
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Западните медиуми покажаа мал интерес кога антизападната ВМРО-ДПМНЕ постигна убедлива победа на претседателските и парламентарните избори во Македонија овој 8 мај. Меѓутоа, сеизмичката промена може да ја врати назад, од странство оркестрираната Шарена револуција која се случи пред речиси една деценија. Таа ја постави владата во Скопје на пат управуван од ЕУ и НАТО, но патот беше проследен со неконтролирана корупција и криминал, проследено со ...
Со 38 гласа за и 15 против (значи можело и со помал парламент, а?), парламентот на Исланд го изгласа законот по кој на мигрантите, 30 дена откако нивната апликација ќе им биде одбиена, им завршуваат правата да имаат кров над глава и пристап кон здравствени и социјални услуги. Од партиите, позитивно гласаа оние од владината коалиција а против беше Пиратската партија. На законот се спротивставија Амнести, Уницеф, Црвениот крст и други слични ...
Хуавеи на големо работи со Јужна Америка и посебно Аргентина, држава која изминативе години стана озлогласена по својата инфлација. Шпекулацијата е дека Хуавеи верува дека аргентинското говедско месо и неговата вредност ќе издржат многу подолго отколку вредноста на аргентинскиот пезос, заради што и своите побарувања од тамошните клиенти ги наплаќа во говедско. Веста која ја објавува Томс хардвер се базира на видео репортажа од Кина која тврди ...
Освен воздухот, Папата препорачал и дека е подобро на младите мажи со хомосексуални тенденции да не им биде дозволен пристап во богословијата. Информацијата ја објавува Кориере дела Сера повикувајќи се на неименувани бискупи кои биле во просторијата, и според кои според начинот на кој Францис се изразил може да неведе и на тоа дека папата не бил свесен дека терминот е навредлив. Запрашани за текстот, од Ватикан потсетиле на изјавата по ...
Се работи за градот Лимбург ан дер Лан, во сојузната држава Хесен, кој од пред некој ден е согласен да се екстреминира целата популација од некои си 700 гулаби ги има. Одлуката беше изгласана во ноември 2023, а на референдумот кој се одржа пред некој ден истата ја потврдија 53% од гласачите, или некои си 7.500 гласови „За“. Планот е да се тера по оригиналниот предлог од ноември, по кој за чистењето на гулабите ќе биде ангажиран соколар. ...
На девојката, именувана само како Кајла, и се слошило дур била на преспивање кај другарка по што колабирала и почнала да помодрува. Откако е пренесена во болница, на девојката и е направена 5-часовна операција за отстранување на дел од нејзиниот бел дроб. Подоцна се дознава дека Кајла неделно трошела по една електронска цигара од 4.000 „дима“, што е еднакво на 400 цигари неделно или 57 на ден. Девојката почнува со користење вејп некаде на ...
Во 2013 година, американскиот прехранбен конгломерат Смитфилд Фуд - најголемиот производител на свинско месо во земјата и производител на фамозната празнична шунка - беше продаден на компанија со седиште во Хонг Конг наречена WH Group во договор вреден 7,1 милијарди долари. Тоа беше дотогаш најголемата кинеска аквизиција на американска компанија. Практично преку ноќ, WH Group, порано наречена Шуангхуи Интернационал, стана газда на една од четири ...
„Земјата сега е само нешто повеќе од „земја во развој“. Нејзината берза е „џанк шоп“ во кој се продаваат стари сувенири. Нејзината репутација како место за водење бизнис е на ниво „никогаш не била полошо“. Вака Германија ја опишува Теодор Вајмер, шеф на некогаш моќниот Дојче Берсе. По децениски долгата серија катастрофални грешки во политиката на центристичките лидери, нема враќање за Германија а нејзиниот пад може само да се забрза, гласи ...
Договорот потпишан за време на Г7 самитот ги обврзува и следните американски администрации да продолжат со поддршката за Украина, без разлика дали победил Бајден или Трамп се вратил во Белата куќа. Се работи за рамка за долгогодишна помош за развивање и унапредување на застарените вооружени сили на Украина, што пак треба да помогне кон нивно евентуално членство на НАТО. Зеленски одамна го бара членството на НАТО меѓутоа сојузниците одбиваат ...
Европската комисија ги информирала производителите на возила дека од следниот месец кинеските електрични автомобили увезени во ЕУ ќе имаат дополнителни давачки од 17 до 38 проценти, згора на постојните 10%. Пример, за големите кинески извозници, како БЈД, давачките ќе бидат плус 17 до 20%, а дополнителни тарифи (од 21%) ќе бидат воведени и за европски брендови како Мерцедес и Рено кои произведуваат електрични возила во Кина па потоа ги ...
Габор Мате спомна дека иако еврејскиот холокауст по многу параметри е злостор без преседан, само 50 години пред тоа, Белгија има масакрирано 10 милиони Конгоанци. Никој не зборува за тоа. Дополнителено, холокаустот на Евреите не е прв таков геноцид кој го имаат изведено Германците, премиерниот геноцид го имаат во Африка. Па сепак, овие настани се „санитизирани“ од историјата. Дури и денес, на пример, украинските бегалци во Канада се примани ...
Стравот на партнерите на Макрон е дека неговата одлука да свика итни вонредни избори во Франција откако беше прегазен на европските избори ќе доведе до катастрофа. „Можам да ти кажам дека ликот на Макрон нема да го видиш на моите постери. Елисејската палата не го разбира вистински анти-претседателското расположение во Франција,“ изјавил за Политико член на францускиот парламент од коалицијата на Макрон. Анкетите што ги пренесува магазинот ...
Денес, НАТО е нешто различно од она НАТО кога Словенија се приклучи на тој сојуз, значи, одбранбена заедница која го брани суверенитетот и безбедноста на своите граници. На некој начин НАТО стана светски полицаец во функција на одбрана на интересите, пред сè, на Соединетите Американски Држави. Европа никогаш немала сериозна дискусија дали може да ја обезбеди својата безбедност без НАТО. Секогаш го има тоа алиби „без НАТО не можевме ништо да ...
Преку угледни медиуми како Фајненшел Тајмс се пласира тезата дека Мелони може да се наметне како „кингмејкер“, односно личност која ќе има клучно влијание врз изборот на нов шеф на Европската комисија. „Ако на состанокот на Г7 се разговара за иднината на ЕУ во кој било контекст, тогаш ЕУ има огромен проблем, кој не е поврзан само со фактот дека Мелони е популист и поранешен неофашист, туку првенствено со фактот дека само три членки на Г7 се и ...
Агенцијата тврди дека серија нудли на јужнокорејската фирма Самјанг содржат опасно високи нивоа на капсаицин, соединението кое го прави лутото. Данската управа за ветеринарство и храна проценила дека толку капсаицин може да ги „отруе“ потрошувачите. Велат дека толкави количини претставуваат ризик, особено за децата и за старите лица а можни симптоми се горење и непријатност, гадење, повраќање и висок крвен притисок. Во Самјанг не можат да се ...
Наградата ја објави генералниот директор на компанијата Форес, Сергеј Шмотјев, со седиште во Урал: „Даваме награда за уништување на Ф-16 ако такви авиони му се испорачаат на Киев.“ Украинските Ф-16 кои треба ќе бидат испорачани од Холандија, Данска и Белгија, ниту се стигнати во Украина, а и да се таму не можат да полетаат бидејќи пилотите уште се на обука. Форес претходно објави награда за уништување на западни тенкови во Украина, главно за ...
Од Канадското друштво за рак, на својот сајт напишале дека сметаат дека голем број транс-мажи и небинарни луѓе може да имаат мешани чувства и да се чувствуваат дистанцирани заради зборови како „сервикс“ наместо транс-пријателскиот збор „предна дупка“. „Вие можеби претпочитате други зборови, како 'предна дупка'. Ние ги признаваме ограничувањата на зборовите што ги користиме додека истовремено ја разбираме и потребата за едноставност. Друга ...
Тројцата го прават ова апла сред бел ден и се снимени од дел од гости на еден околен бар, што потоа е искористено против нив. Обвинителството побара кауција од 15.000 долари, кои ќе бидат искористени за повторно обновување на муралот. Инаку се работи за мурал чие префарбување градот Спокејн само што го завршил, откако претходно истиот бил запален. Тинејџерите ќе бидат судени според апдејтуваните закони на сојузната држава Вашингтон, според кои ...
Едно е сигурно: за три години, Емануел Макрон ќе мора да ја напушти Елисејската палата, бидејќи уставот не дозволува повеќе од два последователни претседателски мандата. Тоа во никој случај не значи дека тој веќе нема никакви лични амбиции. Само дека неговата амбиција веќе не е изборна. Не се станува претседател на Републиката без да се биде исклучително амбициозен, при што Макрон баш ја има засакано славата и моќта. Ако терминот „слава“ е ...
Кај пет типови рак, вклучително и оној на гради, простата или на дебело црево, бракот го намалувал ризикот од смрт за 20% повеќе отколку хемотерапијата. „Имаме трендови кај повеќе канцерогени заболувања кои покажуваат дека оние што се во брак или имаат долгорочен партнер обично подобро минуваат отколку оние кои се обидуваат сами да ја пребродат болеста,“ објаснува онкологот од Јужна Каролина, др. Даниел Ландо. Се работи за една постара студија ...
Во 1964 година, американскиот претседател Линдон Б. Џонсон објави „безусловна војна против сиромаштијата“ и оттогаш, федералните трошоци за иницијативи против сиромаштијата постојано се зголемуваа. Федералната влада во моментов посветува стотици милијарди долари годишно на програми за Американци со ниски примања, вклучувајќи субвенции за домување, бонови за храна, социјална помош и даночни кредити за работнички сиромашни семејства. Во сите тие ...
Тоа што и треба на Украина моментално е шведскиот ЈАС 39 Грипен, меѓутоа како што пишува Бизнис инсајдер, за сега тој не е достапен. Франција ја вети варијантата Мираж 2000-5, која прв пат лета во 1990 и споредена со претходните модели има надграден радарски систем. Авионот може да биде опремен со воздух-земја и воздух-воздух проектили, како и ласерски наведувани бомби. Обуката на пилотите ќе започне летово во Франција и ќе трае некои си 6 ...
Поротата во судот во Делавер реши дека Хантер Бајден е виновен за сите три обвиненија поврзани со негова илегална набавка на огнено оружје додека бил на дроги во 2018 година. На Хантер Бајден му се заканува затворска казна до 25 години, иако како сефте сторител, тешко дека ќе ја добие максималната казна. Датумот на изрекување на пресудата сè уште не е одреден. На поротата ѝ требале само три часа да донесе пресуда која дошла толку брзо што многу ...
Епл ги укина безбедносните апдејти за Ајфоните произведени од 2008 до 2014, односно од првиот модел до Ајфон 6 плус. Праксата на Епл е пензионирање на сите модели што се постари од 7 години. Пример, денешниот најнов модел, Ајфон 15, би влегол во групата на застарени во 2030. Со укинувањето на апдејтите телефоните стануваат ранливи на напади по секој следен софтверски пропуст кој ќе биде откриен во нивниот оперативен систем. Освен што нема ...
На светската конференција на девелопери беа официјализирани гласините за соработка меѓу Епл и ОпенАИ од која се очекува ЧетГПТ значително да го засили виртуелниот асистент Сири. Ако го интегрираат ЧетГПТ во Епл на ниво на оперативен систем, сите тие уреди ќе бидат забранети во моите компании, се закани Маск, објаснувајќи дека би се работело за неприфатливо прекршување на базичните безбедносни протоколи. Практично, секој што би дошол кај нив, ќе ...
По воведувањето на воената состојба во 2022, Јермак добива поголема власт од сите во Украина, освен од самиот Зеленски, а како што пишува Телеграф дел од интервјуираните него го нарекуваат „де факто лидер на државата“ и „потпретседателот на Украина.“ Пофалбата за Јермак е дека има ефикасен стил на директен менаџмент кој до сега има успеси како собирањето на десетици украински сојузници на мировен самит во Швајцарија кој треба наскоро да се ...
Намерата била клубот да се отвори, ни повеќе, ни помалку, во Аботабад, и за пакистански услови конзервативниот град кој своевремено беше избран од Осама Бин Ладен за скривалиште. Во протечената апликација уапсениот тврди дека клубот ќе биде „одлична лагодност и ресурс за голем број хомосексуалци, бисексуалци, па дури и некои хетеросексуалци кои живеат во Аботабад, и во други делови од земјата.“ Во документот изричито е наведено дека во клубот ќе ...
Кван Јоон-ги, двоен освојувач на олимписко сребро во брзо лизгање бил еден од јужнокорејските натпреварувачи за тоа кој знае да биде најлабав. Имало и дете од второ одделение и возрасни луѓе во пензија. Притоа, на сите им било мерено отчкувувањето на срцето кое, заедно со гласањето од публиката биле пресудни критериуми за тоа кој ќе замине со трофеј. Олимпиецот завршил како трети. За многумина учесници, ова било шанса да се рекуперираат од ...
Зад рекордната вредност на Нвидиа стои довербата на пазарот на акции дека компанијата ќе има клучна улога во ширењето на вештачката интелигенција, чиј напредок моментално, барем хардверски, зависи од нејзините чипови. Се проценува дека компанијата држи речиси 80% од пазарот на ВИ чипови за дата центри, кои привлекуваат инвестиции од милијарди долари. Единствена компанија со поголема вредност од Нвидиа е само Микрософт чија пазарна цена е 3150 ...
Во написот, кој повикува да се сопрат африканските хунти, не се споменува дека најмалку 15 високи воени офицери кои имале американска безбедносна помош биле вклучени во 12 државни удари во Западна Африка и во поголемиот Сахел за време на војната против тероризмот. „Алармантната низа од воени удари низ Сахел во последниве години во голема мера го маргинализираше западниот ангажман во овој важен и многу нестабилен регион“, напишаа Џефри Смит, ...