниот историски музеј на ...
Попладнево, поради густа магла пак нема слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и дел од летовите се откажани. После 16 часот не слета авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Летот од Меминген беше пренасочен кон Приштина, а од Баден Баден во Софија. Авионот на „Лот“ од Варшава исто ТАКА не успеа да слета на Скопскиот аеродром и се врати назад кон Полска. Досега се откажани летовите за Малме ...
Израел ослободи 200 палестински затвореници во замена за ослободувањето на четирите жени војници кои Хамас ги држеше како заложнички во Газа. Тие се вратија во Израел. Се очекува 70 од ослободените палестински затвореници да бидат депортирани. Сепак, израелската влада го обвинува Хамас дека го прекршил договорот за прекин на огнот со тоа што не го ослободил цивилниот заложник Арбел Јехуд. Како одговор, Израел рече дека на раселените Палестинци ...
Еколошката акција на засадување на јаворови садници која ќе се одржи утре (26 јануари) во манастирскиот комплекс „Света Богородица Балаклија“ во Делчево е во организација на Планинарскиот спортски клуб „Голак“ од овој град. Македонскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски донира 68 садници јавор во чест на својот 68. роденден, а „Голак“ ќе засади плус 11 јавори садници во чест на 11-годишнината на клубот. Кон акцијата се придружуваат и невладината ...
Минатата година археолошкиот локалитет Стоби го посетиле 20 илјади туристи. Од нив повеќето 10.408 биле странци, 8.353 домашни. а останатите биле студенти и лица со попреченост. Тоа е помалку од 2023 година кога имаше 20.556 посетители. Иако по првите шест месеци лани бројот на посетители од 9.939 навестуваше рекордна година, бидејќи летните месеци е ударниот период за посети, не се повтори ниту 2023 , ниту 2018 кога имаше рекордни 22 илјади ...
Општинската организација на Сојузот на борците од НОБ од Тетово остро реагира и го предупредува градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами дека со најавената промена на имињата на улиците и отстранувањето на имињата на борците НОБ и антифашистичката војна, лесно може да ја отвори пандорината кутија и да дојде до меѓу национална нетрпеливост. Градоначалникот Касами пред неколку месеци најави дека е формирана комисија која треба да им даде ...
Американскиот Стејт Департмент на 24 јануари одлучи да ја замрзне распределбата на средствата за речиси целата американска помош во странство, со исклучок на хуманитарните програми за испраќање храна и воена помош во Израел и во Египет. Сеопфатната наредба суспендираше бројни проекти кои помогнаа на глобално ниво во сегментите на здравство, образование, развој, обука за работа и во други области. САД обезбедуваат повеќе странска помош на ...
Хамас ослободи четири жени припаднички на израелската војска во замена за околу 200 палестински затвореници, во согласност со договорот за прекин на огнот со цел да се стави крај на 15-месечната војна во Газа. Четирите жени кои беа заробени во 2023, беа изведени на подиумот во градот Газа, среде голема толпа Палестинци и опкружени со десетици вооружени мажи на Хамас. Тие со насмевка на лицата мавтаа пред да влезат во возилата и да бидат ...
Жителеите на село Крушје, Ресен, се соочуваат со низа проблеми поради горењето на ѓубрето на депонијата Буково. Велат дека 30 години живеат со чадот кој им го нарушува здравјето, а долгогодишното постоење на активното ѓубриште негативно влијае и врз животната средина. Планинското село Крушје, кое се наоѓа на 1.090 метри надморска височина, брои околу 50 жители од сите генерации, а голем е процентот на оние кои се заболени и умираат од белодробни ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на експресниот пат во близина на Крива Паланка, каде вчера едно по друго се случија две сообраќајни несреќи. Во првата сообраќајка има еден загинат, а за време на увидот влетала друга кола и удрила во паркираното возило, при што се повредени четворица полицајци, соопшти Обвинителството. „Најпрво автомобил ‘фолксваген голф’ излетал од патот и се превртел, ...
Тој генијалец Бранислав Нушиќ на 19 години, пред 142 години ја напишал „Народен пратеник“, согледал сѐ, уште на млади години. Сѐ она што тогаш се случувало, се случува до ден денешен, вели актерката Тања Кочовска пред вечерашната премиера во Македонскиот народен театар (МНТ) на малата сцена. Адаптацијата и режијата се на прочуениот српски режисер Егон Савин. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и ...
На осум месеци пред пензионирање, библиотекарката-советник и програмска раководителка со долгогодишно професионално искуство м-р Јелена Петровска е иселена од нејзината канцеларија во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола. Петровска вели дека буквално била протерана од канцеларијата со непрофесионална комуникација од новиот в. д. директор Менде Доневски, актуелен претседател на СОНК во установата, и пренесена во ...
Државниот градежен инспекторат извршил инспекциски надзор над работата на градежните инспектори во Општина Охрид и утврдил дека не издавале решенија за уривање на дивоградбите во Студенчишко Блато, заштитено како природно наследство во Охридскиот Регион. Овие забелешки за непостапувањето на општинските инспектори, Државниот градежен инспекторат ги доставил до Министерството за транспорт и врски и до градоначалникот на Општина Охрид, Кирил ...
Непознат, сторител или сторители, оштетиле три автомобили кои биле паркирани пред дирекцијата на Националниот парк (НП) „Шар Планина“. На трите автомобили, им биле избушени гумите. Од Националниот парк велат дека се избушени гумите на едно службено возило, едно возило на гостин и приватното возило на еден од вработените. „Со какви активности, покрај нашата неуморна работа, можевме да провоцираме еден таков вандалски чин од страна на ...
Дете кое месецов наполнило 15 години било запрено од полицијата додека возело кола во која имало оружје, во Волково вечерта на 23 јануари. Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против неговиот 55-годишен татко, осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти ...
По истекот на шестмесечниот мандат на в. д. директорката на Ценатрот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, актерката Христина Атанасова-Арсова е замената со музичарот Филип Стевановски, професор во Средното музичко училиште „Сергеј Михајалов“ во Штип. „Јас сум избран на оглас и моето работно место во Музичкото училиште ќе мирува. Новата функција ќе се трудам како уметник да ја прилагодам на вработените, посебно на актерите од Народниот театар во Штип ...
Владимир Путин изјави дека тој и Доналд Трамп би требало да се сретнат за да разговараат за Украина и цените на енергенсите, прашања што новиот американски претседател ги нагласи во првите пет дена од својот нов мандат. Сепак, Путин додаде дека не може да има сериозни мировни преговори со Украина додека западот не го убеди Володимир Зеленски да укине декрет од 2022 кој забранува да се преговара со рускиот лидер. Иако Трамп ѝ се закани на Русија ...
Во Основниот суд во Струга денеска се одржаа седум судски предмети против градоначалникот Рамиз Мерко, пет за незаконско поставување директори на училишта, за набавката на „аудито“ и за поставувањето спомен-обележје на влезот на општинската зграда. Во предметот во кој се споени обвиненијата за училиштата во Лабуништа, Радолишта, Подгорци и „Браќа Миладиновци“ во Струга, како и за училиштето во Велешта, за кое се води одвоен предмет, во кој ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е Фројд е чудна работа и дека не знае каде се препознале Грците, откако вчера грчкото МНР реагираше на неговата изјава дадена пред иселениците во Њу Џерси дека македонското прашање не е решено. Од грчкото МНР го обвинија Мицкоски за иредентизам и додадоа дека македонското прашање е затворено со Преспанскиот договор. Мицкоски денеска во Петровец, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека македонското ...
Гостиварската полиција привела жител на село Врапчиште кој се сомничи дека организирал борби со кучиња, што е забрането со закон. При претресот на просториите кои ги користел, полицијата пронашла пет кучиња од расите питбул и доберман, за кои се сомнева дека биле користени за борби. „На 22.01.2025, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – ...
Во Хрватска денеска се одвива бојкот на продавници, трговски ланци и бензински пумпи поради постојаниот раст на цените. Иницијативата ја покрена фејсбук групата „Ало, инспекторе“ и потоа беше поддржана од здруженија за заштита на потрошувачи, синдикати, политички партии и од министерот за економија. Иницијативата започна со пораки кои во изминатите денови се споделуваа на социјалните мрежи. „24 јануари во Хрватска е бојкот поради високите цени ...
„Елегантен и привлечен“, „Инспиративна приказна за созревањето…“ се дел од впечатоците во критиката на „Холивуд рипортер“ по светската премиера на „Диџеј Ахмет“, дебитантскиот филм на режисерот Георги Унковски. Филмот премиерно беше прикажан синоќа на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јута, во конкуренција за награди на програмата Светски филм. Рецензијата насловена „Техно музиката и овчарството се судираат во трогателна приказна за созревањето“, ...
Нови четири лица добија 30-дневен притвор откако претходно беа уапсени од полицијата под сомнение дека сториле кривично дело Терористичка организација. Како што велат од МВР, намерата им ила извршување на терористички акт на цивилни или така наречени меки цели односно јавни објекти со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните и за таа цел набавиле упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи. „Ќелијата ...
Федерален судија во Сиетл привремено ја поништи извршната наредба на Доналд Трамп со која се забранува автоматското државјанство за децата на мигранти родени во САД. Судијата Џон Кафенор ја опиша наредбата како „бесрамно неуставна“ и го блокирање нејзиното стапување на сила. Според долгогодишното толкување на 14. амандман на американскиот устав, речиси секој кој е роден во САД автоматски добива државјанство. Трамп сака да им го ускрати ова право ...
Во Србија денеска е генерален штрајк, односно општа граѓанска непослушност, на што студентите и средношколците кои протестираат веќе со месеци ги повикаа граѓаните на Србија. „Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски, ја земаме слободата во наши раце“, објавија студентите на Инстаграм. Бројни компании, установи, здруженија и политички партии соопштија дека ќе ја поддржат акцијата. На штрајкот ќе се ...
Доналд Трамп им нареди на официјалните лица да подготват планови за декласифицирање на документите за убиствата на Џон Кенеди, Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг. „Многумина луѓе го чекаа ова долго време, со години, со децении. Се ќе биде објавено“, кажа Трамп, потпишувајќи ја извршната наредба. Во наредбата стои дека план за објавување на документите мора да биде презентиран во рок од 15 дена. Претседателот Џон Кенеди беше убиен во Далас во ...
На своето враќање на глобалната сцена Доналд Трамп ги обвини производителите на нафта дека ја продолжуваат војната во Украина така што не ги намалуваат цените и се закани дека ќе воведе царини на целиот американски увоз. Обраќајќи се преку видеоврска на Светскиот економски форум во Давос, тој побара од земјите-членки на ОПЕЦ да ја намалат цената на нафтата, со цел да се намалат приходите на Русија и да се стави крај на војната во Украина. „Мора ...
Карла Софија Гаскон денеска стана првата трансродова личност која била номинирана за Оскар во која било актерска категорија. Педесет и двегодишната Шпанка е номинирана за најдобра актерка за филмот „Емилија Перез“, кој освои најмногу номинации – 13. Филмот во продукција на „Нетфликс“ ја следи Емилија, озлогласена шефица на наркокартел која бара помош од адвокатка (Зои Салдана) за да ја лажира својата смрт и да направи операција за промена на ...
Хрватскиот филм „Човекот кој не можеше да молчи“ на режисерот и сценарист Небојша Слијепчевиќ доби номинација за Оскар во категоријата најдобар краток игран филм, соопшти денеска Академијата за филмска уметност и наука. „Човекот кој не можеше да молчи“ лани доби Златна палма за краток филм на Канскиот фестивал и стана првиот хрватски филм со оваа престижна награда. Филмот доби и Европската награда за најдобар краток филм од Европската филмска ...