Во полициската станица Кисела Вода од вечерва е приведен Стефан Богоев, поранешен директор на Царинската управа на Македонија и поранешен потпретседател на СДСМ. Неофицијално, приведен е под сомневање за влијание за избор на фирма за чистење за време на мандатот од една година. Од Финансиската полиција велат дека во акцијата се опфатени и други лица, како и други кривични дела, а и дека во неа учествува не само обвинител, туку и судија на ...

Во ситуација кога има одлив на обвинители и на обвинителска служба, оспорен закон пред Уставниот суд кој може дополнително да им ги намали платите на обвинителите кои се меѓу најниските во регионот, Државниот обвинител Ненад Савески денеска повторно упати апел до Владата и до Собранието дека сиромашно обвинителство пред богатиот криминал постои бадијала. „Сиромашно јавно обвинителство не може да му се спротивстави на богатиот криминалитет. ...

Унгарија сигнализираше дека ќе се откаже од долгогодишното противење на кандидатурата на Украина за членство во ЕУ, што ќе ѝ овозможи на неа и на Молдавија да започнат формални преговори за приклучување кон блокот во наредните денови, изјавија четворица дипломати за „Политико“. Отворањето на првиот преговарачки кластер треба да се случи за време на меѓувладината конференција во Луксембург на 15 јуни, изјавија тројца од дипломатите. Двете ...

Албанските обвинители против корупција истражуваат проект за луксузно одморалиште поврзан со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, додека продолжуваат протестите на граѓаните и еколошките организации. Проектот ги опфаќа ненаселениот јадрански остров Сазан и неколку стотици хектари од заштитениот предел Вјоса-Нарта, крајбрежна мочуришна област каде што се гнездат фламинга, фоки и морски желки. Специјалното обвинителство против корупција на ...

Приемот и потрошувачката на вакцини не е евидентиран во деловните книги на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Тоа е само една од забелешките во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој изврши ревизија на финансиските извештаи на Институт за 2024 година. Во тој период директор беше Шабан Мемети. „Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските ...

Судењето за рушењето на зградата на Работничкиот универзитет во Велес продолжи со сослушување сведоци. Семир Шаботиќ, син и внук на инвеститорите, како сведок на одбраната одговараше на прашањата од адвокатата Павлина Зефиќ-Јакимовска. „‘Беровиќ транспорт‘ беше ангажиран за вршење на ископ на градежната јама. Тие копаа со багер, се товареше во камиони и се носеше. Ѕидот на зградата на Работничкиот универзитет не беше ископан како другите ...

Повеќе од половина од жените отсуствувале од училиште или работа поради менструални предизвици. Недостапноста на менструални производи и несоодветните санитарни услови остануваат сериозен предизвик за голем број жени, покажуваат резултатите од истражувањето за менструална хигиена, пристап и потребата од пакет за прва менструална помош (Menstrual First Aid Kit), спроведено на примерок од 2.700 испитанички. Наташа Доковска, програмска ...

Денеска е пуштен во употреба чилишен базен во Општина Карпош, до спортската сала „Партизан“. Станува збор за базен со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри. Базенот се градеше со средства од Агенцијата за млади и спорт и чини околу 760.000 евра. Денеска беше предаден во владение на Општина Карпош. На свеченоста за отварањето на базенот присуствуваа премиерот Христијан Мицскоски, директорот на Агенцијата ...

Руското министерство за одбрана кажа дека ноќешниот голем воздушен напад врз Украина бил одговор на „терористичките дејствија“ против цели во Русија, додавајќи дека биле погодени бројни украински воени мети. Украинските власти рекоа дека најмалку 18 луѓе загинале, а над 100 се повредени низ Украина, а Киев беше особено тешко нападнат со дронови и проектили. „Ноќеска, како одговор на терористичките дејствија на режимот во Киев, вооружените ...

Нефер и несериозно е да се очекува дека ќе дојде висок европски политичар и ние наеднаш ќе ја промениме позицијата, рече премиерот Христијан Мицскоски одговарајќи на новинарско прашање што очекува од денешната средба во Скопје со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Евроинтерграцијата на Македонија е блокирана од Бугарија која бара измени на Уставот за да бидат внесени околу 3.000 македонски граѓани кои се изјасниле како Бугари ...

Агенцијата за филм сѐ уште нема добиено официјално известување од продуцентската куќа „Револушн продакшн“ дека се откажува од доделените средства за проектот „Татко“ на режисерот Јани Бојаџи, ни изјави директорот на Агенцијата, Сашко Мицевски. „Татко“ доби 15 милиони денари (242.000 евра) од Агенцијата за филм на Конкурсот за финансирање на проекти во прв рок за 2026, а резултатите беа објавени на 29 мај. „Револушн продакшн“ на продуцентот ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека земјава во првите три месеци од 2026 година ќе биде меѓу трите земји во Европа според растот на Бруто-домашниот производ (БДП). „Што се однесува до бруто-домашниот производ, сите индикатори коишто ги следиме од првиот квартал којшто веќе измина, тоа се месеците јануари, февруари и март, велат дека ќе имаме, во услови на епска светска енергетска криза, солиден раст. Јас би очекувал растот да се движи меѓу ...

Неколку месеци по парламентарните избори во Данска, актуелната премиерка Мете Фредериксен објави дека постигнала договор за формирање малцинска влада на левиот центар. Дванаесет партии освоија пратенички места на изборите во март, најмногу Социјалдемократите на Фредериксен, но и покрај тоа, тоа беше нивниот најслаб изборен резултат од 1903 година. Фредериксен, која зад себе веќе има два мандата како премиерка, кажа дека ќе ја претстави ...

Нова фаза од природниот временски настан Ел Нињо би можела да започне за неколку недели, предупредија Обединетите нации, што би можело да ги зголеми температурите на планетата која веќе е под притисок од климатските промени. Светската метеоролошка организација соопшти дека овој Ел Нињо веројатно ќе зајакне во остатокот од 2026 година, предизвикувајќи поекстремни временски услови низ поголемиот дел од светот. Прогнози од неколку национални ...

Либан објави дека Хезболах прифатил американски план за запирање на нападите врз Израел, кој, пак, се согласил дека нема да го напаѓа Бејрут. Либанската амбасада во САД кажа дека примила потврда дека Хезболах го прифаќа планот за заемно запирање на нападите. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја потврди спогодбата, но предупреди дека Бејрут ќе биде нападнат ако Хезболах не запре со нападите врз израелските градови и цивили. Ова следува ...

Поминаа пет години откако градоначалникот Тони Коњановски пред првиот мандат, на локалните избори во 2021 година, вети изградба на ново училиште во населбата Буковски Ливади во Битола. Ова е негов втор мандат кој почна во октомври 2025, а училиштето досега не е изградено. Наместо градба на нов училишен објект пред повеќе од една година и пред изборот за втор мандат, Коњановски најави реконструкција на постоечки руиниран објект во близина на ...

Најмалку десет луѓе загинаа, а над 100 се повредени откако Русија изведе голем воздушен напад врз Украина. Погодени се и станбени згради во Киев, при што итните служби брзаат да спасат луѓе затрупани под урнатините. Сирени за воздушна тревога ноќеска се огласија во речиси целата Украина. Ова следува откако Русија минатата недела предупреди дека ќе лансира систематски напади врз Украина како одмазда за украинскиот напад врз студентски дом во ...

Доналд Трамп изјави дека преку посредници разговарал со либанската милиција Хезболах и дека обезбедил ветување дека нема да го напаѓа Израел. Тој рече дека разговарал и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тврдејќи дека Израел се согласил да ги повлече сите трупи што се подготвуваат да го нападнат јужен Либан. Ова следува откако иранските медиуми објавија дека прекинот на огнот склучен помеѓу САД и Иран во април веројатно ќе заврши ако ...

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој околу два месеца не доаѓаше на работа, денеска со писмо до премиерот Христијан Мицкоски кое го објави и на Фејсбук го извести дека си поднесува оставка од функцијата. Фетаи му пишува на премиерот дека во овој момент не постојат неопходните услови за да ја извршува функцијата вицепремиер во полна ефикасност. Друго како причина не наведува во писмената коресподенција. Откако му се заблагодарува ...

Иран ги прекинува индиректните преговори со САД откако Израел ѝ нареди на војската да навлезе подлабоко во Либан за да се бори против Хезболах, објави иранската новинска агенција „Тасним“, што ги комплицира дипломатските напори за ставање крај на тримесечната војна. „Тасним“ соопшти дека преговарачкиот тим на Иран престанува да разменува пораки со Вашингтон преку посредници. Доналд Трамп претходно повтори на социјалните мрежи дека верува оти ...

Полицаецот од Шестата управа Р. Р. (39), кој беше член на претходницата на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, без јавност денеска за насилство врз сопругата добил условна казна од година и шест месеци затвор. Веста ја соопшти Кривичниот суд Скопје. Насилникот признал вина. Тој останува и натаму оддалечен од МВР, веќе нема да работи како службено лице. Според пресудата, тој не смее во следните 3 години да направи ниту едно ...

Со настапите на Пајак, Слаткаристика и групата „Зијан“, синоќа во Гевгелија заврши четиридневната програма по повод официјалното отворање на „Мега шопинг парк“. Овој настан во текот на изминатите четири дена привлече над 40.000 посетители од земјата и регионот, со што и официјално почна со работа овој трговски парк. Четиридневната забава за отворањето почна со настапи на Тамара Тодевска и грчката пејачка Иви Адаму, продолжи со Кирил Џајковски ...

Вангелица Илиевска (36) од Кратово, жртва на над 10-годишно семејно насилство, денеска во Основниот суд во Куманово е осудена на единствена казна затвор од седум и пол години за извршено двојно убиство. Според обвинението, таа на 13 јуни 2024 во семејната куќа во Кратово кога била нападната, со умисла ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. На Илиевска ѝ се продолжува куќниот притвор до правосилноста на пресудата. Денеска на ...

Градската плажа, Гранико и Полин на Дојранско Езеро може да се користат за капење и рекреација, според резилтатите од анализите на Центарот за Јавно здравје (ЦЈЗ) во Велес, извршени по Националната годишна програма за јавно здравје за 2026 година. Резултатите се доставени до Општина Дојран. Примероците се земени на 15 мај годинава. Оценката за микробиолошките индикатори за водата на Градската плажа е добра, додека на плажите Гранико и Полин е ...

Вчера со градежна механизација започна уривањето на куќата на улицата Димитар Влахов во Охрид, изградена во 1927 година, која се наоѓа во непосредна близина на старото градско јадро. Утрово на терен продолжија активностите со отстранување на оградата околу објектот. Станува збор за приватен имот кој не е ставен под заштита како културно наследство. Објектот подолг период беше во лоша состојба, со видливи оштетувања на конструкцијата и ...

Центар за третман на дебелина кај децата е отворен на Клиниката за детски болести, соопшти Министерството за здравство. Потребата од ваков специјализиран центар, како што вели Министерството, е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Клиниката за детски болести, според кои над 30 отсто од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14% од нив се соочуваат со екстремна ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија на Бејрут контролирани од Хезболах, најавувајќи понатамошна ескалација, што го комплицира решавањето на конфликтот помеѓу САД и Иран. Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Есмаил Багеи изјави дека израелските напади врз Либан се меѓу факторите што предизвикуваат одложување на дипломатскиот процес за завршување на војната помеѓу САД и Иран, ...

Повеќе од половина од жените отсуствувале од училиште или работа поради менструални предизвици. Недостапноста на менструални производи и несоодветните санитарни услови остануваат сериозен предизвик за голем број жени, покажуваат резултатите од истражувањето за менструална хигиена, пристап и потребата од пакет за прва менструална помош (Menstrual First Aid Kit), спроведено на примерок од 2.700 испитанички. Наташа Доковска, програмска ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар кажа дека ако претседателот Тамаш Суљок не поднесе оставка, владата ќе покрене законска постапка за негово отстранување од функцијата. Суљок беше избран од пратениците на Фидес на Виктор Орбан во почетокот на 2024 година. Маѓар го повика Суљок да се повлече, обвинувајќи го дека не го претставувал националното единство по главните прашања и дека им служел на интересите на Орбан и неговата влада. Суљок одби да ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
42%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
29%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
4.63
31%
1021
weather icon

Софија

27ᴼ / 25ᴼ
3.6
39%
1021
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
6.73
35%
1020
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 24ᴼ
4.63
59%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
7.15
50%
1013
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
5.14
42%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.3
34%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1022
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
3.09
24%
1022
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
8.71
100%
1017
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

71.9616

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Паладиум

43178.45

Рутениум

53852.50

Злато

141408.63

Кобалт

56.29

Бакар

13.17

Сребро

2106.74

Цинк

0.00

Платина

55942.30

Алуминиум

3.31

Иридиум

252383.36

Калај

56.26

Родиум

280515.26