Несреќно згаснатиот млад живот ги мобилизираше пратениците. Дали е на повидок решавање на горливиот проблем со сообраќајот во земјава. В петок, на јавна расправа ќе се анализира состојбата и ќе се утврдува потребата од измени на законските прописи за поголема безбедност во сообраќајот. „Оваа јавна расправа ќе ја одржиме во петок, со тоа ќе има време од неколку дена колку што ги побараа предлагачите да ги повикаме институциите и да ги отвориме ...

Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негувателката во градинка – Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или ...

Педесет и пет од 67-те загинати во несреќата меѓу патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер над реката Потомак во Вашингтон се идентификувани, изјави денеска началникот на противпожарната служба, Џон Донели. Тим од воен персонал се подготвува утре да започне операција за отстранување на остатоците од двата авиони од водата. Тие ќе бидат однесени во хангар на националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон. Во меѓувреме, семејствата на ...

Над 800 милиони денари од државната каса за проекти од областа на културата. Буџетот е поголем за 74 милиони во однос на минатата година. Има пари и за креативните индустрии. Ќе биде објавен посебен конкурс, рече министерот за култура Љутков. Зголемен буџет за проектите од дејностите драмска за 40 проценти, меѓу другото за 25 насто за издавачка дејност. Преку системот за електронско аплицирање пристигнале над 2.800 пријави, поддршка добиле 1.365 ...

Од Чаир преку Бит Пазар па до седиштето на партијата „Десна“. Обвинетите Љупчо Палевски и Велибор Манев со Рено Кангу избегале од местото каде што ја убиле малолетната Вања, тврди Обвинителство. На главната расправа беа емитувани снимки од безбедносни камери за кои Обвинителството тврди дека се возилата кои се инволвирани во случајот. На 27 ноември цитроенот, сопственост на убиениот Панче е лоциран околу зградата во која живеела Вања, а потоа се ...

Да ни се исплати и јануари и да ни се реши статусот, побараа здравствените работници кои со години работеле со договор на дело во прилепската болница. Од декември на 120-тина не им биле продолжени договорите, но цело време ги ангажирале. Денеска биле непријатно изненадени со отказ, без отказен рок, а со работни задачи. Медицинскиот персонал бара решавање на статусот. Прилепската болница одамна го нагласува фактот дека има недостиг од персонал. ...

Повик за нов бојкот на сите маркети в петок. Граѓаните да се воздржат од купување на производи во големите трговски синџири. Дел со поддршка, но и со дилема, ќе има ли позитивен ефект на долг рок спроведувањето на оваа иницијатива. Во осумте поголеми синџири на маркети во петокот е забележан пад на прометот за 46,59%, но граѓаните двојно им го надополниле профитот во саботата. Според УЈП, трговците пријавиле за речиси 114 милиони 300 илјади ...

Дијалогот за повисока минимална плата ќе продолжи. Работниците бараат работодавците да се откажат од дел од профитот, бизнисот пак, трошоците за дел од приходите да ги покрие државата. Нема договор за минималецот, но на Социоекономскиот совет во фокус во пресметка на потрошувачката кошница да учествуваат синдикатите, Министерството за економија и Министерството за финансии. Во јануари во споредба со претходниот месец, потрошувачката кошница ...

Смртта на Фросина Кулакова го вклучи алармот во правосудниот систем. Судијката Даниела Алексовска Стојановска е разрешена од работната група во Правда која работи на измените на Кривичниот законик. Нејзиното име ја брануваше јавноста откако за две кривични дела на Васил Јованов му досудила само воспитна мерка. Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот на реформи во правосудството, крајно време е да се преземат мерки за лоцирање на ...

Министерот за правда Игор Филков на прес- конференција ги повика судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кои ќе се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина. „Донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда, судијата чие име ја бранува јавноста. Судијата беше дел од работната група која е формирана во декември 2020 година за измени на Кривичниот законик и беше дел од ...

Дијалогот меѓу владините претставници и универзитетските професори во Србија според најавите, би можел да започне неделава за да се утврди дали се целосно исполнети сите студентски барања. Три месеци по трагедијата на железничката станица во Нови Сад, студентските протести и блокади сè уште траат. Како солидарност, на протестите им се приклучува и адвокатската комора која најави едномесечен прекин со работа. Од Белград известува Оливер Бранковиќ ...

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен. Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија. Истражните органи работат на расчистување на ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Од полноќ горивата поевтинуваат за половина, денар или денар и половина. Дизелот се намалува од 74,5 денари на 73 денари. Бензинот се намалува од 80 денари на 79 денари. Бензинот 98+ се намалува од 82 денари на 81,5 денари. Плинот останува со иста ...

Јавноста сè уште на нозе по смртно прегазената Фросина Кулакова. Протестите на кои се бара правда за жртвите во сообраќајните несреќи и институционална одговорност и најостра казна за несовесните возачи, ги испровоцира институциите на поголема транспарентност како се постапува во рамки на судскиот систем, но и колку законите доследно се применуваат. Каде се пропустите во системот? Обвинителството истражува дали несреќата се случила со умисла или ...

Согласно Годишниот извештај работата за 2024 година, Државниот инспекторат за животна средина, спровел 1.535 инспекциски надзори од кои 1.008 редовни, 247 вонредни и 280 контролни инспекциски надзори. Како резултат на контролите, утврдени се 300 неправилности/законски повреди за кои се изготвени 300 решенија со кои се наредуваат или забрануваат одредени активности, односно се поведени постапки за санкционирање. Реализирани се повеќе вонредни ...

Со изведување на видеоматеријали од безбедносни камери, предложени како докази од Обвинителството, денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На видеозаписи обезбедени од безбедносните камери на Хотел Парк, се гледа како возилата Цитроен и Рено Кангу влегуваат во Дебар Маало, на улицата Наум Наумовски Борче, од каде е извршено грабнувањето на девојчето на 27 ноември 2023 година. ...

Лидерот на фламанските конзервативци, Барт де Вевер е новиот премиер на Белгија. Белгиските политички партии во петокот постигнаа договор за влада на широка коалиција, по речиси осум месеци преговори. 54-годишниот лидер на партијата Нова фламанска алијанса, 12 години беше градоначалник на Антверпен. Новата Влада покрај Де Вевер ја сочинуваат и петмина вицепремиери, кои ќе имаат и министерски задолженија, како и 10 ресорни министри или вкупно 16 ...

Повреден планинар вчера попладне бил спасен над кичевското село Лавчани, на местото Два Камења. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), вчера попладне имало координирана спасувачка акција на институциите и службите од Системот за управување со кизи и локално население за спасување и извлекување повреден планинар на непристапен терен. Преку бројот за итни случаи 112 во ЦУК вчера, во 14:12 часот, била добиена пријава за повреден ...

Од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како „Адитив“, во насока на проширување на постапката, под раководство на предметните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кои постапуваат во предметот, денеска се приведени осум лица од Битола, Кичево и Велес и извршен е претрес на една локација во Велес. Како резултат на обезбедениот доказен материјал, донесена е уште ...

Состанокот на извршниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) денеска треба да одржи состанок бидејќи претстојното повлекување на Соединетите држави предизвика дупка во буџетот, јавува ДПА. Откако претседателот Доналд Трамп им нареди на САД да излезат од СЗО на неговиот прв ден на функцијата, во седиштето на агенцијата на ОН во Женева владее атмосфера на тревога. САД се убедливо најголемиот придонесувач за СЗО. Во 2024 година, ...

Ремек-делото на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20.00 часот. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...

Украина синоќа изврши голем напад со беспилотни летала врз енергетски инфраструктурни објекти во Русија. Од Москва велат дека пресретнале и уништила 70 дронови. Руската Федерална агенција за воздушен транспорт привремено ги прекина летовите на аеродромите во поголемите градови. Слични ограничувања беа воведени и на аеродромот во Волгоград, каде што беа пријавени експлозии и во нафтена рафинерија, заедно со прекин на електричната енергија. ...

На 67 доделување на Греми наградите, Бијонсе конечно го освои својот прв трофеј за албум на годината, потврдувајќи ја својата доминација во музичкиот свет. Со 11 номинации за албумот Cowboy Carter, Бијонсе стана најноминираната артистка во историјата на Греми со вкупно 99 номинации во кариерата. Покрај наградата за албум на годината, таа победи и во категориите за најдобар кантри албум и најдобра кантри изведба во дует или група. Кендрик Ламар ...

Чајот од брусница е меѓу најконсумираните чаеви. Ароматниот пијалак приготвен од ова бобесто овошје, кое се смета за суперхрана. Освен со впечатливата црвена боја, тој освојува и со освежителниот вкус и со бројните здравствени бенефиции што ги нуди. Доколку често се соочувате со бактериски инфекции на уринарниот тракт, веројатно првиот совет кој го добивате е да го зголемите консумирањето на чај од брусница. Постои добра причина за тоа. Оваа ...

Лука Дончиќ се песели од Далас Маверикс во ЛА Лејкерс во сензационална размена, во која Маверикс го добија Ентони Дејвис. Дончиќ се збогуваше со клубот во кој играше од 2018 година, но никогаш не го освои шампионскиот прстен. „Пред седум години, дојдов тука како тинејџер за да си го остварам сонот да играм кошарка на највисоко ниво. Мислев дека тука ќе ја поминам кариерата и сакав да го освојам прстенот. Љубовта и поддршката која ми ја дадовте ...

Данска продолжува да доминира во светскиот ракомет. Во предградието на Осло ја совладаа Хрватска со 32:26 (16:12) и испишаа историја со тоа што станаа првата селекција која четврти пат по ред е крунисана како светски првак. Хрватска направи сензација во полуфиналето кога во Загреб ја победи Франција, но едноставно не можеше да го направи тоа против Данците. Не успеаја да ја надминат негативата од два до три гола на почетокот на мечот, а Матијас ...

Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница на која ќе се разгледаат можностите за зголемување на минималната плата, што како барање го поставија синдикатите. Синдикатите бараат минималната плата да се зголеми на 450 евра, а дел од бизнис секторот се изјасни дека ќе го прифати ваквиот предлог, но да се намалат придонесите. Од Владата велат дека ќе остават да се договорат синдикатите и работодавците. Минимална плата ќе биде онаа ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на Самит на министри за образование, иновации и култура на земјите од Западен Балкан и Унгарија, што се одржува на 3 и 4 февруари 2025 година во Будимпешта. Јаневска ќе се обрати на две панел дискусии посветени на важноста и можностите за продлабочување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан во областа на образованието и иновациите, како и зајакнување на релациите ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.69
62%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 11ᴼ
0.89
75%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.61
42%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.23
49%
1012
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
6.74
50%
1011
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
5.13
49%
1012
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
4.47
40%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.06
59%
1015
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.94
61%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.24
82%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
3.13
47%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 12ᴼ
0.88
84%
1012
Currency

61.53

Currency

55.1767

Currency

73.024

Currency

35.3694

Currency

39.4472

Currency

65.7987

Currency

7.64669

Currency

0.6798

Currency

0.3776

Currency

0.52479

Currency

1.41825

Currency

0.6438

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15435.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.99

Сребро

1037.98

Злато

102972.02

Бакар

9.23

Паладиум

3054.32

Платина

31427.29

Родиум

176829.11

Цинк

2.68