
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Новите судии очекуваат да ја вратат довербата кај населението во судството. Велат научиле многу во Академијата и ќе го спроведат на дело. И првиот човек на Судскиот совет се надева дека овојпат новите судии и обвинители нема да бараат место за работа само во Скопје. Неизвесно е што ќе стане со генерацијата која за време на избори требаше да станат судии и обвинители. За враќање на довербата во судството предложени се повеќе иницијативи, меѓу кои ...
Две фирми од Струмица добија прекршочни платни налози од по 9 илјади евра додека нивните управители по 500. Тие или ќе ги платат во рок од 8 дена на половина или имаат право на жалба кај судот. Казни имало и претходно вели градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов. Тој соопшти дека во последната контрола фирмите се огрешиле пред Законите за управување со отпад и животна средина Градоначалникот на Струмица смета дека за проблемот со ...
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11 часот и 35 минути во областа Санторини. Епицентарот на земјотресот повторно бил во близина на селото Оја, на 25 километри североисточно. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 14 километри под површината на земјата. Ова подрачје од утрово е погодено од најмалку 30 земјотреси ...
Финансиската полиција влезе во домот на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски и врши претрес барајќи докази за сомневањата дека во периодот од 2021 година како директор на владината служба вршел злоупотреби во делот на јавните набавки. Претресот е во координирана акција на Управата за финансиска полиција и Обвинителството. Пеце Мирчески беше директор на Службата за општи и заеднички работи ...
Вториот ден од работната посета на Брисел, министерот за европски прашања Орхан Муртезани го започна со средба со Оливер Ропке, претседател на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), на која се разговараше за улогата на економско-социјалните партнери и граѓанското општество во евроинтегративниот процес. Министерот Муртезани ја поздрави иницијативата на ЕЕСК за подлабока вклученост на граѓанскиот сектор, синдикатите и стопанските комори ...
МВР од утрово спроведува голема полициска акција внатре во своите редови. Во тек се претреси во зградата на Министерството. Станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила. Претреси се вршат во канцеларии на повеќе началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР. Од МВР ја потврдија информацијата и посочија дека акцијата ја спроведува Бирото за јавна безбедност. Истовремено ...
Вчера во 13.40 часот на место викано Брежјето во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода С.Д.(58) од Делчево поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштија од МВР. Имено, околу 12.52 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на местото настанал пожар на трева, грмушки и ниска шума. Полициски службеници на местото го затекнале С.Д., кој ...
Во галеријата „Метаноја“ во Скопје вечерва со почеток од 19 часот ќе се одржи промоција на збирката илустрации и текстуални минијатури „Метафора – жито, какол и парчиња стакло“ од Марко Трпески. На промоцијата ќе говорат академик Влада Урошевиќ и Оливера Ќорвезироска, а промоцијата на книгата ќе биде збогатена со изложба на дигитални графики од циклусот „Метафора“. „Станува збор за уште еден спој меѓу визуелната и книжевната уметност преку кој ...
Енергетската безбедност, климатските промени и транзицијата кон поодржлива економија ќе бидат во фокусот на 14-от Енергетски самит (Athens Energy Summit) што денеска ќе се одржи во Атина, а на кој ќе учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Министерката Божиновска заедно со нејзините колеги од Грција и Кипар, Теодорос Скилакакис и Јоргос Папанастасиу ќе дискутираат на панел посветен на „Енергетската ...
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -8 било Берово и Маврови Анови, -7 во Крушево и Крива Паланка, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Штип, Битола, Демир Капија, Виница и Претор, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Куманово, Прилеп, Охрид и Дебар, -2 во Кавадарци, 0 во Велес, 2 во Гевгелија. Висината на снежната покривка во седум часот утрово изнесувала 32 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови. ...
На својата долгоочекувана турнеја, Мариза ќе настапи на 5 април 2025 година во престижната сала на Македонската филхармонија, носејќи ѝ на публиката магијата на португалската традиција и современиот звук. Мариза го започна својот музички пат во Лисабон пред дваесет години, а нејзиниот пробив на светската сцена дојде со албумот Fado em Mim во 2001 година. Оттогаш, нејзиниот уникатен глас одекнуваше на најпрестижните концертни сцени, вклучувајќи ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ја продолжува дводневната работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос. Според најавите, на средбата Муртезани-Кос ќе се разговара за напредокот на Северна Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ, за Реформската агенда во рамки на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, како и за следните чекори во преговарачкиот ...
Средба Трамп-Нетанјаху во Белата Куќа. Американскиот претседател предложи трајно преселување на Палестинците од Газа во соседните земји. Истакна дека сака САД да ја преземат енклавата и да ја обноват, а местото да стане дом на луѓето од светот. Израелскиот премиер рече дека Трамп размислува оригинално, со свежи идеи и дека покажува подготвеност да го пробие конвенционалното размислување. Од Хамас веднаш ја отфрлија идејата и потенцираа дека ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Најмалку 10 лица се убиени, а неколкумина ранети во пукање во училиште за возрасни, сместено во кампус во градот Оребро, централна Шведска. Полицијата потврди дека напаѓачот е меѓу загинатите. Според првичните наводи, мажот дејствувал сам. Се истражуваат мотивите. „Бевме сведоци на брутално, смртоносно насилство врз невини луѓе. Ова е најлошото масовно пукање во шведската историја. Многу прашања остануваат неодговорени, а ниту јас не можам да ги ...
Украинската армија објави дека воздухопловните сили го нападнале командното место на Русија во областа Курск. Од друга страна, Москва порачува дека ООН мора силно да одговорат на нападот од вооружените сили на Украина на автобус со деца во областа Запорожје. На дипломатски план, претседателот Зеленски изјави дека неговиот тим почнал суштински разговори со новата американска администрација. „Ако седењето спроти Путин на преговарачката маса е ...
Околу 11.000 луѓе го напуштиле Санторини со траекти и авиони за да се засолнат на безбедно. Во последните неколку дена на популарниот туристички остров се регистрирани стотици земјотреси на секои неколку минути. Властите решија да ги затворат училиштата до петок. Сеизмолозите проценуваат дека интензивната сеизмичка активност може да трае денови или дури недели. Некои сеизмолошки теории тврдат дека земјотресите се предизвикани од подигнување на ...
Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Законот за данок за солидарност. Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон беше поведена на 20-ти ноември минатата година. Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023-ти година. Овој данок го плаќаа компаниите кои во 2022-та година оствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари (околу 10 милиони евра). ...
инвестициите Прифатливи се набавките на градежни материјали за изградба или реконструкција на згради и објекти, на нова земјоделска механизација или на повеќегодишни растенија. Барателите треба да имаат најмалку 0,3 хектари земјоделско земјиште за инвестиции во оранжерии или 1 хектар за одгледување на повеќегодишни растенија, зеленчук, житни и индустриски или за производство на добиточна храна. Кофинансирањето е 60 проценти од трошоците кое може ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, денеска во Штип го посети Универзитетот „Гоце Делчев“. Претседателката положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, лоциран пред Ректоратот на универзитетот. Таа присуствуваше на свечената програма во чест на раѓањето на македонскиот револуционер и имаше средба со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан ...
Повеќе од 4.000 осуденици во Холандија не се испратени на издржување на казната дома бидејќи нема доволно простор во затворите, објави денеска холандскиот портал EenVandaag. Како што е наведено, сторителите во 1.158 кривични случаи во кои се вмешани жртви сè уште се на слобода. Државниот секретар за правда и безбедност, Ингрит Кунради, рече дека сегашната ситуација добила црн статус, што значи дека нема повеќе слободни места во затворите во ...
Бројот на работниците во индустријата минатата година е намален за 0.3 % во однос на 2023-та. Во декември лани, пак, во споредба со истиот месец од 2023, нивниот број е помал за 4.7 %, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5.0 ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со Мати Масикас, извршен директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (EEAS). На средбата беше истакната важноста на стратешките односи меѓу Северна Македонија и Европската Унија, како и континуираната поддршка на ЕУ за реформскиот процес и интеграцијата на земјата. Двете страни разговараа за актуелните предизвици во регионот и пошироко, зајакнувањето на ...
Професорката Катерина Бошковска која повеќе од 20 години е дел од тимот на Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ е нова директорка на оваа установа. За смената во менаџментот информираа од ресорот здравство. Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија, професор на медицинскиот факултет, а има објавено и голем број научни трудови. Во кусото соопштение од Министерството за здравство не се елаборирани причините за ...
Најмалку пет затвореници се убиени во бунт што избувна во затвор во градот Вахдат, 20 километри источно од главниот град Душанбе, Таџикистан, а тројца затворски службеници се повредени, соопштија два извори од безбедносните агенции. Бунтот го предизвикале затвореници кои се обиделе да побегнат од затворот. Тие ги нападнале чуварите со импровизирани ножеви, објави Ројтерс. Министерството за правда соопшти дека затворениците се обиделе да ги ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ утре, среда 5 февруари, од 19 часот ќе има разговор со Иван Шопов, чија „Зентрифуга“ е книга за месец февруари во сите библиотеки на ГБСК, дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Од Библиотеката потенцираат дека „Зентрифуга“, издание на „Бегемот“, е збирка раскази полни хумор, иронија, пародизација и очудување. „Расказите се навидум едноставни, напишани со лесен, разбирлив стил. Но, ...
Најмалку пет лица се застрелани во образовен центар за возрасни, Ригбергска во Еребро, Шведска. Според полицијата, станува збор за сериозен насилен криминал, по којшто сторителот извршил самоубиство, објави Шведската новинска агенција. Властите потврдија дека при интервенцијата, немало повредени полицајци. Издадена е наредба луѓето од центарот и околината да не излегуваат надвор. Студентите од центарот се префрлени од училиштата во места ...
Потрагата по младиот Миле Тодоров денес стигна до мостот на реката Вардар, кај полигонот Криволак. Таму беа неговите другари и роднини, кои го пребаруваа брегот. Веруваат дека Миле е уште жив. Друг дел од блиските ги посетиле манастирите и црквите во Тиквешијата, но засега нема трага од нивниот другар и внук. Локацијата каде се пребаруваше до пладне е подалеку од местото каде се води како исчезнат, откако изминатите четири дена била пребарана ...
Пациенти реагираа до директорот на Фондот за здравство – во Македонија лековите се поскапи отколку во Косово. Лек за карцином на дојка таму чинел 1.500 евра, во Македонија 2.650, во Турција 1.100. Прашањето е коректно вели директорот, но тој лек не е регистриран во Европа и не може легално да се продава. Онколошките пациенти се надеваат дека последен пат зборуваат за недостиг на терапија. На онкологија речиси комплетарина терапијата. Надлежните ...
15 милијарди денари за капитални инвестиции во локалната инфраструктура од унгарскиот заем ќе им бидат на располагање на општините. Со вториот повик, критериумите за учество ќе бидат олеснети во делот на рокот за поднесување документи и за почнување на постапката за јавна набавка. Парите ќе се даваат по глава на жител на резидентно население во секоја општина, посочи министерот за локална самоуправа, Златко Перински. На претходниот повик, 78 ...