Дванаесет годишната охриѓанка Ева боледува од тумор на мозокот, Pilocytic Astrocytoma. За да ја победи лошата болест неопходно е во феруари да се оди на радио терапија во Турција, каде девојчето е оперирано пред крајот на 2019 година. Вклучувајќи ги и приемните прегледи, целиот третман во Турција чини 18 500 €, средства кои родителите на Ева не се моќни самостојно да ги обезбедат. Да бидеме хумани, да покажеме како и многу пати досега ...

Порталот Трибуна спроведува анкета со прашање: На кој лидер му имате најголема доверба? Од досегашните резултати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има најголем број на гласови, речиси двојно повеќе од првиот човек на СДСМ Зоран Заев. Мицкоски има 605 гласови наспроти 362 гласови на екс премиерот Зоран Заев. Но, она што е многу интересно е дека во македонскиот политички блок добра бројка на гласови во анкетава имаат претседателот ...

Млад, здрав, прав, умен, избегал во странство за да печали пари. И да. Ама и не. – Бега од нашите училишта каде внукот на директорката има повеќе петки од него, иако не знае да гукне, а самиот тој знае повеќе од учителката. Бега од нашите општини каде да го видиш градоначалникот за да му се пожалиш е еднакво на барањето да го видиш Господ. Бега од нашите конкурси за работа на кои синот на директорот со трето одделение ќе го примат ...

Кој во СДСМ го мести вака СДСМ? СДСМ има спот во кој се вели “пазете да не се врати ВМРО-ДПМНЕ пред 25 години!!!” Да бидам прецизен, пред 25 години СДСМ беше на власт, тоа е времето на Радмила Шекеринска, залетот на кланот Заеви во Струмица, првиот криминален занает на многумина кои сега се во врвот на партијата. Пред 25 години СДСМ беше на власт и цветаше корупцијата, Радмила беше главна во младината на партијата, шверцот на ...

Овие фотографии пристигнаа до нашата редакција од читатели од Делчево. Градоначалникот Дарко Шехтански не превзема никакви мерки да ги санира дупките на улицата во центарот на градот, на која патем се наоѓа и автобуската станица во градот. Ваквата состојба на улиците, со раскопани дупки веќе долги години стои несанирана. На истата оваа улица се наоѓа единствената градинка за деца, но и општината каде што работи самиот градоначалникот. Го ...

Градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчевски денеска во изјава за „Поглед“ демантира дека има масовно труење на животни во градот. Како што вели Тренчевски, тој контактирал со МВР по што добил одговор дека е затруено само едно куче. Контактирав со МВР, во понеделникот било затруено само едно куче. За претходното масовно труење има покренато истрага полицијата и имавме состаноци со инволвирани институции како што се МВР, ...

Паоло Дибала многу се поврзува со заминување од Јувентус во овој преоден рок. Дибала прво беше пред трансфер во Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а кога заврши преодниот рок во Премиер лигата се споменуваше како можно засилување за Пари Сен Жермен. Навивачите не сакаат Аргентинецот да го напушти клубот и во вчерашниот пријателски натпревар на Јувентус против Триестина Дибала покажа зошто е обожаван од фановите, пренесува порталот ...

За само 48 часа Кинезите претворија целосно празна и напуштена зграда во болница со 1.000 кревети. Бројот на заразени од коронавирусот во Кина забрзано расте, а поради тоа се градат нови боолници. Покрај тоа што најавија дека ќе изградат болница за само една седмица, тие само за 48 часа опремија зграда и ја претворија во болница за заболените од коронавирусот. На градилиштето имало повеќе од 30 копачи, 40 булдожери и повеќе од 500 работници ...

Пребарувањата на поимите beer virus (пиво вирус) пораснале за 744 отсто, додека пребарувањата со поимот beer coronavirus (пиво коронавирус) пораснале на 3.200. Коронавирусот кој се појави во кинескиот град Вухан а кој предизвикува воспаление на плуќата и бронхитис, предизвика паника и страв меѓу луѓето ширум светот, а спрема податоците на Гугл, на 21 јануари бил еден од најпребаруваните податоци. Во периодот од 18. до 26. јануари, корисниците ...

После минатата средба и самит во Вашингтон, дел од светската десница на средба во Рим: Светските и европски конзервативци и десничари на заедничка конференција со Салвини, Орбан и многу други. На покана директно од домашниот организаторот Nazione Futura, Конзерватив МК (Conservative.mk) ќе има свој претставник на настанот. Настан: “National Conservatism” Тема на настанот: “God, Honor, Nation: President Ronald Reagan, Pope ...

Зборот „ЌЕ“ пак најчесто се слуша Се враќа ли Скопје во иднината? Прашањето кое асоцира на името на познатиот филмски хит, се чини, најдобро ја опишува состојбата во која се наоѓа градот во однос на исполнувањето на градоначалничките ветувања. Причината е едноставна: и оваа година повторно ги слушаме најавите дадени во минатото за иднината. Не е доволно разбирливо? Еве поедноставно кажано: скопскиот градоначалник и неговите ...

Членството во НАТО не ни го подари никој, туку го спечаливме. Членството создава позитивна клима и во прашањето за влез во Европската унија. Веќе другите земји не доживуваат како дел од клубот. Имаме право да поддржиме или да се спротиставиме на одредени ставови внатре во НАТО. Го изградивме имиџот дека можеме да испорачаме тоа што е побарано од нас, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. -Треба да си забележиме дека водиме дебати ...

Долгот во последните три години е стабилизиран за разлика од периодот 2008-2016 година, кога нагло се зголемил за 23 проценти, оцени министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната презентација на нова платформа преку кога граѓаните ќе може да имаат увид во состојбата со долгот на државата. Буџетот е во одлична кондиција има одлична ликвидност и реализација во првиот месец, рече Ангеловска, додавајќи дека планираното задолжување за ...

Чисти оџаци, работи со гипс картон и умее и други градежни активности само за да обезбеди пари за лекување на сопругата Николина. Ваква е приказната на Тофил Авазовски од делчевското село Тработивиште, кој вели дека иако може и сака да работи тешко се наоѓа работа, пишува Либертас. -Од 30 дена во месецот отприлика работам само две недели. Од тоа успевам да обезбедам едвај 5000 денари кои не се доволни за живот, а камоли за лекување на Николина ...

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен. Тој случајот го нарекува „трагично кривично-правен предмет, трагично наречен ‘Рекет’“, известува Макфакс. „Лица што се вклучени во оваа постапка слободно се шетаат, а тука некој си игра правда над мене. Сакате да постапам како Милески, да кажам Катица Јанева е ...

Mи претставува особена чест и изразувам голема благодарност до Економската заедница на Вестфлија и Липе за доделувањето на престижната меѓународна мировна награда на Вестфалија. Наградата не е значајна само за нас како поранешни Премиери на нашите држави. Таа е значајна затоа што ги потврдува заложбите на прогресивните и европски политики кои градат траен мир. Значајна е за сите луѓе во Северна Македонија и Грција кои градат пријателски и ...

Повеќе од еден месец трае кризата околу недостигот на обрасци за пасоши. Се уште не се наѕира крај на проблемот. А да не зборуваме дека има недостаток и на други лични документи. Загрижувачко! Но, загрижува и тоа дека не се бара одговорност од најповиканите во МВР за овој голем пропуст кој ограничи многу слободи и права на македонските граѓани. Очигледно, некој во МВР не планирал добро и не си ја завршил работата за која земаат плата. Ќе ...

Радмила Шекеринска како министер во министерството за одбрана преку јавна набавка набавила 2 тешки машини грејдери за потребите на Армијата во вредност од 464.853 евра од српска компанија „Корковадо“, додека иста машина од истата компанија во Србија после само неколку месеци била продадена на српска институција за само 108.000 евра, односно за половина сума помалку од онаа што ја платила Шекеринска, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ...

Кога зборуваме за проблемот поврзан со правосудството, ние како општество мора да ја прифатиме дијагнозата, болката на тој систем. Тоа е начинот на кој се инсталираат кадрите во тој систем, а тоа е од централите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Какви и закони да усвои собранието, некој кој бил 40 години корумпиран, нема да се разбуди наредниот ден и да стане најправичниот човек во државата. Ниту еден од експертите, вклучително и тимот на Прибе не ...

До вонредните избори што треба да се одржат на 12 април, остануваат помалку од 90 дена. Што сработи техничката „пржинска“ влада досега, во однос на нејзината главна причина за постоење, а имено подготовката за спроведување на фер и демократски парламентарни избори? До каде сме со прочистувањето на избирачкиот список? Ако претходната влада водена од ВМРО-ДПМНЕ беше обвинувана за стотици илјади мртви души во избирачкиот список и ...

Бев дете туку што почнато да оди, улицата ми беше вториот дом, другарите и другарките второто семејство… Не имаше многу, секојдневно се слушаа нашите гласови од раните утрински часови па се до полноќ…Тоа беше нашата дружба, тој детски џагор, игра и смеа… Израснати со прекрасни игри кои што беа нашето секојдневие од крадци- полицајци, жмурка, граница, серва, шева, фудбал… Кога сме кај фудбалот секогаш имавме ...

Деновиве се почесто се поставува прашањето, како ќе се постават најголемите македонски политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и кој од нив ќе има поголем коалиционен капацитет на претстојните парламентарни избори. И кога сме кај коалиционите партнери многу е важно да се знае кој со кого ќе соработува, со каков капацитет и каква идеолошка матрица на политичари односно дали повторно ќе имаме калакурница на идеолошки план и нема да се знае кој е ...

И двајцата мои „херои“ се бивши премиери на Република Македонија. И двајцата после излегување од судница решија да покажат колку се нормални и хумани… колку се блиски со обичните смртници. Едниот од нив си купуваше ѓеврек и јогурт, па се интересираше за живеачката на чичкото со ѓевреците, а другиот пак отиде подалеку и му даде 2000 денари на еден бездомник. Морам да забележам дека и двата настани добија повеќе од ...

Една слика илјада зборови! На оваа максима деновиве упорно работеле студентите по политички науки во Палермо. Им била покажана фотка, со текст: „Политичар, што бил премиер и се надева дека повторно ќе биде премиер, великодушно на бездомник на улица му дал дури 2.000 денари“. Каде се случило ова, не им било познато на студентите, за нив тоа било една фиктивна ситуација, кој требало да ја анализираат. Студентите, работеле деноноќно ...

Историјата на САД знае само неколку примери кога актуелниот американски претседател, борејќи се за реизбор, ги губел изборите. Тоа е исклучок од правилото, и во најголем број случаи во текот на историјата актуелниот претседател го обезбедувал и својот втор мандат. Доналд Трамп уверено чекори кон втор претседателски мандат во Белата Куќа. Тој ги исполни најголем дел од предизборните ветувања од 2016 година. Американската економија покажува ...

Пишува: Петар Марков Во модерното време во кое живееме се случуваат крупни придвижувања во медицината. Со забрзаното менување на нејзиното лице, постепено се менува и улогата на докторите, суштински но и како учесници во самите процеси. Најверојатно се работи за промена на парадигмата во здравството чие следење претставува исцрпувачки тежок предизвик. Технолошко-социолошкиот развој во последните години ги афектира сите аспекти на животот, а ...

Додека нашиот „надворешно евроатлантски двомоторец“ се труди да остави свеж впечаток среде Париз, во контролната кула во Скопје, повторно падна системот. А штотуку им пренесоа на парижаните дека конечно е стокмен закон според кој никој, ама баш никој нема да биде гонет поради сомнение за вмешаност во „висока корупција“ без оглед на политичките убедувања. Добро, тие се две три, но се важни „политички ...

Колумна на Никола Тасев: Златко е политичар, кој дваесетина години се шета по различни партии. Секогаш е со власта и континуирано е на државна функција. Нo Златко, по 20 години „измачување врз грбот на државата“, ги спакувал куферите и одлучил да се отсели од Македонија. Не, од страв дека ќе ги изгуби престојните избори, затоа што Златко никогаш не губи, оти се лепи за секоја власт. Златко тргна по патот кој го избираат и другите ...

Според предлозите на локалната самоуправа, а поради зголемено иселување, општината Албиен во Швајцарија, на четиричлено семејство би му дало 70.000 франци, или 60.000 евра ако се одлучат да живеат таму. Малото село има околу 240 жители, а морале и да го затворат училиштето поради немање доволно ученици. За купување или изградба на куќа мора да вложите најмалку 200.000 франци (повеќе од 170.000 евра) и тоа мора да ви биде постојан дом, а не ...

Работодавачите во Германија редовно ги искористуваат странците, кои помалку ги плаќаат, ги вработуваат без договор и ги присилуваат да работат прекувремено, а за тоа не се платени, предупредил во средата германскиот Институт за човекови права. Работодавачите им даваат многу помала плата на странските работници, која во моментов е 8,84 евра бруто по час. Некои мораат да работат и прекувремено, а за тоа да не се платени, или работодавачите ги ...

Скопје

13ᴼ/13ᴼ
0.51
100%
1014

Белград

16ᴼ/15ᴼ
8.23
63%
1010

Софија

11ᴼ/11ᴼ
1.54
89%
1017

Сараево

14ᴼ/14ᴼ
2.04
72%
1015

Љубљана

14ᴼ/12ᴼ
2.06
92%
997

Атина

17ᴼ/15ᴼ
4.02
67%
1012

Тирана

15ᴼ/15ᴼ
2.57
100%
1013

Подгорица

17ᴼ/14ᴼ
0.0
100%
1013
Currency

61.8672

Currency

57.7411

Currency

72.3508

Currency

37.6905

Currency

41.9064

Currency

62.7501

Currency

7.94401

Currency

0.61548

Currency

0.36875

Currency

0.52603

Currency

1.78005

Currency

0.6894

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

598665 $

Рутениум

24115 $

Калај

31 $

Сребро

854 $

Злато

74601 $

Бакар

9 $

Паладиум

30690 $

Платина

30771 $

Родиум

151607 $

Цинк

91147 $