Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Моменталната врска меѓу Крим и Русија е преку Кримскиот мост кој редовно е жртва на украински напади од каде и да стигнат. Успешноста на овие напади е причина зошто Русија бара безбедна алтернатива за сигурни транспортни рути. Пост објавува мејлови од Кинеската железничка градежна корпорација во кои се наведува дека тие се „подготвени да осигураат изградба на пруга и патна структура од каква било комплексност во кримскиот регион.“ Во друг меил, ...
Пентагон веќе работи на тоа како на идните фронтови да распореди јата од илјадници дронови контролирани од вештачка интелигенција. Освен Американците на слични технологии веќе работат и Кинезите и Израелците. Во говор од август годинава, висок функционер на Пентагон објаснува како споменатите јата дронови би им помогнале на САД за надоместување на бројчаната предност што ја има кинеската армија во оружје и луѓе. „На масовноста на кинеската ...
Кога станува збор за лицемерието и двојните стандардни, ЕУ е во посебна класа, пишува Норман Луис. Минатата недела, Европската комисија надмено објави дека решила да престане да се рекламира на платформата Х (поранешен Твитер). Наведува „широка загриженост во врска со ширењето на дезинформации“ на платформата, особено во врска со војната Израел-Хамас. Овој бојкот е дел од пошироката кампања на ЕУ за припитомување на Икс во поглед на модерирањето ...
Претходно необјавеното писмо и ВИ алгоритамот биле клучни за одлуката на бордот да го избрка Алтман. По четири дена прогон, Алтман беше вратен во компанијата откако 700 вработени се заканија дека ќе си дадат отказ и ќе преминат во Микрософт. „Дел од луѓето во ОпенАИ веруваат дека Кустар (Q*) би преставувал продор во работата на компанијата кон достигнување генерална вештачка интелигенција (ГВИ). ОпенАИ ја дефинира ГВИ како автономен систем кој ...
Украинскиот претседател смета дека командантите кои влегле во политика направиле грешка, а во исто време ги предупредил офицерите дека ризикуваат да ја изгубат почитта од своите војници ако почнат да се мешаат во политика. Зеленски својот осврт го прави на офицерите кои влегоа во политика по 2014, и анексијата на Крим. Според него „најразлични политички сили ја туркаат војската во политика. После 2014 секоја партија сакаше да има некој човек од ...
Најбогатите еден процент од светската популација се одговорни за иста количина емисии на јаглерод како и најсиромашните две третини или пет милијарди луѓе во светот, порачува анализа објавена од непрофитната организација Оксфам Интернешнл. Иако борбата против климатската криза е заеднички предизвик, не сите се подеднакво одговорни за неа и владините политики мора да бидат соодветно приспособени, изјави Макс Лосон, коавтор на извештајот. „Колку ...
По вчерашните избори Партијата на слободата треба да добие 37 места во холандскиот парламент, што е значително повеќе од нивниот ривал, левичарската алијанса предводена од поранешниот ЕУ комесар, Франс Тимерманс, која е на второ место со 25 пратеници. За да стигне до премиерската позиција на Вилдерс ќе му биде неопходна коалиција за да постигне мнозинство од 76 пратеници во парламентот со 150 места. Вилдерс е и посебно негативно расположен кон ...
Забелешката е дека законот од 2002 не успеал во својата намера да им даде на сексуалните работнички повеќе права и признание пред германскиот закон. Под ова се подразбира работнички права, пристап до социјална помош и право да тужат клиенти кои не им платиле. И покрај добронамерноста на законот, проблем е што најголемиот дел од сексуалните работнички во Германија се од странство, немаат документи, и се оставени на милост на шверцери на луѓе и ...
Од први јануари до крајот на октомври рускиот суфицит изнесувал 53,8 милијарди долари, а октомври бил втор месец по ред во кој суфицитот ја надминал сумата од 11 милијарди долари. Повторно предводник на ваквите историски бројки е извозот на енергенси, кој и покрај малиот пад во октомври останува висок. Минатиот месец Русија од своите пристаништа испорачувала нафта на највисоко ниво во последните 4 месеци и ги достигнува количините од април 2022. ...
Доктор Рони Џексон кој предупредуваше околу „когнитивната способност“ на Бајден уште за време на минатите избори, и сега проценува дека таа „дегенерирала“ во изминатите три години од кога тој е во Белата куќа. „Тој е опкружен со луѓе кои го охрабруваат да продолжи да се кандидира бидејќи тоа им помага на нив и она што го работат. Меѓутоа нашата граница, нашите војни, нашата економија, сето тоа сега е катастрофа. А тој едноставно веќе не може да ...
Земјоделците планираат да блокираат уште еден граничен премин, откако изминативе неколку недели полските камионџии запоседнаа три гранични премини, со што се ризикува и испораката на хуманитарна помош за Украина. Земјоделците се противат на поволностите што украинските колеги ги добија од договорот со Унијата. Камионџиите имаат проблем со укинувањето на дозволите за украинските камионџии, како дел од помошта на ЕУ за Украина, што според нив ...
Речси сите, над 500 вработени во ОпенАИ побара оставка од управниот одбор на компанијата и се закануваат дека ќе дадат отказ, по бурниот викенд и ненадејната смена на извршниот директор Сем Алтман. Веднаш по одлуката која го шокираше тој свет, прво беа пуштени муабети дека тој се враќа на позицијата но бргу следуваше студен туш: Алтман го лапна Микрософт. Во писмото на вработените, одборот се обвинува дека згрешил со потегот и притоа не ги ...
„Повеќето Американци споделуваат општа аверзија кон војната, но имаат тенденција да ја прифатат милантната надворешна политика затоа што сме трагично подложни на пропаганда, машинерија на јавна манипулација која рака под рака работи со машинеријата на убивање, за да ги оправда инаку незамисливите ужаси“, пишува Медеа Бенјамин во Салон. Овој процес на „произведување согласност“ функционира на повеќе начини. Еден од најефикасните форми на ...
„Такво преиспитување открива една непријатна вистина: дека Украина и Западот се на неодржлива траекторија, која се карактеризира со упадливо разидување меѓу достапните средства и целите. Воените цели на Киев, протерување на руските сили и целосно враќање на територијалниот интегритет сосе Крим, остануваат легално и политички издржани. Меѓутоа стратешки тие се недофатливи, во блиска иднина сигурно, а веројатно и на долг рок,“ порачуваат двата ...
На ЕУ отпаѓа повеќе од половина од вкупниот извоз на руски гас. Најголемиот купувач е Мадрид кој во првите девет месеци од годинава и платил 1,8 милијарди евра на Москва, додека Париз добил испорака во вредност од 1,5 милијарди. На трето место во Европа е Белгија, која купила руски гас во вредност од 1,36 милијарди евра. Меѓу државите кои продолжуваат да го полнат рускиот буџет се и некои од најголемите поддржувачи на Киев, како Естонија и ...
Украинскиот претседател објаснил дека и фронтот на Блискиот исток имал потреба од 155-милиметарски гранати, кои се клучни за украинскиот фронт и контраофанзивата, а кои беа во дефицит уште кога Израел и Хамас беа мирни. „Сега сум фокусиран на добивање помош од Западот. Нивниот фокус се префрла на Блискиот исток и други прашања. Без поддршката, ќе почнеме да назадуваме,“ изјавил Зеленски. Неочекуваната побарувачка од Блискиот Исток се случува во ...
Руската рубља во ноември изненадувачки порасна за 12% во однос на американскиот долар, пркосејќи им на економските санкции на Вашингтон и Запад. Додека американскиот долар ја демонстрираше својата сила во однос на валутите на другите нации на БРИКС, тој во првите две недели од овој месец не успеа да ја задржи рубљата. Претходниот месец не беше добар за рубљата додека доларот се држеше добро во однос на другите валути па и во однос на златото. ...
Колку и да мисли НАТО дека и помогнал на Украина пред и по руската инвазија, тоа не е ништо во споредба со примањето на Украина во Алијансата, кое ако се случеше со време веројатно ќе спречеше и каква било руска инвазија на земјата. „Украина утре би станала членка на НАТО ако има таква понуда, но до ден денес тоа не се случило - земјите членки се плашат дека тоа ќе доведе до масовна ескалација на конфликтот во источна Европа. Па НАТО државите ...
Економист, радио водител, во младоста фудбалер и член на рок бенд кој преработува песни од Стонси, тренер по тантрички секс, човек кој телепатски одржува контакт со своето умрено куче.... има уште доста да се каже за новиот аргентински претседател Хавие Милеи. Уште од младоста го имаат завикано „El Loco“ (Лудиот) и до сегашните 53 години, со ништо не покажал дека му треба нов прекар. На политички план: самиот се нарекува анархо-капиталист, ...
До крајот на векот, растенијата ќе апсорбираат 20 отсто повеќе јаглерод диоксид отколку што беше предвидено, покажа ново истражување кое сугерира дека актуелните климатски модели преценуваат колку брзо планетата ќе се загрее. Колеџот „Тринити“ во Даблин соопшти дека неговото истражување наслика „некарактеристично оптимистичка слика за планетата“ откако откри дека моделите не ги земале предвид сите елементи на фотосинтезата. За време на ...
Сем Алтман е отпуштен од OpenAI, Inc., непрофитната која го води стартапот за вештачка интелигенција што стои зад ChatGPT, DALL-E 3, GPT-4 и други системи за вештачка интелигенција. Тој ќе го напушти и одборот на директори на компанијата и ќе се повлече од функцијата извршен директор. Во објава на официјалниот блог на OpenAI, компанијата пишува дека заминувањето на Алтман следи после темелна проценка на одборот кој заклучил дека Алтман не бил ...
Во 2019 година, таа беше уапсена според одделот за „воени злосторства и злосторства против човештвото“ од кривичниот законик на Финска. Што направила за да заработи вакво обвинение? Поддржала некое етничкото чистење или поттикнувала масовни злосторства? Не баш. Паиви Расанен, поранешна министерка за внатрешни работи и актуелен пратеник, само твитнала библиски стих (за гревовите), во обид да ја оспори одлуката на нејзината локална црква да го ...
Путин има причина да верува дека времето е на негова страна. На фронтот, нема индикации дека Русија губи во она што се претвори во војна на трошење. Руската економија претрпе удари, но се држи. Власта на Путин, парадоксално, се засили по неуспешниот бунт на Пригожин во јуни. Јавната поддршка за војната останува силна, а поддршката што Путин ја има од елитите не попушта. Ветувањето на западните функционери за засилување на сопствените одбранбени ...
Секоја година стотици независни ревизори ги прегледуваат сметководствените книги на Пентагон за да утврдат дали во нив се заведени сите пари што ги добива американската војска од буџетот и дали истите ги троши ефикасно. Пентагон има посед во износ од 3,8 илјади милијарди долари и обврски во износ од 4 илјади милијарди долари. Ревизијата може да заврши со еден од трите рејтинзи: неквалификувано мислење, квалификувано мислење и дисклејмер за ...
Во официјалната комуникација од Анхојзер-Буш, се наведува дека Беноа Гарб ќе даде оставка на крајот од годината „и ќе тргне кон нови поглавја во својата кариера“. Гарб е на позицијата нешто повеќе од две годни. Најголемиот производител на пиво во светот има 13,5% пад на приходите во САД во третиот квартал на 100 литри пиво (клучна метрика во пивската индустрија). Проблемите почнаа откако брендот Бад лајт направи партнерство со трансродовиот ...
Поддршката на украинските разузнавачи од западните служби, доминантно од американските и нешто помалку од британските, почнува уште во 2014, а се засилува од почетокот на војната. Пример, Британците ги развиваат капацитетите на военото разузнавање, додека Американците освен обука и директно ја финансираат изградбата на нови објекти на военото разузнавање бидејќи процениле дека старите се компромитирани. Згора на ова е неброената опрема која им ...
Начинот на кој ова е спакувано предвидува дека владите избираат издавач на сертификат за енкрипција, има и опција истиот да биде основан и управуван од истата влада, а потоа клучевите за енкрипција од тој издавач ќе бидат под контрола на владата и ќе може да бидат користени за пресретнување на ХТТПС комуникација низ ЕУ и пошироко. Сето ова е сместено во членот 45 од новиот закон, кој бара од компаниите зад интернет браусерите да престанат да ...
Маж на свои 40-ти години бил здробен до смрт од робот во фабрика за сортирање производи во Јужна Кореја, откако машината најверојатно го помешала со кутија зеленчук. Според корејските медиуми, техничарот дијагностицирал проблем со сензорите во извозниот земјоделски комплекс, решил да провери дали сензорската електроника работи правилно, но роботот го зграпчил и прописно го здробил. Од повредите, починал во болница. Роботот се користел веќе пет ...
„Ја поздравувам иницијативата за доброволно преселување на жителите на Газа во држави низ светот. Тоа е правилното хуманитарно решение за жителите на Газа и целата област откако 75 години минати како бегалци. Мнозинството во Газа се четврта и пета генерација од бегалците од 1948 кои, наместо одамна да бидат рехабилитирани како и стотици милиони бегалци низ светот, се држат како заложници во Газа во сиромаштија и пренаселеност и станаа симбол на ...
Се работи за повеќечасовни преноси во кои Женг минува максимум по 3 секунди за покажување на секој производ, и во тоа време секој производ го вади од кутија, го покажува пред камера, кажува како се вика и колку пари чини. Производите што ги продава, и покрај луксузното пакување и кутии, се живо џабе главно во рангот од 10-20 јуани (1,4 - 3 долари). Во видеата Женг редовно е во црн фустан пред купишта портокалови кутии, кои неодоливо потсетуваат ...