Сорос донираше 60 милиони долари за ултра-прогресивните кандидати и каузи

Се работи за втората по големина донација што американските Демократите ја добиле во досегашниот дел од кампањата за изборите закажани за ноември 2024.

Освен за претседателските избори, парите се дадени и за кампањите за кандидати на ниво на сојузни држави за избор на гувернери, правобранители и законодавци.

Од парите, 4 милиони долари се дадени за демократските кандидати за двата дома на Конгресот. Околу 2,5 милиони се дадени на организација која промовира право на абортус, истата сума е доделена и на организација која се залага за поголема застапеност на афро-американци во власти на сојузно ниво.

Најголемата еднократна сума што Сорос до сега ја има донирано е 125 милиони долари, која во јануари 2022 ја даде на Демокраси ПАК една од организациите што собира пари и поддршка за Демократската партија.

Сорос фонд менаџмент, кој ги исплати овие 60 милиони, во февруари инвестираше 400 милиони долари во радио-компанијата Аудаси, која поседува 220 национални радио станици во САД. Се претпоставува дека компанијата и нејзиниот имот ќе биде искористен за трубење на прогресивната агенда на Сорос.

19 април 2024 - 08:46