Многу повеќе од гангстерски филм, „Приказната за Бронкс“ има интересна, слоевита приказна и психолошки преполни ликови. Иако има многу насилство, акцентот е ставен на односите меѓу Калогеро, Лоренцо и Сони. Приказната е раскажана во прво лице, од перспектива на возрасен Калогеро. Интересно е што сценариото за филмот според неговата сопствена драма го напиша актерот Чаз Палминтери, а го режираше Роберт Де Ниро. Тоа беше првата режисерска работа ...

Конрад Валмонт е незрел њујорчанец на прагот на четириесет години, син на богато семејство, кој целиот свој живот го поминал без грижи и обврски. Меѓутоа, неговиот разгален живот завршува кога, во процес на развод на неговите родители, останува без пари и практично се нашол на улица. Без пари и без дом, Конрад се вселува кај својата долгогодишна пријателка Дилан и се обидува да си го поправи животот, но се вљубува во девојката на Дилан, Беатрис. ...

Ова издание на фестивалот се отвора со минатогодишните победници, независната продукција, театарот „Златен Елец“ и претставата „Хинкеман“ по текст на Ернест Толер, во режија Тамара Стојаноска. Иако се осамени како независен театар на репертоарот, сепак, по регионалните награди, тие ја заслужија сцената и завесата на МОТ ќе се крене со нивната нова премиера. Антивоената тема која се провлекува во нивната претстава го најавува и мотивот на ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...

Специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „Ај-Кју Ер“ денеска го рангира Скопје на 13. место во светот според загаденоста на воздухот со индекс од 138, а на второ место во Европа. Пред Скопје се само Лахор, Делхи, Ташкент, Каиро, Сараево, Киншаса, Мумбаи, Техеран, Пекинг, Ханој, Вухан и Доха. Од европските градови во листата на топ десет најзагадени градови се ...

Војната на украинскиот фронт продолжува. Издадени предупредување за воздушен напад во поголемиот дел на земјата, откако воздухопловните сили на Киев потврдија дека руски тешки бомбардери, полетале кон нивна територија. Во изминатото деноноќие регистрирани жртви и повредени во напади во Запорожје и Миколаев. Поради опасност од ракетен напад, во Киев се воведени распореди за итни прекини на електрична енергија. Руски воени складишта, аеродроми и ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, учествува на COP29 – 29. Конференција на Обединетите нации за климатски промени во Баку, Азербејџан. Во делегацијата е и првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. COP29 е глобален настан кој обединува светски ...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во работна посета на Тирана, Албанија, во чии рамки се предвидени одвоени средби со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, како и со државната министерка и главен преговарач на Албанија со ЕУ, Мајлинда Дука. На средбите се очекува разговорите да опфатат широк спектар на теми значајни за процесите на пристапување на Северна Македонија и ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова престојува во Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на Светскиот лидерски самит за акција во рамки на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени – КОП29. Во рамки на учеството на самитот, претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на првата пленарна сесија и предвидено е да оствари повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, како и ...

Пијанечко-Малешевскиот регион утрово е под снежна покривка која е најизразена на повисоките места. Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево. „Патиштата се проодни, а сообраќајот засега се одвива без проблеми. Апелираме да се почитува сообраќајната сигнализација и да се почитуваат условите на патот“, истакнаа од подружницата на Македонија ...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, со истакнување на врвните резултати во научноистражувачката дејност од претходната календарска година. На одбележувањето ќе се обрати ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова, а ќе бидат доделени награди за најдобри научници / уметник на УКИМ за 2023 година и Плакета на УКИМ за врвни достигнувања во науката. На ...

Војната на украинскиот фронт продолжува. Во изминатото деноноќие регистрирани жртви и повредени во напади во Николаев. Руски воени складишта, аеродроми и воено-индустриските комплекси се цел на напади со украински беспилотни летала. Според претседателот Зеленски, службата за безбедност уништила над 1.300 руски тенкови. „Дроновите на фронтот, како и нашите беспилотни летала со долг дострел во длабоките руски воени цели стануваат се попристапни за ...

Активирани системите за воздушна одбрана во југозападен Ерусалим откако ракета беше истрелана од Јемен. Израелската војска објави видео на кое наводно се гледа подземен комплекс на Хезболах во јужен Либан. Тел Авив тврди дека откриле мрежа од тунели, соби и складишта оружје. Продолжуваат и нападите во Газа. Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека тој и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп разговарале за заканата од Иран. „Во последните ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц не исклучува гласање за недоверба на германската влада пред Божиќ, што е порано од 15-ти јануари, датумот што првично го најави за пратениците во германскиот Бундестаг. На 6-ти ноември, канцеларот го разреши министерот за финансии, ставајќи крај на трипартиската коалициска влада. Тој тогаш предложи во јануари да се гласа за недоверба, што ќе доведе до распишување предвремени парламентарни избори за март. ...

Вработен во њујоршките паркови загина борејќи се со еден од бројните шумски пожари во Њу Џерси и Њујорк. Поради опасниот чад, издадени предупредувања за квалитетот на воздухот во двете држави. „Екипите се во процес на градење контролни линии околу пожарот од страната на Њу Џерси. Во моментов, имаме двајца жители кои се загрозени од страната на Њу Џерси. Имаме и осум историски згради во кои никој не живее, но и тие се загрозени“, изјави Бил ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи меѓу – 5 и 4 степен, а дневната ќе достигне до 14 степени. Во Скопје малку до умерено облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Од 07:00 часот патниот правец Кратово – Пробиштип е во прекин за сообраќај на тешки моторни возила, поради наноси од снег, информира АМСМ. Во моментот сообраќајот се одвива непречено по една коловозна лента према Пониква, исто така и према с. Бели, а од страна на граѓаните е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини. Сообраќајот на државните патишта се одвива ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска отпатува во официјална работна посета на главниот град на Азербејџан, Баку, каде што утре почнува 29. Конференција на Обединетите нации за климатски промени, позната како Конференција страните – COP29, информираа од владината прес-служба. Меџити, кој заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е ...

Се прават завршните подготовки за почетокот на откупот на тутунот на 15-ти ноември, велат од Министерството за земјоделство. Последниот ден за заверување на мострите е 15-ти ноември, а потоа монополите ќе можат да ги отворат вратите за преземање на родот. Според законот крајниот рок за почетокот на откупот е 15-ти декември. Поради лошите временски услови тутунопроизводителите велат приносот е намален но, се зголеми квалитетот. Со откупувачите се ...

Денеска полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово. Ф.Ј. е осуден на затворска казна во траење од пет години и 10 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“, „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, а имал за доиздржување две години, четири месеци и 22 дена. Лицето било ...

Синоќа во 23.50 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влез во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д.(34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес над бразилскиот државјанин од страна на полициски ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска отпатува во официјална работна посета на главниот град на Азербејџан, Баку, каде што утре почнува 29. Конференција на Обединетите нации за климатски промени, позната како Конференција страните – COP29. Меџити, кој заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е дел од високата државна делегација ...

Превирања во Либерално демократската партија каде членови бараат вонреден конгрес и избор на ново раководство. Причина е како што велат актуелното раководство бесрамно се доближува до ВМРО-ДПМНЕ само заради задоволување лични интереси на поединци. Општинските организации се збунети дали ЛДП е со опозицијата или во власта. Заканите кои добиваат на интензитет кон мене се поради законот кој го предлагам за намалување на банкарските провизии – вели ...

Загадениот воздух ги избрка скопјани на Водно. Градот изутрината се разбуди во смог и како 5-ти најзагаден во светот. Ни домашните мерни станици не се пооптимистички, покажуваат високо ниво на аерозагадување. Повисоката надморска височина, опција за граѓаните барам на неколку часа да дишат со полни гради. Кој не може на Водно, одишка бара во природа. И градскиот парк прибежиште од задушливиот урбан асфалт. И додека се најде чаре за ...

„Ние сме извалкани со кал, вие со крв!“ – десетици илјади гневни граѓани на протест во Валенсија по поплавите кои зедоа стотици жртви, гневни поради лошиот одговор на власта. Бараат одговорност и оставки од регионалниот лидер, Мазон и премиерот Санчез. Калливи чевли и солзи останаа да сведочат по смртоносниот потоп кој можеше да биде спречен-велат демонстрантите. „Знаеја дека ќе врне многу, не го предупредија населението, не го евакуираа ...

Актуелниот американски претседател Џо Бајден в среда ќе биде домаќин на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на традиционалниот постизборен состанок во овалната соба во Белата куќа. Таквата средба е вообичаена меѓу претседателот во заминување и идниот шеф на државата и делумно има за цел да го означи почетокот на мирниот трансфер на власта. Сепак, републиканецот Трамп не беше домаќин на демократот Бајден, по изборите во 2020 година, кога ја ...

Трамп преку свои советници упатува пораки дека Европа не направила ништо кога Русија го анектираше Крим, а сега дава задоцнета поддршка за Украина. За Вашингтон нема да биде приоритет Украина да ги зачува сите територии, туку ставање крај на војната. „Во 2014 година кога Путин го нападна Крим, Европа не направи ништо. Сега Зеленски вели ќе има мир само откако ќе се врати Крим. Имаме новости за претседателот Зеленски. Крим го нема. И ако вашиот ...

Според Интернационалната организација за миграција, Македонија е меѓу првите дваесет земји во светот со најголема емиграција во странство. Бројот на Македонци надвор од државата се проценува на најмалку 700.000. Податоците од научно истражувачкиот проект што Правниот факултет при УГД го работи десет години за младите, миграциите и образованието, укажуваат дека средношколците од источниот регион не ја гледаат својата иднина овде Итно ни е ...

Од мај годинава со деветвалентната вакцина против хуман-папилома вирус почнаа да се имунизираат и момчињата. Од здравствениот дом во Куманово задоволни од интересот. Велат изненадувачки, поголем е бројот на заинтересирани момчиња, за разлика од девојчињата на возраст од 12 до 19 години. Родителите сè уште остануваат кочничари во процесот и за оваа вакцина, иако карциномот на грлото на матката според истражувањата речиси сто отсто е предизвикан ...

Мирот на Блискиот Исток се понеизвесен откако посредникот Катар реши да се повлече од преговорите за примирје. Непријателствата и нападите земаат замав. Американската и британската војска ги гаѓаа позициите на Хутите низ Јемен, Израел напаѓа во Газа и Либан. Црниот биланс расте. Иран се заканува дека конфликтот може да се прелее и во други региони. Во Тел Авив-протести. Властите на Израел велат-подготвени сме да платиме цена за да ги вратиме ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
81%
1029
weather icon

Загреб

5ᴼ / 2ᴼ
1.54
63%
1029
weather icon

Софија

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
65%
1028
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.85
63%
1028
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
86%
1029
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
4.02
79%
1026
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
81%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
67%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
93%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

36.7398

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71