
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Директорот на Скопскиот џез фестивал (СЏФ) Костадин Шурбановски соопшти дека си дал оставка од еден од најголемите и најзначајни македонски фестивали. Шурбановски, познат како Шурбе, е музички новинар, менаџер, диџеј, радиоводител, еден од најзначајните во земјава. „По речиси 25 возбудливи години, заминувам од Скопскиот џез фестивал, во потрага по нови авантури и предизвици. Ви благодарам за поддршката и соработката, ви посакувам сè најдобро на ...
Светски лидери и преживеани заедно палеа свеќи на денешната церемонија на одбележување на 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, што се одржа на местото на некогашниот нацистички логор на смртта во Полска. Меѓу оние кои пристигнаа беше 86-годишната Това Фридман, која имала само шест години кога советските трупи ослободиле околу 7.000 луѓе од Аушвиц на 27 јануари 1945. Фридман, која допатува од Њу Џерси, верува дека ова е можеби последниот ...
Европската Унија не може да се бори против антисемитизмот ако дозволи искривувањето на историската вистина на холокаустот да биде макар и најмал дел од предусловите за членство, рече денеска директорот на Музејот на холокаустот, Горан Садикарио, на одбележувањето на 27 јануари, Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот и 80 години по ослободувањето на Аушвиц во Министреството за надворешни работи во Скопје. „Компромисот со историската вистина ...
Вредноста на акциите на големите американски технолошки компании нагло падна денеска откако на пазарот се појави евтин четбот со вештачка интелигенција создаден од кинеска фирма. Апликацијата на „ДипСик“ беше лансирана минатата недела и надмина ривали како ЧетГПТ, станувајќи најмногу симнуваната бесплатна апликација во САД. Четботот наводно бил развиен за малку пари во однос на ривалите, предизвикувајќи ја идната американска доминација на полето ...
Не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени од гимназиското образование, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска . Претходно, дел од гимназиските професори по овие предмети преку отворено писмо реагираа дека овие предмети не се опфатени во предложената концепција. „Радикално и категорично ја отфрламе понудената Концепција за гимназиско образование. Мноштвени се негативните импликации во однос на учениците, ...
Два дена откако САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека в. д. директорот на Универзитетската библиотека во Битола Менде Доневски ја иселил од канцеларија програмската раководителка и библиотекарка-советник со долгогодишно професионално искуство, м-р Јелена Петровска на само осум месеци пред пензија, денес во установата беше назначена нова директорка. На местото на Доневски, со решение на министерсот за култура доаѓа м-р Емилија Стефановска-Давкова, ...
Со изложбата „Аушвиц – место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“ од Јад Вашем – Израел, во Министерството за надворешни работи (МНР) денеска беше одбележан 27 јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот. Овие фотографии од германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц во окупирана Полска, кој беше ослободен на 27 јануари 1945 од советската војска, се единствена досега позната визуелна документација за процесот ...
Доналд Трамп по инаугурацијата ја врати политиката со која се фаворизираат класични архитектонски стилови на федералните згради во однос на модернистичките. Неговата извршна наредба наречена „Промовирање на убава федерална граѓанска архитектура“ ѝ наложува на Управата за општи услуги да поднесе препораки во рок од 60 дена за „унапредување на политиката според која сојузните јавни згради треба визуелно да се идентификуваат како граѓански згради и ...
Љупчо Палевски, обвинетиот извршител на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски во ноември 2023, денеска побара изземање на обвинителката Жаклина Јосифовска, нејзина кривична одговорност за наводно криење докази во истрагата. Побара и изземање од овој предмет на целото Скопско обвинителство поради политичко договарање и тешка конструкција против него како киднапер и свиреп егзекутор на Панче ...
Mузичарот Костадин Икононов – Коце, гитаристот на култните македонски групи „Безимени“ , „Бис-Без“ и „Мањифико“ и долгогодишен член на Ревискиот оркестар на МРТ, почина вчера во Скопје по кусо боледување. Имаше 78 години. Икономов важи за еден од основоположниците на македонската рок-сцена. Роден во 1946, музиката ја засакал од мал, па по завршувањето на основното училиште се запишал во средно музичко училиште. Студирал медицина на желба на ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски најави дека се планираат повеќе промени за да се најде долгорочно решение за дефицитот на лекови за онколошките пациенти. На Клиниката за онкологија од минатата недела нема шест лекови од биолошката терапија, а според министерот за здравство Арбен Таравари, оваа недела ќе ги има шесте биолошки лекови. Клековски денес рече дека со Институтот за патологија и ПЕТ-центарот ...
Огромен број луѓе се придружија на денешната 24-часовна блокада на најважната сообраќајница во Белград во населбата Автокоманда. Оваа блокада е продолжение на повеќемесечните студентски протести, кои почнаа по трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе во уривањето на настрешницата на железничката станица. Блокадата започна во 10 часот и студентите ги повикаа граѓаните да им се придружат. Тие кажаа дека блокадата е замислена како мирен ...
На 1 февруари почнува 7. сезона на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2025“, на која ќе се претстават нови 28 ретки болести кои се дијагностицирани во Охридско-струшкиот регион. „За нас како пациентско здружение ‘Ретко е да си редок’ од Охрид поддржано од Здружението за ретки болести ‘Живот со предизвици’ и лекарската фела изминатото лето беше работно. Со заеднички консултации и истражувања стигнавме до нови различни ретки ...
Десетици илјади Палестинци се движат по главните патишта кон северот на Газа откако Израел ги тргна блокадите по одлуката на Хамас да ги ослободи заложничката Арбел Јахуд и уште двајца заложници. ТВ-снимките покажаа големи толпи во движење и очевидци кажаа дека првите жители пристигнале во градот Газа во раните утрински часови. Според договорот за примирје, жителите на северна Газа требаше да се вратат викендов, но Израел кажа дека Хамас го ...
САД нема да воведат царини за Колумбија откако нејзината влада се согласи да ги прими депортираните мигранти, објави Белата куќа. Доналд Трамп вчера нареди воведување царини од 25% за сите колумбиски производи откако претседателот Густаво Петро забрани два американски авиона со депортирани мигранти да слетаат во Колумбија. Петро во прв момент кажа дека неговата земја нема да ги прифати вратените граѓани со цивилни авиони зашто се третираат како ...
Александар Лукашенко го продолжи своето 31-годишно владеење во Белорусија откако државната изборна комисија го прогласи за победник на вчерашните претседателски избори, што западните влади ги отфрлија како лажни. „Можете да ѝ честитате на Република Белорусија, избравме претседател“, изјави шефот на државната изборна комисија Игор Карпенко. Лукашенко, кој немаше сериозен конкурент на изборите, го освои седмиот мандат со 86,8% гласови. Европските ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наредил да се воведат царини, визни ограничувања и други одмазднички мерки против Колумбија, откако нејзината влада одби да прими два авиона со мигранти. Трамп рече дека мерките се неопходни, бидејќи одлуката на колумбискиот претседател Густаво Петро ја „загрози“ националната безбедност во САД. „Овие мерки се само почеток“, објави Трамп на својата платформа за социјалните медиуми Трут ...
Владата на Колумбија објави награда од околу 700.000 американски долари за информации што ќе доведат до апсење на четворица водачи на бунтовничка група, во чијашто војна со герилските дисиденти во регионот на одгледување кока, кој се граничи со Венецуела, има десетици мртви. Во објавата на социјалните мрежи од Министерството за одбрана се нуди наградата за информации за шефовите на Ослободителната национална армија, позната по кратенката ЕЛН на ...
Хуманитарци од Зрновци и од Штип донираа храна за шестгодишниот син на Емилија Пешева, која лани на први ноември беше убиена во напуштен објект во близина на нејзиниот дом. Хуманитарците најавија брза изградба на комплетно нов тоалет и реновирање на собата во која таа живеела како самохрана мајка со детето. Дваесетидеветгодишната Пешева ја уби нејзиниот партнер Ф. З. (25) откако првин почнал да ја тепа, а потоа ја задавил во напуштен објект во ...
Во пораст е бројот на интервенции на пожарникарите од Територијалната противпожарна единиица (ТППЕ) од Велес. Лани имале 287 интервенции, годината претходно 269, а во 2022 имало 234. Лани имало и една жртва од пожарите, а во два случаи се ваделе давеници од реката Вардар. Најмногу работа велешките пожарникари, кои покриваат територија на три општини, Велес, Чашка и Градско, имаа во 2018 со 361. „Луѓето, поточно невниманието се најголемата ...
Во Охрид во тек се конзерваторско-реставраторски работи на споменичкиот комплекс „Куќата на Робевци“ за санација и реставрација на еден од најзначајните и најрепрезентативни објекти од старата градска архитектура. Ова е еден од најголемите проекти на Националната установа (НУ) Завод и музеј – Охрид, за кој досега се издвоени три милиони денари (околу 48.500 евра). Директорот на охридскиот Завод и музеј, Горан Патчев, појаснува дека станува збор ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека би сакал Јордан, Египет и другите арапски земји да го зголемат бројот на палестинските бегалци што ги прифаќаат од Појасот Газа, потенцијално иселувајќи доволно население за „само да ја исчистат“ областа зафатена од војна заради нов почеток. Трамп исто така рече дека ja прекинал забраната на неговиот претходник Џо Бајден за испраќање бомби од еден тон во Израел. Тоа го тргна притисокот наменет за ...
Десетици илјади луѓе синоќа демонстрираа против растечкото влијание на германската екстремна десница на собирот пред Бранденбуршката порта во Берлин. Демонстрантите користеа светилки и нивните мобилни телефони за да го формираат она што организаторите го нарекоа „море од светла“ против Алтернатива за Германија (АфД). Полицијата во главниот град на Германија кажа дека излегле околу 35.000 луѓе, но проценката на организаторите е дека имало 100.000 ...
Илон Маск учествуваше преку видеоврска во официјалната кампања на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), еден месец пред националните избори на 23 февруари. Обраќајќи ѝ се на толпата пред говорот на водечката кандидатка Алис Вајдел, технолошкиот милијардер рече дека АфД е „најдобрата надеж“ за Германија и дека е во ред да се „гордееме што сме Германци“. „Мислам дека има искрено преголем фокус на вината од минатото и ние ...
Фокусот на светот утре (27 јануари) ќе биде ставен на преостанатите преживеани од злосторствата на нацистичка Германија, кога светските лидери и членови на кралските семејства ќе им се придружат на комеморациите на 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц. Главните свечености се одржуваат на местото во јужна Полска каде што нацистичка Германија уби над еден милион луѓе, повеќето од нив Евреи, но и Полјаци, Роми и Синти, советски воени ...
Мермерна статуа на жена за која се верува дека е стара повеќе од 2.000 години е пронајдена оставена во ќеса за ѓубре во близина на Солун, соопшти полицијата. Еден жител ја открил статуата без глава и долга 80 сантиметри покрај корпата за отпадоци во Неи Епиватес, близу Солун, им ја предал на локалните власти, кои контактирале со археолозите за да ѝ го проценат значењето. Полицијата соопшти дека експертите, по првичната проценка, утврдиле дека ...
Војната во Газа беше погубна за децата: повеќе од 13.000 се убиени, околу 25.000 се повредени, а најмалку 19.000 се хоспитализирани поради неухранетост, според агенциите на ОН. Kако што заменик-амбасадорот на Велика Британија во ОН, Џејмс Кариуки, неодамна изјави пред Советот за безбедност, „Газа стана најсмртоносното место во светот за да се биде дете“. „Децата од Газа не ја избраа оваа војна“, рече тој, „а сепак ја платија крајната цена“. ...
Густа магла сосема го затвори Скопскиот аеродром. Од саботата попладне по 16 часот ниту еден авион не успеа да слета поради намалената видливост која во текот на ноќта падна и под 100 метри и беа откажани 8 полетувања кон различни дестинации. Денеска се откажани утринските летови за Загреб на „Кроација ерлајнс“ и Истанбул на “Туркиш ерлајнс“, а неизвесно е и дали ќе се реализираат и утринските летови на „Визер“ бидејќи сите четири авиони што се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, во предградието на Ошвјенќим, близу Краков. Комеморацијата ќе се одржи во Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“ на 27 јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот. Најавено е присуството на педесетина државни делегации од целиот свет, како и ...
1 „Инстант резултати нема“, вели премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од Вашингтон каде што беше за време на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД. Не сум сигурен дали сѐ ќе беше поинаку ако СДСМ не се фатеа само за прашањето дали премиерот навистина имал покана за инаугурацијата и дали се сликал со битни луѓе или со ојле-дојле по хотелски сали и коктели, или пак, ако уште пред да тргне за Вашингтон, од тимот на Мицкоски не ...