Трговскиот центар Столитса неодамна бил купен од рускиот производител на дронови Аероскан, по што кираџиите биле известени дека наемот ќе им биде прекинат на 15. октомври. Аероскан почна со купување трговски центри во Ижевск уште минатата година. Тогаш на кираџиите им беше даден рок да се иселат до 31 јануари 2023. Во истиот град работи и ИЗХБС, уште еден производител на дронови кој минатата година исто така купи трговски центар. Сопствениците ...

„Цензурата е многу реален проблем за оние кои претрпеле штета од вакцината или пак имаат такви блиски. Нивните групи за поддршка беа затворани од платформите на социјалните медиуми, а нивните искуства беа игнорирани или цензурирани од главните медиуми“. Ова го изјави претставничка на една од таквите групи во една - 100 милиони фунти скапа - британска истрага, во врска со ковидот која треба да ја оцени исправноста на владините потези за време на ...

Улогата на големите компании за он-лајн реклами (Гугл, Фејсбук...) е што на напаѓачот му даваат платформа преку која може да стигне до речиси секој корисник на интернет и на истиот да му испорача реклама која во себе содржи напреден спајвер. Истата оваа реклама се користи за инфилтрирање на телефонот или компјутерот. Иако не се работи за нечуена опција, до сега уверувањето беше дека вакви капацитети главно имаат големите разузнавачки агенции. ...

„Дополнителното еко- оданочување на месото е ужасна идеја. Прво, тоа нема да функционира. Последен пат кога британската влада се обиде да ја оданочи исхраната беше кога ја наметна давачката за слатки пијалоци во 2018 година, што немаше мерливи ефекти врз консумирањето шеќер или дебелината“, пишува Џејсон Рид од „Младите гласови“. Уште побизарно е, забележува тој, што данокот на месо многу малку би ѝ помогнал на планетата, дури и да успее да ја ...

Финска со децении тера доктрина на воена независност и потпирање сама на себе, доктрина на која се базира целосното нејзино функционирање и размислување. Како што преку ноќ стана членка на најголемиот воен сојуз во светот, таа сега во од треба да го тера компликуваниот процес на интегрирање во алијанската и вклопување во доктрината на колективна одбрана, со сите нејзини финансиски, правни и стратешки пречки. „Приклучувањето на НАТО е скап ...

Илјадници Канаѓани минатата недела излегоа на улиците низ цела држава за да им покажат на сонраодниците и светот дека нема да ја прифатат индоктринацијата на нивните деца преку идеологијата на родовите идентитети. “Никогаш не очекував дека ова ќе се случи. Со години, Канаѓаните се бомбардирани со бескрајна пропаганда во која се инсистира дека „трансжените се жени“. Им беше повторувано дека секој што се спротивставува на екстремните и бесмислени ...

Истиот стакленик претходно настрадал во бурата што ја зафати Тесалија, за потоа да биде „дотепан“ од локалните овци. Во одбрана на овците, тие по невремето имаат проблем да најдат свежа трева, па затоа се дале на канабисот. „Не знам дали да плачам или да се смеам. Прво имавме топлински бран и изгубивме голем дел од производството. Потоа имаше бура, и изгубивме речиси се. Сега ова... Стадото влезе во стакленикот и изеде што беше останато. Искрено ...

Иако Русија неспорно ќе се обиде да ја искористи миграцијата за предизвикување незадоволство во Унијата, министерот за надворешни работи на ЕУ, Јосеп Борел, објаснува дека сепак главно се работи за децении стар проблем кој станува се поголем заради војни и сиромаштија во земјите што мигрантите ги напуштаат. Околу подемот на национализмот во Европа, Борел објаснува дека тој многу повеќе се однесува на миграцијата отколку на евроскептицизам. ...

Портпаролот на Белата куќа на Бајден, Иан Самс, минатата недела испрати писмо до медиумите, со инструкции како треба да ја покриваат (или да не ја покриваат) истрагата за Републиканскиот импичмент за Бајден. Потоа медиумите ги следеа упаствата, со таква ревносност на која би позавидел и еден Ерих Хонекер, забележува Мат Таиби. Веќе во следните 24 часа, Вашингтон пост во самиот наслов послушно употреби фраза од писмото на портпаролот, со оценка ...

„Највисокиот германски банкар е секако целосно во право. Проблемот беше во тоа што не го кажа“, пишува Метју Лин во британски Телеграф, според кој германскиот естаблишмент се покажа неспособен да ја идентификува клучната причина за неуспехот на неговата земја: катастрофалното носење одлуки и политичката култура. Дојче банк, денес е само сенка на некогашната. Нејзината пазарна вредност е околу 70% помала од нејзиниот врв во 2007 година, а сега ...

Една анкета на Евробарометар во 2022 година веќе покажа дека низ Централна и Источна Европа, поддршката за санкции против Русија варира од највисоки од 57 отсто во Полска и 55 отсто во Естонија до најниски од 35 отсто во Словачка, 30 отсто во Унгарија и 20 проценти во Бугарија. Во меѓувреме, податоците од словачката невладина организација ГЛОБСЕК лани покажаа дека додека тесно мнозинство луѓе во Чешка, Естонија, Литванија и Полска би сакале ...

Бизнисменот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, е последниот од милијардерите кој ќе се фаќа во костец со климата, вложувајќи големи пари на тој предизвик. Неговата филантропска организација на Loomberg објави дека ќе вложи 500 милиони долари за да ги затвори сите постоечки капацитети за јаглен во САД и да спречи изградба на идни постројки за природен гас. Апелот звучи анти-индустриски, но Блумберг тврди дека ќе тоа „турбо“ ќе ...

Од 20 милијарди долари профит од странски компании направени во Русија само во 2022, 18 милијарди отпаѓаат на компании од држави кои не се сметаат за пријателски. Овие пари се уште се блокирани и не можат да мрднат од Русија откако минатата година Москва воведе нови правила за компании од САД, Британија и ЕУ, со кои се предвидува специјална дозвола за повлекување на профитот. До сега се дадени само неколку такви дозволи. Број еден западна ...

Се работи за публиката од 25 до 54 години кој е најважната демографија што ја бркаат огласувачите, Си-ен-ен успеал да собере само 55.000 гледачи од нив за програми како „State of the Union with Jake Tapper and Dana Bash,” и „Fareed Zakaria GPS.” Во неделата во најгледаните термини кои ги држат Андерсон Купер и Стенли Тучи, публиката од оваа демографија била само 43.000. Според Њујорк пост, ова е најлошиот рејтинг на мрежата од кога се води ...

Пред девет месеци, украинскиот претседател за првпат тајно ја напушти својата земја која се наоѓа во војна за да одржи емотивно обраќање пред Конгресот. Двеминутните овации што ги доби - и од демократите и од републиканците - беа далеку од она со она со што се соочи на неговото второ воено патување во Вашингтон. Зеленски сега во Вашингтон дојде на терен на кој има два важни момента за него. Од една страна, Џо Бајден повторува дека ќе биде со на ...

Главниот предизвик за Американците кои сакаат да произведат нови кршачи на лед е како да се исече и оформи дебел и кален челик. Моментално тие располагаат само со еден кршач на лед распореден во Арктикот, кој секоја зима мора да оди на сервис. Планот за испорака на првиот нов ледокршач во 2024 беше одложен на 2028. Последен пат американската крајбрежна стража воведува нов ледокршач во служба во 1976. „Дизајнерите, инженерите и заварувачите се ...

Зимата 2022 година, Мурдок антиципирал дека ќе го изгубат судскиот случај од Доминиот системите за гласање но дека ќе платат околу 50 милиони долари отштета. Во април случајот беше завршен, со обврска Фокс Њуз да плати 787.5 милиони долари. Доминион тужеше заради повторуваните сомнежи во етер дека нивните машини за гласање биле штимани против Трамп со што биле манипулирани резултатите од изборите во 2020 година. Тоа беше тема која редовно ја ...

„Невин додека не се докаже спротивното“ е принцип од некои други времиња што не се овие. Стои таа презумција на невиност и натаму во конвенциите за човекови права и материјализирана е во уставите и законите на демократските земји, во во реалноста таа е длабоко закопана од „правдата“ на интернет рајата и семоќните социјални платформи. Во заедничка новинарска сторија на Сандеј Тајм и Канал 4, четири анонимни жени го обвинија Расел Бренд за ...

Американскиот конгресмен Енди Харис им порача на своите гласачи дека можеби е време да се привршува со директната американска помош за Украина. „Дали e дојдено до пат позиција? Дали треба да бидеме реални за тоа? Мислам дека би требало“, рече конгресменот од Мериленд. За пролетната офанзива на Украина, која имаше за цел да го пресврти текот на војната: „Ќе бидам отворен, не успеа.“ Беше отворен и за изгледите за победа во иднина: „Веќе не сум ...

Телевизиите и онлајн медиумите се советувани наместо тоа да ја користат фразата „режимот на Зеленски“ или украинскиот претседател да го викаат само по име. Насоките за сега важат само за насловите на вестите како Зеленски само по име, без неговата официјална титула, би се појавувал на руските агрегатори на вести. Откако минатиот петок е издадена насоката државната новинска агенција РИА во неколку наврати користи „првиот човек на режимот во ...

Гармин се покажа како многу издржлива компанија. Во изминатите 15 години, два огромни технолошки играчи директно удрија по главните приливи на компанијата. Во 2008-ма година, од своите автомобилски ГПС уреди, Гармин заработуваше две милијарди долари. Сега од низ заработува една милијарда. Но, затоа: Од 2008 до 2014 година, паметните фитнес часовници и уреди на Гармин пораснаа од нула на една милијарда долари. Потоа, Епл го објави својот Епл Воч. ...

Спикерот на Думата, Вјачеслав Володин објави дека пратениците од московскиот регион веќе почнале да ги заменуваат застарените службени возила со домашни брендови. Тој верува дека ваквиот потег ем ќе и помогне на домашната автомобилска индустрија, ем парите од буџетот ќе останат во земјата. Минатиот месец Путин побара да се престане со државното купување на странски возила за државни службеници и функционери, инсистирајќи дека јавните службеници ...

Многу луѓе кои рекреативно користат дроги како кокаин не се свесни дека нивниот прашок често им доаѓа „појачан“ со фентанил, моќен опиоид кој може да биде смртоносен во мали дози. Ова е идеална ситуација за ненамерно предозирање. Смртните случаи од „фентанил во комбинација“ е четвртиот бран на американската криза со предозирање. Првиот бран беше со лекови на рецепт, вториот бран беше хероин, третиот само фентанил а овој, четвртиот е фентанил со ...

Руското воено производство драматично се намалува во првите шест месеци од почетокот на војната, за до крајот на 2022 тоа да воскресне на нивоа над предвоениот период. Во овој период руските тајни служби и министерството за одбрана успеваат да организираат мрежи на луѓе и компании кои шверцуваат клучни компоненти (процесори, чипови, матични плочи...) во Русија кои инаку не би смееле да припарат во земјата. Шверцот главно се врши преку компании ...

Компаниите на глобално ниво си дадоа дозвола за користење на повеќе комуникациски технологии, вклучително и 5Г. Претходно Хуавеи, кој е сопственик на најголем број 5Г патенти на глобално нив, имаше судски спор со Шаоми за прекршување на патенти околу „долгорочната еволуција на 4Г стандардот, смартфон фотографија и методи за заклучување на екранот.“ Процената е дека двете компании се фокусирани на борба за соборување на Ајфон, кој и понатаму е ...

Секогаш е истата приказна. Ако тргнете против естаблишментот, без разлика дали имате намера да станете судија на Врховниот суд, претседател на САД или сте позната личност со влијание, мејнстрим медиумите излегуваат со обвинувања за силување. И биваш осуден пред да почне каков било судски процес. Ден и ноќ ќе зборуваат за тие наводи, ќе убедуваат дека не може да бидат лажни, толку те валкаат што стануваш виновен додека не докажеш дека си невин. А ...

„Претходно обично паѓаше снег речиси од први декември до 30-ти март. Минатата сезона имавме само четири седмици снег, а и тогаш не нешто многу. Тоа значи дека на патеките многу брзо се појавија камења и карпи,“ изјавил за Си-ен-ен, градоначалникот Жак Далекс. Неговата процена е дека ако ски-ресортот работи само 5 недели во јануари и февруари, ќе има оперативна загуба од околу 500.000 евра. Само одржувањето на жичарата чини 80.000 евра годишно. ...

Ќе требаат години за Ново Нордиск да ја задоволи побарувачката за нивниот блокбастер лек за слабеење, порача извршниот директор на компанијата потсетувајќи дека само во САД има над 100 милиони дебели Американци. „Само ја загребавме површината“, вели ЦЕО-то Ларс Јоргенсен за Оземпикот и сродниот Вегови, оригинално произведени како лекови за дијабетис кои доживеаја глобален пазарен бум откако добија дозволи да се користат и како средства за губење ...

Фајненшл тајмс пишува дека слабите резултати почнуваат да откриваат проблеми меѓу Киев и Западот. Американски функционери се жалат дека Украинците за време на обуката не успеале да ги совладаат современите операции за комбинирање на механизирана пешадија, артилерија и ПВО, и биле премногу претпазливи во својот пристап. Додека Украинците порачуваат дека американската војска до сега се нема борено на фронт како украинскиот (од Втора светска војна ...

Од страна на технолошката индустрија на средбата присуствуваат некои си дваесетина луѓе и сите на прашањето дали владата треба да има улога во регулирање на ВИ потврдно кренале рака. „Клучната поента е дека за сите нас е важно да имаме судија. Ова беше цивилизирана дискусија меѓу некои од најпаметните луѓе на светот,“ изјавил Маск за време на паузата. Средбата е организирана од првиот човек на Претставничкиот дом на Конгресот, Мајк Шумер, а на ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
6.17
26%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
4.12
39%
1017
weather icon

Загреб

34ᴼ / 33ᴼ
1.03
36%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
30%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.21
30%
1016
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
3.6
35%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
8.75
39%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.69
28%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
26%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
36%
1016
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
7.2
38%
1018
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
9.26
36%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75