
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Велес (Блок 40-Локалитет 1ГП 2.1). Објектот е со катност приземје и 5 ката, со 29 станбени единици и вкупно изградена површина од 1.843 м2. Површината на становите е со површина од 39 м2 до 45 м2, а вкупната инвестиција на објектот изнесува 53.998.717,00 ...
За денеска е најавен нов бојкот на маркетите по минатонеделниот кога прометот во големите трговски ланци беше намален за речиси 50 проценти. Сојузот на синдикати и Организацијата на потрошувачи поддржуваат нов бојкот на маркетите со цел да се даде сигнал на трговците дека населението има моќ и може да придонесе да се намали профитот. Според Синдикатот, бојкот треба да има секој ден за да се реши овој проблем на подолг рок. Владата го разбира ...
Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче. Се очекува да бидат изведени нови докази, а треба да биде сослушан и сведокот Гоце Трајковски, кој до неодамна беше во бегство. На претходното, беа емитувани снимки од безбедносни камери за кои Обвинителството тврди дека се возилата кои се инволвирани во случајот. Одбраната на Палевски приговараше на снимките, посочувајќи дека немаат доказна вредност и дека од записите ...
Во законодавниот дом денеска ќе има јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот. Доаѓа по иницијатива на владејачкото мнозинство. По смртта на 22-годишната Фросина која беше прегазена на булеварот „Партизанска“, се уклучи алармот кај институциите да се стави крај на дивеењето по улиците. И стручната фела сугерира систем за поголема безбедност. Покрај превенциите и пропишаните казни, треба да се работи и на подигнување на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими раководниот тим на Државниот завод за ревизија, предводен од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски. На средбата претседателката беше детално информирана за тековната работа и клучните алармантни наоди од Годишниот извештај за извршените ревизии. Раководниот тим укажа на најризичните состојби и нужноста од нивно брзо и ефикасно надминување. Исто така, главниот државен ревизор ги ...
Хрватската интернет платформа „Ало, инспекторе“ за утре најави еднодневен генерален бојкот на продавниците и услугите во државата, трет од започнувањето на таа акција поради високите цени и еднонеделен бојкот на конкретен маркет од сабота, 8 февруари. Според анкетата, следни на листата на еднонеделен бојкот се други два маркети. За еднонеделен бојкот одлучија граѓани кои учествуваа во анкетата објавена на платформата на организаторите насловена: ...
Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) објави дека в петок, 7 февруари во 23:59 часот, сите вработени директно ангажирани во Агенцијата ќе бидат ставени на административно отсуство ширум светот, со исклучок на одреден персонал одговорен за клучните функции, клучните лидери и конкретно одредени програми. Како што е наведено, основниот персонал кој се очекува да продолжи со работа ќе биде известен од раководството на Агенцијата до ...
Вчера во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.Т.(49) од Радовиш и Д.Г.(25) – полициски службеник од село Ораовица, радовишко, поради сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 став 2 од Кривичниот закон, соопштија од МВР. При преглед кај Г.Т. биле пронајдени пари кои му биле исплатени при продажба на мотор, кој во ноември 2024 година бил оставен кај Д.Г. од жител на радовишко село како залог дека ...
Цените на производите во европската индустрија се намалија во декември, покажа извештајот на Европскиот завод за статистика. Производните цени на индустриските производи во еврозоната и ЕУ се зголемија за 0,4 отсто во декември во споредба со претходниот месец кога пораснаа за 1,7 отсто во двете области, пресметаа статистичарите. Најмногу пораснаа цените во енергетскиот сектор и во еврозоната и во ЕУ, за 1,4, односно 1,3 отсто. Растот е забавен ...
Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на Уставниот суд да се поништи Законот за солидарниот данок, кој на сегашната Влада ѝ наметна обврска да им врати 49,2 милиони евра на 156 оданочени компании. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека не го загрижува толку однесувањето на претходната влада колку што го загрижува поддршката за овој данок што ја ...
Набавен софтвер кој не бил пуштен во употреба, договор за јавна набавка за градежни материјали за фотоволтаичен центар кој не е изграден, неправилности при ангажирање лица со договор на дело без соодветна квалификација, прекршоци при користењето на службените возила и набавката на гориво-ова се само дел од неправилностите во Министерството за економија и труд што ги регистрирала внатрешната ревизија. За два милиони евра е оштетен државниот буџет ...
Премиерот Христијан Мицкоски од реновираниот Клуб на пратеници, најави теренски активности по општините каде се градат капитални проекти. „За мене задоволство е што сум денеска ете заедно и со Златко и со Ивица овде во овој реновиран објект, мислам дека треба така да продолжиме да се грижиме за имотот на државата бидејќи тој е заеднички имот на граѓаните. Има неколку работи коишто во периодот што следи јавноста ќе ги дознава, дел од имотот ...
30-дневен притвор за поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчевски. Ваква одлука донесе судија на претходна постапка поради опасност од бегство и можност за влијание на сведоци. За второосомничениот мерки на претпазливост и забрана за напуштање на живеалиштето. Јавното обвинителство на товар му става 3 кривични дела, примање поткуп, проневера и несовесно работење во службата. Во период од јуни 2021 до јуни 2024 се иззел од постапките за 5 јавни ...
Вчера околу 20.00 часот на бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „зораки 917-Т“. Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно ...
Активностите на Остен Биеналето Скопје 2024 кои со голем успех се одвиваа во текот на целата измината година, ќе имаат своја завршница вечер во 19 часот во Националната галерија на Република Македонија – Чифте амам Скопје со отворањето на официјалната изложба и доделувањето на награди и признанија на уметници и соработници на ОСТЕН. Изложбата ќе биде и вовед во одбележувањето на 80 години од постоењето на Остен (1945 – 2025). Симболично, на ...
Грипот ги зема првите жртви. Двајца починати, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Пациентите биле од Скопје и Свети Николе. Едниот бил на возраст од 59 години, другиот 77, двајцата имале коморбидитети и не биле вакцинирани. За една недела за 62% е зголемен бројот на новозаразени. Здравствените власти ја следат состојбата и велат дека ваквите бројки се очекувани, до достигнување на пикот. Највисока инциденца се регистрира кај ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, на 6 и 7 февруари 2025 година ќе престојува во работна посета на Хеленската Република, каде е предвидено да има средби со претставници на грчката Влада и Парламентот. Во рамките на посетата, министерот Муртезани ќе се сретне со заменик-министерката за надворешни работи на Грција, амбасадорката Александра Пападопулу. Средбата претставува можност за размена на мислења по повеќе прашања, вклучително ...
Австријката Стефани Вениер ги воодушеви домашните фанови на Светското првенство во алпско скијање во Залбах, го освои златниот медал во супер-џи. Вениер во целта влезе со резултат 1:20.47 минути, десет стотинки пред искусната Италијанка Федерика Брињоне (34), водечката скијачка во Светскиот куп, додека бронзени медали освоија Норвежанката Кајса Викхоф Ли (26) и Американката Лорен Макуга (22), со по 24 стотинки заостанување. За Вениер, која во ...
Почетниот буџет на Фондот за здравство за годинава е 53,4 милијарди, за 7 милијарди поголем од ланскиот, со парите ќе може да се направи исчекор во здравствената заштита, вели првиот човек на ФЗОМ. Зголемени се буџетите за дијагностички лаборатории, целта на зголемување е да се подобри покриеност на лаборатории за да се скрати време на чекање за овие услуги. За медицинска дејност зголемени се надоместите мора да се инвестира во примарна и ...
Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со многу контроверзии и скандали. Премиерот Мицкоски со остри зборови за Судскиот совет. „Цениме дека треба да се удри во чело. Да не се обидуваме да импровизираме, да правиме импланти итн. Ударот во чело подразбира дека сето она што е во ингеренции, на во случајот Парламентот, а тоа е изборот на оние членови на ...
Обвинителството не се откажува од постојано прибирање нови докази и проверки на текот на претходната постапка водена против Васил Јованов, вели обвинителот Коцевски. Делото го стори додека ја чекаше на слобода пресудата од скопска Апелација поради претходно сторено кривично дело. Обвинителката Фетаи постапила во законскиот рок, откако на 27 ноември минатата година го добила одговорот од Вишото јавно обвинителство, но судот повеќе од два месеци ...
Вработените во фабриката за шински возила „Колска“ во Велес, утрово протестираа во кругот на друштвото. Бараат да им се исплати платата за декември лани, но и К-15. Работниците велат дека трпеливо чекале да им биде исплатена платата, со придонесите за да може да одат и на лекар, но откако парите ги немало се решиле на протест. До Владата и до Министерството за транспорт и врски вработените испратиле писмо со прашање, како ќе добиваат плата во ...
Сега опозицијата нека излезе пред граѓаните и нека им објасни дека заради хирови на нивната Влада од џебот на граѓаните ќе се одлеат 50 милиони за солидарниот данок кој Уставниот суд го укина – коментира премиерот Мицкоски. Ќе бараме решение, вели тој, најавувајќи дека ќе разговара со компаниите кои плаќале солидарен данок. „Имаат право луѓето да си бараат затезна камата, имаат право на се, не е ова нешто коешто е чудно или не е вистинито. ...
Дејвид е подготвен на се за да ја врати Клара во својот живот. Идиличната врска на Дејвид и Клара нагло завршува откако Клара ненадејно исчезнува. Несакајќи да се помири со таквиот тек на настаните, Дејвид тргнува во потрага по својата сакана, но во текот на истрагата ќе открие повеќе отколку што сакал. Клара, неговата девојка од соништата, крие застрашувачка тајна што го вовлекува Дејвид во свет за кој досега можеше само да сонува. Улоги: ...
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, соопшти премиерот Христијан Мицкоски во објава на „Фејсбук“. Додаде дека според негово длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата. „На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки ...
Во периодот од 1 часот по полноќ до 9 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос беа регистрирани 22 земјотреси со јачина од над четири степени Континуираните потреси на Санторини го менуваат островот. Популарната Црвена плажа е недостапна за туристите поради одрони. До неа може да се стаса единствено по море. Повеќе од 1.000 земјотреси што изминатите денови го погодија островот принудија илјадници луѓе да го напуштат ...
Утрово Средното машинско-техничко училиште во Загреб, „Фауст Врачиќ“, пријави дека добиле дојава за поставена бомба. Полицијата е на лице место и врши увид на теренот. Поради безбедносни мерки, наставата нема да се одржува во утринска смена ниту во тоа училиште, ниту во соседното Електротехничко училиште, јавија загрепските медиуми. „Неколку училишта во Загреб добија дојави за поставени експлозивни направи денеска. Во контакт сме со полицијата, ...
По примерот на САД, и Аргентина ја напушта Светската здравствена организација. „Треба да се разјасни дека Аргентина не добива средства од СЗО за здравствен менаџмент. Затоа, оваа мерка не претставува загуба на средства, ниту влијае на квалитетот на услугите. Напротив, тоа и дава на земјата поголема флексибилност за спроведување на политики приспособени на интересите на Аргентина како и поголема достапност на ресурси и го потврдува нашиот пат кон ...
Судскиот совет денеска треба да формира комисија која ќе ги разгледа сите списи во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, по што ќе излезе со став дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Јованов. Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски ова го изјави, по изнесените забелешки во јавноста во врска со ...
Белата куќа се обиде да го одбрани и разјасни предлогот на претседателот Трамп, САД да ја преземат контролата на Газа и да ја претворат областа во ривиера на Блискиот Исток. Според државниот секретар Рубио, претседателот предложил само привремено заминување на Палестинците од Газа додека Појасот не биде расчистен и обновен, а не преземање на територијата од страна на САД. „Газа е сериозно оштетена. Ако ги погледнете снимките од воздух, ќе видите ...