
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Смената на врвот се очекува заради константниот растечки тренд на продажбата на кокаин и падот на извозот на нафта за 30% во првите 6 месеци од годинава. Минатата година земјата произведе рекордни 1.738 тони кокаин, а површината засадена со кока порасна за 13% на рекордни 230.000 хектари. Подемот на кокаинот се случува и покрај постојаното уништување на лаборатории за производство на дрога. Колумбија изминатиот период направи драстична промена ...
Сè поголем број луѓе тврдат дека поседувањето миленичиња е неетичко и дека животните никогаш не можат навистина да имаат добар живот во човечки дом. "Kога станува збор за поседување миленичиња, има различни нијанси на сиво. На едниот крај од спектарот: змија што неодамна ја забележав на една забава, ја носеа како ѓердан. На другиот, повредени куче и маче кои ги имам спасено од улица. Но, сè уште се прашувам дали е фер воопшто да ги задржам“, ...
Расел Бренд се обвинува за силување, сексуален напад и емоционално злоставување во период од седум години на врвот на неговата слава. Досието му го спакуваа новинари на Сандеј Тајмс, Тајмс и Канал 4. Тој ги негира обвинувањата. Пред објавување на приказната, на неговите адвокати им била дадена шанса да одговорат на обвинувањата но овие не се согласиле да одговараат на обвинувања од лица кои од медиумите добиле привилегија на анонимност. ...
Додека земји ширум светот се залагаат за обновлива енергија во новото „електрично доба“, некои од истите земји ги планираат и најголемите проекти за нафта и гас. Само 20 земји се одговорни за речиси 90% од новите планови за екстракција на нафта и гас помеѓу 2023 и 2050 година, според новиот извештај на Oil Change International. Анализата проценува дека проектите на тие земји, кои во извештајот ги нарекува „уништувачи на планети“, ќе кулминираат ...
Неодамна го препрочитав есејот на Џорџ Орвел од 1941 година, „Лавот и еднорогот: Социјализмот и англискиот гениј“, и ме освои неговиот опис на буржоаската, левоориентирана интелигенција од неговото време. Тие живеат во плиткоста на идеите, пишува тој, отсечени од заедничката култура и животните искуства на работничката класа. Го минуваат поголемиот дел од своето време во расправии со нивниот главен непријател, исто толку буржоаските архетипски ...
Еден компаниски шеф и неговата стратегија за тоа кого од кандидатите ќе елиминира станаа вирална тема за интернет муабети при што едни наоѓаат разбирање за неговиот метод на елиминација а други тврдат дека е тоа манипулативна техника па дури и симптом за „токсична работна атмосфера“ (ах, што ги мразиме овие разбудени фрази). Методот (е глуп) и се вика „тест со шољата за кафе“. Кога ќе дошол кандидат за работа, тој обично прво го носел во кујна ...
„Кога Пентагон одбива да ги сподели информациите и да им дозволи на американските конгресмени да ги посведочат биолошките останки што ги поседуваат, ние ќе ви откриеме тела кои не се од човечко потекло и не се дел од овдешната терестријална еволуција“. Под заклетва во мексиканскиот конгрес, ова го порача истражувачот и НЛО-лог Хаиме Маусан, носејќи и откривајќи пред тамошните конгресмени два ковчега со мумифицирани тела од нешта што не личат на ...
Заради штетата која досега ја има направено и ширењето лажни вести, Светската здравствена организација треба да биде прогласена за терористичка, смета хрватскиот европратеник Мислав Колакушиќ. На прес конференција со други политичари и гости, вклучувајќи го и доктор Роберт Малоун (види „Пред да ги вакцинирате децата“, „Живееме во масовна психоза како во наци Германија“, „Сите треба да бидеме гневни што нè лажеа за вакцините“), пратеникот во ...
Одмаздата, се чини, најдобро се служи со моќен форхенд. Тоа го направи Новак Ѓоковиќ на УС Опен. После три часа и 16 минути најинтензивен тенис, го победи речиси 10 години помладиот Даниил Медведев со удар кој овој едноставно не можеше да се врати. Но, не го порази само неговиот тениски противник од Русија туку и елитните промотери на карантините. Тоа беше оној стар фанатизам кој се викаше „нулта ковид“ кој особено силно го погоди славно ...
Јужноафриканскиот суд минатиот месец нареди да се објави „тајниот“ договор за набавка меѓу владата и компанијата Фајзер од 2021 година. Министерството за здравство реши да не се жали на одлуката на судот. „Ова е важен ден за нашата демократија и за отворање на процесите во здраството. Тоа праќа силен сигнал до моќните фармацевтски компании и другите центри на моќ дека во Јужна Африка транспарентноста не може да се менува и дека не е на продажба: ...
Вашингтон пост неделава пренесе дека најновата социјална платформа го претстави својот обновен пребарувач само за корисниците кои ќе побараат „ковид“ или „продолжен ковид“ да добијат празен екран и поп-ап кој води до веб страната на американскиот Центар за контрола и превенција на болести. На пребарувачот блокирани се и термини како секс, порно, коронавирус, вакцини, вакцинација... Мета соопшти дека пребарувачот на Тредс „привремено не дава ...
Десетици илјади членови на мексикански семејства ја преминале јужната граница на САД во последните месеци. Одлуките на Бајден да стави крај на задржување на семејства без документи во центри наменети за тоа и лансирањето апликација за закажување легални преминувања, веројатно придонеле за привлекување повеќе мексикански семејства. Фактор е и зголеменото раселување во делови од Мексико, главно поттикнато од насилствата меѓу картелите. Башка ...
Драгана Вучетиќ штотуку го завршила факултетот како дипломиран форензички антрополог кога била вовлечена во една од најтемните епизоди на модерната европска историја - идентификација на анонимните жртви на геноцидот во Сребреница во 1995 година за време на војната во Босна. Денес е во своите рани 40-ти години и работи сама меѓу коските во мртовечницата во Тузла во североисточна Босна. Од околу 8.000 загинати во Сребреница, околу 1.000 сè уште ...
Во моментов во Англија луѓето можат да купат максимум две пакувања лекови кои содржат парацетамол, што е обично 16 таблети од 500 mg. Но, според предлозите на намалување на самоубиствата, продажбата на парацетамол може дополнително да биде ограничена. Водејќи се од националната стратегија за превенција на самоубиства, Владата побарала од Регулаторната агенција за лекови да размисли за дополнително ограничување. Со актуелните ограничувања ...
Тие решиле работата да не ја тераат преку меѓувладини договори, туку сакаат да го пренесат својот случај директно на потомците на оние кои имале корист од ропството, вклучувајќи го и кралот Чарлс. На листата „должници“ се и Англиканската црква, лондонскиот Лојд и богатите универзитети, порача претседателот на Националниот комитет за репарации на Гренада. „Би требало прво да се извини а потоа да понуди некои ресурси од кралското семејство за да ...
Популацијата на бивалентни приматели била повисока од невакцинираните - 36.609 во споредба со 20.889 - а стапката на инфекција поголема: 3,2 проценти наспроти 2,7 проценти кај невакцинираните. „Бивалентно вакцинираната група имаше мала, но статистички значајно поголема стапка на инфекција од невакцинираната група“, велат авторите. Стратифицирајќи според возраста, јазот бил најголем меѓу затворениците постари од 65 години: 6,4 тсто кај ...
Кај Тони Блер. Поранешниот британски премиер кој како пудлица на Вашингтон и Буш има огромна лична одговорност за страдањата на ирачкиот народ во хаосот кој настана по окупацијата на земјата (бараа хемиско оружје, памтите?) во кој настрадаа милиони цивили. Му требаа 13 години да му текне да се извини и да каже дека згрешил, дека му е жал и дека се кае. Сана Марин ќе биде стратешки советник во Институтот на Блер кој се бави со лукративни ...
Кон крајот на август, Блумберг објави дека британско-холандскиот нафтен гигант Шел тивко се откажал од претходно објавениот радикален план за намалување на емисиите на јаглерод на компанијата. Во меѓувреме, Шел ќе ги зголеми инвестициите во изнаоѓање и производство на повеќе нафта и природен гас. Истиот медиум јави и дека кинеската влада одобрила изградба на повеќе нови електрани на јаглен отколку што моментално активни ги имаат САД. Новите ...
Откриено е дека домашните уреди за секојдневна употреба ги шпионираат семејствата, односно собираат информации многу повеќе од што им се потребни за да функционираат. Истражувања на британска компанија за заштита на потрошувачи покажуваат дека стандардни домашни уреди собираат и споделуваат приватни информации со големи технолошки фирми како Гугл, Амазон, Фејсбук и Твитер. Логично е да се претпостави дека ваквите гиганти и нивните деловни ...
Наспроти дебаклот на летната офанзива на Украина, американскиот државен секретар Eнтони Блинкен тркна до Украина за да потврди дека Америка ќе биде вмешана во војната „колку што е потребно“ и онолку смртни случаи колку што треба. Совршено темпиран за пристигнувањето на Блинкен, ракетниот напад во градот Костјантинивка во кој загинаа 17 лица, режимот на Зеленски го прогласи за руски напад. Посетата на Блинкен имаше за цел да испрати порака дека, ...
Со купување на првата дигитална свиња (pigNFT), стартуваше платформата GoAgro преку која секој ќе може да си „одгледа“ своја свиња без да замириса на свињарник. Во моментов се можни купувања со криптовалути, а за десетина дена во употреба ќе бидат и картички и плаќање со налог. Зад иновативната дигитална платформа стои свињарската фарма Агропорц и ИТ компанијата Beyondi. Се надеваат дека со неа ќе ги поврзат земјоделците на кои им се потребни ...
Документи анонимно доставени до Минтпрес откриваат дека „цивилната маска“ на ЦИА, фамозниот Национален фонд за демократија (NED), поставува темели за шарена револуција во Индонезија. Во февруари следната година, Индонезија ќе бира нов претседател. Актуелниот Џоко Видодо кој е нашироко сакан од Индонезијците, не може да се појави повторно а НЕД се подготвува да ја преземе власта по неговото заминување. Операцијата се спроведува и покрај тоа што ...
Од 1.681 курс (!) што оваа есен ги нуди Универзитетот во Монтана, најголем пораст на интересот има кај курсот за медиумска писменост, не заради содржината туку заради новото име на курсот: Calling Bull**** (ѕвездичките се ополитички коректна маска за 'shit'). Станува збор за онлајн курс кој се бави со темата зошто е толку лесно да се шират дезинформации и невистини и зошто е толку тешко да се бориме против нив, a истражува i што можат граѓаните ...
Рецензирана студија објавена на крајот на август во Journal of Clinical Investigation открила дека витамините можат да го стимулираат растот на нови крвни садови во клетките на ракот. Овие нови садови можат да му помогнат на ракот да расте и да се шири низ телото. Клетките на ракот бараат снабдување со кислород и крв богата со хранливи материи за да растат нови крвни садови. Процесот е познат како „ангиогенеза“, пренесува Ерусалим пост. ...
На ланската средба со Олаф Шолц, канадскиот премиер ја закопа идејата за извоз на течен гас во Германија порачувајќи дека Канада во тој дил нема „бизнис кејс“. Потоа германската влада и енергетскиот гиган РВЕ постигнаа договор да се размонтира дел од фарма за производство на обновлива енергија од ветар во Северна Рајна Вестфалија за таму да се копа јаглен. За возврат, компанијата се обврза постепено да го исфли јагленот до 2030 година, осум ...
Руската војна против Украина трае повеќе од 18 месеци и доведе до над 500.000 жртви (ранети и убиени), вклучително речиси 200.000 убиени на двете страни. Минатиот март трошоците за обнова на украинската инфраструктура беа проценети на 411 милијарди долари. Сега се веројатно многу повисоки. Војната турна седум милиони Украинци во сиромаштија, создаде над шест милиони бегалци а на 17 милиони им е потребна хуманитарна помош. Освен 100.000 мртви во ...
Во рок од неколку недели по добивањето на втора Фајзер доза, децата почнуваат да развиваат прогресивно ослабуван имунитет што ги прави податливи домаќини за разни болести. „Нашата студија покажа дека кај децата, вакцинацијата со мРНК ги намалува реакциите на цитокините“, пишуваат авторите. А цитокините, се критични за соодветно имунолошко функционирање. Интерферонот, кој е само еден пример за цитокинскиот систем, му помага на телото да ги ...
Среде долготрајниот штрајк во Холивуд, компанијата Дизни бара луѓе за кризен ПР менаџмент и комуникациски експерти кои ќе помогнат да се среди имиџот на фирмата по катастрофалното интервју кое пред некое време го даде извршниот директор на фирмата. За една позиција нудат плата од 340.000 долари а се бара некој кој ќе го води тимот за односи со јавноста кој им помага на главните директори во нивните јавни настапи и интервјуата. Потрагата по вакви ...
Европа и САД се на работ на најзначајното свесно раздвојување во меѓународните односи во последните децении. НАТО победи во Студената војна, се прошири низ Европа, тоа е најуспешната безбедносна групација во модерната глобална историја. И може да се распадне до 2025 година, пишува во Атлантик. Причината за овој колапс би била длабоката разлика во погледите помеѓу популистичкото крило на Републиканската партија - предводено од Доналд Трамп, но ...
Се работи за околу 200 украински војници кои се обучуваа на полигоните во Германија, и кои ја минале и последната фаза од програмата. До нивното излегување на фронт војниците ќе останат во базата во Германија каде ќе продолжат со вежбање. Надежта е дека тенковите ќе им ја дадат неопходната предност на украинските сили за пробивање на руските линии. Од друга страна стравот е дека пратката доаѓа премногу доцна за годинешната контраофанзива и дека ...