Студијата спроведена од Универзитетот во Вухан покажала дека борбата против корупцијата најголемо влијание имала на БМИ-то кај јавни службеници кои авансно земале мито во споредба со оние по завршената работа. Кинеските научници заклучуваат дека еден од основните фактори кои придонеле за намалување на БМИ-то бил и дефицитот на гезмиња, односно, намалување на фреквентноста на пиење алкохол и јадење во ресторани, што пак се одразило на зголемено ...

Првата снимка е од 1957 година, од музичар од ЛА, Ричард Бери. Зборовите се на фејк јамајкански за да се залепат на популарноста на калипсо музиката (во тоа време Хари Белафонте растура на топ листите) а мелодичниот риф е од песната Ел Локо Ча Ча, снимена од американски-кубански бенд. Прво станува позната во областа на Лос Ангелес а потоа и долж западниот брег. Станува омилена во џубоксите и заради денсот: во тоа време не било финта да игра кој ...

Службите добиле наредба од Нетанјаху за изработка на план за лов на лидерите на Хамас во Либан, Турција и Катар. Во главниот град на Катар со години се наоѓа главниот штаб на политичкото крило на Хамас. И пред воопшто да се случи терористичкиот напад од 7 октомври, Израел со децении спроведува тајни операции за елиминирање на сите оние што Тел Авив ги смета за државни непријатели, без разлика дали тоа биле лидери на терористички групи или ...

„Голем број наши луѓе ја одржуваат традицијата на семејства во кои се растат четири, пет или повеќе деца. Сетете се дека во руските семејства нашите баби и прабаби имале по 7 и 8 деца. Да ја зачуваме и обновиме оваа традиција. Имањето многу деца, големо семејство, треба да биде стандард, начин за живот на сите луѓе од Русија,“ порачал Путин во говорот пред Светскиот руски народен собир. Се работи за средба која ја води првиот човек на Руската ...

Професорката Џени Харис, денес на чело на британската Агенција за здравствена безбедност а втор човек на здравствените власти во времето на пандемијата, на сведочење објасни дека задолжителноста на маските не биле темелени на никаква научна реалност. Таквите политики имале ефект на пружање лажно чувство за безбедност, со што ја влошиле состојбата бидејќи мислејќи дека се заштитени со маските, луѓето влегувале во рискантни ситуации кои би ги ...

Пред да ги сецираме бројките, редно е да се каже дека се работи за конзервативен тинк-тенк кој е финансиран од нафташите Ексон, Шеврон и браќата Коч и упорно се бори против тн зелени енергии. Нивниот извршен лани твитна: „Денес, благодарен сум што живеам живот со висока содржина на јаглерод и посакувам и остатокот од светот да го може тоа. Енергетска сиромаштија = сиромаштија. Декарбонизацијата е опасна и смртоносна“. Според нивните пресметки, ...

На последната стадионска турнеја за поддршка на најновиот албум, 72 Seasons, за пет концерти продале 230.682 карти. Вкупниот приход, само од карти, им е 29 милиони и кусур долари, односно по 5,9 милиони долари за еден концерт. Тоа значи дека четворицата би добиле по 1,7 милиони за настап. Но, има тука и трошоци. Ако тие се проценат на 65% од приходите, на Металика од еден концерт им остануваат по 961.000 по човек. Плус имаат за делење по околу ...

Иако проблемите со регрутација има и на двете страни од фронтот, разликата е што Русите располагаат со три пати поголема популација од Украинците. Како што објаснува Блумберг одбивањето на Зеленски да го потпише новиот закон за регрутирање „потекнува од неговата желба да види јасен план што неговата војска сака да постигне со новиот повик, како новите регрути ќе бидат распоредени и како да се направи распоред за ротација на оние што се 21 месец ...

Тоа што ги преживеа 70-тите беше чудо. Тоа е деценијата кога бил стрпан на психијатриски оддел на 17-годишна возраст, а подоцна стана познат по тоа што ѝ даваше на девојка му да го гризе („Канибализам на свирка на Клеш“, гласеше наслов во НМЕ со фотографија од раскрварениот Шејн). Тоа што ги преживеа осумдесетите, неговиот најславен период како фронтмен на Поугс беше фасцинантно. Тоа што го преживеа својот повеќедецеиски алкохолизам и користење ...

Како што Европската комисија призна дека „времето за добивање дозволи за унапредување на мрежата е меѓу 4 и 10 години, а 8 до 10 години за висока волтажа,“ така германскиот регулатор одлучи да ја избегне потенцијалната криза преку мерки за намалување на притисокот врз мрежата. Германските снабдувачи со енергија во иднина ќе бидат „охрабрувани“ да го ограничат дотокот на енергија до потрошувачи како полначи за електрични возила и топлотни пумпи ...

Во нормални времиња, паркинзи беа правени за да се спречи автомобилскиот хаос. Во САД уште 20-тите години на минатиот век се воведени политики за обезбедување минимум паркинг простор за новите објекти од секаков тип - станбени згради, банки или трговски центри - за секој кој живее, работи или посетува да има каде да се паркира. Климатските воини сега тоа го свртуваат наопачки, водејќи се од податоците дека транспортот сочинува речиси една ...

Мејлот до вработените на ЦИА бил „едноставен потсетник за постојната политика“ што компанијата ја има околу објавувањето на социјалните мрежи. И покрај потсетувањето на правилото, вработениот не бил дисциплиниран за постот, бидејќи било проценето дека „немало намера да се изрази мислење за конфликтот.“ Истиот вработен имал објавено и пораки во кои се осудува антисемитизам. Заради постот ЦИА требаше јавно да се објаснува дека нејзините вработени ...

Електронската одбрана главно е составена од попречувачи на сигнал, кои ги блокираат ГПС системите на леталата и предизвикуваат тие да ја утнат зададената мета. Русите од почеток ги користат овие системи, меѓутоа ако во првите фази од војната тоа било за попречување на комуникацијата (мобилна / радио и дронови), откако западните ракетни системи влегуваат во Украина, руската опрема е пренасочена кон новите закани. „Бидејќи и ХИМАРС и Екскалибур ...

Гласањето било за пратеници во регионални и градски собранија. Кај првите дури 0,09 проценти од гласачите биле против предложениот кандидат, кај вторите процентот на несогласување бил незамисливи 0,13. „Меѓу гласачите кои учествувале во гласањето, 99,91 проценти гласале за кандидатите за пратеници во регионалните собранија... а 99,87 проценти гласале за кандидатите за пратеници во градските и околиските собранија,“ објавила новинската агенција ...

Мејловите од единицата 8200 откриваат дека висок офицер кој ги разгледал разузнавачките податоци сметал дека опасноста од масовен изненаден напад од Хамас преку границата на Газа е „измислено сценарио“. Наводно Хамас дале имиња на приправените кибуци на кои се обучувале, вежбале за кревање знаме над синагога и имале планови за освојување на воените бази и убивање на сите во нив. Израелскиот Канал 12 објавува дека првичните предупредувања биле ...

„Секогаш кога ќе слушнете ЕБИТДА (заработка пред камати, даноци, амортизација и депрецијација) само заменете ја таа кратенка со зборот „булшит“. Чарли Мангер На 29 години, жена му се разведува од него, му ја зема куќата, му ги остава децата. Практично останува шворц. Вози некој ужасен жолт Понтијак, кога децата го прашале зошто го вози тој крш, им рекол: - Да ги обесхрабрам спонзорушите. Брзо по разводот, дознава дека неговиот син има ...

Селдовиц некаде од 7 ноември почнува да ги малтретира продавачите на храна во Менхетен, фокусиран на Арапите, за да биде уапсен пред некој ден дури откако се рашири видеото за палестинските деца. Освен тоа дека не се доволни ни 4.000 убиени палестински деца, Селдовиц во едно видео му порачува на продавач со египетско потекло дека египетските тајни служби ќе го уапсат татко му и ќе му ги вадат ноктите еден по еден, за во друго да го опишува ...

Освен по социјални мрежи, видеото доби на внимание и од медиуми како Њујорк пост, пренесувајќи го како одраз на состојбата на американската економија. „И тоа станува се понеподнослив проблем за демократските политички стратези и економисти кои до сега не успеа да испратат порака дека на економијата всушност добро и оди,“ пишува Алисон Мороу во текстот за Си-ен-ен. Признавајќи дека периодов скокнале цените на сè и сешто, Мороу се обидува да ...

Фармацевтската компанија со седиште во Бостон, која пласираше една од првите мРНК вакцини против ковид и ги дистрибуираше во стотици милиони дози, решила и да вработи поранешни луѓе од законот за свој „оддел за дезинформации“ кој ќе ги следи реакциите околу вакцините. Еден нивен извештај бил насловен „Ѓоковиќ крунисан како антивакцинален херој по победата на УС Опен“ и бил посветен на случајот со светскиот тениски рекордер од Србија кому не му ...

За само 49 дена. Што значи дека: За контекст: Според Канцеларијата на комесарот за човекови права на Обединетите нации, војната во Украина за 20 месеци регистрирала 9.614 цивилни жртви. Со оглед на тоа што ова население е 22 пати помало од Украина, и дека зборуваме за само 49 дена (наспроти 20 месеци), војната во Газа е неверојатни 520 пати посмртоносна за цивилите отколку војната во Украина а жртвениот биланс на децата е поголем за 3.500 пати, ...

Од оваа позиција Киев треба да преговара сo Москва околу својот „суверенитет и територијален интегритет“, а според Билд овој план го координираат Белата куќа и кабинетот на Шолц. Спонзорите на Украина сакаат во овие преговори Зеленски да го реши и идниот статус на териториите окупирани од Русија. „Зеленски треба да разбере дека работите не можат вака да продолжат. Без надворешен притисок. Тој треба да и каже на нацијата за ова и да објасни дека ...

Буданова била хоспитализирана заради труење со тешки метали откако веќе некое време нејзиното здравје константно се влошувало. 30-годишната Буданова, која работеше како помошник на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, била спасена од докторите и сега закрепнува. „Терапијата сега е при крај, и потоа ќе има уште една контрола од докторите. Овие супстанци не се користат во секојдневен живот и ниту за воени потреби. Нивното присуство покажува ...

Описот на работната позиција што тие ја замислуваат е „да кажува шеги, да муабети и да шири живост, неопходни за ‚позитивни чувства'“, а работното место ќе биде - човек за позитивност. 22-годишната Бела Роуз Мортел, инаку самопрогласена ЦВО (chief vibes officer), за Бизнис инсајдер објаснува дека нејзините претходни шефови биле благодарни за нејзината „енергија“ што за нејзе е „најпријатниот комплимент“ што го добила. Нејзиниот совет до ...

Амунди проценува дека руското БДП ќе порасне за 1,5% во 2024 и за 2% во 2025, споредено со 0,5 и 1,2 процента за еврозоната. „Тоа значи дека САД, Европа, Јапонија, Австралија, големите развиени држави, не можат ефикасно да ги спроведат санкциите врз земјата. Тоа е тоа што значи. Нас може нема да ни се допаѓа, но тоа е реалноста,“ порачуваат од фондот. Најголемиот видлив успех на санкциите е од замрзнувањето на имотот и иако тоа им наштетува на ...

Испораките од Северна Кореја, кои наводно се прават во замена за лансирање на севернокорејски сателит, треба да бидат завршени во 10 пратки од по 100.000 гранати. Оваа муниција е клучна за обновениот руски притисок за освојување на Авдивка. Во исто време ЕУ која во февруари годинава вети дека во рок од една година ќе и испорача 1 милион гранати на Украина, пред некое време објави дека нема да може да го исполни ветувањето. До сега тие се на ...

Одгледувачите тврдат дека забраната за јадење на кучешко месо ќе ги остави без приходи за живеење. Забраната која би требала да почне да важи од 2027, вклучува и финансиска помош за одгледувачите кои ќе решат да сменат дејност. Првиот човек на Асоцијацијата на одгледувачи на кучиња за месо, Џу Јоунг-бонг, порачал дека асоцијацијата ќе ослободи два милиона кучиња на улиците на главниот град, посебно околу министерството за земјоделие и домовите ...

Израелскиот премиер неодамна изјави дека Израел се бори за свој опстанок и дека инвазија на појасот Газа има за цел „да го елиминира Хамас со уништување на неговите воени и управувачки способности“. Не баш скромна цел. Американското искуство во Авганистан во изминатите две децении покажа дека е речиси невозможно да се скрши некој чие раководство и финансии се заштитени во други земји кои нечија војска не сака или не може да ги нападне. Бидејќи ...

Украинскиот претседател издаде декрет за отпуштање на неколку високи офицери на Националната гарда. Највисокиот по ранг и функција што заминува е заменик-началникот на Националната гарда, генерал-полковник Володимир Кондратјук. Сечата зафати и уште тројца генерали. Засега не се познати причините за смените во врвот на Националната гарда. Тоа е е паравоена организација која системски припаѓа на украинското Министерство за внатрешни работи и е ...

Повеќето луѓе користат ЧетГПТ за да добијат одговор на едноставни прашања, да скицираат дискусија или да скоцкаат некој корисен или бескорисен код. Но, компаниите за шпионски софтвер на големо истражуваат како да користат алатки за вештачка интелигенција за да ги „снимаат“ луѓето на социјалните медиуми. На пример, компанијата за онлајн надзор Social Links демонстрираше дека ЧетГПТ може да врши „анализа на чувства“, каде што вештачката ...

Се работи за калифорнискиот ЦЕФ (Climate Emergency Fund) кој минатата година има пријавено донации од 6,1 милион долари, скок од 165% во споредба со 2,3 милиони долари собрани во 2021. Запрашани од Фокс њуз околу нивната активност, од ЦЕФ порачуваат: „Фондот е горд што може да ги поддржи некои од најсмелите, најхрабрите климатски активисти на светот кои не само што се борат туку и победуваат. Низ историјата, организирани, пасионирани и посветени ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
5.66
75%
1018
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
0.51
76%
1018
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
81%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.0
81%
1021
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1019
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
5.36
81%
1014
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
71%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
91%
1022
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.24
79%
1019
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
82%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209