Двајца белгиски државјани се осомничени за шверцување златен накит вреден пола милион евра при влез во Македонија на скопскиот аеродром, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка, а осомничени се дека како соизвршители сториле кривично дело – Криумчарење согласно член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „Осомничените, маж и жена од Антверпен, на 6 април ...

Во Литванија почина 29-годишниот Александар Гавриловски, кој беше еден од повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во Кочани, кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Тој е 61-та жртва во пожарот, од кои 6 деца, а од 193 повредени 25 се деца. Гавриловски имал 35 отсто изгореници од втор и трет степен. Вкупниот број на осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако државниот јавен ...

„Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции“ е насловена изложбата која ќе се отвори на 8 април (20 часот) во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје. Изложбата ја организираат МСУ и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Музејот за современа уметност во Лион и градот Лион. „Низ значајни дела од колекцијата на МСУ, од автори како Карлос Круз-Диез, Хисао Домото, Ана-Ева Бергман, Пјотр Ковалски, Зоран Мушиќ, ...

По Влатко Кешишев, денеска во Кривичниот суд почна да сведочи Александар Ѓорчевски, татко на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, кој е обвинет дека му кажал на Љупчо Палевски кога точно таа излегува за на училиште, за да ја грабнат Велибор Манев и Боре Видевски во влезот во нејзината зграда. Според обвинителниот акт, сево ова било за потоа сите да бараат пари за откуп за Вања, од мајка ѝ Зорица и од родителите на Зорица, кои имале значителен ...

Ретки документи од македонската историја како Евангелието по Лука кое е од 12. век, писмата од Гоце Делчев, Решението за азбуката (фонд АСНОМ), Уставот на МПЦ, Декларација за човекови права (фонд на АСНОМ), акт за основање на МАНУ се сместени во депото на 6. спрат на Државниот архив на Македонија, низ кое поминуваат одводни-доводни цевки, алармниот систем за пожар е врз база на вода, а тоа не смее да биде бидејќи се работи за хартија. Депото ...

Од месецов се зголемува капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, а тоа значи повисоки плати и помотивирани лекари, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Согласно оваа одлука, вредноста на капитациониот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари, што претставува зголемување од 33%, односно 23%. „Ова зголемување доаѓа по ...

Зајакнувањето на патронажната служба во земјава е од особена важност за подобрување на грижата за мајките и децата, велат од Од Институт за јавно здравје (ИЈЗ) по повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето. Според последната анализа на трендовите во капацитетите и функциите на патронажната служба, некои од најголемите проблеми се поврзани со недостаток на кадри и ограничена опрема. „Во 2023 бројот на патронажни сестри во Македонија се намалил на ...

Александар Вучиќ го предложи лекарот Ѓуро Мацут за мандатар на новата српска влада. Тој кажа дека Мацут ги поседува сите потребни професионални и лични квалитети, како и стручност и посветеност за да биде претседател на владата. „Ме увери дека може да обезбеди мнозинство за избор на новата влада“, изјави Вучиќ. Тој очекува новата влада да биде избрана до Велигден за две недели. Последниот рок за избор на новата влада е 18 април. Мацут треба да ...

Со изложбите во Струга и во Скопје, Музејот во Штип почна да ја прикажува поставката за првата медицинска сестра во Македонија, Славјанка Влахчева, и во други градови во земјава. Изложбата е актуелна по повод Меѓународниот ден на здравството, 7 Април. „Поставката за првото ‘македонско девојче во бело’, како што штипјани ја нарекувале Славјанка Влахчева, веќе се презентираше во Струга и Скопје, а во наредниот период стоиме на располагање да се ...

Драмскиот театар во Скопје (ДТС) ќе добие нов објект откако ќе завршат реконструкциите на други проекти од културата, кои со години се реновираат или чекаат изградба на нов објект. Владата лани на 20 јули донесе одлука дека „го задолжува Министерството за култура и туризам, согласно предвиденото во Програмата за работа на Владата 2024-2028 година, во Годишната програма за инвестиции во културата да планира ревидирање на реализација на проект за ...

Второ дете почина од сипаници додека ширењето на вирусот продолжува да расте во западен Тексас. Осумгодишното девојче не било вакцинирано, немало познати здравствени проблеми и било хоспитализирано поради компликации од вирусот, изјави Арон Дејвис, потпретседателот на Универзитетскиот медицински центар во градот Лубок во Тексас. Министерот за здравство Роберт Кенеди Џуниор, кој беше критикуван за начинот на справување со ширењето, го посети ...

Доналд Трамп ги бранеше царините што ги воведе за целиот увоз во САД, иако тие предизвикаа потрес на светските берзи, велејќи дека некогаш мора да се земе лек за да се поправи нешто. Тој кажа дека работни места и инвестиции ќе се вратат во Америка за да ја направат побогата од кога било. Од владата на Трамп истакнаа дека високите царини ќе бидат спроведени според планираното, отфрлувајќи ги стравувањата од рецесија. Азиските берзи денеска остро ...

Досегашниот претседател на СДСМ Венко Филипче доби 4-годишен мандат за лидер на денешните директни внатрепартиски избори на кои беше единствен кандидат. На 78 избирачки места низ земјава од 23.720 запишани члена гласале 18.140 или 76,5% од запишаните. Од нив 18.001 член гласал за Филипче, а неважечки се 131 ливче. Во говорот по изборите, Филипче рече дека ќе ја обнови партијата. Кажа дека претстои тешка борба против Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ...

Министерството за внатешни работи (МВР) поведе дисциплинска постапка и за полицаецот кој прво одби, а потоа нареди пајакот да го крене „поршето“ на ексминистерот Срѓан Керим паркирано на велосипедска патека пред ресторан во скопско Дебар Маало на 22 март, потврди МВР за телевизија Телма. На 4 април, МВР поведе дисциплинска постапка за двајца полициски службеници од Одделението за лично обезбедување на Претседателката на РСМ кои лажно тврделе ...

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 24 лица, од кои над десетина жени и деца, соопштија локалните здравствени власти, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е на пат кон САД за средба со претседателот Доналд Трамп за војната. Израел минатиот месец го прекина примирјето со Хамас и ја обнови својата воздушна и копнена офанзива, изведувајќи бранови напади и заземајќи територии за да изврши притисок врз милитантната група ...

Премиерот Христијан Мицкоски во придружба на првиот вицепремиер Изет Меџити и повеќе министри од Владата дојдоа кај градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами, каснаа баклава и изразија и големо задоволство од тоа како се одвиваат работите на изградбата на првата фаза од продолжението на булеварот Видое Смилески-Бато, од улица Фуштанска до село Порој. Во оваа прва фаза од изградбата на продолжетокот од булеварот комплетно се изградени ...

Краткометражниот анимиран филм „Неми филмови“ на Крсте Господиновски ќе игра во селекцијата за награди на водечкиот светски фестивал за анимирани филмови во Анеси, Франција, од 8 до 14 јуни. Ќе игра во селекцијата Перспективи, а за наградите за краток филм е во конкуренција со вкупно 72 дела од 40 земји во неколку програми за оваа категорија. Ова е првиот македонски филм по „Адам“ на Петар Глигоровски од 1977 кој е во официјалната селекција на ...

Три трупови се најдени во германското село Вајтефелд, на околу 60 километри источно од Бон, има сомнеж за кривично дело, изјави полицијата. Полицијата ги повика возачите да не качуваат автостопери во регионот бидејќи има потера по можни сторители. На местото на настанот се повикани голем број полицајци. Специјалните тактички полициски единици со огнено оружје и заштитна опрема се распоредени за да ја блокираат областа, а се проверуваат сите ...

Велешанец Виктор Мазнев има 27 години, а веќе 14 години ги помага бездомните животни. Повеќе од илјада бездомни кучиња и мачиња за овој период биле со негова помош вдомени низ Европа. Тој за неговиот волонтерски ангажман за згрижување на бездомните животни во Велес го доби општинското признание „9 Ноември“. „Хуманоста или ја имаш, или ја немаш, таа не се учи. На крајот на краиштата, љубовта е таа која му треба на целиот свет. Пружете ја и на ...

Во рускиот ракетен напад врз Киев во текот на ноќта загина еден човек, а повредени се уште три лица, предизвикaна е штета и пожари во неколку области од најголемиот напад врз Украина изминативе недели, соопштија украинските власти. Нападот е првиот од големи размери со употреба на ракети и беспилотни летала, откако САД кон крајот на минатиот месец соопштија дека преговараат за два договори за прекин на огнот со Русија и Украина, меѓу кои и еден ...

Половина од десетте јавни комунални претпријатија во Битола ја завршиле 2024 година со негативни финансиски сметки, со загуба од 150 милиони денари (околу 2,4 милиони евра). Директорите ги потврдија загубите на Комисијата за финансии и буџет при Советот на Општина Битола. Најголема загуба има „Водовод“ со над 61 милион денари (над 987.000 евра), на второ место е „Комуналец“ со 59 милиони денари (955.000 евра), трета е Нискоградба 21 милион ...

Автомобилската компанија „Јагуар Ленд ровер“ (ЈЛР) објави дека ќе ги паузира сите испораки во САД бидејќи работи на „новите услови за тргување“ откако претседателот Доналд Трамп воведе царини изминатава недела. На 3 април стапи на сила царината од 25 отсто за увоз на автомобили, една од неколкуте мерки што ги најави Трамп, кои ги потресоа глобалните синџири на снабдување. САД се втор најголем извозен пазар за автомобилската индустрија во Велика ...

Илјадници демонстранти вчера се собраа во Вашингтон и ширум САД, на околу 1.200 демонстрации кои го формираа најголемиот ден на протести против претседателот Доналд Трамп и неговиот сојузник милијардерот Илон Маск, откако тие почнаа со чистка во владата и проширување на претседателските овластувања. Под мотото „Тргни ги рацете“ беа организирани демонстрации на повеќе од 1.200 локации во сите 50 држави во САД од над 150 активистички групи, како и ...

Рекордни 10,8 милиони денари (околу 175.000 евра) за отштета за рекордни 159 пријавени каснувања од куче се исплатени лани на граѓани од општинската каса на Велес. Од овие пари, 5,5 милиони денари се за оштетените, а 5,3 милиони за адвокатите, ни изјавија од Општина Велес. Од локалната власт велат дека сумата од 10,8 милиони е за безмалку две години. „Ова се средства кои се исплатени за период од две години. Во април 2023 потпишавме договор со ...

„Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Марш за 59-те ангели“, пишуваше на дел од транспарентите на денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани, што го организираа семејствата на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. На 16 март загинаа 60 лица, меѓу кои 4 деца, а над 200 беа повредени. Учесниците на протестот рекоа дека ако сите институции си ги извршувале своите задачи, до трагедијата немало да дојде и ...

Притвор за 15-годишник кој силувал 5-годишно дете денеска определи судот во Гостивар, соопшти Обвинителството. „Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за определување мерка притвор за 15-годишно дете во судир со законот за кое постои сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во ...

Александар Пичушкин, руски сериски убиец осуден на доживотен затвор во 2007 за убиство на 48 луѓе, изјави дека е подготвен да признае уште 11 убиства, соопшти денеска руската казнена служба. Жртви на Пичушкин, кој сега има 50 години, беа често бездомници, алкохоличари и постари лица околу паркот Бицевски, големо зелено пространство во јужниот дел на Москва. Неговите убиства траеја од 1992 до 2006. Руските медиуми му дадоа прекар „убиецот со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави „златна картичка“ со која на богатите имигранти ќе им се даде право да останат во САД на неодредено време. „За 5 милиони долари ова може да биде твое“, рече тој во претседателскиот авион „eр форс 1“. На неколку видеа објавени во американските медиуми се гледа како Трамп им ја подава златната картичка – на која има и слика од неговото лице – на новинарите. Тој ја нарече и „адут“. Картичките ...

Полицијата на босанските Срби вчера протера висока функционерка на германското Министерство за надворешни работи од Република Српска (РС), српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, по состанокот со опозициските групи. Германската државна секретарка за европски прашања Ана Лирман е протерана како одмазда за германските санкции против раководството на босанските Срби. Лирман изјави дека претставниците на лидерот на РС, Милорад Додик, ѝ се ...

Повеќе од една недела по силниот земјотрес во Мјанмар, бројот на жртви повторно се зголеми. Државните медиуми јавуваат за 3.354 мртви и 220 исчезнати, повредени се 4.850 луѓе. Хуманитарните организации предупредуваат на појава на сериозни болести како колера. Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации ја обвинува воената хунта, која владее со оваа земја во Југоисточна Азија, за ограничување на испораката на помош за заедниците ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
4.12
28%
1013
weather icon

Белград

35ᴼ / 32ᴼ
4.63
37%
1014
weather icon

Загреб

34ᴼ / 33ᴼ
1.03
37%
1017
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1014
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
3.26
20%
1011
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
2.06
37%
1017
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
7.6
34%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
28%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.12
28%
1014
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
33%
1012
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
8.23
34%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
57%
1013
Currency

61.535

Currency

52.5197

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75