Итно вработување на медицинските сестри кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување – бара Унијата. На стотици им се прекинати договорите за работа на дело. Иако ќе продолжат да работат, финансиска согласност за исплата на јануарската плата нема. Бараат системско решение на проблемот – да нема вработување со договор на дело, со оглед дека станува збор за дефицитарен кадар. Досега реагирале на слабостите, се вработувале луѓе ...

Повик за национално обединување и следење на Делчевата идеологија – ова се пораките кои беа испратени од чествувањето на 153 годишнината од раѓањето на најголемиот македонски револуционер, Гоце Делчев. Неговото дело да биде сочувано – повика премиерот Мицкоски кој ја предводеше владината делегација на гробот на Делчев во „Св.Спас“. Делчев е наш великан и дел од македонскиот идентитет– рече премиерот. Претседателот на СДСМ Филипче, во духот на ...

Ништо значајно не се случува на релација Скопје-Софија и по формирањето политичка влада во Бугарија. Премиерот Мицкоски вели, подготвени сме за дијалог, но не по секоја цена. Прв што не го испочитува Договорот за добрососедство е бугарската влада од 2019-та која наместо поддршка, ни стави вето. И додека Мицкоски вели оти наследил катастрофална преговарачка рамка, опозиционерот Филипче смета дека владата предводена од неговата партија направила ...

Месечните обврски не смеат да бидат над 70 отсто од приходот, утврден е максималниот износ на сите трошоци поврзани со кредитот според новото законско решение кое ги штити потрошувачите на брзи кредити. Укината е можноста за рефинансирање на претходно доспеан кредит во исто финансиско друштво. Зголемен е минималниот влог од 100.000 на 500.000 евра, а задолжително е вработувањето на економист и правник во финансиските друштва. Изминативе години ...

Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, на првиот ден од работната посета на Брисел, оствари средби со европратениците Тајс Ројтен (С&Д) и Матеј Тонин (ЕПП), известители во сенка за Северна Македонија. На средбите беше потврдена силната поддршка од Европскиот парламент за европската перспектива на Северна Македонија. Европратениците ја истакнаа важноста на реформите и динамиката на пристапниот процес, ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци во рамките на своите надлежности при вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Детското одделение во Општата болница Струга, по смртта на четиригодишното дете од Лабуништа. Според соопштението на ДСЗИ, при инспекцискиот надзор во установата било констатирано дека станува збор за дете со потешка форма на церебрална парализа, кое покрај тоа што било чест пациент на Детското ...

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и став 1, како и Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО. На 21 октомври 2024 година, обвинетиот при семејно насилство и на свиреп начин противправно на сила ја држел затворена својата поранешна партнерка во викенд-куќа во атарот ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска го потпишал решението, со кое досегашната директорка на Универзитетската клиника за белодробни заболувања „Козле“, д-р Каролина Симоновска, се разрешува од функцијата. На нејзино место е назначена професорката Катерина Бошковска. Тензиите кулминираа со барањето на Симоновска, медиумите да не го споменуваат нејзиното име, иако таа извршуваше јавна функција, на што реагираа новинарските здруженија и ...

Кошаркарот на Денвер нагетс и српски репрезентативец Никола Јокиќ го контактираше Словенецот, Лука Дончиќ откако тој беше трејдуван во Лејкерси. „Мислам дека воопшто не го очекуваше тоа. Сега треба да биде со семејството, ова е многу сериозна промена во неговиот живот. Ова е бизнис. Никој не може да се чувствува безбедно во оваа лига. Но, мислам дека добро ќе се снајде. Создаден е за нешто големо, за големата сцена, иако се чини дека со тоа ...

Обвинителството оди со реална правна квалификација за сообраќајната несреќа во која беше усмртена Фросина Кулакова, дека Васил Јованов умислено постапувал кога влегол во автомобилот, без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба во момент кога истиот не требал да се наоѓа во сообраќајот и прекршува некои одредби со кои умислата не може да се исклучи, објаснува за МТВ адвокатот Еленко Миланов. На Јованов му се закануваат најмалку 4, а најмногу ...

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. За утре најавено е да дува умерен, а вдолж Повардарието, засилен северен ветер. На места, температурата ќе биде и минус седум степени Целзиусови. Се очекува максималната температура да достигне 12 степени Целзиусови во Гевгелија. За во Скопје најавена е минимална температура од минус три степени Целзиусови. Максималната се очекува ...

Во Кривичниот суд во Скопје, в петок ќе продолжи судењето на обвинетите за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Се очекува како сведок да се појави Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања трагал по девојчето и собирал снимки од околните објекти. Тој кон крајот на јануари самиот се пријави во полиција, откако по него беше распишана потерница за друг случај. Процесот е во доказна постапка – на последното рочиште се ...

Синоќа во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с. Жиганци, општина Чешиново – Облешево. Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип – Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица ...

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во Партизан. 23-годишниот дефанзивец го напушти рускиот Акрон Тољати и се пресели во клубот од Хумска. Димоски во Белград доаѓа на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп. Сите детали се договорени, останува само потпишување на договорот и негово промовирање. Новиот играч на Партизан се етаблираше како македонски репрезентативец под водство на Благоја Милевски, а во ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО. На 18-ти јануари осомничениот на друго лице му продал половина грам кокаин за 2.500 денари. На 1-ви февруари бил извршен претрес во деловен објект каде престојувал ...

Рускиот ракетен систем „Орешник“ ќе биде распореден на територијата на Белорусија. Од руското МНР велат дека се подготвени да му ја дадат на Минск потребната поддршка и да преземат мерки за заштита на заедничкиот одбранбен простор. Украинскиот претседател Зеленски вели дека земјата прави се за да ја зајакне одбраната. Американскиот претседател Трамп изјави дека сака да постигне договор со Украина за добивање пристап до металите познати како ...

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала се почувствува во 9 часот и 18 минути во Штип и околината, регистриран и во Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје. „Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7 и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија од Сеизмолошката ...

Министерот за внатрешни работи Пачне Тошковски вчера оствари билатерална средба со амбасадорот на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом. На средбата беше изразено задоволството од соработката помеѓу двете полиции која се остварува преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка и истата се одвива на високо професионално ниво. Министерот Тошковски изрази благодарност за поддршката на Владата на Норвешка во реализација на ...

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски во Њујорк имаше средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Муцунски вели дека ја реафирмирав нашата цврста посветеност на принципите на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата. „Земјава останува подготвена да даде активен придонес во зајакнувањето на мултилатерализмот и унапредувањето на глобалниот дијалог“, вели министерот за ...

Од оваа година субвенционирањето ќе претрпи одредени административни олеснувања за скратување на времето за аплицирање на земјоделците. Преку електронскиот преглед во платежната агенција ќе можат да ги добијат податоци за поднесените барања за субвенции за одобрување, исплатен износ и датум на исплата и измени и дополнувања на податоците. За пристап кон пребарување потребно е да се внесе матичниот број за физичко лице или бројот на електронското ...

Израелската војска соопшти дека уништила неколку складишта за оружје во јужен Либан, каде што трупите и натаму дејствуваат. Кревкиот прекин на огнот влегува во третиот месец. Војската ликвидирала голем број милитанти. Преговорите пак од втората фаза од договорот меѓу Израел и Хамас се очекуваат да стартуваат час поскоро, од милитантната група велат дека се подготвени. Премиерот Нетанјаху е во САД на средба со претседателот Трамп. Прекинот на ...

Американскиот претседател Трамп изјави дека сака да постигне договор со Украина за добивање пристап до металите познати како „ретки земјени“, како услов за континуирана поддршка за војната против Русија. Украинскиот претседател Зеленски во интервју за Асошијетед Прес вели дека воената помош од САД за Киев не е замрзната, но дека Украина добила само 42 насто, или 76 милијарди долари, од парите одобрени од Конгресот. Вашингтон официјално го ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 1 часот и 50 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Дебар на 80 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0. Според досегашните податоци со кои ...

Намалена видливост од 70 до 100 метри поради појава на магла има на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и Маврово, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Панел-дискусија ќе се реализира денеска во Скопје по повод Светскиот ден за борба против ракот. Со наслов „Обединети по единственост“ – „Преобликување на иднината за грижата за ракот во нашата држава – предизвици и можности“, а во организација на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негуватели „Хема-онко“, панел-дискусијата ќе се одржи во амфитеатарот на Универзитет „Скопје“. На настанот предвидени се и обраќања на претставник од ...

Денеска се навршуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог, Гоце Делчев. Во црквата Свети Спас, каде што се наоѓаат моштите на Делчев, свежи цвеќиња ќе положат премиерот Мицкоски, делегација од кабинетот на претседателката, од Собранието, политички партии и граѓани. Заедничко одбележување на Скопје и Софија ќе нема, бидејќи како што велат од бугарската влада, не добиле покана од Македонија. Пред две години имаше ...

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.02.2025 (вторник) од 06.00 часот поради најавен настан за организирано чествување на раѓањето на Гоце Делчев, што ќе се одржи во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно за сообраќај ќе биде затворена ул. „Самоилова“ на потегот од ул. „Иљо Војвода“ (Виадукт-Самоилова) до крстосница со ул. „Прохор Пчински“. СВР Скопје апелира до граѓаните ...

Пјонгјанг денеска упати критики кон американскиот државен секретар Марко Рубио поради неговите изјави дека Северна Кореја претставува закана за мирот. Севернокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата „никогаш нема да толерира никакви провокации од САД“ и најави „убедливи контрамерки“. Ова е прва директна критика на Пјонгјанг кон администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Коментарите на Пјонгјанг доаѓаат откако Марко ...

Британскиот премиер Кеир Стармер синоќа беше домаќин на германскиот канцелар Олаф Шолц за да разговараат за трговијата меѓу Обединетото Кралство и Европската унија и трансатлантските односи по најавата на САД дека ќе воведат високи царини за увоз на странска стока. Стармер ја отфрли можноста повторно да се приклучи на европскиот блок, но рече дека сака да воспостави поблиски, подобри односи со ЕУ во областа на одбраната, енергијата и трговијата. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на ООН во Македонија, Рита Колумбиа. На средбата беше разгледана досегашната соработка на министерството за внатрешни работи и агенциите на Обединетите нации во земјава, при што заеднички беше констатирано дека таа се одвива на исклучително продуктивно ниво. Министерот Тошковски ги спомена двата проекти кои беа реализирани со помош на УНДП и ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.69
62%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 11ᴼ
0.89
75%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.61
42%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.23
49%
1012
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
6.74
50%
1011
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
5.13
49%
1012
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
4.47
40%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.06
59%
1015
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.94
61%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.24
82%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
3.13
47%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 12ᴼ
0.88
84%
1012
Currency

61.53

Currency

55.1767

Currency

73.024

Currency

35.3694

Currency

39.4472

Currency

65.7987

Currency

7.64669

Currency

0.6798

Currency

0.3776

Currency

0.52479

Currency

1.41825

Currency

0.6438

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15435.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.99

Сребро

1037.98

Злато

102972.02

Бакар

9.23

Паладиум

3054.32

Платина

31427.29

Родиум

176829.11

Цинк

2.68